Ова со емоцииве исто како мене…само идев до прозор штом слушнат дека пеат негде и чекам. Носталгија ме фати за времето кога ние идевме. Се изнаплакав ама ми се наполни душава ( иако три пати од јадење станав , ич не ми е мака)
Христос се роди мајки и дечиња Да сме живи и здрави и од убавини да не куртулиме Многу ги сакам Бадник и Божиќ , овие празници ми се дефинитивно најубави Прво да се пофалам , паричката се падна во мене Свекор ми коа виде се пружи да ми го земе лепчето за да го дал на синко На мене не ми текнувало па он морал да интервенира . Ај дип убав ден беше вчера па не сакав да бидам дрска и безобразна па само се насмеав и реков - Нееее дедо Славен не сака да ја земе среќичката на мама, мама посекако цел свет на дланка ќе му го подари Се намршти дедото малку ,ама мајка ми ме мушна под маса да си измолчам, па успеав да се воздржам Вчера бевме на Коледе дури во десетина куќи Што пакетчиња и поклончиња домкнавме . Како мало дете се радував на секое шејче , а синко збунет збунет , не знаеше детето што го е снашло Го доби и тој мачорот што повторува прво му се плашеше ама утрово ептен го заигра . Сконта дека ако го фати за образите мјаука па пола саат го галеше и му се смееше Мајка ми ќе е овде уште утре и готово , си оди Се навикнав ептен со неа , многу убаво ми дојде што си поседа волку време . Си спиевме заедно , јас она и синко . Маж пресреќен па оти се изнаспал сам за сите пари . Он ужива да спие сам во топло , па си зазема позиција во библиотеката и по цел ден климата на 29 му буфташе, јас не знам како не се угуши човекот во толку топло Жал ми е , ама од понеделник ќе мора да спие во мразалникот , така ја вика спалната ( оти таму од 20° не давам повисока Т). Чекам да стане детето па маж ќе не водел на кафе и палачинки , т.е јас да сум ги носела за да честам за паричката . Имајте убав ден мајкички Гушкајте малишаните За многу години Божиќ Амин
Христос се роди Прва година сме сами јас и мм за божик плус и бебчето наше. Послушен беше па мама и тато средија се. Бебче ми расти 4 месеци е бута се во уста, се смее, испушта чудни звуци и полош станува уште да сака на стомак да лежи и се ќе е ок. Е сега негативното мама се отепа јадејќи сарми, грав, баница со праз па бебе цела вечер ми плачеше и виеше од грчеви. Ете не ми текна дека може да има грчеви. Имајте убав празничен ден
Леле јас колку сакам сарма и гравче бадникарско, си ги гледав и си плачев. Од баницата ништо не му е, празот напротив добро делува за млекото, ама зелката и гравот... јадев компир салата, макало со праз и компир и риба. Јбг, тоа е. ... и некако со коцкеста глава Абе дете мислиш тинејџер Христос се роди! Навистина се роди! Мир Божји! За многу години! Празници најубави, период најубав, некако се е магично иако секогаш има некој да ја расипе магијата, таа една црна овца во фамилијата, а секоја фамилија ја има мислам. Ама ова мало човече од неполни 3кг, баткото најразумен и најпаметен на свет (и да постои љубомора досега успешно ја крие) заедно со таткото кој и покрај тоа што има многу мани од него ја вади секоја емоција кон нас деновиве и во него гледам еден сосема нов човек, ми ги прават овие празници уште помагични. И кај мене како кај Бупка мајка е на помош... мораше инцидентно да замине на 2 дена и страшно ми фали, кога е тука животот е полесен, и со мм дома и со дете и домаќинство, така ми се најде овие пар дена, уф ми беше ептен лесно. Но морам да признаам дека и моите хормони лудуваат па често знам да и префрлам нешто што збори, што кажува, што ќе извади муабет од пред 100год како се гледале деца, па ќе ми се налути како мало бебе, ама мајка е мајка, ќе се одлути и ќе помине се. Често знае да ми каже, а на свекрва ти дали ќе и кажеше вака... Не разбира дека свекрва ми е едно, она е друго, не е исто, душа ме боли што не се чува и нејзе и менталното здравје нејзино. Се што сум и пререкла е за нејзино добро, Господ ми е сведок дека е така, ама не разбира, она мисли дека инат водам само. Тоа е, мајки, они секогаш ќе мислат дека сме деца сеуште. Постпартум сеуште немам апетит, и тоа е супер, се надевам ќе ме држи. Си мислев дека сега ќе ги нападнам пакетчињата на детето, ама не е така, едвај нешто да штрбнам, некое ситно чоколатце, немам желба за повеќе. А течности пијам многу, и желба имам и ми бара душата, и затоа млеко имам колку сакаш. Пијам сок домашен разреден, чај и вода. И по некое кафенце тука и таму. Толку беше од мене, ме вика малото, а таман мислев ќе се средам на раат, баба го чува, ама станал па ќе мора да продолжи цицањето за да не се разбуди за 1 саат да бара пак. Добра ноќ!
