Детето е такво, има многу што и без да биле будени, сами станувале. Или одреден период преспивале, па по некој месец почнале со будење. Нема правило
Па ако нема жолтица и добро напредува обично после 1 месец кажуваат да не се буди. Јас мислам дека мало е уште до 1 месец ама сепак како ќе каже доктор така.
Мајки, јас само би ви кажала, морате да имате подобра комуникација со одбраниот педијатар и доверба и слобода да прашате буквално што ви падне на памет. Ако не се чуствувате лагодно, сменете го. Тој најдобро го знае бебето и ќе ве насочи. Јас цело време прашувам и кога ќе добијам одговор, ако не ми е јасно зошто, прашувам и тоа.
Од вакви работи имам страв да оставам дете со свекрвата. Отворено ми кажува дека кога го чува другото внуче, на по неколку недели од кога е родено и без знаење на родителите му давала чај. На 5+ месеци, ако не го погоди соодносот на кашичките, дополнувала со мелени бисквити. Чоколада по две, три на ден само за да седи мирно. На 1 и пол година дала од сирупот за возрасни за искашлување затоа што детето кашлало итн. Уште неродено моево, не знам како воопшто би го оставила насамо со неа кога ќе има потреба.
Со оваа реченица ме потсети на нешто што ми кажаа бабиве од маж ми. Дека денешниве снаи што се во заедница само бебето го чувале не фаќале ништо по дома. Требало да и го остават свекрвата да го варди бебето. А они да рсботат. Да чистат ручек да прават и сите останати работи. Може алудираа на мене Ама јас им реков да требало бабата да го чува бебето немаше породилното мајката да го зема да седи дома ќе одеше на работа.
Ни јас никогаш моето не го будев , си стануваше сам по два пати најмногу. После некое време цели ноќи си преспиваше еве и ден денес е така.
Јас потполно те разбирам и истово и јас го правев и се успав еднаш не знаев кај сум, колку е саат и кој ден е.. Како прво не го носиш на 3 дена на преглед да знаеш дали напредува добро или не и препорака на педијатри е до месец дена да се буди, те.не мора да се буди туку да се понуди јадење... Имав коментар од братучедка зошто го будиш, јас моето не сум го будела па што му фали, за на крај да ми каже дека на месец на контрола бил малку повеќе од родилна тежина ама "ништо страшно" пораснал . Така да на темава има поделени мислења, и помеѓу педијатри не само меѓу нас.
Прво дете ми е, несигурност осеќам до бескрај... Полесно ми е да станам да го разбудам отколку после тоа грижа на совест да имам.
Не можам да се редактирам, ноќните подои исто така се многу битни за потикнување на лактација кај мајките што дојат - во првиот месец.
Јас ќерка ми не ја будев на почетокот да цица. Си се будеше еднаш, два пати и толку. Тоа до 3 мес. Првите 3 мес качуваше по кило. После почна сама да ми се буди на саат, два за цицка и си тераше така до 1 година дур не ја одбив. Откако почна така да се буди помалце качуваше килажа, над 500гр не стави. Ептен индивидуално е од дете до дете.
