Со новороденче зар така се чека? Јас кај Радица во Ѓорче су Јас сум кај Радица во Ѓорче , не ги меша во принцип децата здрави болни на закажување а кога беше како твоето мало бебето па скоро до година се сабајле најрано ми закажуваше. Не е ок со болните да чекате.
Кај нашиот педијатар има скроз друг влез за здрави деца и еден доктор што ги прегледува само нив. Џабе посебна просторија кога докторот ќе се шета од болни кај здрави деца. Се знае што е новороденче, поготово па 1 недела старо, што е болно дете. Стварно неубаво. Не за џабе и пред 20г посебни биле просториите, се викале советувалишта и само таму се гледале новороденчињата.
Чисто да споделам совет, колега мој има две деца и на двете деца му се случува ова често, конкретно кај него е наследно и се појавува скоро секогаш кога децата се болни. Мислам дека по тоа што ми го кажа, помалата има тенденции брзо да качува и спушта без аналгетик, последниот напад мислам дека го имаше во градника кога воспитувачките не ни приметиле дека има висока тт. Тој вика дека најстрашно што може да се случи е да се повреди при тресењето доколку не се изреагира добро, кога се случило ова во градинка воспитувачките останале здрвени бидејќи мислеле дека има епилептичен напад, најверојатно никој ништо не превземал и девојчето ја имаше расечено горната усна. Не мора да значи дека ќе се повтори, но доколку се повтори треба само смирено да се изреагира, најчесто после неколку минути состојбата се враќа во нормала, не е трауматичен настан за детето колку што е за родителот, децата најчесто не се ни сеќаваат на ова. Но добро е да се знае дека ова се случува, јас искрено не знаев за ова, прв пат слушнав од колегата и гледав некој видеа и препораки како треба да се постапи, тогаш во паника не верувам дека некој има време да гугла.
Жива се изедов од вчера дека чекав во ходник со сите други....не можам да се смирам и да си простам...што ако ја разболам ? Катастрофа значи....ваков кикс не ми беше потребен сама сум си крива ....
Потсетник за новите мајки, мислења за совети да постирате во соодветните теми, оваа е за муабетење за секојдневието, доколку ви треба совет обратете се во темите во склад со возраста.
Одамна ме немало. Кога ќе листам години наназад низ мислењава секој ден апдејт сум правела. Ама прво бебе, сега како да немам време да изначитам се, да напишам. Кога цица бебе читам и тоа само оваа категорија и толку. Дома скоро цел ден сум сама со децава. Големиов е прва смена во школо и некако поубаво ми е. Си направивме распоред во текот на денот. Јадат заедно со брат му, преспиваат заедно. Сум пишувала и колку помош имам од него, раат одам во вц барем ако не друго. И многу сака да му давам обврски околу брат му. Се гледа колку љубов има кон него. Па и ова малово, очите само во бато, трча со дубалката по него, му се радува. Љубов ми се Е сега тоа што по некоја год ќе се расправам со тинејџер и тодлер, тешко на живциве. Денес гости со спиење во најава, ништо немам спремно, сакам и да се избањам, да исчистам купатило и да спремам похована даска. А бебе спие во раце, дете се жали на болки во стомак. Само да не е вирус во најава се молам. Ајде мајкици да ја активираме темава.
Колку време после пораѓај се смируваат хормоните? Во смисла да престанам да плачам ко дете за сè и сешто...
Не знам, јас уште плачам. Бебево 3 месеци направи. Ептен сум емотивна.. Бар да дојам,ќе речев уште не сум стабилизирана, вака поим немам..
Првите 40 дена сигурно не, бура од емоции се доживува, после постепено по малку ќе почнат да се средуваат ама првите месеци се бајаги размрдани.. А најискрено после 6ти 7ми месец се стабилизирав убаво и се вратив на старо
Оффф значи ќе си потрае... Знам да сум супер расположена и одеднаш хаос, плачење ко да е крај на свет...
Офф, болна тема ми е ова. Не знам како ќе терам понатаму, имам и панични напади. Не сакав на психијатар да одам зашто знам дека лекови ќе ми дадат
Овој 1 месец како што се нервирам со свеки никогаш не сум се нервирала вака..постојано има некој коментар(не дека не се сложуваме или е лоша жена) Со сила сме ја заспивале малата(неа и го зборува ова као индиректно за нас) многу слаба и изгледала како воопшто да не растела дека спиела многу на дење немала да ни спие на ноќе..(а има само 1 месец нормално дека ќе спие) и такви работи..не знам дали до мене е што се нервирам околу овие работи или секоја би се нервирала
Добро што ја отвори темава. Пошто некако ми изгледа уште како табу тема никој не разговара за ова. Се додека не се породив појма немав дека се случувало тоа. Потоа преку разговор со членки од форумов и познанички сфатив дека скоро секоја жена поминува низ тоа горе доле после пораѓај. На почетокот бев хаос. Сега бебево ми има 4месеци ама уште сум емотивна не како на почеток ама сепак. Мене ме интересира дали освен плачењето. Ви сметаше се и само наоѓавте причини за кавга. На пример со сопругот?
Јас не можев да го погледнам без да се скарам. Имав некаде пишувано, се ми сметаше. Ништо не правеше како шо треба, нормално и он се нервираше шо му скакам на глава дека не знае како да направи било шо. И се така ни завршуваа муабетите "ти не знаеш ова, она", он ќе ми каже "за тебе нишо не е доволно добро". И ко се средија хормоните, сфатив дека ќе се испотепаме вака и пресеков. Оти на лоша страна ни идеше бракот. И ден денес ми вика дека сум била ѓавол невиден тој период
Истово што го пишуваш и нас ни се дешава сега. И нормално јас секогаш ги почнувам кавгите. Па потоа со плачки самосожалување дека сум несфатена ништо не знае он не разбира и слично. Ми вика што стана ваква еден ден арна десет како минско поле си. Ништо не ти е ок. Наоѓаш секој ден причина за кавга. За се сум ти јас крив и слично. И јас приметив дека како во криза да ни е бракот. Ама доброто е што и после секоја кавга љубовта ни е посилна и пак не сме љути
Да, баш е табу тема. Јас знаев дека се појавува и постпородилна депресија и ептен јаки бурни емоции после пораѓај ама друго е кога слушаш од други, а друго е кога ќе осетиш на своја кожа. Никогаш не очекував дека толку интензивни чувства и емоции ќе се појават, дури и бев сигурна дека ова мене ќе ме одмине и ќе сум стабилна, цврста... Ех ама не било така, само се надевам брзо дека ќе помине.
Само мене ли не ми е табу тема ова? Пошто ја со секоја жена што сум зборела отворено си кажува, на форумов исто се пишува на велико. Да не зборам што нон стоп ми искачаат статии, Ted talks и милион постови на Линкдин.