Лелеее како сум ги пропуштила тие раскажувања?! Сеа уште поголем фан сум и, оти ние дома сите сме мачкари.
Добро утро. Бебе расте и се повеќе разбира, а јас се повеќе влегувам во улога на мама мирен е тој на мајка веќе и грчевите се намалија. Тема татко: Скоро цел ден работи и кога доаѓа бебе му се радува. Навечер тој го заспива со цуцла. Научи да менува пампрес и валда забавно му е па и кога треба и кога не треба тој го пресоблекува Добро ќе беше и цице да имаше па мама да спие Тема гости: Свекрва ми е тука веќе една недела и бебе не ја сака... абе нонстоп да се плаче кога ќе го земе неможам да го смирам дури понекогаш и кога му збори тој почнува да плаче. Жена ќе си оде во Вторник И после некој нека каже дека бебе не осеќа. Мама се нервираше од свекрва во бременост па сега бебе и враќа И така. Имајте убав ден
again me... денеска повторно кратка визитка, таков е редот. Нема ден да имаш чувство дека не чекаш никој да помине. Како дневник да водам ми стана ова овде со вас, ама во моментов никој не добив на тел за да му кукам па ќе пишувам. Не сум нервозна , незнам...ноншалантно се чувствувам. Во смисла "до кога бре" ...оф Помина (she), заминаа со мм на пазарење. Му вели нему ќе помине таткоти да го види (бебето) . Мене не. Несакам да бидам зла снаа, но кај сите ли вака одат само со 'идеме' и готово. Не стварно, пошто и на самата себе ми звучи себично и си велам пак можда претерувам. А дали јас освен секој ден да чекам некого имам право друг некој да викнам на гости (пример другарка, пријателка), да поседиме, или да излеземе без да имам чувство "леле ќе поминат, не сум дома-ќе помислат побегнав намерно") Да дојде некој раат на гости? Денеска сум пример down и сакам куќата бомба да ја чувам?...НЕ! Кога момнтално плачеме, пиштиме или цицаме да нема над мене да чати некој 'што му е? дај ми го.. итн' (фала богу што не е тоа по цел ден,нз дали е до навиката ама мене тешко ми оди) Па кога ќе дојдат (било кога) јас оставам бебето (2м) одам варам кафе, сок, нешто за мезе небитно благо солено... оти им го оставам да се порадуваат да го подржат (знам дека има мајки/жени што не се одвојуваат од бебето, а 'гостите' сами ќе се послужат).. Утре е недела, утре одиме ние на ручек тамо ЈЕР мора се... се друго е втор план. Ама не, и денеска мора во денот да бидат присутни. Ќе пропуштат нешто. Кај би ми бил крајот да сме сите заедно. Би се прилагодила или би се развеле со мм. Едно ќе беше.. дали јас претерувам со ова што го пишувам или претерав со се ова што дозволувам (а таман пред недела-две се пофалив дека е подобро, одма нешто ново излага)...
@perlaa1 држ се добра си. Гости си се гости, после си го тераш редот.. море осеќаат како не осеќаат... еве на вчерашната визита дај ми го ми рече да го подржам, и го става одма на гради со лиценцето накај неа свртено, накај гради (да ја осетел да се зближеле)... значи јас така ретко го ставам од шо не ми е навика (тоа е моја вина, сеа почесто почнав да ја практикувам) ама таа си го става. И ко ќе ги видам љубоморна сум скроз, и една лутина што ми иде пто да ви кажувам. Што е тоа мене да ми рече "стави си го вака бебенцево на тебе" туку таа си го става. Не дека е којзнае колку мирно кај неа, оти осеќа ко што рековме ама сепак...
Hiiiii Ја би да кажам дека детево ми се подобрува во однос на јадењето ама не би да си ја предизвикувам судбината така да рачунајте исто ко да сум се испофалила на максимум Мене ми е просто неверојатно колку брзо се менуваат децава. Завчера имав едно дете, со една насмевка, еден израз на лице, сега имам друго. И преслатко ми е. Овој период на растење со брзина на светлината, на учење на нови работи во тоа мозочето ко сунѓер ми е прекрасен. Ја гледам колку е упорна, љубопитна и само си викам "остани си вакво цел живот". Се почесто се гушка, ме бакнува. До минатиот месец беше дифтар невиден, не даваше у раце да ја фатиш сега сама доаѓа и ќе се тутне во мене Абееее, ќе се стопам еден ден значи од љубов Додека работам тие неколку саати додека дојде мм да ја преземе, омилена игра ни е "ѕе". Ќе се сокрие позади столот и ќе се појави окезена и не се трга додека не и кажеш "ѕе" Частам кафе, за периодот што следи Гушкајте дечиња, ние одиме да си играме
Веројатно си во право, од ко е родена малава на прсти се брои колку пати дошла, останува 2-3 дена и си оди. Ама јас не сум чоек што се зближува, така да уште додека бевме во врска со мм она си знаеше дека респект сакам и возвраќам, меѓутоа без циле миле и претерани блискости, ете таква сум.. Со мм се слушаат скоро секој ден, и не ми пречи а со мене еднаш неделно, ма да јас ни со мајка ми не висам на моб. секој ден Сами сме од прв ден со мм, и реално имав моменти и сеуште имам кај што би ми значело некој да ја причува барем на пола саат за да се избањам како човек , ама некад ко ве читам па си викам барем раат сум си не ми виси никој над глава.
