@see.emily.play кажи како? Моево 2 месеца легаше ама затоа третиов месец за се' ми наплати. После вториот скок имам друго дете. Еве и трет помина а ние сеуште се бориме за заспивање и за јадење... Утро мајки, или добар ден. Вие што сте со повеќе деца како се нафаќате? Мене едно па скроз ме изремети! Или пак се заборава м? Како што ги заборавив болките во првите денови м? Ма деца се раѓаат на дваесет години. А не ја факс, кариера и патувања. Затоа сега оф леле. Едно е да не спиеш на дваесетина години, друго е на 30+. И така.
хаха истото си го велам и јас требаше барем 3-4 години порано до 30 -1 да завршам со рагање на две деца јас , на 29 прво сега за второ ке видиме кога ке биде , ама затоа си се квалитетно изнашетав и уживав сега не ми фали тоа барем сега за сега ,ама не ми фале ни подочнак богами
Majki na deca nejdaci da ve prasam, ste probale li nekoj sumplement za apetit? Jas na mojava nejadacka babyvit i davam, eve vtoro sisence terame, ama ne sum primetila nekoja razlika do sega.
Уф, не знам како, до бебето си е. Цело време менуваат мајка, не губи надеж. Мојата после втор скок беше неподнослива, ама кога настапи прв ден од третиот скок многу се смена. Буквално преку ноќ. Ред за цицање фативме пред два дена. Бевме хаос, многу тешко можев да ја одржам барем 2 часа, а сега самата ете така магично почна да бара на скоро 2 ипол часа.
Бејби вит давав од раѓање со годинка. Поѕоа б комплекс Пиковит. Сега киндер имуно. Засега статус скво. П.с. има тука и деца нејадачи ама цицаат или пијат млеко и се суоер на килажа. Ние ништо од тоа. 8килца. Тоа е.
Честитки мајка На прозор ставање нема никаков ефект, а јазичето можеш лажичка сода во 100 мл вода да зовриеш и со газа да го чистиш.
Кај мајка на гости ден втори, одморена, наспана, најадена, напиена, абе уживанција Да знаев дека е вака и порано ке спремевме куферите Баба и дедо радосни, ја држат внуката, јас и мм одморени. Арно вика маж ми абе сите по пола саат отиде денот И детево по радосно го гледам, нова средина, само гледа, разгледува, се е интересно... Па баба и дедо двор имаат и надвор ужива, кучиња плус, уживанција. Се одморивме и ние искрено... Се мислам вака кога ке го видам стомаков што уште да мачкам, како тигар сум, и на градиве имам стрии ама стомаков ептен.. Дајте некој предлог како да ги избелам? У бременост се пробав да не се појават ама џабе. Убав ден мајки
Добро утро друштво!! Со бебо сме станати и сакав само да ве поздравам. Слабо пишувам но затоа редовно ве читам!! Толку од време Само дечиња да се здрави и весели
Добро утро мајки , ајде на здравје ☕, или што би рекле ај со среќа денот ...Мајка пие кафе, дете се заигрува веке сам по малце ама после пак се залепе до мене али друго е веке поголем е... За денес, да дојде баба му да го земе и имам генералка у најава се е лом а баш ми се шеташе некаде ај со лесно да ми е...
Утро мајки Испратив маж за Берово , на конгрес , па седнав едно кафе на раат да испијам , дур синко си игра со новите даљински . Дедо му од горе му донесе 4 стари , се стресе бебе од радост Нека ги чука сега Малку поплака коа излезе татко му ,а богами и јас се натажив . Оно два дена ќе е , т.е утре вечер ќе се врати ,малтене како на дежурство да е , ама се скосив оти сам ќе оди . Прв пат сам оди на семинар/конгрес , секогаш и мене ме е зимал со него Ама овој пат го " пуштив " сам,, ај нека се издува малку . Е не му ја дадов колата ,превише ќе беше тоа , замина со колега еден и колешка Пет пати го опоменав да "пази што прави " Случка од вчера Платив во Зегин два пакети пелени, две купки и две влажни Виолета ( нели наградна игра има , па узвиена сум точокот да ми се падне ) и му реков на маж да ги земе после работа . Дека јас пешки бев . И на излегување од аптека пред врата го сретнала некоја пациентка . Муабетот - "Докторе што толку пелени земате , и неќни ти ја видов невестата со два пакети . Уште сте на памперс ?!" Па да , рекол мм , 10 месеци е син ми. Ааааа нашето внуче е 11 м и ние веќе на нокшир мочкаМЕ и какаМЕ. Само ноќеска му ставаме ПОНЕКОГАШ Па влегува маж дома и насеќиран, скосен , тажен ме прашува зошто немаме нокшир Абе иди гони се му викам , шо ги слушаш бабите и шо се објаснуваш му викам. Какво тргање на пелена на 11м , до две годинки сигурно ќе носи пелени му викам . И следи нов бисер : земи израчунај колку ќе ти требаат до 2 г и да купиме од Штип, не