Абе колку млади и образовани има, ама длабоко некаде во мозокот баш не се во чекор со времето... Имам во друштво докторка (маж и исто така), детето и е како моето 10м, му дава солено сирење уште од кога, нема некој ред во оброци, му ја стиска устата за да ја отвори и да му бутне лажичка (успат со телефонот го занимава) оти МОРА ДА ЈАДЕ КОГА МАЈКА МУ РЕШИЛА, а не е ненапредно бебе, уште во септември пиеше тетрапак млеко (ниедно АД не го заситувало), детето со тврда столица ама авокадо не дава оти не е од нашето поднебјеАмарант исто така...а тие делуваат како лаксативи. Ај си молчев, ама за сирењето и реков оти пред мене му даде, ааа вика, јас си терам по старски, и на првото така си давав Си викам што отворив уста, што се запустив Запната со широк повој го тунта детето со еден тон пелени (на првото до 9мес ставала), ама во дубак, може. Хранилка не, због ради колкчињата фамозни. Ама дубакот е топ за истите Маж и кога се запна, баш таму на викенд кај што бевме јајце да му даде за прв пат од неговиот доручек...одвај го убедивме да не даде оти не мора баш сега и баш таму за не дај боже алергиска реакција, па да трча по лекари, а бевме надвор од град каде нема ништо. Ама мора вика некогаш да проба и со вилушката накај устата на детето И битно беше баш тој ден, оти до јајцето беше дојдена работата Еве, доктори... Па за други ич да не се чуди човек.
на почетокот исто мене дома одма со тоа прашање *знаете кој 'со широк повој што ви рекоа?' наредна контрола: 'а за широк повој рекоа нешто?' 'како бре ништо не рекоа ' еее, ние вас порано со широк повој вака така онака...
Медицински (едниот и специјалист со специјализација во странство ) Море и свекрвата е доктор спец, таа па го бувтала секој ден телешко, за крвта @една-поречанка моја свеки исто на секое враќање од ортопед право -А ШИРОК ПОВОЈ??? Изгорена беше да чуе оти треба, оти на почетокот тврдеше сама она дека треба. Викам не, не, топ си е малата
здраво мамички... ве прочитав вчера сите.. само да ве поздравам Вчера ја примивме првата вакцина, па наздравје да е. Беше орална, втората ќе била инекција. Поминавме добро. Прво мораше да инсистираме да го прегледаат, сакаа така директно да му ја дадат. Повторно прекумерна загриженост од страна на бабата, дополнителен стрес за мене. Ќе испаднеше за малку во очите на другите дека сум премногу искулирана. Но не би сега за тоа.. денеска сакам само позитивни вибрации во куќава (секој ден не посетува инаку, како визитка , и незнам кое време ќе помине, некогаш испаѓа баш кога сме на врата со количкара и ќе испадбе бегам Овде потполно истото и кај мене, да не се повторувам оти пробувам да не мислам и да не се замарам. Градам уште самодоверба и решителност и самоодлучност и став итн итн... тепко ми оди ради пусти мој карактер и почит, но има подобрување.. За новогод. работи и украсувања: секоја глдина уживам и сакам да декорирам, сега баш тогаш ќе сме 3 месеци, па незнам како би ми одело. Што препорачувате имајте убав ден сите..
@Emy867 [/USER] моја свеки исто на секое враќање од ортопед право -А ШИРОК ПОВОЈ??? Изгорена беше да чуе оти треба, оти на почетокот тврдеше сама она дека треба. Викам не, не, топ си е малата[/QUOTE] упорност стариве бре! Си велам чувај ум господе да не сум ваква и јас ко ќе дочекам. Да не е некој бабо-дедовски синдром на таа возраст. Да бегам негде на одмор тогаш, децата нека го гледаат редот (заминав скроз во иднината)
На подно греење сме и 24 степена е. Спие на боди на кратки и шпикозни. Веројатно многу е сув воздухот ќе купам навлажнувач белки до тоа ќе е
Би се налутиле ли ако блиското фамилијарно опкружување не донесе ништо за бебето ни за раѓање ни за 40 дена? Зборам за мече барем од 150 денари. Прво внуче е од моја страна и никој ништо не даде. Од страна на маж ми што се не доби бебево. Ми е срам а и жал за бебуш.
