Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    6.011
    Демек мокро и е газето и ладно и е, нели :D
     
    На Oneo, tina2018, Emi1988 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.883
    Пол:
    Женски
    Не се секирај ќе помине, трпение само. И ние бевме во болница повеќе денови баш поради жолтица.

    Денес прошетавме, доби играчка каква што сакаше зашто е, па, зашто ја сакаме најмногу. Се зачуди кога и реков дека ќе и купиме зашто инаку не и купуваме играчки често, ако купуваме нешто е за боење или цртање.
    Па си купи барбика со две кутриња мали и со сетче за пластелин за коски да им прави. Ама, толку ме слуша, толку е едно паметно дете што сосема заслужува малку разгалување.
    Купивме и една игра за редење нешто како икс точка, па кој попрво ќе намести четири крукчиња со иста боја на таблата е победник.

    Од школо најмногу интерес има за англиски, најмалку за математика, ама па и досадно е, све истите линиички, цртички, форми, бла, бла. Ај кога ќе почне комплицираното ќе почнат и главоболките, ако е на мене.:sweat:

    И да, полесно е како растат, мноооогу полесно. Со секое осамостојување е полесно. Кога ќе почне само да се занимава малку повеќе, кога знаеш дека можеш да го оставиш во соба само две секунди дека нема да се разбие од нешто, едноставно полесно е. Сега веќе е песна, станува и си игра сама, гајле нема, ќе си земе банана ќе изеде. Дури кога ќе и здосади доаѓа и не буди. Така што има надеж мајки.:smirk:
     
    На 24.07, Coco31, hello-kitty.90 и 26 други им се допаѓа ова.
  3. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.761
    Допаѓања:
    38.716
    Пол:
    Женски
    И јас потврдувам дека како растат така полесно е.
    Тргнувајќи од тоа дека знаат да кажат што сакаат/не сакаат, што ги боли, што им се јаде, дали им се спие.
    Полесно е и да го оставиш само некоја минутка, знае да се заигра.
    Полесно е и кога се болни, поотпорни се, поширок е спектарот на лечење.
    После втората година знаев дека веќе имаме ДЕТЕ дома. Потоа до ден денес ми е другар. Секаде друштво со мене. Не противречи, и тој ужива во одењето некаде со мама.
    Се надевам бебево ќе ни биде уште еден придружник без побуни :)
     
    На 24.07, Coco31, hello-kitty.90 и 24 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Не да е полесно, ептен е полесно. Кога беше мал станал отворил очи и мораш да станеш и ти, тоа е. Сега му давам даљинско јас се вртам на страна и спијам. Го оставам и да испијам кафе со комшика, па и сам дома го оставам, да појдам до продавница или надвор. Скроз е полесно. Кај мене тоа почна брзо, ма 2ипол најкасно веќе беше дете големо. Додуша и мирно ми е детето.
     
    На 24.07, hello-kitty.90, Избришан профил 156253 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    Какви бисери вада стариве, ме изнасмеавте:lol:
    Кај мене имаат коментари, али ја сум ептен искулирана што не допира до мене. Можда зашто се гледаме само на неделен ручек по некој саат и фаќаме патот за дома.
    Вчера имаш: Грбот те здоболе од лежење, оваа мајка ти ич не те шета. И ја гњават низ куќа во раце. Бебе е 3 месеци.
    Плус носето и е затнато и вика само ја носите навака натака, ете ја настинавте. Али ја тогаш си читам фемина форум и они сами со себе си праат муабет уствари:D
     
    На дамјана, Erika.greeneyes, Coco31 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Бисерите почнаа уште кога се породив.
    Не ги ставај облеките на бебето навечер надвор да се сушат.
    Не излегувај првите 40 дена од дома.
    Бебето ика, ладно му е.
    Сега никако без чорапи дома.. греота е.

