Аааа не така Значи викендов прелетал пак, а ја се осеќам ко тек да почнал Што фино ќе си живеев уште малку у заблуда дека е сабота, ме искина
Прво да честитам роденден на прелепотицата на @LazaLaza . Оливера биди најсреќна , имаш прекрасна мајка , полна емоции и сила , биди и ти како неа Ептен ме трогна со постот , три пати го препрочитав Си пуштив и солзи, ама солзи радосници Ај сега Добар ден , Станати од 06 ч, нешто "чудно" ми спиеше бебево ноќеска . Дали дека викендов малку претеравте со шетање ,па му се собраа многу дешавки или па денот т.е ноќта не му беше 'негова' Ама еве го , се најаде убаво и заспа Многу убав викенд имавме, саботата бевме Дојран , ми беа дојдени другарките од Штип, вчера бевме на Кожув , се изнауживавме. Снајка ми пуштила скафандер од внучко , еден од Окаиди , многу убав и дебел . Сега имаме три скафандери таман за во Србија секој ден да му ги мењам Све си викам дека Не купувам партали веќе , но никако да ми дојде умот . Ем знам дека ќе ми дадат Штипјани , ем пак купувам . Барем ваквите поголеми поскапи работи не треба да ги купувам, посекако по 2-3 пати се облекуваат , ама ај, мераци нели . Утре полниМЕ 11 м. Кога летна годинава бре луѓе се нервирам што преку ноќ бебево ми стана дечко. И тоа многу умен дечко , неќни сите ми го испофалија . Многу бил "воспитан" Абре дете од стара мајка е он , не може да не биде таков . Бајче ми е, бајче Тоа што е јадач и што ми заспива сам ми е нешто на што сум посебно "горда" уствари благодарна де Залади овде , почнува да ме фаќа нерва што ќе намалиме со шетањето. Не дека нема да шетаме и на ладното ама Не е тоа тоа . Нема веќе пола ден во двор , пола по кафичи на отворено Правам списоци за колку пакетчиња треба да спремам за НГ . Машала , бааѓи ми се собираат Ама ако , само за убаво нека се троши Да ѕирнам што вика тефтерот денес за ручек и да смислам и за нас што ќе се готви . Аман веќе , не ми е тешко готвењето , ама дур смислам што нерва ме фаќа. Имам лигавешник маж , потежок човек нема. 5 манџи само јаде и све тоа па тоа вртам. Доброто е што не се "буни" ако му пренесеш само леб, сирење кајмак и кулен/пршута . Чак што више може и секој ден тоа да јаде . Ако има и варени јајца па тек тоа му е права гозба Ама Не се живее од сува храна нели , мора и лажицата да тропне ОдоХ мајки Гушкајте дечките и сптемајте се за ладното
Мајки здраво, да ве замолам за помош.. каде можам да најдам производи на НУК? Шишенца, цуцли.. Фала ви
Здраво, Еве ме и мене пак, Ќерчето мое како расти така мамина маза станува, колку што ми треба пауза и мир барем на 2 минути, толку и ми ласка. Супер немирна женска имам и јас, 2 секунди без надзор не можам да ја оставам, а ја оставав ама откако успеа да бутне цел фиокар од 1 метар врз себе (буквално ја поклопи) мислам дека 8 од 9те мачкини животи ги изгубив, нејзе за некое чудо ништо не и е, мене траума ќе ми остане… Моментално е планинарка mood, секаде да се качи и се да дофати, почна да се заигрува со кукли ги гали и ги нишка да спијат, откако ќе ги “заспие” ги треска од земја, ама битно додека ги успива им м’мка. 01.01 нова година, нови почетоци па така ние ќе се селиме. Деновиве ни поминаа во порачување на мебел, прашав за градинка во новото место и за изненадување имаат место, и планирам од март најдоцна април да почне. Многу ми беше на мисла дали ќе има место ама супер испадна. За католичките празници(божиќ) ќе одиме 4 дена на планина во шварцвалд преубаво место со фарма и пони кончиња букиравме едвај чекам, животот не ме галеше баш последните 2-3 месеци а ми следува и турбулентен период па тие 4 дена ми прават огромна радост. Епа толку од мене и овој пост. @LazaLaza среќен роденден на Срничката @Mom's_life пред некое време пиша нешто во стилот дека никој не ти ги чита постовите, долги биле-глупости, е баш јас секогаш до крај те читам и една од омилените си ми во темава. Добра ноќ
