Значи ронам солзи Толку од муабетот за хормони после пораѓај, еве и ова успеа да ме трогне Ќе се стабилизираат ли некогаш или ќе останам плачка
Ви го читав муабетот. Јас сум по природа, наследство и хороскоп плачка за медаља, ама после пораѓај станав посилна пошто за неколку недели имав прематурче, па дехидрирано на апарат за рехидрација, мало, без сила, морав да оцврстам. Од тогаш е полесно, освен сега трудна, на конец од алиштата на Бејби плачам
Не да ме јаде совест и грижа, не спијам ноќе од мисли. Знам дека не сум единствена, секоја мајка си е на некој начин поврзана со детето. Ама ова моево 8 год само во школо 3-4 ч беше одделено од мене. Ја имав и таа можност да го носам со мене на работа, за него среќа најголема. Дури сега сфатив колкава била поврзаноста на мајка и син. Буквално не остава ама ништо да не ми каже, ако има некоја нејасност сите ќе ги праша ама пак кај мене се навраќа. Се случуваше да остане ноќ кај моите, и следниот ден ни вика јас само на вас мислев и ич не спиев . Миленик е на сите наши блиски, сите кажуваат дека дете како Б.можеш само да си посакаш. Мм е крут по природа не знае да изрази емоции, било да е за арно било да е за лошо. Тоа сега има големо влијание на синко. Кога пристигна бебе, најпрво осаменост големиот почувствува тие 3 дена кога бев во болница. По цел ден бевме на вибер и ми кажуваше колку му фалам. Потоа следуваше смената со спиењето(спие на свој кревет но во нашата соба)кога брат му мораше да спие до мама. Следно, држењето во раце и доењето.... Еве 8 месеци, тој не може да се помири дека ме дели со некој друг. И искажува револт, страшен инает, дури и глуми,, болест,, за внимание. Секоја вечер легнувам со солзи дали грешиме некаде, како да му докажеме дека и тој е наше бебе, засекогаш. Не знаете колку зборувам, објаснувам. Премногу емотивен е и така ги сфаќа сите работи.
Мислам дека имаш и второ бебе, ако не грешам, да не е лут за нешто на тебе во врска со бебето? Љубомора?
Мислам дека не. Многу го сака, го гушка, го бацува, од градинка одма трча го бара. Не ми се верува освен ако е нешто потсвесно.
Сигурно е до тоа. И синко ептен ја сака малава, ја гали, гушка, бакнува и кажува колку ја сака, ама знае некогаш од нигде, никаде да ми каже ајде фрли ја. На момент сигурно се почувствувал запосгавено ( иако знам дека не е така) и на тој начин искажува револт. И моево не покажува љубомора, ама на моменти го познавам веќе дека е фрустриран и или се лути, прави бељи намерно или тера инат.
На блиски малата исто вака викаше кога го донесоа бебето од болница, прво мислела кукла е и му се радувала, и после викала ајде сега врати го во болница, го нејќам веќе
Јас би се запрашала зошто го направил тоа, што добил со тоа и што сакал да добие . И секкао дека не би му викала и да го бркам.
Дури сега имам време да пишам. Првото беше вакво, ич не спиеше и цело време се будеше. Ноќе и по 7,8 пати станував, некогаш и повеќе, а ретко помалку. Како зомби бев. Цицаше и станувањето беше на саат, саат ипол. Убаво си напредуваше, по 1200-1400 првите месеци, гладно не беше, ама такво дете си беше. Го одбив со мнооогу мака на 2 год и 7,8 месеци, после почна да спие, дотогаш не. Не знам дали одбивањето имаше улога, или така се поклопи, ама оттогаш почна да спие. Иако има деца и кои не цицаат, па пак се будат често. Еве го второво, цица, ама не се буди толку често. Се буди 3 или 4 пати за цицање, ама цица и пак си заспива, без да ме истоштува ноќе. Изгледа и тебе ти се погодило бебе неспијач. Нехранливо млеко и претходно ти пишале, или имаш или немаш.
https://monikazec.blog/2021/02/нашата-приказна-за-спиењето/ Да не се навраќам да барам каде што имаат пишано мајките па тука ќе го постирам се надевам ќе помогне, еве баш сега ја слушав Моника многу корисни совети дава, се надевам ќе помогне. Го применувам ова од прв ден кога си дојдовме од болница, не знам дали е до детето но еве кај мене упали.