    Јас кога и да ми кажат нешто такво само добро и продолжувам по мое.. а маж ми кога ќе му кажат некој бисер цело време препрашува а зошто? Ама така треба. А зошто така треба? ... И ќе ги исфрустрира малце.:D

    Добро утро мајки!
    Нас детево дома ролеркостер ни прави. Ден е плачко, ден се смее, цело време покажува кон нешто да му дадеме, и јас цело време не знам што сака.
    Во последно време нејќе и да седи во количка. Се качува се бори, никаде со него веќе повеќе од пола час неможеме да одиме. А па и неможеме во 4 ѕида дома да се затвориме нели, па секое излегување ни е борење.
    Ме форсираат стариве зошто не е проодено, аа нејќе да оди, паткај го повеќе, ми набиваат некоја нервоза..

    А за јадење да не зборам. Што убаво си јадеше првите неколку месеци, сега прибирлив дечко стана.
    Само некои лебести работи одвај ќе изеде и тоа сам пред него, ова ни е ново.
    И многу често знае да држи во уста многу работи и после да почне да се дави. Секое влакно ми се крева.

    Некогаш стварно се чувстувам како во бубањ да сум. И да врти, и да врти, и секој ден се исто.
    Одвај чекам да почне во градинка. Неможам дома ништо да сработам, прави и мисли што за доручек што за ручек што за вечера, што за нас дома, што за него..


    Малце сум под стрес мислам се гледа, не знам што попрво да кажам.
    Ајде да нарачам и торта, цел роденден сама го планирам, не знам што попрво :(
     
    На 24.07, Coco31, hello-kitty.90 и 17 други им се допаѓа ова.
  7. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.747
    Допаѓања:
    6.740
    Пол:
    Женски
    Лелелеле исто со грбов и со сила го вртеше на кук да спиело божем кукла е ова и по желба ќе прави... Ги заборавам ствариве требаше да запишувам се и на крај една книга со наслов "Верувале или не" :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Erika.greeneyes, Избришан профил 156253, Oneo и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    Ахахахахаххахаххааххаах најјака книга ќе искочеше. Топ идеја:D:D:D
     
  9. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.941
    Пол:
    Женски
    :hai:

    Обожавам викенди. Вчера нели врнеше па цел ден дома. Супер поминавме. Сите 4-ца на под, поголемиот (23м.) цело време е врз бебе (3м.), па му збори, му носи играчки, му ги реди камионите, па бебе ќе се расплаче, па ќе земе да му тропка со тропалката за да се смири....топење.:inlove:

    Бебе почна да се врти. Срце ме стегна од радост. Поголемиот никогаш не се сврти, па беше ново искуство за мене. Ја сврти го на грб тој одма на стомак и се смее. Лелеее, одма ја снимам, се фалам, кога ќе ми текне колку се секирав дека не се врти поголемиот аууууу една вечер не спиев од што се напнав. Будала.:fubar:

    Цртани уште му немаме пуштено. Многу сака животни и пред две недели решивме да му пуштиме Animal Planet. Радости. Покажува накај животните, ги имитира и сега ни е ритуал приквечер 30 мин. да гледаме тоа. Ја се повлекувам со бебе и они со маж си продолжуваат со сложувалка или карти со меморија, па завршуваат со книгата во кревет. Пред три дена го научил да вика 'Ала' (Фала) секогаш кога ќе му кажеме 'Повели'. И сега на секое кажува. Пресладок е.:l:

    Мене со првото ми стана полесно кога направи 6м. Седна сам тогаш без проблем, па кога почна со играчките, па лазење, не го ни осеќав веќе. Се надевам и со бебе ќе е така. До сега маста ми ја извади, ама ако почнам да куцкам за тоа ќе си ја уништам позитивата во постов. А нејќам.

    Гледам темата снаа и свекрви се префрлила тука. Непресушена тема. Ма нејќам ни за тоа да арчам време за куцкање. Другпат за тие теми.:emo:

    Oстанете ми во добро здравје.:f:
     
    На 24.07, Coco31, hello-kitty.90 и 30 други им се допаѓа ова.
  10. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.052
    Допаѓања:
    4.910
    Свекрва ми па има мини ритуал кога излегува бебе надвор, против уроци и очи фаќање (не знам терминот дали е вака правилен) :D.
    Нешто со блузата наопачки да го пипнеш ама на лева никако на десна страна и три пати нешто да кажеш, мислам дека сигурно има и пу пу пу поплукување. :rofl: Маж ми исто прашува, а зошто така, кој кажал и сл, се докажува со нејзе. А мене па ми е интересна, како може да го запамти тоа, прекомплицирано ми е, ко да учам некој закон и не смееш да згрешиш отиде иначе урокот :D.
     
