Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    10.152
    Пол:
    Женски
    Среќна Нова мајки :beer:. Во 2023 ви посакувам се што ќе си посакате да ви се оствари:inlove:.
    Како сум се одморила овие 3 дена, мислам волку одморна не сум била од 2020та. На едни гости, на други гости, ништо не сум чепнала по дома. Ама заслужено, душа ми искочи последната недела на работа. Ко светот да завршува не годината. Паники на најјако, а утре пак на работа сме.
    Лани Нова година дочекавме тројцата во кревет со беба во раце. Од памет се вадеше од петарди и секако не спиеше уопште на 4 мес, ѕверка моја. Годинава ѕверка во кревет во 8, со маж до 2. 2 ракии, 3 вина, многу кифли и главоболка во 6 сабајле кога стана ќерка наспана :drunk:.
    Значи, како што расте се полесна е за чување. Да знаев дека вака ќе е на 16 мес, немаше толку да се жалам лани ова време во 4ти скок кога беше.
    Ќе ја паузирам од градинка 2 недели, сакам конечно МРП да и ставам, касниме 3 месеци. Ама ќе видиме, кашла буфта, ваљда до следна недела ќе се оправи.
    Преинтересна е. Апсолутно се разбира. Немирна е до бескрај ама ако. Спие, јаде, заслужува бељи да праи :D.
    Со маж зборевме и се согласивме, второ дете во блиска иднина никако. Се договоривме, за 4, 5 години да збориме ама некако не сме загреани уопште за второ. Си викаме доста ни е принцезава да ја разгалуваме ама ќе видиме.
    Гушки до сите, пуштам серија да се заокружи релакс викендов :hug:
     
    На MilaSs12, nevermet18, Alexandrite и 22 други им се допаѓа ова.
  2. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.824
    @Tea SK годинава ние бевме тоа што сте биле лани. Наредна година сакам бебето да ми спие како што спие вашето сега.
    Ама ај да не се ѓалам ноќва ме остави од 12ипол до 5ипол да поспијам. Се будеше и сам си заспиваше со главчето лево десно. Како да го поттикнам сам да си се презаспива така, а да не е остави го да плаче?
    Среќна нека е мајки! Многу повеќе сон, кафиња испиени на раат и минимално детско плачење.
     
    На Erika.greeneyes, MilaSs12, Alexandrite и 9 други им се допаѓа ова.
  3. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    3.195
    Мислам дека ти не можеш да го поттикнеш никако, за жал. Тоа си зависи само од бебето. Дај му време, ќе порасне, ќе смени и сонот. Ете веќе почнал да менува, да се учи сам да презаспива. Единствено што можеш да направиш е да ги прилагодиш условите во кои спиете: температура на собата, како е облечен, како е покриен, дали има светло во собата итн.

    Моето бебе имаше бајаги долг период кога си врзуваше дури и по 9 часа сон. Ќе се разбудеше среде ноќ, или со главчето си мрдкаше или палчето си го цицаше и си заспиваше сама.
    Еве ја сега откако почна 4ти скок или регресијата повеќе од 4 часа тешко да сврзе. Некогаш се буди на пола час, на час, на два часа....секоја ноќ различно, не можам нзс да и најдам. Ама ќе се стабилизира, тоа е. Пред неколку ноќи заспав додека ја доев во седната положба...па оттогаш ја земам на спална со мене да спие. Страв ми е да не ми падне од раце. Вака засега ми е побезбедно, маж си се пресели во дневна.

    Кога повторно ќе и се промени сонот ќе видиме, ама секако ќе се прилагодуваме. Прва прилика кога ќе сум способна повторно ќе ја легнувам во креветче. Во секој случај читав дека 2/3 од бебињата до возраст од 6 месеци успеваат редовно да врзат 8 часа сон, па има надеж ;)
     
    На MilaSs12, Alexandrite, hello-kitty.90 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.824
    @see.emily.play ај нашите две да сврзуваат, а тоа некое трето дете нека не научи да презаспива :D
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.961
    Допаѓања:
    13.679
    Да се пожалам и јас. Почна да се буди на саат, четвриот скок по книга е поминат, но сега е бетер. Во скокот барем првото спиење беше мирно и подолго.
     
  6. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    3.195
    Теоретски и кај нас е поминат, ама во пракса не ми изгледа така :yawn:
     
  7. Ljubovka8

    Ljubovka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.Дали некоја од вас знае како се вади лој од гуска,имам гуски но незнам како да извадам и што се прави потоа?Знам дека лек не се кажува но ми треба за бебе
     
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.295
    Допаѓања:
    37.190
    Пол:
    Женски
    Јавно се извинувам на мајката која денес беше во Тинекс кај Кулите со своето синче 5-6 години што не направив НИШТО!
    По интернет кружи ова
    Може тука е мајката во темава :D
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.374
    Допаѓања:
    108.062
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки! За прв пат овде како мајка на 2, предизвикувачки, признавам...

