Нормално, шарено е и сега веќе фокусира по малку. Само гледај да ограничиш во иднина, да не седи цел ден пред тв.
Исто не трепнува И ние сме за 8 дена 3 месеци, баш истото го помислив што ќе правам вака ако се загледува, треба нон стоп turn off да биде
Нормално е, му шара има бои и движења. Јас искрено, по цел ден не уклучував тв, само мм кога ќе си дојде од раб., ќе фатеше вести да гледа. Инаку цел ден ќе гледаше
И ние треба сега да примаме вакцини, какви се тие лепенки? Гледам често ги зборувате. За што се? И како да побарам во аптека?
https://zegin.com.mk/mk/life-care-gel-lepenki-za-ladene-4-parchina За да го лади местото, за да не качи температура.
Позитивни мисли. Мантрам. Кафе ми се пие со некого. Со психолог по можност. Ако има некоја да дојде да се тапшаме по рамо, со отворена врата ја чекам.
Од никоја, температура низ глава не се вади никогаш, ни на дете ни на возрасен. Знам дека нема да ти заврши работа, ама мислам имаше онлајн нешто психолог, провери си може да ти заврши работа, од дома со кафенце, дур спие бебе, дада во градинка, ќе ти биде полесно.
Ден мајки Маж денес со работни обврски со физичко присуство е, па јас зедов ден да бејбиситувам. Да треба тато да го чува, нема да отвори око пред 9ч, а мене денес во 7 и пол ми стана, а тамам реков ќе поспијам. Мхм, ок. А, и Марфи не ми е брат за џабе, па од сабајле ме дрмаат некои нагони за повраќање, за грев сум. Не сум трудна, за жал. Синко ми е детуле веќе, иако за себе вика дека бебе бил. Кое бебе? Уеуе (Јован). Вергла по цел ден, пуштен на најјако. Само раскажува некои случки. Го прашувам шо правеле со тато дур бев на работа, ми вика: тато тао бам, ко брм пакана го ко и прави ваква фаца Во превод: со тато биле надвор со топката, ама имало паркирано кола пред голот и кошот (на игралиште во училишен двор го носи либе) и од колата не можеле да играат, па лут е. Целиот е бисери. Сѐ повторува, врзува и реченици ама битно на сите девојки и жени 'баба' им вика. Тетааа Јован и имаш 'бабаа' Инаку се заразив со албумот од животинско царство, и цел ми е до нова година ако не го соберам, да ми фалат максимум до 5 сликички. Ве читам банкротиравте од залихи од пелени, а јас од чоколада. Ги шетам сите продавници, демек различни бројки паѓаат во зависно од пакетот И да, јас сум таа што пишува по групите на фб, дури и организирам средби за размена на сликички, ко некој дилер сум. Можеби сме се сретнале со некоја мама тука И да биди жалоста уште поголема, син ми чоколада не јади. Може да грицне од ќошето и толку, мерак за благо ко мајка му, нула. Па влечкам чоколатца замотани во фолија на работа и им раздавам на колегите да се заблажат. Една колешка ми вика торта со чоколада од животинско царство да сум направела. Па можда и ќе пробам На тема нејадење не знам ни дали вреди да пишувам. Од сабајле рекорд ни е 1 мафин или чаша јогурт и банана, ретко цела каша да ја изеде. Седи гладен до ручек, за ручек поткаснува нешто колку да собере душа и после 17 почнува да мели сѐ шо гледа. Ама да игра и да оди да поткаснува. Ако седне во хранилка, некој залак и бара надвор. Ама океј, дури му давав да цица кога сака, ни толку не јадеше. А сега ако ептен сака да цица, а знае дека нема да му дадам, легнува на спална и вика 'мама бебе нана', демек му се спие, оти навечер за успивање му давам да цица. Знае како да ме фати тактички, ништо не му бега. Конечно ни стигна скалата од икеа, па сега може да "помага" в кујна додека готвиме и средуваме. И моето ко на @nevermet18 сака да е вклучено во сѐ- усисување, џогирање, бришење прашина, блендирање, миење, мешање в тенџере и полесно е да му дадам и него да "помага" отколку да го држиме в раце и да работиме со него заедно. Одам да спремам некој ручек дури спие синче. Имајте најубав ден, гушкајте љубови најголеми. ❤️
Мајка пушти слика од скалата да ја видиме и ние што не ја знаеме , и мојот сака да биде вклучен во се со мене... Веке раци ми окапаа со една готвам со друга го држам а веке е голем и тежок машала
Некои смотани сликички, како 43 и 62 ги имам за во 10 албуми. Зараза невидена. А се чудев на другарка, ама ете, на глава ми дојде. Пред некој ден од еден маркет ми падна од бројките поретко шо паѓаат. Другиот ден пак купив, пак ми падна. Вчера го пуштив маж ми да ги купи сите изложени 4+2 гратис. Од 60 сликички, 3 ги немам, сѐ друго дупликат. @no name5 @Mucika повелете https://www.ikea.gr/en/products/chairs/step-stools-step-ladders/tenhult-step-stool/40448036/ Не е убаво и заградено како на kidshut, ама за парите топ е.