Мене едно не ми е јасно. Разбирам се, пресно породени, хормони вријат.... Извинете, Ама зар навистина мислите дека некој ќе го отуѓи детето од вас? Бабите и дедовците? Зар сте помислиле некогаш на онаа другата страна, колку тие се радосни за внучето, што дочекале радост од сопственото дете? Секогаш кажуваат дека внучињата ги сакаат повеќе од сопствените деца. И не сметам дека кога некој ќе ти рече ,,ќе го земам, јади раат, избањај се раат, пиј кафе раат,, тоа го прави за да го оддели детето од мене. Па на тоа дете му треба одморена мајка, смирена. Камо јас да имав бар еден саат некој да ми рече ,,оди косата измиј ја раат,, Ако не се јават, тогаш не ни чинат зошто не помагаат. И пак ќе речам знам, хормони се. Ама и тие мора да успеваме да ги контролираме, кога некој добронамерно сака да ни помогне. И тука не ги ставам оние баби и дедовци кои се нападни, упорно мудруваат и кажуваат совети и наредуваат. А има и такви. Да ве поздравам, се надевам дека почнуваме да се одмотуваме од клопчето на вируси. Следна недела не чека слава, во село, коски ребрам како ќе се организирам, али нека е за убаво само. Убав ден!
Здраво мајки. Конечно да седнам и јас да ви шкртнам по малку. Како почнав на работа не ми стигнува време за ништо живо, а камоли па да дојдам на ред да одморам. Прва смена како така, си дојдам од работа и баткото од градинка, ручаме, си играме и после знае некогаш да дремне, па покрај него можам и јас да одморам малку ако немам куп обврски. Ама затоа втората... Што попрво да направам. Да спремам ли дете за во градинка, да средувам ли по дома, да правам ли јадење, да средувам ли документи нешто, да помагам ли на моите... И додека се вратам од работа веќе треба да се спие. Со бебуш не се гледаме како што треба, ќе ме заборави јадниот. Па и не сака ни јас да го носам во градинка, само “брм деде“ сака. Ќе се заборавиме како почнала работата. Инаку почна многу да се лути. Не знам дали се ова тантруми ама ептен е страшно. Кога нешто е решен да биде по негово, ќе вика на цел глас, ќе се мава од ѕид, ќе лупа со нозете, се` додека не го добие тоа. Па и капак на тоа вади едно стопеесе заби одеднаш, и така си вришти по цел ден... Кога размислам малку поубаво може и подобро за мене што нема да се гледаме толку оваа недела, ќе ми одморат ушите од плачки. Али затоа баба му и дедо му си знаат како им е.
Здраво мајки, обично не пишувам тука но морам да си ја олеснам душата. Денес е еден од тие денови кога ми е многу тешко, а знам дека допрва доаѓаат уште потешки денови. Најмачно од се е што се осеќам неблагодарно и себично, ама многу сум уморна. Цела година обиди за бебе, одење по неколку доктори, со терапии и без па конечно се реализирав во улога на мајка. Ама денеска ме совлада умор. Не дека е најтешкото бебе што постои, ама уморна сум. Прерано станува, малку спие денски, немам време баш ништо да направам. Коста мрсна, јас цела исповратена, јадам на нога со него под рака, ако најдам време до вц да отидам сум среќна. Некогаш буквално се плискам само со вода да се исплакнам од што немам време ниту сила за да се истуширам. Депилација и брич заборавив што е. Косата денес изми ја утре зејтин. На цела мака имам и огромен дијастаз и многу стрии што премногу ми влијаат. Прво личам ко 5ти месец трудна, второ кичма ме боли, трето самодоверба 0. Да, благодарна сум му на телово што порасна човече во него преблагодарна и често не мислам на ова, ама има денови како денес кога се осеќам баш лошо.
