Дали имате порачувано од некст директ и за колку време обично стигаат пратките? Дали се царинат или не..? Немам никогаш порачувано па ме интересира како оди постапката...
Зависи од сезоната. Во лето е на боди, во зима на боди и шпихозни, во зависност од тоа колку е топло/ладно така се облакаме. Не користам вреќичка со ракави, класична вреќичка како торба и без ракави, рацете да му се слободни да не се штрека.
Голема мака мачам- цела вечер гол спие значи скроз , а го покријам он одма рита и пак е гол и цела вечер тоа си го правеме -јас покријам он се открие. Кога ке го видам во сред ноќ гол срце ме стегне а веќе е ладно .. Лани како бебе го ставав во вреќа ама сега не дава на 2 -3 пати пробав куќата ја дига и несака да го облечам во неа , сам ја тегне и одкопчува додека не излезе од неа , навистина незнам што да правам ...
Има вреќи со ракави и ногавици, слободно може да се вртат со нив(ние имаме и само таква прифати) , ќе му ја ставиш кога заспие. Ако нема МК побарај алиехпрес.
Сум видела по интернет вакви има мислам и кај нас , да морам да пробам и со ваква друго чаре нема... фала ти
Зависи, ако носи потенки шпихозни на долги, подебели на кратки. Исто зависи и од сезоната, кога е потопло на кратки а кога е поладно на долги. Се случува на прелаз и само по боди и пантолончиња или кога ќе затопли само на боди... Ако е претерано жешко само на пелена...
Поздрав мамички Оддамна не сум пишала ама ве читам постојано. Секој ден сме со гости или на гости. Од 40те дена бебе е нон стоп со народ и толку ми е убаво, абе уживам да шетам со него Само се нервирам што тука постојано врне, па не сме шетале надвор, се сме со кола до негде и назад. А толку уживав пиејќи кафе на клупа со него. Ух колку мразам зима и ладно. Само божикните украси и празниците ми даваат убава енергија тој период. Баба ми е тука и бебе толку ја засака. Абе му зборува, он се смее и шире уста мислиш ќе прозбори. “Мисирка” и “тиквичка” го вика, толку ми се интересни, се топам кога ја слушам Бебе ми е бајче, си спие навечер со 2 станувања за млеко. Е преку ден едвај поспива неколку минути до макс пола саат. Ама вака мирен е, си седи во релаксатор ако седеш до него и му зборуваш. Не е плачко и не бара само во раце, само да има некој до него На брзина шкртнав нешто, одам да гледам фудбал со мм со по некое пивце, па ќе бањаме бебчо. Убава вечер мајки мои
Дојдов да се испукам... Мајчински. Со солзи со све. Мрсули ќе скокнам, доволно имам од децава. Мајка. Редот деновиве ни е - јас го успивам бебе, маж ја успива ќере. Му ги спои жиците, овој нервозен оваа плаче. Не и се спиело. Па тоа производство на мрсули додатно. И на крај и бебе се расплака, па производство на мрсули од две ленти. Фабрика не може со нас. И на крај бебе на лево цице, дете во десно крило со чешкање, заспаа. Маж нервозен, ја некако цел ден меланхолична, па не му замерив. Смее и него да не му е ден. Ден ко ден, пројде. Се мачиме со бебе да јаде. Се мачи да лази на под, да дофати, па трга у рикверц, па се нервира. Мене дома сама досадно, гугај, пеј, кловнувај. Пукнав. Се секирам како ќе се чува, зависен е од цице. Многу панично се секирам за се. За здравје посебно, а настинки се, само што кај моиве деца секундарно после опоравак останува секрет во уво. Чисти, влечи мрсули. Тоа е, кога ја пуштив во градинка се помирив со оваа судбина. Бараше да оди, збеснуваше по дома или кај баба. Препукна да оди, а сега, а за 2месеци, нема бегање од мрсули. Само дај те молам Господе, нека проаѓа со лесно овојпат. Бањата не сум два дена, бебе од носот потплакува на секој шум, мајкин е, па само кај мајка се смирува. Што ќе се прави утре паника ме фаќа. А се ми е џабе, нервозата. Што треба да биде, ќе биде, нервирала јас или не. Боље да се смирам, ме чека долга ноќ и уште подолг ден.... Ај со лесно.
Па не уклучувај ТВ и решен проблем. Јас 11 месеци немам пуштено тв дома пред бебето, нема потреба, научи го да си игра со играчки, со тебе да си игра а не тв да го учите да гледа.