Добро утро од мене. Долго не сум пишала во темава, тек тук ретко во некои други теми. Прво да честитам празници, божиќни новогодишни, па сега и сите наредни што идат (таков е месецов). Од утре сум на работа. Имавме 2 недели колективен одмор ама толку сум одморила толку сум се залежала што ќе заборавев дека сум вработена инаку во овие 16 дена седење дома сум 6кг поправена ама ајде нема везе таков месецот празници ова она па има време ќе ослабам децата луѓенца кога ги гледам се чудам кога ми пораснале. Големиот за 2 месеци ќе полни 10г. Големо момче е веќе. Си викам зошто ли растат? Малото веќе брбла ко голем човек а 3ипол има, ѓоа паметен е, а и многу лесно можеме да се разбереме. Колку се караат меѓу себе тоа чудо нешто ама на крај пак си искажуваат љубов. нема ништо поубаво од дечиња во домот.
Добар ден мајки. Среќна нова година, честит Божиќ, само здравје ви посакувам на вас и вашите фамилии. Другото ќе си се нареди. Морам да напишам дека желба за наредната година ми е второ. Дај Боже, ќе се стегнеме малце со исхрана периодов и здрав живот, да го стопиме салото па за некој месец ќе "работиме на случајот" Животна желба ми е три деца да имам, но ќе видиме. Турбулентен период ни беше, прво малото болно, па јас, ама еве сме сега подобрени. Ќе почнуваме до адаптација во градинка, уф ептен ме плаши помислата некако. А и да, 2023 веројатно ќе биде годината кога интензивно ќе се спремаме за аут од државата. 5 години веќе наоѓаме изговори ама ако не сега, нема кога, за малото. Држете ни среќа. Моето маже веќе е големо маже. Мене периодов ме фатија хормоните 13 месеци откако се породив Го гледам како патка со рачињата нагоре и само солзи голтам. Секоја втора вечер гледам слики кога беше бебе. Емотивка мама Празнициве не дочека убаво време, се надевам пост празнично дека ќе е исто. Уживајте мајки!
@Skyler @AngelOfArh ме изнасмеавте со главата на баткото мене тоа ми беше единствено прашање првиот ден кога се вратив дома од болница со второто дете: Што му е на детево главата вака потечна? Да не се бумнал негде? Не ми се верува како е можна таква нова перспектива на сопственото дете, само за неколку дена. А тоа со љубомората е толку заплеткано и комплицирано, ни Фројд не би можел да одмота. Затоа па бебе од една година веќе покажува емоции интензивно, кога ќе нѐ види очите ѝ светат, дека големи и црни одма се познава среќа. Посебно бато кога ќе го здогледа, ама знае и да го скубне и се бори со него, посебно ако се гушкаме јас и он, она да биде во средината. Па ќе му ја заврти пелената и со газе го бутка. Многу е лутка, ако ѝ кажеме само Не таму/тоа, одма ги симнува рамениците фаца и почнува да плаче. Мене ми е урнебесно смешна, ама се контролирам колку/толку па објаснувам и пренасочувам. А бељаџика е невидена, сегде сака да се бутне и пипне, не знам како ќе биде кога ќе почне да оди. Мајка ми вика ќе треба да го врзувате детево за ногарка од маса кога ќе биде самостојна Ќе тргне со сѐ маса тоа, како е упорно да добие тоа што сака уште сега. Не знам дали е карактеристика на второ дете или такво е, Господ на помош.
Бебе по само една недела од вирус, ноќеска пак со тт 38. - 38.5. Се молам да се заби во прашање овој пат, не сакам да помислам дека повторно го закачивме овој лош вирус. А ни за Коледе појдовме негде, ни за Н.Г. Едино вчера до село, ама кога имаше сонце. Немам сили веќе, уште повеќе ми е жал за него. Големиот го испративме кај мајка ми, ама не е нешто воодушевен. Денес маж дома, имам и муабет и помош и се. Утре сама цел ден, се плашам како ќе поминеме со бебе. Се молам да помине оваа досадна тт. Ептен негативност пуштив, ама морав да се издувам некаде.
Еееее и јас конечно да видам како е да имаш бебе... Ова наплаќа и за бато што беше мирен. Ми се темни колку сум денес уморна, цел ден ми е во раце, и врв на се тетка ми ми вика Па си го научила на раце... Е арно ако не нека вришти битно ќе лежи сам. За воља на вистината вришти од мака, го боли мешето, го избањавме со потопла водичка и се смири, заспа дури и нецицан, нека се нацица ќе легнам главеечки со него мислам. Секоја вечер имам трка со времето нешто да направам и на крај не стигам да завршам се и останува време за спиење само 3 саата до станување. А не сакам да оставам шише на мајка да отспијам бар една ноќ јас, нема шанси да спијам мирно. Дур се навикнам, после полесно ќе биде.