    Некоја од вас имаше пишано дека кога си дошла од болница големото и личело како нагло да пораснало, си мислев Е како да не, нема проблем... Жени мои, како детево 5г да е поголемо од кога заминав во болница, поправен (иако тоа е заслуга на баба му исклучиво), пораснат, абе косата му е порасната мислам дупло, ко да му е згусната, заострени... Многу ми недостигаше во болница, многу, дома сум збунета не знам како да се однесувам, не знам што да правам, како да постапувам, често се фаќам себеси како го заштитувам Бејби на сметка на тоа што ќе му речам нему Не! Немој! Па после ќе му објаснувам што сум мислела, дека не сум го карала туку мора да внимаваме на бебето дека е мало...

    Е Бејби ми е друга приказна, жени мои, јас сум опасно вљубена во ова бебе. Луда сум по него, ми доаѓа да го бакнувам и гушкам по цел ден, освен кога ми се инати за цицање :D Цицањето ни е вистински предизвик. Два дена ќе цица убаво, третиот веќе се понаша ко никогаш да не цицал 8-| Крај не можам да му фатам. Капак патронажната ми наби таков бед филм, ауууу, шише не, никако, истиот муабет како со баткото и за момент потпаднав под нејзиното, ама се свестив за кратко. Тоа е, не ми се гаѓаат деца што цицаат лесно, тоа е.

    Да ви посакам среќни новогодишни и божиќни празници, не знам дали ќе стигнам да пишам пак за Божиќ, данокот од две деца ме стигна :rofl: Добра ноќ, на почетокот ви пишав Добар ден, ама еве дојде ноќ :rofl:
     
    На Coco31, sani99, Oneo и 29 други им се допаѓа ова.
  10. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    5.348
    Среќна нова и од мене на сите, да сте живи, здрави и наспани :D

    еве ме и мене во темава пак, не можам да заспијам од стрес. имаме и за фалење на 2 ри конечно се пуштивме и проодевме, ама денес за малце ќе не чинеше заби тоа :sweat: оди како шатка некоја нестабилно, ја правам кафе во кујна и ја гледам додека се свртев да му кажам на маж ми да ја припази тресна директно на фаца на плочки, устата полна крв (facepalm) среќа не биле забите, само се каснала... она се исплаши, ја дупло (facepalm) на нова година ми падна од спална, трета среќа ... или сум јас лоша мајка или не знам . сите ми рекоа така растат деца, знам ама кога ја видов така со устата полна крв абе живот ми се скрати ;(
    на друга тема, три недели не идеме во градинка со три дози антибиотик конечно се оправивме, од понеделник планирам да ја пуштам веќе нема дефинитивно кој да чува, и тоа сеа ми предизвикува стрес од страв дека пак ќе закачи нешто, последниве месец дена глава не можеме да кренеме ...
    вие поискусни мајки кажете уште колку ќе ми треснува дур прооди стабилно, дали ќе ми обеле коса уште сега ? :rofl:
     
    На Coco31, sani99, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.842
    Пол:
    Женски
    Уф, не знам кога завршува искрено,;( деца паѓаат и често има крв ама мене многу ми доаѓа тоа. Срце ме фаќа некој ако паѓа или падне.
    И јас имав исти предизвици со батко, беше нестабилен и сите (читај бабите што го чуваа) го штитеа да не падне оти кога паѓаше сѐ беше драматично со џумки и крвишта. Ниедна баба не сака да биде дел од таква хорор сцена.
    А уствари требало да го носиме почесто на игралишта и да го храбриме да се зацврстува. Тоа ми е план за второво ]:)
     
    На MilaSs12, Mom's_life, Anaroz1 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    5.242
    Пол:
    Женски
    За паѓањево не се секирај, ќе се ојача. дома бришан простор направи, тргај столици, маси, заштити ќошиња и остави ја.
    битно е да знае да ги користи рацете кога паѓа. Обично децата што лазат, знаат како да паднат со рацете напред,...ма да не мора да значи де.
     