Да си поплачам. Ја детево не можам да го долечам, од антибиотик, до инхалации и вотамини, овпшје и пак кашла и има опстипација на плуќа. Ми текоа вака до понеделник да терам ама ми е жал бре. Колку брзо му се спушти на плуќа, не го ни сетив. Значи хаос
Здраво мајки. Бебе спие врз мене па да чкртнам нешто . Ви ги исчитав сите постови за хормони, депресии, кавги... Мислев само на мене се ми смета, кај и да е со маж ќе се разведеме... Бебе ми порасна, цели два месеци, не е веќе плачка, нема толку грчеви, се стабилизиравме двете мислам... Уште сака да си спие до мене, врз мене ја оставам само кога ја боли стомаче. Ми се смачи дома седење и правење се едно исто, толку сум навлезена у рутина што не знам ни кој ден е, нит па ако некој ме праша нешто не знам кога се случило, сите денови ми се исти и не знам дали денес или вчера се случило нешто, до толку е работава.. Со бебе ми е страв да шетам надвор, многу е загадено, а за молови и затворени простории некако ми е многу мала, па и периодов кај фати сите настинати... По 15-20 мин ни е максимум надвор. Правевме фотосесија пред неколку недели, ни стигнаа сликите, не можам да ги изнагледам, си викам дали ова бебе јас го родив Многу ми е смирена периодов, обожава лустери и само ги бара, почна да се смее, да лежи на стомаче и да се заигрува... Спие како мама, навечер накај 1 заспива до 11/12 преку ден, со неколку будења за цицање. Насабајле кога татко и иде на работа ја земам си се гушкаме и си продолжуваме... Знам дека брзо ке порасне и сакам да го искористам секој момент. Внука ми има година дена, нема шанси да ја стигнам а камо ли да даде да ја гушнам, само се лажеме, тета ке даде ова/ она за гушка . Некогаш ми е тешко, не дека цело време ни е розово, посебно навечер кога отвара очи и нема шанси 4 саати да заспие, па си седиме и до 2/3, а мајка и пее и спие. Се спремаме и за вакцина, ме фаќа страв како ке поминеме, преглед на ортопед исто, контрола на педијатар... Успеавме да накитиме и елка, два дена ја китевме ама бидна. Додуша да не дојдеше баба да ја причува ке ја китевме цела недела Дома ни е новогодишна атмосфера, навечер пуштаме сијалички и само ги гледа ама сепак лустер си е лустер, прва љубов . Убав ден мајки .
Ве читам повеќето и имам зборувано со повеќе жени,мажи во брак, дефинитивно, кога ќе се роди бебе сите се караат и се разведуваат едно 20 пати во првите неколку години. Мислев само мене ми се случува и ич не ми е убаво кога се караме со мм. За жал сме со свекрва дома, па и ради неа се караме понекогаш. Сакам да избегам многу пати од дома, земи си бебе и оди си домче, ама сфаќам дека сите караници се околу бебето и тоа дека и двајцата како родители му посакуваме се најдобро на бебчо. Се ќе помине се надевам, и ние никогаш скоро и да не сме се карале а сме заедно многу години, оваа година наплативме за се досега. Само да имаме нерви за понатаму со надеж дека се ќе се врати во нормала и дека уште повеќе ќе се сакаме во иднина.
Јас додека не му кажав на татко ми "јас ја чувам секој ден, јас знам како треба да се облече и да јаде" не престанаа коментарите. Ми требаше година дена де ама сега веќе не збори
Како јас да не си го сакам сопственото дете па ќе го мачам. Исто го будам за јадење затоа што знае да се успие понекогаш, а мал е 2 и пол недели и тука имаш коментар греота е, што му правиш, остави го да спие, навечер зошто го будиш, нека си ја преспие ноќта детето, лошо го учиш да јаде на сред ноќ
Мојата имаше продолжена жолтица па едвај ја будев, со штипкање со расоблекување и се нервирав зашо не се буди и ми викаа "па добро де остај ја нека поспие" а неа ако ја оставиш 7 саати ќе спие