@Bubce38 Не му се лути на човекот, Во најмала рака бебето спиело убаво таа ноќ. Шала на страна, нека ви биде предупредување оти утре може да изеде нешто што ќе биде ризично за него. И немој да помислиш мал е тоа не може да го дофати.
Здраво мајки Тивко на темава викендов па ајде да шкртнам нешто. Елка украсена, тераса украсена, прозори украсени. Комшиите сигурно си викаат овие луѓе имаат време на претек. А баш напротив, од време имам само на Pinterest да проскролам и да сакам се да имам дома. Овој пат маж беше поштеден од моите бубачки па си сецкав раат како две години да ќе стои се по дома ама ќејфот цена нема. Последна недела од годинава раситнуваме од утре. И кога ќе резимирам би ја ставила годинава на едно save копче за да можам да се навраќам на сите први моменти. Први чекори, првото мама, прв одмор, први гушкања. Се на се ја прогласувам годинава за успешна и една од најубавите до сега. Ве поздравувам
Добро утро и од мене. Гледам сезона е на разболување па и моево не го промаши. Една недела со температура и кемкање и со Германскиот универзален парацетамол ама поминавме лесно за среќа. Сега може роденден да спремаме раат. Ееј роденден не ми се верува а јас уште на моменти преработувам дека се породив и мајка сум Година ќе помине а бебе уште лепенка за мене, на цицка се буди и заспива. Бебешка храна ни да намириса ама затоа татко и вчера бурек и дал Се откажав од викање оти само да свртам поглед се дава нешто што не треба ама пошто е нејадач што сакаш давај си игра гмечи и фрла храна, а в уста едно ронче, ако и толку. За ред појма си немаме, се легнува касно еве сношти дури 1 ја фати ама затоа сабајлево во 8 сменив пелена се разбуди и не ја призаспав кемкање и играње до 10 и еве сега прво преспивање. Белки кога ќе тргне в градинка на година ипол ќе имаме некој ред. Туку и јас да се вратам на некој ред и живот надвор од куќава и домаќинствово ми фали. Планови 3000 за во новава, возачка да земам на прво место, да се вратам на работа и потпишан договор за доедукација да се заврши, со кондиција да си се вратам на старо и тренинг редовен да се стегнам како некогаш. Ако ми дозволи беба. Некако животов настрана од мајчинството и домаќинството на пауза ми стои. Не дека ми е лошо ама мааалце ми фали. Тоа во 2023, а во 2024 си сакам уште едно бебе и на мм му кажав. И дај боже да е се по планот и дефинитивно сакам целиот овај пат да го поминам уште еднаш. Белки нема да сум престара, ќе имам тогаш 37 Ама сте чуле за она "ние планираме, животот се смее". Е па здрави живи да сме, што е наше белки ќе си дојде. Ви посакувам убав ден и празнично расположение во претстојните денови
Хелоу мајки Кој знае од кога не сум шкртнала. Чекам да стане синко па викам ај да шкртнам некој збор . На зимовање сме нели . Преубаво , пре пре пре Хотелчето погодено , базените чисти , посебно надворешниот , водата таман топла и за синко , па уживаме . Првиот ден Ептен со страв го ставив надвор во базенот , ама маж инсистираше . Здраво било Цел ден му бамкав - само ако се разболи , ќе те убијам . Ама па Бубич мој ќе се степа коа го вадиме од вода. Абе по саат време е во базен и плаче за уште . Седи и во солената соба , ни за таму не се буни . Научи веќе дека после солената соба следува капење во џакузито со тета Весне , па кроти Е малку ни се поремети спиењето , легнува дури во 21:00 , ама тоа оти има 3 дремки овде . Ми станува во 06 ипол, дремнува после појадокот , одиме на бањање , па пак спие . Ручаме и одиме во игротеката да се измори и пак е клупец до кај 17ч. И после тоа е ред за Велнес