Променливо. Се осеќам на раб на burnout. Мајка ми како да ми ги чита мислите, ја побара ќерка ми за викенд бидејќи во недела треба да одиме на аеродром да го пречекаме брат ми па да не сме го мкнеле детето со нас. СО ЗАДОВОЛСТВО МАЈКА. Уште од денес ако сакаш ќе ти ја пратам. Викендов ќе се искористи за планирање на роденденот. Купување на ситнурии, украси, балони, порачување на торта, колачи и слично. Нема да се прави ништо посебно, домашна атмосфера ама ќе гледам да помине се како што ми е замислено Може и ќе си плачнам малце ама ништо страшно, не е прв пат. Кога ме дрма ПМС можам по цел ден да го гледам детево и да рикам ко нешто да и е, а она само расте. Бог да чува сум Оти не можам да и обрнам внимание како што ми е ќеф заради работава, викендите верувале или не само ја гледам и анализирам ко будала некоја. Па косичето колку пораснало, па колку се извишила, па ова па она Одам да правам бокал кафе, не сум наспана @TeddyGrey ти како си?
Mom's ај И јас да кажам некој збор Дали ви се верува дека мојата лепешка дозволи мама да излезе после скоро година на пар пијачки. И дека конечно успеа друг да ја заспие без цице (баба и) и дека си седи кај баба и дедо без проблем. Мислев дека никогаш нема да се деси. И ние се спремаме за роденден. Тортата нарачана, балони нарачани, поклони купени. Тато ќе ни оди на службен пат баш на денот па ќе го прославиме ден порано. Ќе прославиме дома со најблиските. Па викенд роденденски ќе си тераме кај баба и дедо. Фустанот ни е стигнат само прв пат се наканив да нарачам од Али експрес траки за на глава и гледам нема да стигнат на време. Како што почна да им се обраќа на тете, Деде, тетичо(тетинчо) така си ќаруваме пиоклончиња Мерак им прави на сите дека прво внуче па ја трупаат само со алишта и играчки. Ај додека спие да најдам туфки за на глава пошто ја научија ало да прави со телефон и сега не можам да го фатам во рака Поздрав
Чим има сонце надвор, енергија ко на фаст чарџ, наполнета до максимум Поздрав и од мене мајки На работа успевам да направам се што шанса нема дома. Значи да одморам, да се слушнам со некој на телефон раат и да седам подолго од еден саат на исто место И да јадам додека е уште топло од почеток до крај, без три пати да станам А кога ќе ми текне дека ич нејќев да се вратам на работа Сега од дома да ми речат да работам ќе ме казнат Дете го запишавме во градинка, од март ќе почнеме со ред солзи ред мрсули ама мора да пројде и тоа. Јас имам многу убави спомени од градинка и се надевам дека исти такви ќе има и бубили мало. Го гледам надвор ич не е фајтер од типот на, доаѓа дете му зима играчка од рака он не реагира никако. Ни се буни, ни се брани, битно му е да има дружба, меѓу дечиња да биде. Какви се промени ќе има допрва ќе видиме Уште да почне да јаде и мислам дека ќе се преродам. Не знам што да му доизмислам веќе нервите ми ги тренира секој ден. Ништо не го воодушевува, дури и глупост од типот на Монте му имам дадено само се смршти и не проба второ лажиче. Е до толку е маанџија на све поврзано со храна. На секое разболување и крвна слика очите прво на хемоглобинот ми одат не на црп Мм вика опседната си со тоа. Како да не бидам нејќам до слабокрвност да дојдеме од тоа што он си е заљубен у цице 16 месеци Се расприкажав јас ко по обичај, мислам дека никој до крај на постовите не ми стига, дирекс на следен скрола Се одјавувам. Уживајте мајки и мирисајте деца.
Здраво мамички јас сум нова и неускусна мајка па сакав да прашам бебчето има малку жолтица па педијатарот ни рече да го изнасам на сонце но сонце надвор нема дали ке има ефект ако го ставам на светлина на прозор, и јазичето ни фати бело ни дадоа нистатин капки,со што друго може да се чисти
Може и со сода да го чистиш јазичето, јас и го чистам со нистатин капки и се очисти јазичето, а со сода не сум пробала.
Јас би ти препорачала сончање. Јас се породив лани у Декември и исто бевме, од тоа нивно изнеси го на сонце ( а сонце немаше со денови ), ако почекав уште некој ден а да не го однесев на сончање ќе завршевме на менување крв.
@Mom's_life ооо те исчитав и те како. Ако пројадете кажувај одма чаре. Инаку мојата џебна венера ќе остане зимава без чизми изгледа никаде мали бројчиња. Од 20ка. А и тоа и е големо. Едни во пеко најдов 20ка ама тегет.
