Добар ден мајки. Прв пат пишувам во темава. Се надевам сте добро сите. Малото два дена го носев во игротека, се преигра, обожава да е со деца, сето беше осветлено украсено пред празници, целиот беше воодушевен вао елка, лампиони, ламбички, балони. Само се џареше, рипаше и скокаше. По два дена закачи некој вирус, лижеше топчиња, секакви пластични работи. Кога го карам иди да ме касни, не знам шо навика ќе беше се во уста да клава. Вирусот го помина многу лесно со температура, само уште носот му е затнат. Но мене одма ме префати, многу тешко ми е, грло боли, глава боли сега и температура, ужас. Секогаш јас поминувам потешко. Се надевам ќе врви побрзо. Не се доседува дома и него му е многу досадно, само цртани гледа и само сака да менувам, ме спука со цртани глата кај нас само тоа се гледа. Нема да биди лесно за во градинка, нон стоп ќе настинува и ние покрај него.Останете во добро здравје
Да ја почнам темата со едно новогодишно кафенце. Помина 2 роденден на колаче. Тој како и секогаш прекрасен беше. Весел, на сите внимание им даде. Кога би требала да бирам меѓу двете години, без размислување вторава би ја одбрала. Првата е рутина со бебе. Улогата на мајка никогаш не ми падна како тешка, ама рутината те отупува со тек на време. Башка сите си носиме некој емоционален товар и сето тоа кога ќе дојде на куп го исцицува животот од тебе. Таман се вратив на работа, оп уште едно бебе. Ајде пак иста центрифуга. Само чекам да смени бебе, а 5м. е веќе и спиењето уште ни е ужас. Прво почна да се буди на 2ч., па на 1,5ч., па на 30 мин., сега сме на 20 мин. До Н.Г очекувам да спие со цице во уста. Битно преку ден сме во љубов, како ми гука, топење. Сега е опседнат со нозете во уста, ако има чорапи ги вади па прво чорапчето во уста, а потоа го мези ноџето. Поголемото е во некоја фаза и ме издава за се на татко му. Не знам дали сум пишала ама они се шајка. Само татко му постои во неговиот живот. Другите сме по потреба. Сабајлево отиде да му се жали зошто на бебе му давам витамини, а на него не. Па едно фациче жално со солзи ауууу... секако си доби капки, беа секунди во прашање. Дете среќно, а јас си ја научив лекцијата. Во новата година освен стандардите желби да ми се живи и здрави, за себе си посакувам повеќе сон и да ослабнам. За првото зависи од бебе, а за второво од бебе и мене зш ако имам сон ќе можам и конечно да почнам да вежбам. Сите викаат се слабее од доење ама јас изгледа сум некој феномен и се дебелеам. А немам ни време да јадам. На темата што сте ја начнале, на бебе не му менувам рутина за ништо на свет. До сега не бевме на три слави и на други дешавки. Мало е, му треба мир. Ако оно нема мир, ќе немам ни јас и сите ќе сме нервозни. Има денови за шетање. Ќе порасне и се ќе се надокнади. И без нас се може на гости/прослави. Поголемиот си шета со татко му секаде, но дојде ли време за спиење си одат. Рутината си ја имаме и за двете. Ништо не вреди повеќе од мирот. На сите мајки тука ви посакувам убава нова година со вашите најмили, многу здравје, среќни моменти и мирен сон. Верувам дека ниту една од нас колку и да ни е тешко бессоните ноќи и хаотичниот дом не би ги смениле за ништо на светот.
Добро Утро МајкИ , одмана не сум шкртнала .. Додека пијам кафе да пишам набрзина ... Кај нас веќе 2 години се знае строго почитуваме ред за спиење и не сум го носела до сега никаде ни по свадби ,ни по други работи слави мави со музики , едноставо после 20h мора да се спремаме за спање и друго не ме итересира... И гости закажувам рано да ми идат , кога беше мал ај го успивав и да имаше ние си одевме во спална ,ама како расте веќе разбира дека има народ и несака да иде во спална додека гледа дека има гости во дневна , затоа се ориентирам секогаш прво спрема негови потреби ..Ај и овде да ви кажам мајка носи 2 дете во стомак , уште и мене ми е неверна ситуацијата ама ете се случи малце порано од планирано , како и да е , да биде се само како што треба па за друго ке се издржи некако ради малата разлика Поздрав и убав ден ...
Не бе не. Јас незнам да гледам дете Свекрва ми преку камера поубаво го гледа. Може дека носи наочари Бебе е 3+ месеци досега сами си го гледавме со мм. Е сега на свекрва и текнало дека бебе не треба веќе надвор да се сета ладно било плус дома капа да му ставам. Да ви кажам искрено баш ме заболе Доринда што мисли она. И на мене ми текна да ја откријам Америка, ама ме спревараа Бебка мое најубав на мајка мирен паметен и неспијач. Пред некој ден испушти звук БА и точно ко беше сваќи на камера и одма баба кажал радости уште огномет да испукаше. Ај добар ви ден жени
Мајки само да направам мал апдејт. Една недела сум веке на Асентра . Мораше. Немав излез. Чекам да почнат да делуваат бидејки чудово ме обзеде. Ептен ми е лошо. Осекам неверојатна грижа зашто ја дојам малата а двајца доктори ми рече слободно можам со Асентра да дојам. Се осекам лошо се обвинувам себе си. Се прашувам зошто ова се дешава Ако не ја дојам ке се осекам уште полошо. Со што ова дете заслужи мајка му вака да се однесува.....се надевам само дека подобро ке ми биде.....мора да биде подобро...
