Здраво мајки, бевме на систематски преглед, докторката ни кажа слушнала шум. Имаме 3 месеци и 3 недели. На 6 месеци рече да ја слушне пак. Искуства? Да барам преглед кај специјалист?
Мајки еве ме мене пак. Три дена после царски ,притисокот ми е до 160 со 100. Метилдопа не ми го симнува па ми ја препишаа како терапија секој ден. Цела бременост имав низок притисок. Каков е овој притисок висок после царски? Преплашена сум. Се соочила некоја? Ве молам утешете ме . Си мислам ке умрам и ке нема детево кој да ми го чува ,само плачам ....душава ми страда
Тоа што го слушнала најчесто е физиолошки шум што се губи првите три години. Кога ќе е болно детето или ќе има покачена тт повеќе ќе се слуша. Можеш да направете едно ехо на срце за да бидеш мирна. И малата имаше шум, правевме и ехо на срце и екг, се беше во ред. Докторката што го правеше ехото рече контрола на три години
Мајка ако не се отепа сама со мисли нема кој сите сме исти , смири се ке се регулира мислам сепак царскиот е операција и треба време да закрепне организамот ..
Мајка те сфаќам ама работи на тоа психички да се опуштиш. И во бременоста паничеше често па ете имаш здраво и живо бебче. Немам совет да ти дадам за висок притисок, ама многу е до психа верувај. Хормони ти лудуват. Пробај да слушаш музика, да гушкаш бебче и да бидеш благодарна на тоа што го имаш.
Здраво Мајки ,може ли да споделите каде ги сликате / ќе ги сликате вашите деца за Нова година? Благодарам
Hiiii Ѕверка мала прави 1 година! Цела една година со нејзе а ко вчера да плачев на позитивен тест. Која среќа е ова другарки мме. Роденденот ќе се слави два дена због заради просторен проблем. Мала е, секако не разбира А и мама малку си еба матер на коленото, па не сум ни баш подвижна како шо би сакала Частам, повелете
Најсреќен нека и е роденденот на лепотицата! Голема да расте и поише да се гушка со мама. И со мачката.
Среќен роденден! Убавини само да има низ животот. Здраво мајки Се радувам на родендени ептен. А и во приближно истиот период истите маки сме ги тргнале ние форумскиве мајки па имам чувство ко да ги знам децата. Растат дур трепнеш. Ми фалат почесто да ги читам @IRBBB и @Oneo ми оставиле најголем впечаток со советите на почеток кога читав се како луда. Инаку петочки привршувам со работа и летам накај дома, имаме најавено гости попладнево, ќе ни се дружат децата. Да не замени некој во попладневните игри. Што ќе се прави со оваа зима долга, надвор на лулашки дете нема, во игротеки не ми се носи баш и се тоа па тоа вртиме у круг по дома. Ќе прекрцаме некако нема друго Да најавам следна година женска ќе биде, во најава ни се три женски мекици од блиски пријатели. Се радувам и на нови бебушки, нова невина енергија носат на овој свет. Ве поздравувам П.С За добредојде на новите мајки
Малку да. Гледам кашла само кога не му е чисто носето, па почнав почесто да чистам. Не знам колку е паметно тоа, ама…
Имам чувство дека грчевите отидоа во минатото. Да не зарекувам, но овој пат нешто ми вели дека ја напуштаме оваа фаза. Бебе спие помирно. Како друго бебе да добивам. Не се успиваме долго, ќе го понишкам некои пет минути и заспива. Тоа беа долги измачувачки два месеца, и за бебе и за мене. Искрена да бидам, многу ми дојде. На моменти го оставав на друг, не можев. Морав да си дојдам на себе, па го земав пак. Премногу плачење беше. Знам дека ни на бебе не му е лесно, со ротата од пелените што се заразив, видов што се колики. После па криво ми беше за сите мисли што ги имав. Не е само да зборуваме за убавите страни на мајчинството, туку има и темна страна што еве јас ја признавам. Излегував надвор со количката и плачев, не можев да се смирам. Не сакав ни тука да бидам. Вчера читав во труднички муабети и ме потсети и на оној период после пораѓај. Колку страшен период исполнет со експлозија на емоции. Според добро познатиот чичко гугл имав и некој вид на ocd. Мисли дека ќе го повредам бебето, нешто ќе му се случи. Колку темно место за една мајка која прв пат гази во мајчинството. Срам ми беше да разговарам со некој. А се тоа било нормален дел од пост парталниот период. Кој би рекол. Никој не говори на таа тема за да не биде осудуван. И покрај цело минато поминато со анксиозност, некако добро се држам. Се гордеам со себе. Ми беше страв дека повторно ќе бидам на терапија, но изгледа добро сум ја научила лекцијата. Имав мал паничен напад после цела ноќ неспиење и плачење и грчење, но се издржа. Она што сакав да кажам, треба почесто да се разговара за периодот после пораѓај. Никој не ме подготви за таа мачнина од емоции. Се држам, навистина се држам. Ми требаше време да сфатам која сум и што сум сега. И бебе е друго. Се смешка, ме бара со очињата, се мази. Не можам да оддолеам, а цело да не го избацувам и мирисам. Си спие на мене, ја чекам последната тура сон пред tummy time, па бањкање и на крај цице со успивање. Ете кажав нешто што ми лежеше на душа. И после сме биле еднакви со мажите. Важи. Никогаш нема да бидеме еднакви, посилни сме и похрабри.