Мене денот и да ми беше шит го видов син ти на стори и ми стана хепи. Многу е сладок жено, како успеваш да му одолееш да не го изедеш
Немам време за јадење. 9 кила сум смкнала од пораѓај навака. Имам и снашка за твојот голем батко лепотан, па и талентиран
Дури бевме со едно дете прилично подолг период сите од околу ајде ајде не го оставајте само детето. Дојде време за друго дете( ние кога одлучивме нормално), и сега слушаш коментари од типот ајде сега трето па женско, па и машко ако е имате вие капитал. Абе ајде упм, ми се повраќа од сите што во туѓ двор гајле берат. Убаво 7 месеци никој не доаѓаше, сега како идат така коментари без врска. Инаку, јас многу сакам деца, кога ги гледам балканскиве инстаграмџики со многудетни семејства викам блазе им. Ама нека се здрави и живи двајцата и сите други деца, ама доста е. Едноставно телово како да ми дава знаци, не е повеќе издржливо. И немој да се плашите за второ и трето итн. Мој совет, раѓајте побрзо, на помала разлика, да порастат заедно,маката наеднаш ќе помине. Е кај мене ќе биде оној период кога треба да разбереш бубачки на пубертетлија и да истрпиш тантруми на тодлер
Честитки мајка, одмивај ги градите со сода секој ден за да го заштитиш бебето и веќе нема да ти фаќа бело на јазичето, немој него со сода да го чистиш, доволно е ти да се измиеш пред секој подој со вода и малку сода
Ве исчитав сите, и ве поздравувам. Ќе ви пишам друг ден,да склопам пост а да не е поврзан со истите глупости ми станаа досадни и мене. @zverkica fala na sovetot, bas i mene mi trebase
Прекрасно Бебуш денес прв пат ме загледа во очи додека си цицаше, ме гледаше така подолго време а со рачето ми ги држеше прстите од раката. Луѓе ова е најубавото чувство до сега што го имам почувствувано си ронев солзи од што не можев да ја додржам среќата во мене. Мајка бе, што значи. Животот би го дала во еден здив за погледот на тие две мали очиња
Кажи ми да ти кажам со нејадачите наши, од јадење строго нерви грицкаат Ама како викаат ееее ќе пројаде, нема кој не пројал. Само што покиснав просо. Утре ќе чекам инспирација да ме понесе да видам што пак ќе фрлам.
Здраво мајки. Само сакав да кажам, најсветла точка во животов се децава. Овие 2 месеци ми се одвратни, како снежна топка ми се редат трагедии и лоши работи. Ама само кога ќе го видам него, а да не зборам кога ќе ме гушне и кога ќе ме стисне од љубов, па он ми ја дава и силата и вољата за живот. Кога ми се рика, ми се плаче, он ме смее. Нема ништо почисто од дете.
Баш така, да се фатеше кога почнавме таман убава разлика ќе си беа, а сега големото кога ќе биде во пубертет малото ќе ми биде во најдосадните години и иди да те видам издржи. Сакав и трето, ама со второво третото тромесечје прилично ми е напорно и не знам некако не ми се нафаќа, а и трето машко ако ми се погоди, ќе полудам, ќе треба да работам само за да им обезбедам дом, зошто не е само роди го, нели...
Депресивно. Си го најдов ливчето со желби и цели за новата година, од ланскиот декември што сум си го напишала. Ништо не сум исполнала. Тотално сум заглавена во некој зачаран круг и сама себеси си се лажам дека од утре ќе си легнам порано, ќе почнам да вежбам, ќе се ставам на режим..и сите оние работи што си ги планирав за годинава да си ги завршам и на личен и на професионален план. Тапкам во место. Влезена сум во некоја комфор зона и тешко ми е да излезам. Свесна сум дека морам да си поработам на себе и тоа многу. Само од кај да почнам, не знам. Ќерка ми е светла точка. Сите тие слатки мини конверзации со неа (2 години е), ми се омилена фаза до сега И многу сакам уште едно дете. Да си има ќерка поддршка за цел живот. Ама моментално не е време, многу работи ми се нерешени, морам ама сериозно морам некои цели да ги исполнам зашто од нив и кариера и живот и сѐ ми зависи понатаму. Кај е тешко со едно, со две ќе е уште потешко. Ама ќе биде. Некогаш. Во блиска иднина се надевам Толку од мене. Добра ви ноќ мајки
Кога си дојдовме од болница цуцето беше поголемо од главчето. Сега главчето е поголемо од цуцето. И не плачиме ако не сме кај мама во раце цело време. Бепчето ми пркна