Па лесно се поправа таа "грешка", со бебе си дома ќе си поставиш јасни граници со арно, ако не бива така има и друг начин. Никој не е вреден за да си го реметиш раатот
Извини вака во недела сабајле со кафето ти ги читам постовите и не можам да не забележам... Ти имаш страшен гнев кон таа жена а ништо не превземаш за тоа. Не гледаш овде има жени на кои бабите не им доаѓаат ни да ги видат дали се живи а живеат во иста куќа или преку улица, а кај тебе доаѓа на кратко и си оди и ти смета. Зошто погледнала, зошто го зела, зошто го свртела кон себе ( уште не можам да ти го разберам муабетот со го свртела со лице кон тебе а ти уште не си го свртела така) , вака му рекла, така му рекла, мене женава не ми личи на нешто страшно да прави а ти во секоја нејзина постапка гледаш закана. Мислам дека премногу ја анализираш, ја мислиш, ја комплицираш... Не мисли што ќе речат они, мисли како тебе ти е во ред. Си тргнала да искачаш а она на врата, Еееее бабо, следен пат јавувај се, ние само што излегуваме... или пак ќе и се јавиш, Знам дека доаѓаш секој ден ама не мора денес, еве ние сега ќе излеземе. Тоа е баба, нејзе внучето и е сега опсесија во животот, нова радост, ако не ти прави ништо на твоја штета малку намали доживување и остави ја да се радува зошто не знаеш кога навистина ќе ти притреба. Не и придавај толку значење, ако не сакаш да доаѓа ќе ми речеш на маж ти, Слушај, мене ми смета секојдневно идење, те молам речи и да се гледаме за викенд, сакам некогаш да одморам, да лежам, да прошетам, шодае, не мора секој ден да мора да ја дружам. Не можеш да очекуваш да ти читаат мисли, мора да си кажеш отворено ако ти смета. Искрено јас би почесто да доаѓа мајка му на мм, она доаѓа еднаш или ниеднаш во неделата и толку, ама кога го гледам син ми како и се радува стварно ми е криво што не доаѓа. Мене радоста со баба ми и дедо ми ми е длабоко врежана во мене, колку сум се радувале кога доаѓале или сме оделе, и кај едните и кај другите ( мада другите биле лошо) и едвај сум чекала да ги видам, така да мајка ми иако можеби не сакала не пуштала кај другиве зошто нејзините чувства не се и наши, не оставила сами да си согледаме дека нешто не е во ред. Не си ги уништувај најубавиот период со анализирање на свекрвата, со правење стресови и нервози, еднаш на врата ќе ја затекнеш ќе ја вратиш, еднаш на телефон предухутри ја, еднаш заклучи дека не си дома или ако те праша кажи не сум слушнала спиевме со бебе или имавме музика пуштено, еднаш ќе дојде, па после пак во круг и сама ќе увиди дека вие сте посебно и нема да смета, кој му се рашетува безвезе да доаѓа кога ќе дреме на врата. Или најбезболно замоли го маж ти да им каже, мада за тебе е безболно, за нив ќе биде многу тешко да не го гледаат внучето. Ај добро утро сега од една мајка која си го пушти детето у село со баба му за да одмори. Пијам кафе под ќебе и уживам, ама буквално уживам. Додуша планот другачие беше ама ми го смени комшика, морав да и помогнам со спремање слава и вчера не стигнав да испеглам, ама ќе испеглам денес, и така ќе искористам ефтина денес и ќе вртат машини и пегла цел ден. Пред да дојдат моиве може и ќе спржнам крапчето и ќе направам салата. Ми требаат вакви тивки моменти еднаш у неколку месеци, да не зборам со никој 2 дена и да одмарам, мада вчера ме имаа нападнато баби и стринки, комшики, плус и кај комшиката заглавив и пак ништо од мојот одмор. Така да денес ќе се слуша музика до даска, ќе се исчисти, ќе се пегла и ќе се пере, ќе се спремаме за Бејби да го пречекаме за месец дена.
