Може мајка ми да го чува ама јас сакам да го носам. Тоа е проблемот, што не знам дали ќе заспие зашто досега не сме го носеле никаде навечер. Решив да пробам овој пат ако се мачи или не заспие ќе си дојдеме, па нареден пат ќе го оставам
Со големиот син, некаде до после годинка, излегувавме ама кога ќе дојдеше време за спиење мораше да бидеме дома, зошто последното цицање за заспивање беше 1 час. Но, заспиваше после 22ч. и беше мирен па не правеше проблем ако закасниме. Малово сега, уште некој ден 9 месеци ќе прави јас не сум излезена посче 18ч навечер. Кај 20ч.бара да спие, исто цица еден час. Ама кога иде време за спиење е драми, никаде не го собира, плачлив е. Ова е далеку понемирно од брат му Затоа, не сум појдена никаде. Еве мајка ми утре слава имаат, им кажав дека не одам вечерта. Едно излегување до маркет имам( и таму сите одиме комплет) и ако имам ептен важна неодолжна работа. Периодов не ни движиме, ради вируси. Ама еве да ви кажам, поминав еднаш, трае овој период може година и повеќе, ама ќе пораснат додека сме трепнале, па ќе се влечете и молите за дома од места каде ним им е убаво, па ќе сакаат да ги носите и покрај тоа што има кој да ги чува
Зависи од тоа каков ви е редот и како се прилагодува бебето. Мојава додека беше мала немав мрднато никаде. Едноставно не ми беше вредно за малктретирањето потоа. Не заспиваше нигде, а кога веќе ќе се премореше леле мори мајко, додека заспиеше ќе е утепаше од плачење дека преморена. И не ми се мрцвареше. Е сега, ако е ептен близок настан, па ќе се направи исклучок, ама по правило пораат си бев да си се држиме до редот. Помина, брзо многу и тоа, сега, како што кажа членката погоре, да сакаме да одиме сами сака и она со нас обавезно. Секој период со свои работи.
Ти си го знаеш најубаво бебето. Не знам колкаво е иначе. Ако е проблематично ич не се ни обидувај. Реално тебе повеќе ќе ти биде проблем. Не мислам дека на бебе нешто ќе му смени една вечер. Ако си е мирно и ако мислиш дека ќе заспие или ќе седи и покасно да си легне тогаш земи го. Вие и касно легнувате, мојата до 9 месеци најкасно 19ч ја фаќаше за спиење и не можев нигде да одам затоа што не спиеше надвор, а знаеше да се разлигави. Е еднаш имавме гости, абе со бебево врсниче и е, се утепаа од играње, во 22ч легна, значи 3ч после терминот нејзин и апсолутно никаков проблем не и беше, утре дента си се регулираше по стара шема.
2 ипол месеци е. Па не е баш по спиењето, ама навечер кога е во неговото креветче си спие цела вечер. Вака преку ден имам пробано кај мајка ми, ама не спиеше. Прво заспиваше во 7 ама стануваше во 5. Постепено успеав да му го поместам во 9 спиењето, па сега си спие до 8 сабајле. Ќе пробаме во понеделник, ако не бива прв и последен пат ќе е со бебе на гости во гужва
Премало ти е за толкава стимулација, ама ти си знаеш. Прашај си и да не се пуши во просторијата, не е баш пријатно бебе и чад од цигари. Башка после 2ипол месеци искористи малку да излезеш сама со маж и викни си ја мајка ти да го чува, не е време за шетање со бебе, вируси вријат.
Нема да не заспие, вака или така ќе заспие. Одете си на свадба, излуфтирајте се. Имаш време ако сакаш до тогаш да тестираш територија дали ќе спие со нејзе или сл. Ама ако ти си слободна со мајка ти и она не се секира тогаш одете. За мислење секако ќе мислиш, било каде, со било кој да е.