    На MilaSs12, Jordanovska-K, Mom's_life и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.194
    Допаѓања:
    5.746
    Пол:
    Женски
    Ќе научи да паѓа со тек на време. Само тргни дома се што имаш со остри ивици или обезбеди ги.
    Инаку и моето само што беше проодено, трча во парк и се пружи на патеката. Станување устата полна крв. Јас останав смирена, го проверив дали е нешто скршено или само грицната устата и го исчистив.
    Свекрвата беше со мене тогаш и дигна паника левел 10000. Дали дете да смирувам, дали неа. (facepalm)
    Сега поретко паѓа, а кога ќе падне се задржува на раце, станува, се чука од искашканото и продолжува со беснеење. :D
     
    На Greenturtle, IRBBB, Coco31 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.274
    Пол:
    Женски
    Опушти се мајка. Ако ти кажам дека моето дете повеќе од 10 пати има треснато на глава, и два пати сигурно имаше потрес добиено, и тоа беше стабилен со одењето, само несреќен случај ете. И сега кога ќе помислам на тоа се ежам, ама ете, така растат децата. Не можеме постојано да ги штитиме, мора да се научат да внимаваат и да знаат како паѓаат.
    Првиот пат падна на улица, сакајќи да пуцне топка, ја настапи и се тресна на глава. (facepalm)
    Друг пат скокајќи се удри од спална на челото, му помодре главата. :headbang:
    Потоа се затрча на бришан под, без чорапи, му клизнаа нозете (како на том и Џери) не можеше да се задржи и тресна на глава ( звукот беше како да пукнала лубеница).:x
    Последниот пат беше најлошо, јас пред пораѓај, срцето ми застана, до него Стоев, и не успеав да го задржам. Сакајќи да му покаже нешто на татко му, застана на работ од креветот, направи салто во воздух, се удри прво со главата, и потоа тресна на под. :worried:
    И совет до сите како мене ако не сте знаеле, оти јас и не знаев што може да му биде од едно паѓање. Половина час по падот не им давајте да заспијат. И ако поврати, однесете го на лекар. Или ако лежи на земја.
    Ние не знаевме, ама детето по ударот, кога е силен зборувам, најчесто лежи на земја, не станува да трча и да игра.
    И така тој се удри, татко му утредента го носи во градинка, јас го земав, и се качува дете по скали на сите четири:rofl:.
    Да се смеам или да плачам не знам. Ама еве сега е поголем 3,5г и мислам дека внимава малку повеќе, или ако му кажам не оди таму ќе ме послуша.
    Без паники, во секој случај најдобро е да останете смирени, затоа што детето ја гледа вашата реакција.
    И за почеток обезбедете се барем со некоја игрална, каде ќе можеш да ја оставиш за да отидеш до вц .
    Лесни чекорчиња и помалку паѓање.:hug:
     
    На Greenturtle, IRBBB, Coco31 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    5.348
    @Anaksunamoon @brm_brm @Tiny Love @Mother of 2boys фала ви, златни сте :hug:

    @Mother of 2boys морам да признаам малце ме насмеа со постот, особено со том и џери и одењето со сите 4 по скали :rofl:

    очигледно маж ми е во право, дури ми се развика вчера дека допрва ќе паѓала и треба да ја оставиме да се научи како да паѓа :?: а јас сум си паничар по природа и стварно не сакам ништо да и биде (facepalm)

    @brm_brm иначе она долго време лазеше пред да се пушти и не и е прв пат да падне, обично става раце, додуша и вчера стави раце ама некако касно мислев дека ќе направи колут напред (facepalm)

    очигледно назад е зимата за мене :rofl:
     
    На MilaSs12, Anturium, Anaksunamoon и 3 други им се допаѓа ова.
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.661
    Допаѓања:
    37.392
    Пол:
    Женски
    Среќни празници и од мене. Со коса немиена, веѓи сраснати. Или јас не знам да се организирам, или навистина времево ме гази. Камо денов да траеше уште бар неколку часа. На праг најубавите празници, многу ги сакам.
    Денес ако успеам да зачистам куќа, вечер ќе правам палачинки за утре за паричката. Ако дозволат услови де :)
    За паѓањето, големово дете ми беше мрза, тромав, остави го на едно место нема да мрдне ни чекорче. Прооди на 14 месеци, ама секое паѓање беше директ на глава. Не знаеше поинаку. И сега еве го 8год ист е. Цел ден може да лежи и ништо да не прави :). Кога паѓа мислиш земјотрес има, нема задржување, нит со раце нит со ништо, плеснува како плескавица.
    Малово положи за дубалка, сеуште не лази, пробува да се исправа. Не знам како ќе биде со него.
    Нормално дека е стресно, секое паѓање е кратење на неколку минути од животот на мајката ама и тоа е дел од животниот процес. Ех кога ќе почнат сами да излегуваат ќе си речете Господе ставај рака на него кога веќе не сме ние до него.
    Ви посакувам убави празници.
     