Капки за грчеви те прочитав дека даваш, да пробаш со термофорче на мешето да му ставаш. Кај мојата многу и помага кога спие на меше. Тогаш и најмирно спие. Ќебенце и постелувам под неа. Е сега некој ќе каже не е безбедно, постои можност од задушување, но и при најмало мрдење ја осеѓам, плус и до мене спие, креветчето е спиено до спалната. Главата сама си ја врти убаво. Можеш денски кога спие да пробаш така да го ставиш дали ќе има подобрување ем ќе го надгледуваш.
Ти кажував дека ако првите се мирни, наплаќаат вторите, контрадикторна беше Првото бубалка, дете од книга, второво живец, не застанува. П.С Месец издржи со неспиење, држење во раце и него му треба време да се прилагоди. Јас би те советувала да не ,, навикнуваш,,со шише, бар првите месеци. Те прочитав дека веќе сте активни цицачи, нека продолжи така. А да, и ова, ноќното доење е многу битно првите месеци. Зомби ќе си бидеме, ама не си сама, знаеш
Ретко читам овде од немање време ама прво влегување и гледам за главата на големите деца сте пишувале значи не е можно исто кај сите, јас и на интернет барав што може да е значи не ми се веруваше колку различно ми изгледа детето по само 5 дена. Мислам од споредба на мало бебешко главче и главче на големо дете и ни се менува перцепцијата некако, мене цел ми беше чуден и во вилицата и во ушите, го споредував со врсниците од училиште да не му е поголема главата ме потсетивте сега се изнасмеав. Среќни празници мајки, здрави живи дечињата на сите, помалку настинки и вируси во новава година и повеќе бебиња.
Хелоу девојки, За многу години празникот! Убави денови пројдовме, бегавме по планиниве секој втор ден, бркајќи сонце и чист воздух. Многу планови за следната недела, порачавме торта вчера, резервиравме игротека 5 мин до 12 што би се рекло едвај иии денес сипаници од нигде -никаде . Сега чекам и син да се исфрли.. Планови и деца, тоа е.. * * * Ова останало од вчера, ве читам за главата, мислев само мене ми се деси тоа , кога се породив втор пат, после 5 дена во болница, враќање дома и одма детулето ми порасна нагло. Дури и мислев дека седела со мм и свекрва тие денови па и дале само благо па здебелена е, ги исфрлив сите грицки и чоколатца, во една постпартум -хормонал -рејџ епизода (немаше врска бтв едното со другото ама ајт).. Колку интересно ми е што, сите мајки горе доле низ истото проаѓаме, убаво што можеме да читаме тука па фјухх не сме сами, единствени.. И за бебињата, и кај мене, првото бебе беше вао, вриштење, плачење .. мислам дека тек сега се смири (5 години покасно ), додека второто тотална спротивност, дај му да цица/пие, чиста пелена и зен е, мислев до полот е, ама нема врска, мали карактери се уште од утроба
На меше не можам топло да ставам, не е паднато папочето. А и да е, не можам да го ставам на стомак, не ми е безбедно.
Poveke pazenje treba,ova ne se smeski,i mene mi pagalo prvoto poveke,ama vtorovo ne,barem ne za proooduvanje i lizganje niz parket.Se imam trgnato od vidik,maloto masice, stolici,sitnici ,stekeri posebno pazev i na gosti koga odev gi nosev so mene.Toa strujata horor mi bese ,znam deka site sakaat da brckaat prstinja,i ne go plasev so nisto dodeka ne sfati deka ova e opasno.Vo igroteka isto sum videla stekeri nepokrieni,i odma go trgam od tamu.
Како ќе го пазиш цело време? Нас ова сето ни се случи после 2 години, стабилен беше тој. И не знаев и јас дека паѓање може да биде така опасно. Дури се мислам да порасне малку и да го снимам на глава.
И јас мислев дека завршивме со паѓањето ама не. Додека проодуваше не паѓаше толку, до душа најјаките паѓања биле спиејќи од спална. Сега е цел модрици, главата не памтам кога последно му била без рогови. А и јас сакав да му ја снимаат главата ама знам дека ниеден доктор нема да дозволи без некој симптом ама имаше едно јако паѓање на 8 месеци и му остана испакнатина на горниот дел од челото. Мислам дека шавот на черепот го има погодено и затоа така остана. Ниеден доктор не ми потврди дека ќе се повлече, најверојатно ќе остане така. Многу ми е криво за тоа, не се познава од косата ама јас го памтам и го удрив маж ми тогаш од бес зашто негова задача беше да го пази. Да не можеш да се истушираш на раат.
Да не ве плашам, ама на сестра ми едната страна од челото и остана испакнато од што како мала ,,била многу мирна”. Се додека нема други реакции и недај боже последици нека рокчињата бидат најлошото.
Очекувам и јас да му остане еве 2 год поминаа и така си стои. Кога е кратко шишан се познава ама не е страшно, битно да е во ред, нека е жив и здрав. Криво ми е ама не е крај на свет. Таман да си види колку бил мирен