мора овде сите да знаат и да гледаат дека сме на пелени уште Чуден човек , чуден !! Нема нема и ќе тресне некоја зелена . Временцето овде е топ Да истера синко една дремка и ќе излеземе . Ќе идам до другарка ми , фризерката , да ме испегла , па после ќе си седниме негде на пицичка. Задутре и е роденден а на маж и именден , па утре сме договорени цел ден да сме кај неа , кифли и колачи да правиме. Синко ќе го чува свекрва и Одам да го легнам бебето. Срце на мама е он , само го ставам во креветчето , го бакнувам во чело и излегувам од спална . Сам си се гали и си заспива . Само мора во рачето да има марамче некое да го мафта Пу да не си го урочам ама ногу ми е умен Гушкајте малишаните и имајте убав викенд мајкички
@Bubce38 Абе сонце ме грее кога те читам. А па за бебка кога пишуваш како си лапка и заспива се топам значи . За пелениве да не биде марфи за нас, па да натрупаме само плишани играчки . Цела картица потрошив . Ми се чудат во зегин. Па ќе мењам сега за поголеми. Почнаа да и пуштаат на моето буце . Сонце пука, ќе се шета денес
Мајка емотивка. Плачам. Бебе наполни една година. Цело време си се присетувам на чинот за породување, и првото запознавање. Душата и срцето на место ми беа, само ние тројца. Загриженост на почеток, гушкање и плачење измеѓу.. Неможам да ја опишам оваа љубов Пред една недела бев болна и синко не се одлепи од мене, ме штитеше. И ај после дека не чувствува ништо..Кога ќе ме погледне со тие очиња се топам Повелете торта од мојот роденденко
@Speechless жив, здрав, највесел! На тема годинка, уште не можам да си поверувам колку брзо учат децава. Си велам мош јас порано сум го родила детево, а да не знам за тоа. Се понаша како големо човече. Стигнавме дури и до тоа сам да јаде со лажица/вилушка, па дури и мене да ме храни. Почна многу да разбира, и дури многу е умен, сѐ ме слуша. Ако го викнам да се облечеме, ми ги дава алиштата, чека и ми пружа едно по едно раче/ноџе за да го соблечам и облечам. Знае некогаш да растури вода, ама му велам ајде да исчистиме сѐ шо си растурил и одма трче да ја земе крпата. Маса брише како професионалец, ни капка истурено не промашува. Најново сега почна и ручек "да прави". Нема шанси нешто да се зготви а тој да не умеша прсти, мора да замеша малку со лажицата. Кувар тој на мајка.
Ти знаеш ли дека нема ден, ама стварно нема ден ,а да не помислам на твојата шпагетка. Ова дур го хранам , и стално си помислувам - ах да ми е тука сега цуца твоја па да и шмугнам од на Славејко јадењето Многу ми е криво што Не лапкаат вака сите дечиња . Кај нас има само еден "проблем". Јадењето мора да е топло , нема шанси да јаде нешто што е направено саат два порано . Што потопло , тоа послатко си јаде. Исто е и со млекото , жешко го пие. Цел е на мене, јас сум таква . Ручекот мора да го јадам веднаш штом го извадам од рерна. Нема шанса да јадам од денес од вчера зготвено , да го подгревам А маж и цимерите лапаат и од неќни направено А за пелените Не знам што да кажам Немам веќе место за складирање , мајке ми. Не ги знам тие плишаните играчки какви се . Арни се ?! И фотељата Не е лошо да ми се падне ама точокот ептен мерак ми прави @Speechless среќен роденден , голем да порасне
Иста сум и јас јадам врел оброк. Секогаш тазе приготвен и давам. Денес го отседовме дома, а златно сонце. Од сабајле не сака ништо да стави во уста. На нервна база не ја изнесов. Знам ќе трча по лулашки нема да застане, а ништо не јадела. Значи крај. Плишаните ги имаше лани со грепки оние мали зајачиња, слончиња, козички. Убавки се ама мали.
Си требала да ја извадиш надвор, нема врска што не јадела. Немој да мислиш дека детето нема сила ако не јаде, може и ќе и се отворел апетит кога ќе се приберете дома. Си пробала да јаде во друштво со други дечиња што јадат?
Ако ми веруваш се е пробано и со деца и со нас. Ме остави ноќеска без спиење.(ова е секоја нкќ). Цел ден молење за јадење. Напрај фрли.оброк, варено јајце, цедено сокче, болоњезе. Немав сили, психички капнав. Од нејадењето. Ај за неспиењево се навикнав.
Верувам дека си пробала, и дека се мачиш. Тешко е кога дете не јаде. Едноставно такво е детето, и тоа е тоа... ќе пројаде, верувам. Само треба време.
Кажи му на мт да не се секира ич, има и бетер, еве ќере моја,поголемката 2 години и 4 месеци има и уште какаМЕ и мочкаМЕ во памперс.. Мојата изгледа сака до 18год во памперс да врши работа