Мама подршка за тебе. И за секоја од нас која се осеќала исто . Знае да стане навистина тешко. И доаѓа потешко, но доаѓаат и преубави моменти. За некое време нема ни да се сеќаваш на ова, бебче ќе има некој ред, па полека работите ќе доаѓаат на свое место. И мама ќе одвои време за себе. Среќна мама, среќно бебе
Поминува. Денот е година понекогаш,ама поминува... Малку по малку ќе почне да се заигрува само, ќе можеш да седнеш на раат 5мин и тоа време постепено ќе се зголемува
Јас дефинитивно се пронаоѓам во постов и јас скоро секој ден ми е вака со разлика што јас сум со две деца. Се тешам дека се поминува и дека мора секогаш да бидам насмеана заради ДЕЦАТА!
Ке помине. Сите поминуваме низ истово ( барем јас зошто сама ја чувам, немам помош, освен од мм кога ке дојде од работа). Тешко е знам, депилација не знам што е, повратена исто, неизмиена, неизбањана. До вц што викаш е луксуз. Ама па фала му на бога за овој благослов, некогаш ке ни фали ова, така да мисли позитивно, и тие денови ке поминат.
This too shal pass. Ако ти е прво дете може деновите и ноќите ти изгледаат долги, ама годината ќе ти "летне". Ќерка ми е иста, дремки повеќе од половина саат само ако ја држам, а така пак нема време за ништо. Само јас имам уште едно човече од шест години на кое исто му требам и 70%од времето со нив е фрустрации затоа што не можам да одговорам на потребите на двајцата во исто време, и некој е незадоволен постојано. При крај на денот веќе немам сили за ништо. Намалив очекувања на минимум, или ќе биде чисто (читај пристојна хигиена и да не лазат црви и бубачки по дома), ќе имаме зготвена храна или мојата коса ќе биде измиена. Нема сѐ во исто време. Некои денови нема ништо од наведеното, ама тогаш најчесто има повеќе смеење и помалку плачки. Требаше ова порано да го сконтам, ќе заштедев нерви. Среќа второ дете е и знам дека брзо се менуваат фазите па сакам повеќе да уживам со нив. ПС. Колку рано е рано? Моево станува во 5
@cocopuff мамичка пуштам до тебе. Силна си, единствена си, мајка си Фала ви на сите за се што пишавте, неколку скришни солзи си пуштив додека ве читав Бебе како да ме осети, од денес официјално спие само во мене во раце Од една страна преубаво ми е да си го гушкам, од друга се плашам како ќе функционирам вака. Бевме некои документи да средуваме со мм и бебе остана со свекрва. Многу повраќал, постојано “бил гладен” и на испиени 140 мл млеко, 140 мл на бебе 20 дена и воопшто не спиел цели 4 часа. “Гладен беше” се додека не го земав јас и не ми заспа на гради па магично спиеше така 2ипол часа без да бара млеко. И така пак мојот пост полн негатива.
Мене ме интересира дали некогаш завршува овој infinite loop. Секој ден е исто, исто, исто, како да работиш на некој проект турбо и чекаш да заврши да здивнеш, ама ноуп. И јас ќе се жалам. Деновиве, неделиве ми е екстремно напорно. На почетокот така се осеќав како да ќе нема крај, ама после се смири таа фаза на новороденче, а сега ова што е? Па не очекувам да се вратам на старо, ама ќе имам ли некогаш пак време за себе, за нешто свое? Му викам на маж, абе ти фали ли животот пред бебе? Да?!, ми вика. И одма ме сече, пошто јас виновна се осеќам кога ќе помислам дека ми фали таа слобода. И го прашувам да ми каже што му фали и почнува да реди, а јас ко да сум ги заборавила тие моменти. Ми вика да си пуштам филм и да не морам да се замарам за кујната дали е средена или не, а не сега морам да мијам за сабајле да може да се готви, да јаде и тн. Е вика најголем проблем ни беше кога ќе излеземе дека утре сабајле сме на работа, цепки. Луѓе, за ништо немам време, малава не е во градинка, работевме од дома и тоа парт тајм, сега морам и физички да одам на работа, па тие неколку часа моментално е со баба и. Си викам да знам дека нема да се разболува и во градинка ќе ја пуштам, ама искрено ми се чини дека така помалку ќе сработувам ако на 3 дена, 3 недели е дома. Буквално се осеќам како во некој лавиринт изгубена без крај. Мајки на 3 месечни да не ве лажат дека е после полесно, потешко е. Мајки на 3 годишни, утешете ме дека пред 3 години олеснува.
