Еве ме, Мрсулите тука се.... Петок е, па подруго е. Утре имам сесија со психолог. Замислете у Недела да се разбудам и да сум нормална.
Ќе биде, не си ништо поразлична од повеќето од нас, само си оверпротектед мама, ништо посебно. Инаку мрсули и кај нас, ама само мрсули, среќа па има апетит, дури јадеше и месо денес, и тоа јадеше, не беше свесен што јаде ама јадеше. И се осеќам криво, ама во моментов тоа малку пилешко што го внесе може да му помогне многу, така да нека сум крива ама за неговото здравје и во пеколот нека горам (ако сакаме малку да драмиме де, за 100гр пилешко што сум подметнала не одам во пеколот).
Здраво мајки. Уште една мајка што е дома 24/7. Без ден стаж. Сакам да одам на работа на моменти ама и не сакам. Вака со проекти ми е супер сега за сега. Конечно после 2 месеци, еве две три недели без мрсули и без кашлица е. И без алергија. Од дома седење не знам ни што да пишам во мајчински. Син ми е веќе момче. Сам мочка во шоља за големи. Проблем е да намести маица долна убаво ама ке се научи. Прашања има милион. И за секое се обраќа кај мене. Другиве позафатени и не ми зборат толку. Затоа мамичка мила мора се да одговори. Навечер брмбори без престан. На моменти едвај чекам да заспие, да одморам мозок и уста. Направив порачка од зара, за синко алишта само. За мене не си најдов ништо. Чекам да дојде време за китење елка. Гушкајте ги, пребрзо растат.
Женски имаме два дена. Бебето денеска има нагони на повраќање, ми го донесоа еднаш и толку. Ми велат дека е нормално тоа и дека е добро, но јас сум многу загрижена, не знам каде се наоѓам место не ме држи.
Здраво мамички доколку не е прашањето за тука може слободно да го преместите на соодветно место сакам да прашам имам проблем со бебенцево кај мајками сум појдена во Крушево а со сопругот живееме Прилеп е сега бебенцето е 10 месеци и не сака да спие кога ќе ја кренам враце заспива ја држам 5-6 минути и кога мислам дека е заспана кога ќе ја оставам почнува во моментот кога ќе ја оставам да плаче после пак ќе ја кренам ке и дадам да цица или ќе ја кренам за заспивање после тоа пак ќе ја оставам и пак плаче да ми кажете мислење и чаре ? Си викав да не не е добро најадена и дадовме лепче со кисело млеко али и плус цицаше ама па ако е гладна неама да е мирна на мое рамо или дури ја држам а кога ќе ја оставам да плаче. Секое мислење ми значи.
Мајка, промената. Ако прв пат спие таму поготово. Не мора ништо плус да и е. Секое заспивање со големата кај мајка ми било со судни маки. Коа ќе се премори ќе мора да заспие. Ако можеш биди сама со неа у соба, да не гледа друг, да не слуша. Освен акп не си пробала веќе.
Легна 30 минути поспа пак стана инаку не ни е прв пат да идиме имаме дојдено 10 тина пати еднаш дојдов 4 дена кога се породив и после на секој месец 1 наш до 2 пати али и јас мислам дека и е поради местото
Јас имав мака кај мајка ми до 3 4 години на детето. Искрено, престанав да одам често, ме исцрпуваше заспивањето.
Мајка, еве моето не се научи да спие на друго место. Само дома. Кај и да сме отидени, ќе плаче ако треба цел ден и цела ноќ, ама нема да спие. Едноставно дома си е дома. Дома штом влеземе во соба одма легнува на кревет и се комира. Единствено во кола може да заспие, ама застана ли колата се буди.
Недела, ноември, ладно, болно дете....катастрофа. Одамна не сум пишала, заспа ѕверкава врз мене, па нема мрдање сега. Се разболе во средата, ред мрсули, ред, кашлање, температура, 2 катници на повидок, сума сумарум весело по дома . Вчера и ја опремивме собата, сите играчки, шатор, топки, во нејзината соба. Доста служеше ко магацин, нека се учи таму да си игра...за спиење таму има време. Дневнава заличи пак на дневна, а не на игротека. Ме фаќа еуфорија за празнициве, едвај чекам да накитиме. Е сеа колку ќе трае елката е прашање ама ќе се обидеме, ај . Многу брзо ми порасна ќерчево. Ја допишував радосницата пред некој ден, и двоев слики за лепење, кога ја гледам колкацка била летово, а колкава е сега, не ми се верува колку брзо расте. Немирна е, збесната до максимум. Не знам како може на 15 мес само бељи да и текнуваат да прави. Од беља во беља. Копа саксии, шутира тањири од маса дур седи во хранилка, се закачала со другите деца во градинка, ја издадоа учителките, летна од гарнитура на земја од беснеење. Со зборењево секој ден по некој нов збор склопува, што по нејзино, што правилно изговорено. Најнов хит и е да ги тегне сите за уши да покажува кај се ушите. Се опремивме за зимово, резервиравме во Копаоник, мама зема одмор да ја дочува ѕверкава здрава 2 недели, за мрп да прими, и така. Ич го нејќам овој период октомври-декември, во темница дома доаѓам, сонце не гледаме. Детево непрошетано, неистрчано. Ајде идат празници, следи боље расположение. Гушки мајки
Ја читам темава ама со двете и тон обврски тешко да пишам. Постов ми допре до срцето Да ти е здрава и жива малечката Заспаа двете легнати на мене Едната едната рака околу мене,другата едната рака околу мене со другата ја гушнала даде Љубов и цел живот ми се. Гушкајте ги мајки,брзо растат
Здраво мајки Дете заспано, јас си лежам до него, па да шкртнам збор два. Пред 3 години некој да ми кажел дека ќе се радувам во сабота вечер по пижами пред 21 дека сум немаше шанси да му поверувам. Ама затоа си е секој период со свои предности за уживање. И треба да се граба секоја шанса што се пружа, многу брзо врти времево. Секој почеток на декември ме изненадува дека уште една година е пред крај. Лани за Нова Година имав 5 месечно бебе во раце. Годинава оваа мама е спремна за денски провод А мислев дека вечно ќе биде така мал и немоќен. И вечно дека ќе бидеме залепени за дневни дремки. Среќа никој не слушав и се раководев како него му одговара. Спиењето и ден денес ми е битно да му е погодено. Кога е убаво наспан бубаче е, ама кога не е, ништо не му се погаѓа. Денес бевме цел ден сами го изнабацував и изгушав максимално. Ова е од ретките денови, татко му работи од дома, па со него е лепенка цел ден, јас сум на второ место. Поделени од старт улогите јас сум лошиот полицаец и не е не, а татко му е добриот што секое НЕ е шала и се кикотат и двајцата беља кога се прави. Во скоро секој пост пишувам заби дека вади, не знам како успеа сите со се 4ки да ги наниже, мислев дека подолг процес се. Уште 5 и 6 и комплетна насмевката, пошто за храна сигурно мисли дека не се Доволно пишав, се одјавувам да изгледам некоја епизода пред спиење. Побрзо опоравување на болни дечиња Ве поздравувам со мезе и пијачка, сабота е