Вистина имам слушнато порано капи му ставале за дома, да зоврие дете и да го шеташ тоа најмногу ми фали кога беше бебе сега вака поголем само со ремче
Жал ми е шо поминуваш низ тој период, и кај мене не се розево верувај ќе помине,испитај си и хормони од тоа иди се.
Вчера баш средував алишта и си помислив.. Секогаш кога собирам од бебешките алишта што се смалени така некако жал ми паѓа што не се износени доволно а веќе се смалиле. Исто и за бебешките реквизити што ги надраснува како транспортер, релаксатор, кенгур.. Дали и на вас така ви паѓа жал кога се складираат надраснати ствари од бебе ?
Да, многу брзо растат. Од една страна сакам да пораснат побрзо, за полесно да се разбираме и полесно да биде се, од друга страна сакам да останат такви малецки. На секое складирање облека или играчки ми паѓа тешко.
Да шкртнам нешто, од премореност не можам да заспијам. 3 скок со грчеви, најлоша можна комбинација. Од бебе што заспиваше само во креветче најкасно до 9, сега имам бебе што заспа по 2 саати успивање во раце, и се мислам дали ќе стане за пола саат или за помалку. Ќе биде успех и тоа. Се тешам дека трае една недела, и дека е до скокот, а не дека го менува спиењето. Ај да не биде само жалење. Денес ја завршивме првата книга. “Раскази за мали деца” од мое време. Толку сум среќна што бебе со интерес ме слуша, абе со ќееф да му читаш. Сама сум сега, свеќи си замина, маж на работа до 4. Абе преубаво ми е. Ги средивме и дневните дремки, си спие беба 2-3 пати по еден саат + некој кратки дремнувања во релаксатор. Толку уживам во сето ова. Добро освен штрајкот со глад, тешкото успивање и грчевите од 5 до 7 овие денови, во тоа баш и не уживам, преуморна сум, бебе плаче и јас со него. Ама некако пробувам да мислам дека мора и ние тоа да го поминеме, па не може вечно да имам бебе спанко Празнична еуфорија почна да ме мава, па денес порачав божикен поклон на мм, знам дека ќе се воодушеви На работа е уште утре, и ќе уживаме после во заедничките утра, значи го обожавам станувањата 3ца заедно. Си го зимаме бебе на спална и си гукаме уште рано сабајле Добра ноќ мамички, да имаме мирна вечер со најмалку можни будења
Предновогодишна забава! Ни дојде на гости и нам тетка кашлица, пропратена со чичко шлајм, досадната тт и плачки еден тон. Големиов неколку дена се жалеше на главоболки, па обилни шлајмови, за денес да откорне од кашлање. Познати сме по повраќаници, па среќа си олеснува. Малово вечерва од два пати кашлање, заспа, се пробуди се тресеше како лист, воздух не можеше да земе. Поврати и он, мерам тт 38. Колку се плашам само да не спушти на гради. Кад је бал, нек је маскенбал! Дежурна ноќеска, и ич не се жалам само они двајца мирно да поминат. Едниот во раце другиот главата во скут, кутро дете се изнаплачи за брат му, се чувствува виновен дека му донел вирус. А јас.....срце растреперено, само се молам да помине брзо. И кај нас, и кај сите болни. Мислам дека достојно ќе ја испратиме старава година.
До сега ич не ми беше гајле. Можда оти не давав многу пари, повеќето алишта му беа од деца на роднини или поклони, а тоа што сум го купила никогаш не е било претерано скапо. И плус секој ден се менуваат, се перат, па се скинало копче, итн, глупости, па не ми е било криво.. Реквизити, справи, не сме ни користеле, не купував баш ради таа причина дека ќе се користат 2 мес преку сила. Али неќна уште кога му ги купив чизмите се изнаплакав оти ќе ги носи само оваа зима. Срце ме заболе. Мојот батка ептен пораснал. Абе секој ден како ново дете да имам. Дури и ликот е сменет. Не личи веќе на бебе, туку на детенце. Си го научи распоредот насабајле, се облекуваме, си го зема сам ранчето, буе буе чизмите и брм со деде во градинка. Денес го прашав дали си игра со децата во градинка. НЕ, он со Дан си играл (вујко му така го вика). Иначе конечно се помири со фактот дека мора да се носи капа (тоа оти мама носи капа, ако не носам јас автоматски не треба ни тој да носи), ми се исплати упорноста. Сега па на работа ќе одмараме до Божиќ, па се мислам дали да го носам во градинка наредната недела. Али гарант ќе се случи нешто и ќе мора да одмара, иначе малер ќе биде ако оди повеќе од една недела во градинка.
Да се пожалам со апдејт. Двајцата со тт денес, малово ларингит, жално е да го гледаш кога кашла Сабајле кај матична, вечерва на дежурен. Си прими урбазон, инхалација се надевам дека ќе се смири. Големиот денес добар добар, престана со кашлањето како куче,му се навлажни, за вечерва да вивне 38.2. Јас со коса мрсна, со недепилирани пазуви и нозе, неспиена ни еден час. Ќе треба да дежурам и ноќеска. Маж вика да купам уште еден топломер заедно да сум им мерела тт Најтешко е што сум сама, немам помош, денес бебе цел ден во раце, големиов само по мене за внимание. Душа, плачеше зошто брат му е болен а он бетар. Не сакаше да седи дома, идеше со нас во болница и плачел цело време. Дојде мајка ми, си викам колку е убаво кога има некој дома. Миено, средено, едно дете кај неа друго кај мене...... Нека заврши денес, доста е.... Мирна ноќ, ако има некоја на смена(не посакувам да има) нека вика за кафе.