Среќен роденден на женската, голема да расте . @LiquidLuna еден од омилените ликови си ми на форумов, кога и да видам твој пост стално ме развеселува. Се согласувам со @Mom's_life. Изгледа сите што ни се јули, август децава, највеќе совети сме добивале од @IRBBB и @Oneo . И мене најголем впечаток ми оставиле на пчетокот кога не знаев кај терам со бебе и ми фалат почесто да ги читам. Изгледа како ни растат децава, помалце сме на форум, на почетокот окапував. До душа и @Pacient srna стално ми пишуваше совети со кои 100% се согласував ама она не пишува во Мајчински
Здраво хероини, Можеби не пишувам редовно, ама читам, е вака Слетувам ко падобранец, читам, почнувам да реплицирам и не довршувам или оставам за покасно, ама никако да дојде тоа покасното.. Некој да ми кажуваше дека позахтевни се тодлери од мали бебиња, немаше да верувам. Очекував дека штом престане да бара да го држам в раце, јас ќе кулирам додека тој игра. Ај важи. Можеби некое друго, посамостојно дете, моето не. Откако почнав на работа ко во центрифуга се чувствувам. Секоја секунда испланирана, секоја секунда со некаква обврска. И навечер кога ќе завршам со сѐ, наместо да спијам, јас дремам до ниедно време-ми фали време и со маж и сама со себе шо морам да го најдам, па седам до многу касно и другиот ден сум умрена за спиење и така сум во некој магичен круг на психички замор. @Mom's_life и @Tea SK така е дека јас и @Oneo сме битолски снашки. Како што јас окапав на форумов и за сѐ прво од тука барав мислења и искуства, така сакав да пренесам и мое искуство за поновите мајки, а и секако разменување на мислења со сите мајки. Мило ми е ако некому помогнало моето мислење. Тебе @Tea SK најмногу те памтам откако влеговме во дебата околу исхраната. Се срчкавме убаво. Ама те почитувам многу оти си директна и сечиш в корен. @Mom's_life јас и ти мама делиме исти маки од прв ден. Заедно ни белее косата. Навистина некако помалку време имам за форум откако почнав да одам на работа. А и кога ќе отворам, мајките на генерациските бебиња скоро и да не пишуваат, па немам што да пишам. Се дискутира во темата за градинките, здравје од година ќе почнам и јас. Сега читам и други теми, ама немам ни време ни волја за дискусија. и најјако ми е што таму има други членки со по милион мислења, а никогаш не сум ги забележала дека само во темите за бременост и бебе сум висела. Форумов ми има донесено многу пријатели и виртуелни и семејни и многу сум среќна шо сум дел од него. Со огромно задоцнување °среќен роденден на баткото убав на @Speechless, жив и здрав да е, среќен и безгрижен да расти! °среќен роденден на убавицата Оливера на мама @LazaLaza. Освој го светот малечка! Ме израсплака мама со постот. °и тука среќен роденден на Софи на мама @LiquidLuna. Остани прекрасна засекогаш! И покрај турбулентниот период, ова ми е можеби најдобар дел од мојот живот досега. Многу сум среќна и исполнета. Јован е многу пораснат, разбира сѐ и пресмешен е. Дур свиреше на гитара и тропаше тапани, свиреше и тропаше, сега е level up, па пее со фиктивен микрофон 'ако одам во Битола'. Од цела песна само 'ако одам' го кажува, после по негово, ама ритамот тој е. Концерт од по 1 саат ни прај со истата песна. Многу ми е криво што не можам (или јас не знам) тука да споделам видео да се посмеете. Сака да реди коцки, сложувалки, да бои и да повторува сѐ по ред. И само прашува 'а ова, то е ова?' Со сите се вклопува, си игра без проблем, само со Калина на мама @taseskaivana91 не и не. 'Калина е тота (лоша) бам бам бебе' и покажува како го удирала и му ги земала играчките. И 'зошто бе мама' го прашувам, 'епа дотоо??' и тој се чуди Со јадењето сме чекор напред, назад два. Некои денови јади повеќе од мене, следните денови само вода, јогурт и павлака. Не се нервирам веќе, отрпнав, само споделувам со другите мајки на иста мака што сме. Многу убав месец е декември, полн со празнична еуфорија. Оваа година имаме мнооогу дечиња во блиско опкружување, па во скоро ќе почниме со купување и замотување подароци. И честитки, иако се old school, мене секогаш ми се посебна магија. Одам да направам некое ручече дури нанка бебо (ваљда нема секогаш бебе да ми е, нели ). Имајте најубаво неделно попладне. Гушкајте љубови најголеми! ❤️