Здраво мајки Дојдов да пишам пост дека на кино бевме со мм. Дејт после не знам колку време. Језда беше на Минионс пошто само тој филм го даваа во 18:15 ама јас сум задоволна. И ова ми е премија Имаме на располагање баба сервис во секое време ама многу ретко користиме. Дали до нас е, дали навика, а бе едвај доцупкавме и со 5та брзина дома се вративме. Чудни, чудаци. А синко мирен си е не се бунтува, нит е плачко ни драматург. Колку се израдува кога не виде, мислиш два месеци сме биле разделени не 3 саати. Кога ќе тргне на пролет во градинка ќе прашаме кај да се запишеме и ние на адаптација. Маж уште од сега вика, само еден квадрат да ми отстапат во занимална, бирото да го ставам и не барам повеќе, да си го гледам детето. Не поднесува да се расплаче синко, у секунда активира аларм и цели циркуски точки изведува за да го смири. Да направам обиколка низ дома што има да се раскрене и толку од денот (не кажувам кој ден сме, сфативме дека не сум меродавна ). Сакам тоа ко навика да го уведам, многу ми е убаво сабајле кога ќе станам и средена е дневната... Едно добри 10 минути. После се враќа на старо, пази каде газиш. Ве поздравувам и ви посакувам мирна ноќ
Кога ве читам дека имате бар трошка помош, ви завидувам искрено. Како иде периодов, зима, ладно, краток ден, дури се разденило, се стемнува, мислам дека на бебево му се смачувам. Мм на работа до 16-17ч. Доаѓа, руча, одмара, носи дете на тренинг и јас буквално сум цееел ден сама. Доручек, распремање дома, домашна пишување, спружи, пеглај, ручек, спремање дете за школо, вечера, бањање. Деновиве и ладно, период на вируси и болести, не ми се изнесува бебе да мкнам да влечам никаде. Мораше да се испазари, инаку одиме сите комплет, мм чува бебе, јас во маркет, големиов не се дели од мене Сношти морав да одам сама, жал ми беше да малтретираме деца на ладно време. Мм остана со нив. И тоа моето излегување е ограничено, зошто имаме захтевно бебе. Сега пиеме кафе со мм, едвај успеавме и набрзина да се избањаме. Си правиме муабет како не успеавме викендов да излеземе до град, може ќе најдевме нешто на попуст. Ете до толку сме хендикепирани. И некоја ќе рече, ќе пораснат, ќе мине време. Да, знам, изгледав едно сама, поминав, знам како е. Ќе мине се, ама минуваат и најубавите години, остануваат нервози, побелени влакна, изморени тела. И пак ќе речам, нека се здрави и живи, успеваме да се снајдеме. Ама доколку имате услов, користете помош колку што можете. Ништо паметно не кажав, ама барем се пожалив Добра и мирна ноќ на сите.
Утро мајки. Времево надвор во комбинација со 4ти скок не го победува ни бокал турско кафе... Синко спие само со цицка во уста, цуцла не сака никако. Така паралелно легнати ни поминува голем дел од денот. Он со цицка во уста, ја со мобилен во рака. Замрачена соба, бели звуци и константно влечење на брадавици. Ми е криво некогаш што го зрачам со мобилен ама ќе измрдам во темното. По цел ден скролам на социјални мрежи, тука, па гледам серија на нетфликс без тон. Се мислам да пишам некој курс ама па онлајн часовите им се со фиксни времиња. Што ли правеле нашите мајки без мобилни? Им симнувам капа. @Misskirova добредојде. Нека е жива и здрава принцезата.
