Кај мене лани преживеа, само што лампионите секој ден ги закачував се погоре и погоре и долните гранки беа празни. Оваа година ќе видам со двајца палавковци како ќе биде. Купив од Џамбо неколку пластични што може да ги скокаат од под без да се скршат.
И јас се плашев ама преживеа елката со дете од година ипол. Многу и се радуваше, не дека не ги чепкаше лампионите ама повеќе од радост ги фаќаше. Е украсувањето со него беше многу напорно, ги шутираше како топки.
Јас планирам да ја ставам на масичка, а масичката со се елка во игралната оние големите. Јбг така само ми е безбедна . Ама ќе ја китам па што сака нека биде.
Тука негде се отприлика, претходната година ова време украсував пред да се породам Па елката само со светилките ја загледуваше. А сега за недела дена прави 1 година, се качува, чепка, се го интересира, не знам како ќе поминеме. А ептен имам мерак. Еј супер идеа! И игралната може новогодишно да се украси Јас имам проблем, бидејќи прва елка дома ми беше претходната година, и купив елка од 2 метра па неможам многу да ја ставам нагоре. Мм ми даде идеа да купиме такви што ги ставаат пред камини, ама си викам веројатно нема да е за до толку....
Моето има 6ипол, никогаш не бутнал, скршил елка. Лани несакајќи со газот шутна еден и се скрши, се дотуфка. Ама од првата година китиме елка и не давам да чепка, му кажувам дека не се чепка таму и готово.
И мојата е толкава, ама ќе ја напикам ќе и свиткам врв нешто да ја собере. Не можам да ја допазам јас толку пошто слободно шпарта насекаде, вака го обезбедувам просторот и раат сум.
Здраво мајки . Бебе спие, мама до него стандард. Деновиве турбо, по 12 саати на работа, семинари, предавања.. детево си го немав видено асално. Пред тоа Ковид по втор пат. Се враќам на работа, хаос, заостанале сегде. Ми се идеше да вриштам вчера. Денес си излегов порано, нека прооди … ако сака . Да се убацам во муабетот за тоа дали станува полесно со тек на време. Иако е уште мал, кај нас станува само потешко. Се стопив , исцрпена сум . Порано не правеше прблеми за бањање, облекување, пелена, капки пиење… Леле сегааа.. Излегува на сред бањање од корито, вришти ако му миеш коса, капки да му дадеш јок, сируп Боже сачувај (цел Ковид температура без антипиретик спуштав), пелена менуваме стоејќи, шанса нема да легне, а некогаш искакан го бркам по стан . Цело време го пазиш, трча, се пентери, се фрла на гарнитура. Јадење од мене не сака, јас сум циц , друг само ако го рани (а и тогаш е прашање дали ќе јаде). Ако сум дома нејќе да иде надвор или одма се враќаат јер мама, мама, мама… Не можеш да го заспиеш до 10-11 навечер, сите обврски ги завршувам во ниедно време. Паднав за спиење, вчера мислам пред него заспав. Може ќе биде полесно после некоја година, ко ќе тргне на школо пример . На тема елка и украсување, едвај чекам да украсам во сивилово, иако не сум оптимист дека ќе ни додржи елката до Нова година. Ама знам дека многу ќе се радува, особено на сијаличките . На тема стари - у суштина ретко некој да се осмели да ми каже нешто, за бабини деветини ги пресеков од старт да не ми кажуваат (бидејќи знаат дека нема да ги слушам). Мене ми беа многу интересни муабетите кога синко беше помал и не викаше уште “мама” и беше кај било кој (што не сум јас), ако почнеше да плаче се размотруваа сите можни опции освен тоа дека плаче по мајка му: му се спие, гладен е, сака да станеш, сака да седнеш, сака да го кренеш, плаче по татко му.. и на крај следеше “Зошто плаче, што сака??”. Нејќе кај тебе бре, олабави. Детево цело време виси на цицка и напредува и поише од просек, ко ќе ми качеа притисок со тоа “гладен е”, абе не можев. Епа не можеш повеќе да изнервираш/погодиш тазе мајка, посебно прворотка што решила да дои. Така да сега ко ќе се постави такво прашање, иако ретко пошто детево си доаѓа само или си бара “мама”, одговарам најчесто со - гладен е . Ве поздравувам, ми се пие кафе ама ќе ме расони. Сакам да си легнам порано. Не го можам ова зимско сметање на време и не го можам. Саатот 4, се осеќам ко да е 8 вечер. Еве за вас по едно . До следно читање .
Дечкии…ова свекрви , а дека и младии се со ставот слабо млеко, бев 8 саати на работа млекото ми е стоено, надвор бев ладно млекото…
Пак ќе речам, тетрапак! Не ми е јасно од кај им е тоа мислење дека млекото е ладно, топло, застоено, старо, младо, слабо, јако...