Слично, кумовите шо требаше да го крстат ќерче имаат купено боенка од 100 денари шо ги продаваат по улици здруженија за помош ако знаеш за кои ти зборам. Боенка. Барем и боици да дадеа. 3 месеци беше бебе да напоменам На прво доаѓање да го видат бебето, му донесоа чварки на мм бе И на мене еден куп непосакувани совети нормално. Иначе не се лутам ама не можам да разберам. П.с. нема да ја крстат ќерка ми
^ можеби за толку имаат, од каде да знаете дали имат финансии во моментот или не? Никогаш ама никогаш нема да разберам некој да се смее дали добил поклон боенка купена за 100 ден или чварки, преголеми очекувања имате
Па можеби заради патувањата, шопингот и се друго што се збореше додека беа кај нас таков впечаток добив Нема веза, нашава е долга и широка. До утре можам да пишувам како се ме имаат понижено и мене и детево, ама не е тоа темата И да се надоврзам, за 100 денари можеш да земеш пар чорапчиња и да личиш барем дека си се позамарал за поклон за тоа дете што треба да го крстиш. Со боенка на 3 месеци бебе богами не изгледаш така шо знам. Никој не кажа дека се 100те денари проблем
Јас не би се налутила ама би вратила со исто. А и башка не би ги канела кај мене, нека го гледат бебе случајно на улица, доста им е И нашиот кум веќе 2 пати доаѓа и сеуште ништо не купил. Е добро, стави пари во креветче првиот пат. Мислам дека е сам, сеуште неженет, и не знае како оди све тоа. Не се лутам. Ако и за крштенка не спомне ништо не ни очекувам, баш ќе ми е ќееф јас да си го дотерам бебе. А ако купи облека без да ме праша, ќе го облечам во мое одберано
Не би рекла дека се лутам али сум револтирана. 7 месеци од страна на сопругот никој не е дојден, а имаа најави, ме прашуваа што ни треба. Дури ми кажаа дека на големиот поклон за Н.година му купиле, па уште ни го носат еве Инаку секаде сум се отчестувала и повеќе од потребно и сум тип на личност што не замерува. Не донесле, здравје, јас за нивна пригода пак купувам. Тоа ми е маана и мм многу се лути. Но, ете можеби имаат причина луѓето. Најмногу сум револтирана од дедото и бабата на мм, многу добро ситуирани луѓе, имаат точно 6 правнучиња, 4 во странство и на нив не заборавија да им испратат, само за моето немаат сеуште ништо донесено. Да се разбереме, се што му треба ќе му купам јас и фала Богу имам можност. Ме нервира што за сите правнуци можат да помислат за моите не. Како да не им се правнуци. Моите деца не се од улица земени. Сопругот кажува дека и кога тој растел, на сите им давале поклони само него не, зошто повеќе седел кај другата баба. Не е лутење, само еден револт е
Еее од докторка една што се изнагледав…т.е бабата докторка и главен шеф. На 40 степени сред лето, накај 8 сабајле било камен ладно, ама затоа во 12 на пладне се шетаа деца, облечени по долги и покриени со тетра да не им дуваааааа. Чорапи под секоја цена, педијатар соблака и вика не чорапи, во моментот она му ги облака и вика јас знам како треба докторка сум. За хигиената да не почнувам поубаво… Само да ми чува Господ паметот.
Подобро ништо да не му купат отколку како мајка сопствена што ми рече "Јас знаеш ли дека дури 7000 денари потрошив за да му купам тоа што му купив, а знаеш колку немаме"... Налет.
А мамички тие што не доите, како го поднесувате прашањето “цица ли”? Значи кој како се јават роднини прво прашање и е “Што прави Јован?”, второ “Цица ли?”. Значи ќе пукнам. Толку ме иритира тоа, дали дека сум опседната со доењето, многу ме погодува. Пред малку се јави една роднина и веќе не можев. И реков дека не е нејзина работа тоа да прашува.
Здраво мајки, си седнав и поштено ве исчитав.. форумов ретко го користам ама има теми кои што се мелем за душа.. оваа пример. Гледам свеки скоро кај сите си го пика носот секаде, ама јас се би дала да ми е поблиску и да ја причува малава бар на пола саат.. а и реално жената е памукче не знам дали дека ретко се гледаме ама ете до сега ништо не ми згрешила Патем тие што се породивте природно, после колку време добивте циклус, скоро 7м е моево и уште немам.. на ексклузивно доење сме и знам дека кај секоја жена е различно само некако ми оди памет да не треба тест да купам.. толку мислам на ова деновиве што дури почнав симптоми да си измислувам
Како што си и рекла на последната , така и на другите без пардон. Ако они немаат осет и култура, немај ни ти.