    На 24.07, Erika.greeneyes, Coco31 и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Вака читајки ве едвај чекам бебка да ми порасне и да си играме на под :inlove::inlove::inlove:
     
    На TeddyGrey, Freckles. и Kolache na mama им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.539
    Допаѓања:
    184.406
    Пол:
    Женски
    Изгледа само јас не се сложувам дека како растат станува полесно. :wasntme:
    До 2 години беше многу полесно отколку сега. На 2 почнаа опасни тантруми, а сега на 3 почна да тестира граници. Ич не ми е лесно. :wasntme: Со тантрумите се вклопив и научив како да ги издржам и преживеам без проблем, ама со тестирањево граници буквално ми врши психичка тортура. :tmi: Среќа не е секој ден. :D

    Како растат се се позахтевни. Потребен им е поголем стимул, одговорноста околу нив расте, ја запознаваат опасноста, учат да делат, да се дружат, да се снаоѓаат, да се осамостојуваат. Им се зголемуваат интересите, потребна е поголема активност, многу зборење, многу играње со нив, симнати на нивно ниво. Стануваат свои личности и по тој пат не е лесно воопшто. Единствено полесно е само тоа што можат сами да се облечат и најадат. Ако јадат. Ако имате нејадач како мојот, тоа е екстра додадена тешкотија. :D
    Најлесно е додека се бебиња. Како растат, грижата и одговорноста околу нив, а потоа и работењето со нив станува се поголемо. :) Ама секое време со своја убавина.


    Поминавме вирус, конечно и ковид за прв пат, после 3 години чување и пазење и веќе сме спремни за божикните маркети. :) Оваа година во нова земја, и во проширен состав со второ бебенце. Минатиот Божик бевме во различни држави, ама затоа сега ќе го уживаме периодов што следи заедно. Како што треба. Како семејство. :l: Едвај чекам на поладни денови, на мирис на само што испечени кифлички што ќе се шири од кујна, на некоја голтка греано вино. Сите на купче. Јас ќе се жалам дека ми студи стуткана во него. Тој ќе ми коментира дека мене секогаш ми студи додека ме скокотка. :wasntme: Таа седната долу без чорапи само за да ме нервира, ќе ни раскажува за планетите и ќе ги јава диносаурусите, а тоа ќе ни гуга од креветче. Само толку ми треба. Толку сакам.
     
    На 24.07, Erika.greeneyes, Coco31 и 36 други им се допаѓа ова.
  13. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20221107-230937_Facebook.jpg
    20221107_231103.jpg
    FB_IMG_1667859025504.jpg

    За добра ноќ. :hug:
     
    На 24.07, Anaksunamoon, Coco31 и 23 други им се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.256
    Пол:
    Женски
    @Yowannty И твоево држи вода ама веројатно ти била мирна како бебенце. И мене второво да ми беше прво ќе кажев дека е потешко како раснат ама со бандитов дома сега сум ептен релакс. На сите им викам полесно ми е сега со две отколку само со поголемиот кога беше бебе. А одговорностите секако дека раснат како што раснат тие, јас сакав да кажам дека физички полесно се издржува сега.
     