Добро вечер мамички сакам да ве прашам дали се штетни за бебе од 8 месеци, ароматизер со стапчиња со вкус на ванила има во комодита многу ми привлекоа за внимание али не знам дали смеам од бебе сеа ќе ви пуштам сликче инаку едно имав купено многу се добри али го користеа кај мајками
Пред некое време квичев тука дека син ми ќе тргне во градинкаааа, па ќе ми биде тешкоооо, дрн дрн... Па, и јас и он уживаме. Толку му е убаво таму, што едвај чека да оди, за викенди ранчето си го зима, ќе одел дечкото. Како се навикна таму, уживање. А и многу повеќе време за мене, имам завршено обврски кои чекале скоро година ипол.
@Mimimum @Grungie @Arababy @Doktor F @Anaksunamoon @Anturium и ако заборавив уште некој сори, ви праќам Полесно е кога ќе добиеш утеха и поддршка и знаеш дека и на други им е тешко и животот не е совршен ко на инстаграм @Anaksunamoon станува околу 5 и мојов бебуш.
Станува полесно околу 3. Чак и порано во мојот случај. Ај да ви признаам нешто. Со првото го мислев ова ама не си го признавав. Не сакам бебиња. Бебешкава фаза ми е угфхфддхггг.. Деца можам 100. Ама бебе никад веќе. Признание број 2 Сакам на работа Потпис: мајка на 4 годишно и 6 месечно, противник на изреката "како растат потешко е"
И кај нас е полесно после 3 со првава. Сите позитивно се изненадени од неа Права умница е...а каква беше ама малава како минува време се полоша и полоша е Ве позз мајки
Мене ми стана полесно откако тргнав на работа, бебе во градинка. А да и уште полесно кога почна да спие цела ноќ, и почнавме на раат серии пак да гледаме и пиво да пиеме. 14 месеци има и можам да речам дека е едно 10 пути полесно од кога беше бебе. Не знам зошто викаат како растат потешко, мене се полесно ми станува.
Зависи од бебе/дете. Моево до 4м спиеше цела ноќ. И пиеше млеко А сега нит пие нит спие нит јаде. Изгубив надеж дека ќе се среди во скоро.
И јас ќе се вбројам во тука. Наскоро една година ќе прави ама веќе последните два месеци ми е мнооогу полесно и многу по интересно. Веќе преспива цела ноќ, може еднаш да стане да цица. Не оди во градинка ( пробавме три дена падна болна, мрсули вкупно 23 дена па здравје ќе продолжиме на пролет) и цел ден сме заедно ама супер забавно ни. Се заигрува, играме заедно, човече мало. Првите 6 месеци го изедов за сите пари. Не би да се навраќам. И мене ме плашеа како расте ќе видиш потешко ќе биде ама сега за сега ни е одлично.
Епа, мене вака ми беше до 6 месеци ко што ти е сега тебе. Моето си е бубаче во принцип затоа и почетокот ми беше преубав. Од тогаш, не е миленик на храна и станува 268 пати навечер за цицање, ама не ми смета станувањето пошто сега спие со нас. Не е во градинка од причина што не можам да дозволам да не одам јас на работа, па седи дома сега за сега. Не можам да откријам што е, можда е нејадењето, страшен стрес ми е. Вчера трчав за дома за да цица . Еве пак сабајлево ми викаат ништо не јадела. Закажав и кај педијатар, ама знам што ќе ми каже „секое дете е различно“ . Едвај чекам да ми каже што сака, да и не, е тогаш мислам ќе ни олесни. Здравје да ме послужи да не се мрднам.