Мајки како се справувате со маливе нејадачи? Синко е скоро 7 месеци, од 5++ почнав со воведување цврста храна, ама со маки, со плачки... Не отвара уста за жива глава, освен ако биде нешто посебно расположен па тогаш може да изеде неколку лажички, 5-6. И од шише не сака да пие, само си игра, да морам на лекар да отидам тој ќе седи гладен или со мене да го носам. Имавте ли вие ваков или сличен проблем со Вашите бебуши? Како се справите?
Мислам дека по цели 2 месеци конечно малку може да здивнеме од грчевите. Ги има се уште, но не е како што беше. Од друга страна почна плачењето за спиење. Врти сучи мора за нешто да се плаче. Кога беше ептен малечко, дај му цице, готово папсува. Сега луто, луто, како мислиш лута пиперка во уста му ставаш ако му се спие. Грбов мислам дека веќе за во буниште ми е. Думкај думкај, врти се, додека не му се замељуши во главата па да заспие. Инаку многу интересно како учат нови работи. Сега почна рачето во уста да го пика и да гуга, ама вика бе многу, се надвикуваме. Којзнае што муабети ми прави. Вчера и за прв пат во креветче спиеше. Ми падна страв додека лежеше кај мене на кревет, на страна некако се вртеше директно во жлеб, да не не сакајќи се преврти па да не може да диши. Кнедла подголтнав што на време го фатив, искрено не бев спремна. Решив нема да спиеме цела ноќ ако треба, па и неколку дена, има во креветче да се научи да спие. Ја истеравме вечерта супер, дури имаше период од цели 3 ипол саати да не стане за цицање. Малце да си го плука својот кревет, а не легни мокро, оди понатака мокро. Почнавме и да уживаме за бањање. Не плаче како претходно. Сега и мене ми е мерак. Претходно пиштење, менување бои. Е сега уште да не ми ги моча и кака пешкирите. Се се, ама мора ли после бањање. Таман си го избањал, си го искречил со судокрема, си го нашљапал со мустела и тогаш ќе му текне. Ајдеее, пак наново. Купив и коцки за на земја, демек tummy time, ќе видиме како ќе изведеме. Цело време јаде, не може да му спадне после бљуца. Ќе биде интересно.
Исто!!! 6++ е, од 5 почнавме со вкусови. Не сака да јаде ама баш ништо, еден ден ако касне неколку лажички, цела недела потоа бојкотира. Пробав со сите можни начини, нема шанси. Немам нерви веќе а тек смо почели.. А башка не сака ни цуцла, ни па шише некакво! Цице, цице, и само цице... Малку сме офф топик, ама да дадам подршка хх
Од збор до збор, потпишувам. Јас лани, мајка на 4 месечно бебе во четврти скок, преправајќи се дека се пофаќам "едвај"чекам празници да идеме по гости, додека немам врзано повеќе од саат сон. И јас оваа година, мајка на 15 месечна женска, реално со радост чекам декември, да се радуваме заедно за празници и да шетаме по гости одморени.
Досега го имам скарано син ми триста пати, за бељи или за немарност, сум воспитувала претежно јас, татко е за галење, арно ама татко денес го скара и го налути дете и мене душа кикирика, ми се стегна, ау колку тешко ми падна. Го гледам плаче, пошто ненавикнат тато да кара, солзи крокодилски, мене срце ме боли... Добро и хормони работат, ама и пред да бидам трудна некој ако го скараше не ми беше сеедно, овој пат само засилен ефект. Мајка!
Денес имавме баш мирен ден, најмирен до сега. Ај и ноќта нека биде така Бебка си спиеше во креветче цел ден, кога беше буден си седеше во релаксатор. Малку беше кенкав поручек кога го фаќаат грчевите, ама далеку подобар од до вчера. Во 4 часот почнав си масажи на меше, термофорче, масло од лаванда на стапалата, па може нешто од ова спречи да се појават грчевите толку интензивно. После следуваше бањање, уживаше прв пат без плачки, па масажа и ете го спие од 8. Јас допивам пивото и легнувам со надеж дека бебка ќе спие до следно огладнување Во сабота еден месец правиме. Плачка ми надоаѓа кога ќе ми текне дека еден месец сум мајка. Ќе си правам колекција од слики секој месец, такви малечки ќе си ги закачам на ѕидот во неговата соба. Ах колку се радувам на секој ваков момент што не чека. Ме потсетивте на празници. Уживам во тој период. Толку ми е убав домот со елката и навечер кога свети само таа и телевизорот, а јас и мм си гледаме божикни филмови. Сега и со бебе лелееее колку убаво Емоции ме маат мамички, убави љубовни емоции Ве поздравувам сите и ви посакувам да имате една мирна есенска вечер со мноогу спиење
На мојава во ретките случаи татко и кога ќе и свика нејзе смешно и е. Не го сфаќа сериозно ама ич, го има научени дека и да викне одма му поминува, а и не си стои на зборот воопшто. И иде му се умилкува одма, го бацува и толку е. Ми вика маж ми, па санта лед да е ќе се стопи со бакнеживе.