да....точно. Премногу. И знам дека опсесивно ептен звучам...ама незнам. Еве додека беше месец тоа сакаше само да цица, да спие...не разбира се околу него. Очекувањата ко ќе дојдат е да е ококоравен, весел,да игра со нив...Тој плаче, тие нишај го и не го давај. Е сега цицаше, зар пак за тоа плачеш.. Па следуваа совети, предлози,посматрања, грабања (вака облакај те се - така облакај те се, капче-мапче, од бабино-деветински ствари... и затоа мислам дека ми се створи некоја одбивност и гнев што ни јас неможам да си го сфатам. Некој страв,некој трема што штом дојдат или се најават дека идат јас дрхтам што да ти кажувам. Самоувереност, став- нула!! еве вчера најтазе: зошто му давам ноќе на бебето да цица. Да сум го остаела да спие.Дали само еднаш се будел, не викам три пати... Ауу,многу. Ама викам ако не цица ноќе, денски како млеко. Мора да исцица... и јас што да сфатам овде еве незнам.. Да го хранам со формула, да го осамостојам од два месеци. Да го пратам уште сега на поседок? Што.. Ете зато горе ми е напишано тоа со држењето накај неа (несфатливо знам) ама во моментот ме вади од кожа, ма раце ми се тресат незнам дали ме веруваш. А несакам, нескам да е така.Огромен стрес, огромна чудна енергија осеќам. Тоа е моја вина знам, жената можда и нема лоши намери- а слободата појди дојди јас сум ја дала (циле миле што имаше поназад напишано една феминка) ,па и муабетот ни оди, па и помагам се, па ја дружам за сегде (порано сега не толку) повеќе од сопствената ќерка.. и сега кукај... Ама не ми замерувајте, и не ме сфаќајте погрешно. Овде ми единственото кај што можам да се искажам, и секој совет и критика вака ми е добредојден. Се прифаќам, само да се чувствувам јас подобро...а и таа (тие) ... И многу ми е мило што ми врати на мојот проблем (кој досаден стана више) но еве,овие твои предлози ми се добредојдени. Ќе пробам да ги применам одма од утре.. морам да направам промени КАЈ МЕНЕ. А за тоа каков исход ќе има, пак ќе пишам овде... Ви посакувам на сите убав неделен ден Пробајте да сте без стрес ( најде кој да каже ) и позитивни. Ако ништо друго, еве вака како овде вие мене-ќе го охрабрите некого
Мило ми е што не ме сфати погрешно а за коментарите, не им замарај, тие толку сфаќаат, толку знаат, тоа е. Не очекуваш ваљда да чита нови истражувања, да знае за белешките проблеми од овој век кога чувала дете во прошлиот век. Нека си збори и само аха, во право си, а ако ти скисне некогаш ќе и речеш Па добро сепак јас сум родител, знам како треба и толку. Јас сум во брак скоро 10г, по 10г дури пред некој месец прв пат и одвратив на свекрва ми за истите проблеми, зошто ми скисна, не сум ни јас недопирлива за таквите коментари, и чудно и беше, и мене искрено ми беше, ама морав зошто веќе втора бременост, пак истите муабети, хормони и се деси. И не е дека она ќе прекине со облакање уште еден пар чорапи, пижами под тренерки и слично, едноставно мене ми олесна малку. Убав ден!
Нервен слом. Време ручек. Бебе плаче. Гладно и за спиење. Дете чека ручек и сака игра. Внимание. Ја истура кашата врз себе. Стекот гори. Воведуваме ручек. Не се снаоѓам. Хаику викенд поезија. Недела. Си турив пиво. На здравје. Живели.
Инспирација ми беше да напишам и јас хаику за трудници. Оди у труднички прочитај ја На здравје пивото и со лесно остатокот од денов. Гуш и бац!
Првиот скок помина и имам ново бебе дома Почна да се смее, да гука и обожава да му пееш. За сега омилена песничка ни е мама воли бебу Две вечери по ред спие од 8 до 4 со 2 кратки будења за млеко. Е во 4 се расонува зашто кака и знае да си поплаче, ама во 6 заспива па до 9. Грчевите како да се намалија. Се грчи само кога јаде некогаш знаеме и по еден час да се раниме Со спиењето од вчера почнав да пратам прозори на будност, за сега многу помага тоа. Јас мамички почнав да се откажувам од доењето. Млекото ми се многу намалува, а и бебе почна да цица само за смирување, како цуцла му е, не како храна. Сеуште не можам скроз да го откажам доењето, ама мислам дека и да е ќе биде и тоа Денес тмурен ден, баш не ми се погоди периодот за шетање со бебка, а толку сакав Поздрав мамички, имајте убав и спокоен ден.