Ние на 3м го оставивме прв пат со баба му за на свадба, спиел без проблем, на 6м пак и тогаш спиел. Не би носела бебе до 1г на свадба, и тогаш би носела исклучиво на некој ептен близок и да не се пуши, да не е загушливо. Го однесовме на 7м на слава и сто пати се покајав, пишав, се пушеше и ич никој не се ни помисли дали да запали или не пред бебе.
Да одиш. Ако не спие, ќе ти јават, ќе се вратиш Едит: Сега видов дека во друг град е свадбата. А да ја викнете мајка ти кај вас? Можеби подобро ќе му биде на бебе и полесно ќе заспие на позната територија.
Добар ден мајки, оддамна не сум ве посетила. Уствари јас отварам и читам,ама се немам времр за пишување. Испратив деца кај мајка, малку да зачистам пошто е невиден ужас дома,а и да одморам. Се осеќам исцрпено,истрошено,преморено. Децата цел месец болни, прво големата со 40тт и гнојна ангина, па таман оздраве преку ноќ малото крена 40,со активиран трет крајник и страшно воспалени уши.. 4 дена ја носев на инфузии, завршува инфузија па инјекција ја боцкаа, остарев наеднаш од секојдневната глетка. Уште 10 дена со Трицеф сируп,инхалации,секакви капки и други сирупи, и конечно се стабилизира и реков ок,ќе здивнам! Утредента станува големата пак 40тт,ова после само 2 недели откако испи две дози Оспен и ја излековме гнојната ангина , овојпат бронхит. Јово на ново,само саат гледам за следна доза сируп/пробиотик/инхалација.. И се подопорави и она конечно. Мм за да ме израдува после сите патешествија ми кажува викендот ми уплатил за возачка, да вадам лекарско и ќе почнам за 1 недела. Кога неделата почнав да крварам ко заклана, ајде во 1 по полноќ на ургентен до Скопје, и препорака строго мирување и одмарање.. ни лекарско ни возење се виде. Каков невиден малер сум јас значи .. Лежев 3 дена дома и 4от се вратив на работа, иако ја знаеја ситуацијата никој не кажа искористи боледување или одмор,туку само "ОК" добив. Ужасни се,ужасни! Ама еве март се ближи.. уште 3 месеци ќе издржам,после на породилно барем нема контакт со нив да имам Децава планирам тек април да ги пуштам во градинка, таман нема многу бебето да го приметуваат отпочеток Мене испитна сесија ми почнува на факс за еден месец,а книга немам фатено Се надевам барем тоа нема да го влечам.. ќе треба навечер да учам. Елка да ми свети,топло капучино до мене и книга..е така може,ќе се нафатам Одморив доволно,да станам да изрибам купатило и да раскренам алишта во спална,тоа последно го оставив дека најмногу ме замара. Останете во добро здравје и расположение, до наредно читање
Не знаев кафе да го поставам прашањето па мислам дека тука ке добијам одговор од искуство. После колку време бевте на депилација после породување со царски рез?
Добра ви вечер... Уствари добро утро. Мене ни ми е утро, ни ми е вечер, нити па е добро. Пиленцето пак фати некој гаден вирус од градинката, две недели одмараше дома, со терапии, со триста чуда. Фала богу се помина, па сега е подобар. Ама јас, на нозе не можам веќе да стојам. 4 месеци око не сум склопила од кашлање, ама ноќва не знам дали ќе ја издржам. Само чекам да чукне 8, ќе одам да си побарам приоритетен за на пулмологија, па како знаат нека ме лечат, оти матичниот ќе ме умре кај и да е. Почнаа да ми се вртат секакви мисли низ глава, страшни симптоми имам, а уште пострашна историја со астма, опструкции, бронхити. Ама не ми е страв од болеста, ни од смрт не се плашам. Само ми е мака за златцево мало, не можам да си дозволам да го оставам сам. Мора да стиснам заби и да издржам, за него.