Е ако де . Колку сакаат толку ќе носат. Кога тогаш ќе ги тргнеме и пелените . Сеуште не сум видела средношколец пелени да носи . Мада јас носев на 43 год Трудна коа бевшо фино ми беше ноќеска да си мочкам у пеленка и да не станувам у ладното
Хахахаа Абе крај си Е многу ме нервира така неповикани кога си дозволуваат да коментираат. Па што ако нивното не носи пелени?! Кој ја праша? Тоа исто кога имаш некоја мака или кажуваш нешто и од другата страна не ти даваат коментар за твојот случај туку ќе почнат....ееее абе и јас така пред некое време..... или на една познаничка.... абе коа не знаеш шо да кажеш ќути си. А па една комшивка на мм во неколку наврати коментари, демек аааа шо убаво вака со ќеркичка, и едни наши познаници само шо си посвоија па си роди она за кратко, и слични вакви коментари(женава си мисли дека ни е посвоено детево гарант) долго време ни е чекано а меше не ми се ни познаваше. А мене ништо не ми кажала. А шо е најинтересно не и го знам името. Значи само во лифт се гледаме. Туѓо гајле берат.
Мајки го заспав синот со цуцла, а не цицка. Кој сака нека честита. Денес бевме кај моите на ручак. Што убаво кога некој ќе ти зготви... Или па дека мама готвела не знам. Се прејадов, па едвај го носев синко после.
Да, и кај мене. Еве после 3 месеца и 3 скока, денес го заспав со цуцла. Цицаше некое време, се најаде, почна да плаче за спиење и му бутнав цуцла. За чудо заспа.
Денес денов мајки како што беше сончев мене крш. Звучам дрка сум негативка во коментари ама не сум во реалноста де. Не можам да се помирам со фактот дека дете не ми јаде. Цел ден брканица. Одам во аптека да мењам пелени од 4ка за 5ка дека почнаа да пропуштаат 4ка, демек се поправила . Ама имав многу 4ка накупено па ај да заменам. Си идам дома иделе со гратис силиконско тањирче. И тоа 2 сега буци моја има. Абе не знаев дали да плачам или да се смеам. Ај и направив сефте со чоколино. Изеде 100мл. Како шо не беше јадена цел ден. Арно и толку. И во добрите кога е по толку јаде де. Ај може па ќе пројаде со тањирчињата . Со 6ка да не има нешто друго гратис ?
Хаха, Не, не ја ни знам оваа која е , некоја пациентка му била.. @brm_brm со која бројка даваат тањирче и каде тоа ? Јас вчера земав од Зегин , никакво тањирче не ми споменаа. Земав еден пакет 5ка еден 6ка
Денес од зегин земав. 5ка. Беше залепено од надвор со фластер. Си вика аптекарката штом мења од помало за поголемо бројче детево ручка . А баш е убаво. Се лепи одоздола.
Мене ми искоментираа како тоа никој не ме видел трудна, ко божем сурогат ми ги родила. Ако 10 те кила плус не им се доказ може треба резот од крај до крај да им го покажувам. Ете затоа не ме видел никој, зашто бев изолирана од крвопии.
Здраво, порачувал ли некој од https://www.babycentar.com.mk/ ? Не знам колку е сигурна странава а гледам имаат на нук производи.
Лол и син ми 3 год и 3 месеци - се уште абер нема. Кога ќе сака тогаш Пелени иамме залиха битно до крај на Јануари
Еве се мислев, здравје малечкава што сега ќе полни 3 месеци, па за година ипол, двете да ги одвикнам наеднаш во една мака
Денес со бебуле правевме крвна слика. За грев, кога зема да вика, а што да правиш кога мора. Се спремаме за вакцина. Кај има грчеви, уште ротата ако предизвикува, тоа не ќе биде само жално за посматрање, туку и невозможно. Се надевам искрено дека нема да сети ништо. Крвната слика гланц, не сум викала по луѓе за џабе да не го бацуваат и пипаат за раце. Бегам како од ѓаволот некој кога кива и кашла. Па бевме до аптека да се спремам со лепенки и сируп, меѓувремено ми вика аптекарката дека имаат попуст на Виши и Уриаж, ја гледам, си викам се тоа убаво, ама јас веќе не сум во преден план. И пак 1300 ден. дадов, а да знам на што... Со грчевите очигледно уште се бориме. Толкаво плачење за еден прдеж, страшно нешто. Јас кога ќе прднам се смеам, ако плачам и јас кај ми е крајот. Обично навечер е опасно. Цело време смислувам стратегија како денес помалку да плаче, како да си заспие. Се чувствувам како во некој трилер во борба со прдежите на моето бебе. Секој ден се чекор пред мене. Џабе давам капки, сирупи, масирам. Изгледа треба да оставам сами да поминат. Што се однесува до успивањето, направив компромис. Ќе думкам, ама ќе седам, а не како што се научи да го шетам низ стан, исправен под агол од 20 степени и да играш пајдушко. Абе ајде. Бидејќи пред заспивање не сака цице да види, не го ни покажувам, одма вртам на страна, пејам на увце, пуштам еден музички був, на телефон правосмукалка и ќе клапне што ќе прави. Меѓувремено, ми се јавува татко ми, во Лидл бил, дали сум сакала Памперс биле 800 динари, т.е 400 ден 49 парчиња. Му викам зимај, не прашувај. Ми донесе, што да видам. Каков јаден памперс, некои Lupilu. Фактички он пелените сите ги вика Памперс. Морав да му објаснувам дека Памперс е бренд на пелени и дека сите пелени не се Памперс. Немом значи. И така, викам да ги пробам, абе само што ги стаив, до врат, не знаев кај се наоѓам, раце да држам, нозе да држам, главата да ја држам, облеката да ја вадам, хорор. Денес помирен ден сега за сега. Ќе видиме што ни носи вечерта.
Ако ти е за утеха јас престанав колиеф/колипрев да давам, не давам ни саб симплекс ниту еспумисан (и инфакол давав едно време)... Значи се имав купено и пробувавме, на крај баталив се, давам само пробиотик и ретко на 2-3 дена еспумисан и еве помалку грчеви има. Дали сами од себе поминуваат или што е работава не знам, ама само вака нека продолжи. Претходно по 3 саати без престан плачеше.
Бебе има 3 месеци и не трга поглед од ТВ, кај и да ја сместам ќе најде начин и ќе се загледа. Се занимава и со други работи, ама од ова е хипнотизирана. Има некоја со сличен проблем?