Хелло. Недела, дожд врне, а јас бев загреана за луна парк да носам бебе не дека разбира нешто, ама мама да се порадува Бебе слабо ми спие според апликација во 3 скок треба да сме. Прво дете ми е, а јас веќе сакам уште едно Да наполни 6 месеци идам у акција за 2 дете Грчеви бебе нема повеќе дури почна да кака и секој ден, а знаеше во неделата еднаш да кака. Уште малко ќе прима и вакцина па се плашам од реакција, температура... Елката е готова мислев ќе се радува ама јок ко да ја нема ама затоа мама и тато и се радуват Лани тоа време барав фустан за дочек на новата година, а сега бебче имам колку само се смени животот. Имајте убав ден
Добра ви вечер. И јас како @IRBBB откако појдов на работа не знам кај се наоѓам. Како прегазена од воз сум цело време. Работа, дома, дете, не можам да стигнам веѓиве да ги средам, не па нешто друго. На мајмун почнав да личам веќе. Па и со болеста моја, уште не можам да се излечам, секоја слободна секунда висев по амбуланти до вчера. Ми се смачи веќе. Сакам само детенцево да си го гледам. Ептен се радувам што има празник оваа недела, па и ни споија продолжен викенд на работа, абе милини. Пилево па, секој ден сѐ нешто ново измислува. Денес две бељи ми направи. Прво, бев да исперам една маица на рака. Го гледав од купатило дека си игра во соба, додека отидов да ја закачам да се суши, додека се вратив (вкупно 3 секунди), влегувам во соба, него ГО НЕМА. Ајде велам во шаторот можда е влегол, идам таму, и таму го нема. Одам во дневна (вратата беше затворена, не се ни посомневав дека ќе е тука, ама па нема кај да оди), прво го барам на пиклеровиот триаголник, го нема. Се вртам во кујна, он во ќошето се сокрил и буричка нешто. Господинот си ја отворил вратата на дневна, си влегол и пак ја затворил. После, си направив чај и го носам во соба за да го пијам. Он беше со мене во дневна, влезе по мене во соба. Го ставив чајот на маса (доволно далеко за да не може да дофати (мхм, сигурно)), отидов да ја затворам вратата да не ни бега топлото (овојпат ни 3 секунди не беше), слушам тупппп. Цела шоља чај отиде. ЗА СРЕЌА ни капка не го допрела, инаку цел ќе се попареше. Битно успеал лажичката од медот да си ја земе. Радости беше целиот за лажичката.
Има ли потешка слика од таа додека детето ви добива напад на фебрилни конвулзии. Детево ми го снема, почна да се гуши,повраќа, се тресе и се олабави скроз. Додека викав брза помош и помина нападот, траеше 2 (најдолги на цел свет) минутки а таа остана олабавена без фокус, брзата помош стигна брзо за нецели 5 минути. За 10 минути таа си беше старото, блесаво и весело Софи. Ама помислив дека ја губам пред свои очи, таа слика и чувство на немоќ и очај на никому не му ја посакувам. Сега е добра и тоа е најважно. Ех, како раснеле децата и како старееле родителите. Само нека ни се живи и здрави! Добра ноќ
Гушкам и јас! Два пати сум доживеала после даден Бруфен за тт, никад више. Таа слика на очи превртени наопаку, ме уништи.
Лајк во знак на поддршка. Битно помина. Вие сте добро. Којзнае колку изгледало страшно. Јас морам да прашам. Зошто се јавуваат тие фебрилни конвулзии и дали секој пат и кај секого се јавуваат при висока температура?