центарот , па вечера и тогаш го зема тета Весне да го изигра , а јас и маж да "одмориме". Ни го носи папсан, правам млеко и заспива секундарно . Абе мераци . Ми е криво што само 7 дена ќе сме , требаше и за дочекот да си испланираме овде . Ама па сакав и роденден да му направам . Па така одлучив ден покасно да му го обележам у Штип и утредента на 31ви да си ја земеме мајка со нас во Гевгелија и таму ние да си излезиме Лани на Бадник мајка ни беше гостинка , нели ми помагаше првите 3 недели , па во неа се падна паричката . Сега викам мора и оваа година да си пак кај нас, да си спремаш вечера Маж вика : ај да му кажам на тате да и ја намести парата пак на мајка ти. За и наредната година пак да дојде . И све така вика ќе и ја местиме Нека ми е жива и здрава само , нека ја служи здравје да ми помага вака Не знам друго што да кажам Аааа се пушти синко , дава по 7-8 чекори , седнува и сам ќе стане и ќе продолжи да оди . Валда се смета за проодено Ама после НГ ќе нарачам колачиња . Маж се смее , вели какви слатки ќе частиш за проодувањето коа син ти со очи нејќе да види кондура или патика Кабиљ е и без чорапи да шета Инаку атракција е во хотелот И секој , ама буквално секој не прашува : девојче е или момче ?! Си велам сигурно оти е многу личен па не можат да познаат дека е момче Или па оти претежно сме со розеви и виолетови цуцли Чат пат и жолта знае да убоде Да стокмам некоја инстант каша и да го будам лека полека . После, бањарките врз нас и идеме овде
Мајки како сте? Незнам дали прашањево е за тука..не најдов тема...откако се породив приметив зголемена мов по лицето...страшно...вака не сум била влакнеста до сега....негде прочитав дека ке исчезнат кога ке се средат хормоните. Дали кај некоја се случило ова? Дали ке се повлечат сами или да земам да депилирам?
Не чепкај по бременоста ќе се среди.На мене влакна се појавија на стомакот и тоа беа баш темни,и кога разговарав со гинекологот ми кажа дека по пораѓај ќе се среди и така иападна неколку месеци после пораѓај исчезнаа.
Isto i mene, cekajte me hahah, so carski sum i doktorot mi rece mora 2 godini da cekam inacee odma sega bi e pocnal vtoroto haha
Kaj mi se julskite mamickii? Mojata lepotica deneska si dobi prvo zabce i vikajte me budala ama na pocetok se raduvav i poslee da mi dojdit edna taga lelee… mi porasna bebuskataa …kolku brzo pomina vreme uste malku ke sme pola godinka..
Исто и јас имам како брада сакав да се депилирам, но сега читам тука да се почека ради хормони... Не знам многу грдо изгледа
Не знам дали е за тука прашањето ама морам да прашам... Млечна и гликолна киселина дозволени се за време на доење? Во бременоста користев само хијалуронска киселина, спф и хидратантна крема ама не можам веќе само со таа рутина, морам да додадам нешто
Некои денови сакам да исчезнам. Едно чистам друго бомбардираат. Спалната со пенкало. Не се брише. Сите лампиони од елка на спална, цела спална е со светки. Јајцата за појадок на под. Машината за перење сигурно замирисана со 24 часа мокри алишта во неа, а конечно ја исчистив со средство од дм, мијалникот пола полн, пола измив додека го ишкртале регалот в спална и дел од ѕидот. Толку. Не било многу. Ништо страшно. Само да најдам начин како се брише пенкалото. Скренав на ден 6 затворена градинка. Па и добро сум издржала 6 дена уау. Уште 13 преостанати. Од една страна убаво што се сакаат, тим се, од друга страна дупла беља прават. Ама се има во животот две страни. Ок.
Земи испрскај со алкохол и бриши. Нека отстои некоја секунда и бриши и по потреба шприцни уште еднаш.