Здраво мајки. Детево ми порасна. Гледам клипчиња од бебе, како вчера да гукаше. Сега маж што сам мочка во неговата шоља. Несмасно ги мести гаќичките ама сака да е самостоен. Не му кршам филм, неприметно го местам за некое време. Од вчера имам нов проект за работа и добро ми дојде промена. Одморив овие неколку месеци, аплицирав на преку 30 места и конечно ме вработија. Маж ми и синко излегоа на сонце а јас да завршам работа. Стискајте палци да им се допаднам па да работам до крај. Периодот после пораѓај ми беше хаос. Хормони бомба, кога ке ми текне колку плачев. За ништо. Пример, зошто маж ми ми кажал дека надвор е жешко, нормално август, да излезам подоцна, а јас сакам во 13 да сум надвор. Гушкајте ги. Пребрзо растат.
Животот на една мајка во еден ден, од сабајле пегла алишта за новороденче дури следи предавање за трудници, на пладне оди на родителска на прваче... Емоции ролеркостер! Си поплакав вчера пак за евидентниот лист на синко во електронскиот дневник, ако му остане тој ентузијазам за животот од него ќе биде нешто големо, само да не се откаже на забот на животот во оваа наша татковина. Ми вели другарка ми, се радуваш дека ти е прво, ма ќе се радувам и 10 да ги имам таква сум јас, ситници ме радуваат, ме прават среќна и исполнета. Се надевам само дека Бејби ќе има само 1 половина од тоа што го има во срцето бато, ќе биде таков радознал и мирен, дете да посакаш да изгледаш 3 такви, среќа носи со себе кај и да влезе. Убав ден мајки! Јас си напишав во погрешна тема па побрзав да си се префрлам на место
@една-поречанка Те разбирам потполно. Од коментарите нејзини се ствара таа одбивност према свекрвата. Така и јас бев, кога имав само едно дете, до толку ме ваѓаше од такт со коментарите, што почнав да и враќам со лош тон. Мојата свеки, пак не сакаше да ја држи малата ич, а камоли да ја чува, ама за коментари беше прва. Сега со две деца што се 2 години разлика. Верувај сум хаос. Толку ми е тешко, претешко. Се пронаоѓам во постовите на @TeddyGrey . Ме држеше лутина што не ја чуваше поголемкава порано и не сакав сега да и ги давам децата, ама сега пак поголемкава ја бара баба и, и штом таа сака, јас и ја оставам , ама со тешко срце. Ма да, во таков хаос сум, што еднаш седнав и си размислив,зашто па јас да не користам некој бенефит од неа, зашто децава да имаат нервозна мајка? А на нив да им скратувам да ја гледаат баба им. Баба е , децата сакаат саат два дневно да седат со неа т.е поголемкава, малово има 2 месеци,уште не знае кај се наоѓа. И и оставам секогаш по 1 дете. Си го тргнав бесот према неа настрана. Саат два, ако е убаво времето ,слегувам долу кај неа и ја оставам бебка, да одам со поголемава надвор, а поголемава штом ја побара баба и, се јавувам дали е слободна и ја оставам саат два, да средам дома или до бебуш да се справам. Може каша попара е постов, ама муабетот ми е, кога ќе си во хаос тоа коментарите ти изгледаат смешни дури, за да се нервираш. Еве пример ќере 2 пати поврати од храна што измеша, таа се запна на лекар да ја носиме грлото ја боли,затоа повраќа. Да и реков, ќе му кажам на мм да ја носиме. И така. А за честото доаѓање кажи му на маж да им рече. Не се плеткај ти. Тебе ќе ти замери, на него нема. Имајте убав ден
Мохата свекрва дали дека помлада, или па таква си е многу ми се наоѓа. Дава предлози околу бебето ама не се наметнува. Уствари на почеток чудно и беше зашто бебе во август на 30 степени е без чорапи, па кога и' кажавме зашто она е тогаш боса престана да коментира. Поише мајка ми има вакви испади сега. Само доаѓа и го покрива, ама кога виде дека не носи боди врв ми беше. Мислам ќе отидеше сама да буричка по плакарот за да му облече. Друго, свекрва ми иако седиме во иста куќана различен спрат доаѓа кога ќе ја викнеме. А тоа е 3-4 пати дневно хаха те да го занимава дур направам доручек и јадеме, те да пропеглам нешто... Или па чисто да помогне за држење во раце зашто јас не можам толку, а бебето си бара... Така да дефинитивно не се сите свекрви исти. Е сега си има некогаш навика да си се налути ако мисли дека не сме и' доволно обратиле внимание, ама ретко се дешава. Туку мајки моето бебе издржа цело шетање со качулка на глава. Значи само очекував да почне да вришти, ама изгледа само капите не ги сака.