А мојов е свилен, нежен, не сака да се кара и да се тепа, он е нежна буба. Во школо кога се тепаат он се укопува у место на страна и не мрда, не учествува во тепачки и закачки. И сака да е центар пажња, мора да е вклучен во се, ако му се иде во тоалет наставата мора да престане за да не пропушти нешто. Циркузи е. Не го караме често и кога се кара се знае дека е со причина и затоа ќути, ама од татко му му дојде тешко некако и си заплака. Башка на толку труд татко му му ја скршил количката од коцки што си ја направил, па и а тоа плачевме.
За сува кожа Веледа белата линија со бел слез, ептен е убава. Сега бебево има доста сува кожа и како почнав со таа, кожата му е како памукче.
Знам дека сме офф топик, но во моментот темава ми се појави меѓу првите, а немав нерви да барам посоодветна. Туку да почнат малку повеќе да јадат каши, а не нервите наши (хаха јас почнав и да римувам).
лелеее исто. Цело бреме му викав на мм, абе не ти личи на џин, нормално е да е волку голем? Дури бебе кога направи 2м., поголемиот ми се врати во очиве нормално. Тек па кога им менував пелени на еден па на друг, трауми
@Skyler незнаев дека имаат таква линија, баш ќе ја пробам. Има и масло и млеко , така? Ај да отворам зегин онлајн Мене синко кој е 5 години , може да замислите колкав ми изгледаше Дотогаш си беше мое “бебе” , после 5 дена во болница кога дојдоа да не земат, леле си викам колкава му е главата прво Кога му пораснала волкава И оттогаш , како да ми порасна преку ноќ. Дури и поинаку го доживувам, како голем дечко Сега ми се нормализира , ама првичниот впечаток ми беше шок, демек од каде ова дете , моето ли е
@eli25 Не проверив за маслото зашто не очекував да има таква кожа и прво го земав портокаловото, без мирис е. Помага и тоа.
Исто и јас си велев за големата. Кога дојдов дома со бебето, си реков леле колку порасна ќерка ми и главата ми изгледаше голема
Одамна не сум шкртнала тука па сега најдов време дур спие бебе и маж. Ние денес полниме 4 месеци кога поминаа 4 месеци си расне бебушчево мое. Бебево ми е многу мирно понекогаш знае да се раскенка и да заблачи ама не е страшно и ноќе си спие во текот на денот има по неколку дремки. Ни звонија прееска за вакцина утре, па се надевам дека супер ќе поминеме. Празнициве едвај ги чекам и јас сакам се да украсам новогодишно, да се сликаме до елката, прва година ќе ни е и ептен сум возбудена.
Ја почнав други работи прво да приметувам. На пример, ќерка ми до последно се возеше во количка. И се мислев како ќе се осеќа кога ќе треба да ја предаде на бебе. Ќе биде како да сме ја земале од неа да ја дадеме нему. И 2 недели пред да се породам сосем спонтано самата ја батали. Некако вака слично како сами од себе да се наредија некои работи за кои се мислев што ќе се прави. Кога дојдов дома од клиника го пратив маж во спална со бебе, за јас да поседам малку со неа. Прв пат бевме разделени и тоа цели 8 дена и мене на психа многу ми влијаеше тоа. Кога ја отворив вратата и ја видов, мислам светлина букна и топлина ме огреа. Како во животов ништо поубаво да немав видено претходно. И исто, како друго дете да најдов. Не сум приметила кога ми порасна првото бебе. Седев неколку минути и само немо ја анализирав од глава до пети до најмал детал. Тој момент секогаш ќе го памтам како еден од најемотивните, ако не и најемотивен. Туку ти кажи како помина на пораѓај. Проба природно или на сигурно отиде?
@Yowannty На сигурно Прво ме замислија туѓите искуства ама маж ми некако ме охрабри да пробам. Како влегов во 9ти не можев повеќе, не можев. Искрено, бременостите ми беа едни од потешките периоди во животот. Не дека не уживав во некои моменти ама сега пример не ми паѓа на памет уште еднаш да забременам освен ако може да ги преспијам месеците. Пораѓајот малку тешко го поднесов, анестезијата многу потешко ама оздравувањето прелесно. Како да не сум била под нож. Чудо.
Мајки а елка и бебе иде? Искуства? Секако јас додека спие ќе ја украсувам, ама кога ќе ја види не знам како ќе ја спасам
Колкаво е бебето ? Јас лани китев ама малиот немаше ни 2 месеци и уште тогаш си викав сега ќе стои како што е наместено ама до година јас ќе китам тој ќе раскитува Пред 2 дена направивме 1 година кај и да е ќе прооди и ќе видиме како ќе поминеме со елката оваа година