Здраво мајки. Си го враќам филмот со поголемото па ја сум била само за на инстаграм. И тоа не фејк. Него баш постер мама. Шетање по парк со саати во количка, смеење на сите, мирно, кротко, сега за раче се држиме и се шетаме, нема натегање за глупости. Ова второво, како што би рекле старите да е жив и здрав. Едно кенкаво, плачливо, будно бебе, па од вчера и двајцата сме со температура и стомачен вирус, а маж на работа до 21ч. Па кога фатив да плачам, така жално сум плачела, бебе се пикна во мене и се стиши, па кога почнав за тоа да плачам дека ме осеќа, па плачев за поголемото дека не му се посветувам како порано, и сега сум зарипната од толку плачење. Се слушам со колешка ми вика многу сакаат да се на твое место, не се жали....абе луѓе па не е тоа спорно, на сите да им се наполнат рацете, ама па не може ли човек да си олесни на душа и само да се каже "Ќе помине. Сега е тешко и исплачи се да ти олесни". Толку, ништо повеќе. Помош од никого, никаква. Си викам во странство да живеев па ќе долетаа на две недели и ќе имаше кој да ми го држи бебе. Ништо друго не ми треба. Само некој да го придржи за да обавам основни потреби како јадење и бањање, а не да го правам тоа на нога и под туш да сум во 23ч. Се спремаме за роденден на поголемото. Нарачав се од Али за декорација, уште пред 1м. ми се стигнати, така направив и за првиот роденден, да не паничам ако не стигнат па да немам време за втора нарачка. Се испожалив. Си олеснав. Пак ќе си поплакам сега.
Како сте мамички. Синко мој наполни 6 месеци и веќе имаме и запче, а колку што можам да видам и второто кај да е ќе излези и тоа. Малце е нервозен ама се му се собра вакцини, запчиња. Не застанува се врти почнува да лази цело време е во акција. И мн е љубопитен се сака да види да фати и одма трга за вуста. Почнавме со цврста храна ама некако слабо ми јади дали ради забите незнам а докторката ми рече до сега требалo да јади два оброци шо 120-30 грама. Па месо незнам што. И ми вика ако продолжите вака само со млеко ќе му ослаби крвта и малце се разочарав. А синко неќи да јади 40-50 грама дали јади и тоа само е Кај мене ништо ново и јас меланхолична како теди ме уби досадата. Немам тука другарки нема кај да излезам по цел ден сама со детето и тоа е секој ден исто.
Моето на 6 месеци само што почна со храна ,имсвме само еден оброк некој месец и пол. Мислам дека е многу два да имате уште сега па и 120 грама. Јас месо на 8 месеци дадов.
Ете ме и денес, бањата. Со малата имавме концерт, ми се плачеше од милост некоја што ми дојде Никола, никола Скопје радост ти ќе бидеш За сите деца Ало амбуланта Чадорче Мајмун јаде попара Се изнаигра, изнаскока. Бебе ја гледа, се радува, се чуди. Мрсули си имаме, да не не мислите... не ги даваме... Сакам мирна ноќ ама тешко. Како ли беше да легнам и да спијам 8- 9 саати без ниеден прекин, кенкање, кашлање, сонови... Утре петок.. дека нешто менува па за мене на породилно Ај нека е лесен денот ...
Овие денови бебка само во раце ми се успива. Поготово во овие доцни саати, а наутро неможам да ја разбудам од спиење. Бебето од брат ми пак, сосем спротивно, заспива само на спална со палец во уста, светло запалено. Глас не му се слуша. Да не видев со мои очи, немаше да верувам. Исто треба да е во скок, 2 недели е постаро од моето. Се избедирав, до детето е или до мајката?
До детето е мајка. Еве го 11м само во раце гушнат заспива. Ама спие 10ч сам во креветче. Ништо не сум го учела се сам научи, ама ова заспивањево гушнат не можеме да го смениме. Е освен дневниот ритам што му го наметнувам, спиење, јадење и играње. Кога ќе каже некој така си го научила да спие по цела ноќ, ми се иде да му шлапнам некоја, од прв ден си спие навечер по цела вечер, спанко си е, ама оди научи го сам да заспива, научна фантастика е тоа за нас. Ама ако па мерак ми е да го гушкам.
Mom's Мојата самовилка наполни годинка Уффф конечно мама се исправи и гордо воздивна. Година слатко горчлива, тешка ко планина што на врвот има најубава рамнина. Е таму сум денес со чаша црвено вино. Ама не претерувам со виното пошто следнава планина е поголема а и треба да внимавам на однесувањето. Па побогу имам ќерка за одгледување. Горда сум сама на себеси но горди се и сите околу мене. По тешка загуба на прва среќа се исправив и ја донесов на свет оваа прекраснотија. А таа само цути во најубав цвет како да и е вечна пролет. И тоа и го посакувам живот шарен, весел, смешен и лесен.И посакувам да биде цвет што продолжува да цути и после шумски пожар и невидена суша. Горда е мама што ова детуле го доеше цела година без ниеден проблем, горда што без дополнителна помош го пораснав детето, горда што немаме стаж пред екран, горда што без напори детето е ждерач, горда што бебето ми се стори смешно џагуре. Се враќам наназад на тешките денови кога грб ме болело и очи ми печеле за сон и тивко се смешкам дека се зад мене но и дека сега сум спремна и за други предизвици. Ајде животе давај сега, сега мама може се. Девојченце што сака да си реди обрачи, што сака да си игра со на мама шминките кои не се употребени од 2020, што се шекнува кога ќе ја слушне as it was, девојченце што се радува на секое животинче, девојченце што им го украде срцето на сите. Тоа е моето девојче. Таа не е совршена но е неверојатна. Пораснавме заедно и ќе продолжиме да растеме. Уфффф Боже колку ја љубам