Здраво мајки Би некој вирус со температура и помина Неверојатно е како секогаш му ги претчувствувам настинките неколку дена пред да му се случат. Инстинкт ли е што ли е не знам. Битно е да поминува ни прв ни последен вирус, така се расте. Новопечени мајки, не си ставајте на душа се што ќе ви кажат. Читајте стручна литература, истражувајте на интернет. Знаењето макар и теоретско ќе ви даде самодоверба. Јас строго со факти сечев, им објаснував зошто вода не, зошто благо не, зошто на 39 температура расоблечено е детето. Коментари нема да сопрат ваше е да си свиркате и да правите онака како што најдобро знаете. Ако некој одгледал дете не е по дифолт експерт за деца. Генерациите се менуваат, не сме генерациски исти ние со нашите, ниту се исти нашите бебиња со тоа ние какви бебиња сме биле. Ако се осврнеме пошироко сега имаме еден куп олеснителни средства во домаќинствата и пак се нема време. Ама споредбено со порано кога почесто се живеело во заедница или во многу помала квадратура од ние денес не се вагаат исто работите. Плус притисокот на општеството си го прави своето. Да бидеш најдобра мајка, најфина колешка, исполнителна на работа, брзо во форма да се вратиш после породување, да доиш, да имаш време и да вежбаш, да се посветиш на партнерот, да си целосно среден, детето секогаш со тазе зготвен оброк, да не се жалиш од премор, да имаш време и за хоби, да слушаш понизно совети од пред 30 години и нормално ајде кога второ дете да објасниш на секој ојле дојле. Уживајте ги сите моменти, нема вечно да ни се во раце, нема вечно да спијат со нас. Наши се максимум 15 години ништо повеќе од тоа. После се враќаме на мажите кои успеале сите хормонски бури да ги преживеат И во хаосот уживајте, нов свет се гради дома. Ќе има денови кога ќе се враќаат работите на старо само трпение. Ве поздравувам
Здраво мајки. Уште пред два дена почнав да пишувам и не се стигнува... Во постот над мене мајка ептен убаво си објаснила, ама некогаш колку и да сакаш да не се замараш, некој коментар ептен ќе те погоди. Посебно кога си тазе породена и ти вријат хормоните. Со маж ми се договоривме нема мешање од страна, дека ако малку ги потпуштиш веќе секој час се кај тебе и ти делат знаење. Иако седиме во заедница, сепак на кафе се гледаме па така повеќе се трпи. Најново малото ми се исфрли со ситни брунчиња и јас уште незнам од што. Зборувам со свекрвата што како, велам може и памперс треба да менуваме. Ама дека е штедлива ептен, па ми даде совет еее тоа е најлесно може памперсот што го имам да го поминам со пегла преко крпа lol: Зошто да се менува Едвај чекам маж да си дојде, секоја чест на жените што со месеци ги чекаат своите. Едвај месец се трпи. Малото ми е годинка и никако луѓе не ни се среди спиењето. По цели ноќи се буди, кога плаче кога не. Ама по цела ноќ раката и по газето го нишкам Ноќеска стана и решен е веднаш станува и нема да спие, едвај после 2 часа заспа. Сум плачела како мало дете! Толку лесно спие, што ако малку се мрднам и тој почнува. Немам сила, се осеќам преморено, депресивно... Правам така муабет и со мајка ми, на крај испадна само сум се жалела таа 3 деца исчувала Па веќе престанав да кажувам, пак ќе кажам убаво е пишано над мене ние не треба да се жалиме А, дали ви кажав колку мразам што живееме во заедница? Иако сме по спратови, тоа ми е најлошата одлука што ја донесовме. Толку без осет, толку тропање што секој ден ми е плус нервоза... Ама ако ми е Него кажете дали би сменил нешто чајот за добра ноќ од бекутан? Да пробувам или џабе? Имајте си убав ден!
Еееееее... свекор ми на секоја настинка/ коњуктивитис ми вика од уроци дека им е. Не сме у заедница. Пак се вадам од такт. Најново решив да се заебавам. Детево се расплака и кога плаче фрла све и прета со рацете и вика види види како прави - ауу викам стварно утре на невролог ќе го носам да го снимат да видат. Еве ме убедуваат сеа дека е мал, греота бил, бебе било. Ама викам ме исплашивте, сега пу пу не важи. Нека се трескаат сега.
Update :после пораѓај ми се вратија паничните напади. Антидепресиви прекинав кога останав трудна . Ве молам мајки кажувајте чаре , што да пијам да ги смирувам...б6 пијам ама многу многу не помага....ке збудалам....
На лекар оди...вака ништо не може никој да ти препорача да пиеш освен природните препарати како б6 што веќе го пиеш, ама ако не ти помагаат можеби ти треба нешто појако. Ако си задоволна од психијатарот кај што си била, оди пак, ако не, прочитај во темата за Анксиозност таму најмногу има препораки за лекари или оди кај матичен па тој да те пренасочи.
Да одиш на лекар, за жал тука никој никако не може да ти помогне. Лекарот ќе ти даде најдобри совети.
Мораш да си побараш помош, тоа ќе ти помогне и за одгледувањето на бебе, зошто многу си стегната и вознемирена и тоа ти прави стрес уште поголем и паничните се враќаат. Мене кога имав прв паничен ми кажаа 2 б6 наеднаш и 1 магнезиум, па од тогаш уште 2 пати ми се деси и исто се напив и ми помогна.