Пиши ми во месинџер што ти фали па ќе се договориме да се мењаме, имаме и јас многу у 2 албума собирам, па ќе се мењаме. Јас веќе имам 2 албума собрано и уште имам и после на бебе ќе собираме.
А албумите каде ги земате? Дало сте чуле спиење во поладна соба да зајакнува имунитет? Да сум го стаела бебе во соба од 19 степени да спие.
А ти на колку тт го оставаш да спие? Па тт 19 степени е нормална за спиење и да, ладниот воздух е подобар од топлиот за спиење. Соодветно облечено и нема гајле. Јас па имам мака што ме тераат да спие на потопло и дете и сега за бебе ќе биде исто, сакам на ладно да го учам, синко веќе е научен, не мрда цела ноќ. Поздраво е спиење на ладно дефинитивно. Албуми има во сите поголеми продавници.
Ова од рекла казала или научно поткрепено е? Тоа ме интересира. 20 21 степени ни е дома сега за спиење, а поладни денови паѓа под тоа. Јас загревам ако се будиме ноќе и шетаме. Се спие по пижамка и ќебе, вреќа не користам.
Јас така знам, препорачана тт за спиење 18-19, за седење 23-24, за бањање 26-27. Е сеа дали научно е докажано дека е подобро не знам, ама знам дека спијам на ладно и сум поздрава од золва ми која вечито спие на топло, со капа на глава, со термо чорапи и вечито е настината. Бујрум линкче, читај. https://www.lullabytrust.org.uk/safer-sleep-advice/baby-room-temperature/
Јас не обожавам да спијам на ладно, зашо два пати ако станам ноќта да покријам деца, сабајлето имам веќе цистит. Ете толку ми е работата. Затоплено, па оладено тело, еве не знам. Јас собирав онлајн албумот. Не знам дали исти награди даваат или во Краш даваат нешто друго?
А зошто да покриваш? Вреќа за спиење и раат. Со вреќа се учат да не претаат толку. И големото од прв ден во вреќа и ова сега така ќе биде, големото веќе не е во вреќа ама како легне така стане. Верувај дека од жешко повеќе ќе се откриваат отколку од ладно. Бар моето искуство е такво.
Види 18-19 не е ладно. Реално. Инаку, науката вика дека на поладни температури за спиење побрзо се лачи мелатонинот, и полесно се доаѓа во фазата на длабок сон. Се будиш поодморен. Многу ми фали да спијам во ладно. Станов наш не ни се лади, а какво е загадено не е ни да проветриш асално.
Алал да ви е со вреќите, имаме и ние и тоа летна без ракавчиња, ама нема шанси да спие во неа. Кога почна летото ја земав поспа дека беше мал, сега не сака дека си сака бебе да се врти цела вечер. Го покривам, и така станува на 2 - 3 саата за цицање.
И јас имам прочистувач, и преку ден го пуштам дека и на дрва се грееме, а навечер пак за да видам темп и пак да исчисти пред спиење.
Сеа и тоа да листам да купам у кризава и тоа. Ветреам од сабајле обично, дека навечер позагадено. А навечер да подолади кратко
Ама од прв ден, како дојдовме дома во вреќичка и се научи. Исто ќе биде и со ова, мислам прво нешто што направив исправ вреќичка. Имам дебела зимска за одма и потенка за на пролет, па летна од тенко материјалче за на лето и така за секоја возраст имам, од бебе до 5г, без вреќа не се оставаме никако.