Читам, како јас да сум пишувала.. Незнам дали е некоја фаза у прашање, али потполно исто.. Менување пелена ми е најтешко, мислиш со тигар се бориш, особено ако е и какнат, никако не дава да го избришеш, се бркаме, па уз пат и се околу нас ќе замачкаме па ете ти дупла работа ако два дена јаде добро, третиот бојкотира.. Порано, идеше у секој, сега ако сум јас присутна у просторија мама и никој друг..Обожаваше бањање, сега сам излага од корито, дури и ми го преврти пред некој ден.. И секој ден се нешто ново.. Физички е многу позахтевно и потешко, али на крајот од денот, го гледам како расте од бебе во детенце, па таква папсана се прекорувам самата себе си што сум се пожалила дека не можам ни да јадам ни едно кафе да испијам.. Нека се здрави и живи само.. Ќе ни недостигаат и овие фази еден ден..
Незнам ни јас….ама од млади жени, со едукации насекаде, со достапни информации на сите страни, да вака размислуваат не ми е јасно.
Замислете какви коментари јас добивав со првото бидејќи доев 2.5 год. Најјаки ми беа оние од типот, аха машко дете нема да се дели од тебе кога ќе порасне, како да не, си имала млеко, трга на празно Лошо е што има многу млади жени, девојки кои не се воопшто едуцирани, додуша немаме и од каде реално доколку не се снајдеме самите, па подлегнуваат по таквите коментари
Реално на гоогле секоја ако искуца што ја интересира за да едуцира ќе научи. Па има еден куп форуми, пример е овој каде јас на пример гледам, прашувам, истражувам, гледам совети за некој одреден проблем ( конкретно најголем проблем ми е да останам бремена). И покрај тоа што не сум сеуште мајка, сум радознала особа и читам се. Ама веруваај имам преблиски млади особи што освен да седат дома и со тетки, стринки и комшики и пијат кафиња по цел ден , зборувајки која бајачка ке и помогне да не плаче детето, која ќе и помогне детето на 10 месеци да и прооди , зашто тате проодел на 9 па мора и детето негово да прооди итн… Ваквите се опколени со таква средина и незнаат поинаку мислам дека. Верувај дека не ги знаат репродуктивните органи, дека незнаат што и какво тело имаат, мислат дека од исто место мочаат и добиваат, а најтрагично е со какви бабини деветини се, да не почнам да набројувам.
Мене ми е тоа толку интимно, па и да има таков неук став како можат да се опуштаат со "совети". Еве си решила, детето твое ќе влече од града на "празно" до две години, го смирува тоа. Некад и сплет на околности се дои долго, или кратко. И тоа не е за осуда. Шо има да се меле наоколку. Каков менталитет сме ејј
Добро утро мајки , наздравје На тема новогодишно украсување мој омилен период од секогаш посебно сега со мали , да ке китеме и елка и све, ама како ке биде со мојот немирко незнам ... Многу е љубопитен и сака секаде да фане посебно таму каде што нетреба , ни имам украс во домот ни рамка ни слика , и сега со елка незнам како ке биде ама ке ја китиме ,па ке се караме да не ја бутаме
Добро утро мајки, наздравје кафенце Бебка ми станува се помирен, срце на мама. Сега си ужива во релаксатор, додека мама пие кафе и дреми на фемина Изгледа првиот скок помина. Нема веќе толку плачење до зајдување. Почна да ги гледа мечињата над релаксаторот и срамежливо по малку да се смее. Обожава да му збореш или пееш, толку ужива кога ме гледа, а јас се топам Вчера на поклон добивме такво за на земја со играчки одозгоре, денес ќе го исперам и се надевам ќе му биде забавна занимација додека мама да пие кафе или да заврши нешто по дома Времето тмурни, врнежливо, а баш обожававме да шеткаме додека имаше сонце. На вакво време ни мене не ми се мрда Колку често ги шетавте бебињата на еден месец? И се нервирам од носето. Постојано му е затнато сабајле кога стануваме. Не знам од што е така. Дома е претопло и тој е облечен доволно мислам, и пак. Се навикнавме со мм да спиеме со кромид, ама не дека помага тоа многу Во сабота еден месец, кога ли помина? За 40те дена мојата баба ќе дојде од мк, едвај чекам. Омилена внука сум и и премногу сме блиски. Таа е превозбудена, секој ден ме прашува имам ли ова она, не знае што попрво да купи од среќа. Ах моја мила бабче, да ми биде жива и здрава уште долго Постот хаос, јас се посреќна. Првите 2 недели ми беа многу тешки. Најмногу поради доењето, баш се оптеретив и постојано си плачев когс бебе не фаќаше града. Сега сум поопуштена, и бебе е одма друго. Изгледа и грчевите завршија. Или барем се намалија. Среќна мама, среќно бебе, баш така било тоа Ви посакувам убав врнежлив ден
Епа затоа му е затнато носето, затоа што ти е претопло. Претпоставувам не греете на дрва туку на струја, а тоа го суши воздухот. Ставај на радијатори канчиња со вода или ако се греете на клима купи навлажнувач. Не смее да е претопло, треба да е таман, 24 степени е супер, оно нормално облечено, по боди и шпихозни.