    На hello-kitty.90, mal.ecka, Oneo и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    230
    Кај мене е најтрагично што и мајката на свекрва ми е иста ко неа ааа става раце во уста гладно тие ааа сте го научиле во раце, да бебе од два месеци сме го научиле во раце ја сама дома цел ден уште во раце да го држам. Кромидот што ти го дадов за 40 дена го изеде изгледа не затоа детето е слабо а детето има 6300 2 месеци е :) Идеме на педијатар да не сум одела сама сверква ми збори за мене како сум се породила колку кила има бебе на нив било, цело на неа |( и реков да излезе па се налути:D
    Кога останав трудна маж ми го прашуваше кај одам на гинеколог брисеви дали ми земале се чекало многу за скрининг на време да сум си закажала а кога не се породив на терминот му збореше на маж ми да си видиме што е со детето да одлучиме зашо веќе било критично да го носам :D:D:D најбитно е она што збори секаде дека не се меша а уствари се ја интересира :wasntme: абе книга можам да пишам за неа и за глупостите :P
     
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.539
    Допаѓања:
    184.406
    Пол:
    Женски
    Леле ич. Хахаха. Откако е родена е многу пргава. Работата е што сега сфаќам дека додека била бебе ми било многу полесно, тогаш за тогаш мислев дека ми е претешко. :) На 2 години почна да преспива ноќ, исцрпена бев. Ама како расте, со плус активности и работа околу неа сега сум по исцрпена од претходно.
    Ама и јас го сменив пристапот овој пат. Со новото бебе и нова животна мантра. :D Почнав со идејата дека додека е бебе е полесно и стварно ми е, а бебево е исто како што и таа беше. Нема разлика меѓу нив, ама овој пат јас сум различна. Сега на пример не плачам 2 саати и не се потресувам оти бебе лижнало сапуница од коритце дур го бањам. Сега е - лижна бе мама малку? Ок е, ништо нема, и терам. :D Сега подобро одредувам приоритети и од оваа перспектива сега, знам дека тогаш ми било многу полесно иако во моментот ми изгледало тешко или трагично.

    Иначе да не ве исплаши горниот пост вие што сте фрст тајм мамас :) се тоа си доаѓа природно и спонтано и е дел од растењето деца. Тие растат, во меѓувреме и ние заедно со нив. Животиште.
     
    На Coco31, hello-kitty.90, Autumn Love и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.256
    Пол:
    Женски
    А приметивте како нагло ‘пораснаа’ постарите деца кога дојдовте дома со новороденчињата? :D
     
    На Eli23, hello-kitty.90, Kate Rina 93 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.761
    Допаѓања:
    38.716
    Пол:
    Женски
    @Yowannty Со првото е нова лекција се, со второто повторување на истата. Затоа сме такви и ние :D
     
    На 24.07, mal.ecka, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    1.238
    Пол:
    Женски
    Добар ден :D
    Деновиве ни се малку крш, по wonder weeks кај громчето во 5ти скок сме, баш ме интересира дали за 1 недела ќе смени.

    Ве читам за свекрвите и морам да ја пофалам мојата. Да, имаше неколку пати кога ми викаше ладно му е леле мраз ноџињата, а тоа 35 степени надвор ама пак јас не знам што би правела без неа.
    Многу ми помага, ќе дојде ќе ми расфати по дома, често ќе испегла, ручек ќе ни донесе, дури незгодно да го фати човек, ама вика ако де да не седам така.
    Со бебушка се понаша многу добро, го занимава, го врти го превртува што не му прави, а тој па ужива :D
    Јас не знам како да и се заблагодарам за се што прави за нас. Е така, овој пост посветен на неа, како втора мајка ми е.
     
    На 24.07, Coco31, LadyD и 27 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    @danichap 4та лекција ќе повтара сега, нејзе треба најлесно да и е :D Не е полесно, ние знаеме што следува, затоа мислиме дека е полесно.
    За сува кожа, моето дехидрираше и се лупеше ко јајце варено, најмногу ми се најде Веледа. Скапа е, ама многу добра колекција, во користце растварав малку 2 во 1, не на него директ, и со крпче го миев, убаво секаде да фатам по витките и таман се чистеше и од лушпите, после со уљенце цело го минував и супер ни беше. Друго ништо не користев. За газе нормално ако беше црвен а за лице не ми се погоди веледата, ја дадов на татко ми, он ја мачкаше на раце зошто многу му пукаа па ептен му се погоди.
     
    На sun995 му/ѝ се допаѓа ова.