    На IRBBB, Coco31, azelea и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.637
    Допаѓања:
    174.950
    Пол:
    Женски
    Да пријавам и јас прва џумка на глава (highfive)
    Моево прооде пред недела дена, денес веќе трча. Татко ми Не ми веруваше , па јас земав да го снимам. И детево коа го виде телефонот мој во раце (скоро никогаш не седам со телефонот пред него) коа се стрча накај мене ... Па коа се репна од рачката на фотељата ...па коа помодре челото ...па коа списка мм:)
    Лелееееее.. детево си продолжи да си трчка , веселко си беше , само џумката се гледаше ...ама татко му сеуште "плаче".
    Боже мили , срам ме е да кажам дека ми предложи да му ја снимаме главата |((facepalm)
    Викам ако може на секое паѓање да му правиме томографија е*а си мајката.
    Па следеше еден долг говор од маж - Буби пази го појќе , варди го , дај да ја тргнеме фотељата , дај да ја извадиме комодата оти има ќошиња , дај завесата да ја извадиме оти се мота со неа ...(facepalm)
    Викам и лустерот да го тргнеме оти недај боже можно е да му падне врз глава .
    Еј да вика , плус многу е тежок Тај лустер , ќе го испосече ако тресне врз него :)
    Абе бог да чува е вај мој маж .
    Имам среќа што детево некако ни се "погоди" со јак имунитет и пупу ни се нема разбоелно.
    Да беше болежливо кој знае што ќе правеше вај наш доктор :)

    Чекам да стане синко и ќе излегувам.
    Ќе одам на фризер :makeup: и уз пат да купам некое поклонче за Божиќ , само за неа и за синко ќе земам .
    Маж нејќел ништо а и немал време да се замара на мене што да ми купел, да сум си купила јас што си сакам .
    Е нејќум ни јас викам .

    Одвај чекам да се стемни и да се раздени де :)
    Сабајле рано синко во кола и на 7 места ќе идеме на Коледе .
    И маж се радува :)
    На 7 места ќе можел да се напие по пола чаша узенце без да му преговарам:D

    Мајка ќе ја спрема трпезата , запнала да му ја намести на Славен паричката .
    Аааа не може така реков .
    Чија среќа е тој ќе си ја добие .
    Лани кај неа се падна , можда па и годинава ќе е нејзина пак :)

    Имајте убава коледарска ноќ мајки и дечиња мечиња (heidy)(heidy)(heidy)
     
    На zverkica, IRBBB, Coco31 и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Хахаха еве сум. Не ти изгледа џиновска главата на големиот? :D
     
    На IRBBB, Anaksunamoon, MilaSs12 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.661
    Допаѓања:
    37.392
    Пол:
    Женски
    Маж помисли и дури да не има некој проблем што толку ,,нагло,, му порснала главата, и ушите :D
    Сега веќе имаме голем дечко дома, кој верувам за брзо ќе влезе во ран пубертет, по однесувањево и понашањево. Љубомората е на највисок левел, иако тоа не го покажува.
    И криво ми е, не знам како да му објаснам дека љубовта наша спрема него е иста како пред да се роди брат му.

    Убав ден денес, коледарчиња дојдоа со песна на врата. Одамна немаше затропано ваква мелодија на врата. Нека трае!
    Уште купатило да исчистам и да почнам да спремам Бадникова трпеза.
    Среќни празници на сите
     
    На IRBBB, Coco31, sani99 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    4.086
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :hai:

    Денов полн со емоции. :inlove:
    Колку што Нова Година не ми значи ништо толку многу го сакам Бадник и Божиќ.
    Сум заспала убаво сабајлево и се сепнав во сред сон, си викам ќе се успијам нема коледарчињата да ги слушнам. Гледам саатот 7:30 уште нигде никој. Станав се средив, ги прередив уште еднаш пакетчињата за коледарите и чекам. Возбуда ме фати како кога јас бев дете и одевме со другарките на Коледе. Сегде по некоја мандарина, костенче и ситно париче ќе добиевме, измрзнати, а пресреќни. И додека си евоцирав спомени ги слушам првите коледари почнаа да пеат. Па кога ми дојде една плачка од убавини. Си викам ајде не се будали, враќај назад солзите, срамота е децата ќе ги уплашиш. Си честитавме празник си помуабетивме и ги испратив со мисла колку брзо се менуваат улогите. :)
    Уште неколку тури коледарчиња поминаа и како што е ред, синко на Коледе кај бабите. Па и таму емоции на тон. Прво внуче на Коледе им доаѓа, не се знае кој повеќе се топи, а дете појма нема што се случува. :D

    Да почнам со спремање дур дете дремка, па да кршиме лепче вечер, кој ќе биде среќлија годинава да видиме. :)

    Ве поздравувам и ви посакувам најубаво да си ги поминете овие празнични денови :l:
     
    На dayla, IRBBB, Coco31 и 13 други им се допаѓа ова.