Да шкртнам и јас тука, постојано ве следам ама никако да пишам и јас. Мама со ќере скоро по цел ден сами дома, тато мн ни работи и кога си иде како господ да го гледам одма како штафета ја предавам. Спиеме во раце преку ден а деновиве и на цице дремиме само. Мама нешто мешето ја боли како за циклус ама никако да добиам и ќере е нервозна уз мене И така ни минат деновите се исто во круг и ден за ден стигнавме 3 месеци утре, а незнам кога поминаа. И самата бременост ми беше лежечка цела година па се мислам кога беше тоа ми избледе веќе. Како мине брзо времето Закажавме на снегче во Србија да идеме крај на Декември едвај чекам, зошто цела година дома затворена мислам отупев у секоа смисла. Кога ќе испиам кафе со некоја пријателка, колешка а тоа е мн ретко така убаво се осеќам, колку ми фали социјалната дружба само Може малку претерав што ќе идеме на шетка дека мали сме ама мислам убаво ќе ни дојде чисто воздухче и да избегаме од Скопјево Сте шеткале ли толку мали надвор од државата? убав ден дами
Добро утро ајде ставам кафе Кој е буден, бујрум!!! Мирно е во околинатасе надевам уште сат време, а потоа Ќерќе денес дома со мене и беби. Не ја пуштам во градинка. Вчера се жалеше на меше и ја зедов. Поврати парчиња јаболко. Се пренервирав. Чисто се сомневам и дека е бидено измиено. Битно потоа му олесна и беше се ок. Си ручавме оривче и си се заигра. Колку е нежна, пренежна. И јас бев таква. И уште сум. Синче никако забче да никне. И тоа се премачи. Со носето е постојано со секрет прозирен. Правевме дури и кс со црп. Се е ок. Па др. рече дека е заради запчињата само редовно чистење. А тоа па што остава да го чистам. Вчера бев како туршија. Ништо не можев. Гледав само на кревет со сите четири Ај да видиме денов што ќе се прави. Се мислам елка да китиме и онака дома е ќерка Ќе се радува и бебемногу сакам нова година. Торта, кифлички,салата...убавини..уште снег да има Ај, друштво. Се читаме!!!
Добро утро мамички, ајде на кафенце додека е топло Втор скок, вчерс бевме кај громчето. Не приметив некоја голема промена. Само јадењето ни е хаос, некогаш бара на 2 саата, а испие две голтки и задоволен, некогаш на 4 саати цело шише па бара уште и после повраќа, па пак бара. Хаос. Никаков ред немаме периодот. Препишувам и на кашлицата и затнато носе, ама може и од скокот да е. Спиењето си остана супер, си спие од 8 до 8-9 со 2-3 станувања. Е преку ден не прашувајте, нема време за спиење тој. Се му е интересно, се смее, гука, лустерите ги обожава, па заборава дека треба да спие. Уште што не пробав не и не, сега го оставив, нека спие кога сака битно навечер сме изнаспиени сите Баба му е тука уште 2 недели, после ќе бидам во трка со времето, што ли поправо да направам во тие 10тина минути дремка што ги има. Среќа си седи во релаксатор со саати. Некогаш кога му текне дека е сам почне да кенка, ама за да му зборуваш и пееш е ова. Да не се жалам. Читајќи ве некој од вас, бебе ми е бајче, убав он на мама Пишавме одмори за 2023. Велигден сме во мк, имаме свадба. Во јуни пак мк, свадба на сестра ми и крштевка на лепотанот мој, едвај чекам Уште малку ќе треба први вакцини да закажам. Сега тоа ме оптеретува, како ли ке помине? Денес петок, ќе правам самуни за ручек. Ах обожавам викенди. Не дека нешто посебно правиме сега, ама со тоа што мм е дома сабота и недела право мами и пресреќна. И бебка го обожава, постојано му се смее. А тати се топи Убав викенд жени мои. Еве и еден коктел од мене, да затоплиме душа
Добро утро мајки. Петочки, а мене ми е секој ден недела, дека дома. Ќе почнам набрзо со работа, а се надевам и со градинка,....надежта последна умира де . Уф како ли ќе биде. Ќере е веќе ќере, не е бебе. Се разбира, си збори по нејзино, ама повторува и по нас. Сибома околу може 15-20 зборчиња со значење, ама по нејзино си ги кажува, но битно се разбираме. Со моторче в газ сеуште е. Штета деновове е многу влажно па не излегувавме да се истрча. Ноќеска замислете стана 3 пати. 3 пати еееееј. Премија. Ма да сабајле во 6 и дсдов млекце 100ка со надеж да презаспие ама не. Сакаше мама да ја шета, за да не изгубам од кондиција. Абе како на трња да спие. Не сакаше да ја оставам во креветче, одма осеќа и како лилјаче се залепи за мене. Па ај на спална ја ставив и си продолжи. А јас до неа, не смеам да мрднам, не дишам.. Па ај си поспа уште саат и пол Ако е вака супер ќе е, со 3 будења. Леле на што се радувам . Ај може па ќе се среди со тек на време. Завршивме со доручек, замислете за 5 мин. Чоколинце со путер од лешник. Противник бев на вакви работи ама мора да стави нешто во клунче со биби и боби завршивме работа. Ете тоВа е. Убав ден мајки.