Така де, плус педијатар кажа ако не се разбуди на 3 часа максимум буди го ама не, денешните доктори не биле многу за верување
Многу, ама многу ми смета. Денес мајка ми сто пати ја опоменив, не бре, си продолжува по свое. Па и на крај кога кажа “Јованче доди да те адам”, си го земав детето и си заминав
Жено ја вака како тебе се дробев се додека не ми пукна филм и ѝ се вратив со "А што има ја тебе да ти се правдам? Терај си работа и гледај си ручекот да не ти загори, чао!" и не ѝ текна после тоа да ми пререче нешто. Добро де, пробува пак ама помалце Сабајле за витамин Ц дека требало 2х дневно да давам, у нејзино време така било. И реков "У твое време пред 40 години многу работи биле други, а сега се други и не те праша никој како треба за да ми кажуваш, океј?" "Океј". И така Кажувај директно пошто понатака се повеќе ќе ти се качуваат на глава. Мора да си поставиш граници за здрава психа и среќно бебе.
На почеток беше за цуцлата, со сила му давате цуцла, ете модерни бебиња денес, тргнете му ја и на секое тоа беше и и кажав, викам доста со тоа цуцлата па цуцлата, како со сила би му дала цуцла на новороденче и заќути ама сега веќе почнува ептен да ми се прелева чашата.
Немој да слушаш никој за цуцлата. Мене сите ми збореа, нема шанси сега да фати, а што убаво цицаше. И сега добив бебе, зависно од цице, што ништо живо не го занима освен да биде на цице.
Јас како свекрвати ќе бидам Малиот од кога е роден не го будам навечер за јадење ама одлично напредуваше, мислам бебиња се будат да јадат доколку имаат жолтица или слабо напредуваат, поправете ме ако грешам.
Не е многу мал за да не го будам? Некни се успавме и јас и тој, кога сум рипнала да проверувам дали дише, го преплашив детето
А чекај уште не ти рекле изгледа и вода да му дадеш греота било. Добро сериозно зошто толку уживаат да и ги уништат првите скапоцени моменти на мајката со бебето. Наместо да ужива со бебето треба нон стоп да објаснува дека не е гладно не му студи и слично. И утре нормално место со насмевка да се потсеќаш на првите моменти тебе ќе ти иде нервоза за глупите коментари што си ги слушала. Одеднаш сите стануваат експерти за бебиња. Мислам срамота за тортурава врз мајките. Како што гледам секоја поминува низ истото.
Ма не, гладно бебе не спие. Другарка ми го будеше така, сега е 7 месеци малиот и никако не може да врзе сон повеќе саати, ако напредува супер спиј си раат. Јас искрено од почеток не го будев па напредува дури и повеќе од што треба.
@Iris-1234 никогаш не сум будела бебе. Ако напредува остави го. Еве го 2 месеца е и си спие цела вечер 11 саати со 2 станување за млеко.
Ми рече, уште првиот ден кога ме пуштија од болница т.е ми раскажа како пријателка нејзина тајно му давала на бебето вода кога ќе и го оставеле на чување.
Фала ви девојки, не можам да ви опишам колку сум под стрес со јадењето. Некни кога се успав, грижа на совест имав, а тој мирно си спиеше.
Така само ќе му створиш навика на често будење. Штом спие, спиеш и ти. Кога е гладно ќе стане милијарда посто
Кај мене на почеток стануваше во 12:30-1 за јадење, од месец ипол почнав да му ја враќам цуцлата и стигнавме до 4:30 да спие без прекин, а го успивам во 9ч. Ич не се плаши спиј мирно, доколку напредува и нема жолтица секако.
Ноќните подои се многу важни во првиот месец од животот на бебето. Ако бебето има жолтица, мора да се буди за да јаде. Нема никаква поврзаност будењето на бебето, со понатамошното спиење на истото. (Барем научно/медицинско докажано, ова исто е ко зборувањата на бабите ќе го разгалиш бебето ако го држиш во раце) Јас го будев првиот месец, до 2 месеца сам стануваше на 3 часа, после 2 месеца откако ми потврди педијатар дека нема потреба од будење, ја преспива сам цела ноќ.
А дење, на одредено време му даваш или чекаш да побара? Многу е нервозен ако кога ќе се разбуди гладен. Моето нема жолтица ама на осмиот ден од раѓање на педијата кога бевме беше со исписната тежина и педијатарот рече да го будам на 2 до 2 и пол час и за една недела на контрола. По една недела имаше 400гр ставено и ми рекоа супер е ама не ми кажаа да престанам да го будам и си терам по старо од страв.
Си имала среќа. Золва ми го будеше на 2 саати да цица, до 17 месеци и стануваше точно на 2 саати. Се согласувам дека треба да се буди само ако не напредува и ако има жолтица, во друг случај нема потреба.
Додека цицаше му давав веднаш кога ќе осетам дека е гладен, читај ми висеше на цицка. Сега е на ад и му давам на 3 саати