Добар ден мами Ќе правиме крштевка за малата и ми треба идеа за поклон на кумовите. Притоа да нагласам дека немаат деца и не живеат во Мк(некој голем предмет или слично неможат да си земат) Секоја идеа е добродојдена
Monkdolls. Ваучер за патување во странство, или пак да организираш заедничко патување додека се тука, заедно дс одите да прошетате неколку дена и да ги покриеш трошоците.
Шо прајте мајки како сте? Ја еве дете во една рака ,кафе у друга па да ве читнам. Туку ,дајте чаре или совет. Секој ден ,али секој имам главоболки. Од царскиот помина еден месец. Ке збудалам...од што може толку да ме боли и дали ви се случило?
И јас ќе ти речев вода. Хидрирај, многу често од тоа ме боли глава, ако не сум пиела вода. И некој б6, магнезиум ако не пиеш, земај си. Ако мислиш дека е од анестезијата од царски тогаш ќе те боли само кога ќе станеш, кога лежиш не. И ќе те боли нон стоп, а не некои денови или периоди. Јас се надевам ќе успам да читнам нешто од книгава. Маж си излезе на пијачка, дете спие, колку толку куќа средена, до кај 10-10 ипол имам фора за себе, после ми почнува смена.
Како шо и кажале на очно на една другарка "имаш дете, не спиеш како шо треба, може од се да те боли" Може од недостаток на сон, на течности, од нередовна исхрана... Ќерка од денес се враќа назад во креветче. Дали ќе остане таму цела ноќ, живи били па видели Јас серија и вино на репертоар Убава и мирна ноќ мајки
Јас секој ден гледам електролити да пијам.. и јас не пијам мн мн вода, и во бременост и сега си пијам за рехидрација.
Бебе денес подобро и со спиење и со јадење. А поради тоа и расположено за игра и смеење. Јас кеефна, со книга во рака. Да ѕирнам фемина на кратко и ќе читам Од утре почнувам со режим, морам да ослабам малце мноогу свадби ме чекат. За почеток планирам само пешачење, мош и пилатес 1-2 неделно ако 4ти скок нема друг план смислено. Го гледам од страна како ми се смешка зајадливо И тоа е мајки да ве поздравам и да ви посакам добра ноќ
јас за првото дете ко ми го крстеа купив микробранова, секако претходно ги прашав, тогаш немаа деца. А ко правевме крштевка за второво немав време да шетам и да спремам кога ги прашував велеа остај нема потреба доволно е ручекот па на ќерка им купив едно комплетче облека а нив им дадовме пари. да е од анестезијата не верувам зашто веќе како што викаш има поминато месец дена. Во моментов и јас имам главоболки а и многу познаници околу мене и на работа колешки се жалат периодов па најдобро да видиш на лекар. Мене ми помага магнезиум и електролити ми препорачаа по една кесичка на ден ама ефектот од нив е минимален. Добар ден од мене. Најдов малку време да испијам кафе малку подолго од вообичаено и да видам што има тука. После ќе се спремам за на работа. Добро ќе ми дојде што неделава само до среда работиме после сме слободни. Нели четврток неработен па петок го "одработивме" завчера за да може да поврземе. Да се пожалам женски ама за 2 недели колку што бевме на колективен одмор за нова година јас качив 6 кг сега сум во потрага по корсет (нешто што никад не сум користела ни па мислев дека ќе го користам). Ми се чини стомаков горе кај желудникот ми се прошири од дебелштина. се активира малку повеќе физички ама ... Да се стегнам малку после пораѓаите не бев вака дебела и во бременосите немав олку килажа.
Добар ден Кој е за кафе? Некогаш тооолку многу имам да пишувам, ама се нервирам, секогаш оставам на пола дека некоја од моиве две госпоѓици ќе ме прекине.. и баталувам. @Anturium на колку месеци е 4ти скок? Бебево мое дека е предвреме родено, сега сме во 4ти скок, 4ипол месеци има.. се што пиша ти, исто е. Освен што спие навечер, среќа ! За поголемкава ептен загрижена сум периодов. Имаше 4 заби за вадење.. 2 извади ,уште 2 остануваат од кои на едниот при удар и се скрши непцето и се расече и остана само коренот.. поим немам како ќе го извадат.. Многуу згрешив што кога ја одбив од доење и понудив шише со сок. И ете резултатот.. Жал ми е, 2ипол години.. Со второво нема шанса ваква грешка да направам. На поведрата страна мојата нејадачка пред 3 недели, сама прекина да пие сок од шише и почна убаво да јаде, од нејадач најголем, сега веќе уста лапчка. Доручек, ручек, вечера.. а измеѓу цело време нешто грицка . И конечно двете заспаа во исто време во дневна, сега не знам што да правам, како да се понашам Имајте убав ден мајки
Викаат денес бил најдепресивен ден.... Затоа елка не ми се прибира мене. А не можам веќе да ја гледам. И сношти завршивме со гости. Кумот дојде да си го види крштеничето. Не сме многу блиски, и тоа е до некаде наша вина, тие се поконзервативни луѓе, мирни, не се мешаат многу со луѓе, па гледањето ни се сведува на еднаш годишно. И повторно имам за средување еден куп чинии, чаши и др. Битно се измиени . Спомна некоја членка дека сега била подебела и од кога била бремена. Еве ме, страшна сум. Уплатив кај Ана, ама поради здравствени причини прекинав. Од денес се ставам на режим, ме строго и ригорозно, но имам многу добро искуство со ун, па ќе пробам да применам нешто. Имав и многу отоци, добив дури по 9 месеци од пораѓај, хормони лудуваат, за стрес веќе не ни кажувам, домаќин ми е ...Се насобра се, ама мора еднаш да ставам точка. Се надевам на успех, при секоја помисла на благо, пијам чаша вода @AngelOfArh ја нема, бевте ли на контрола?
На 3 месеци, ама по термин кај тебе таман сега се поклопува. Некни спиеше и мојот дури се изненадив, синоќа пак на секој саат станување со плачење Немам сила веќе
Забележав дека стариве по дифолт си велат "си ја научила _____". Не дека мислат пред да кажат нешто. Мислам дека дури и нешто што знаеле порано за растење деца заборавиле, ама којзнае некоја чудна потреба да се даде коментар-критика, било што, макар и глупост да треснат. Безброј коментари дека ќе ја или сум ја научила во раце (баш напротив, повеќето време е на под си играме, ама не планирам да објаснувам нели), дури и неколку комшии ми замерија дека "сум ја научила" да спие во количка. Ех овие младиве... Уз муабет мм спомна дека тој ја заспива честопати за дневни дремки, дури и на тоа добивме коментар "да не ја учиме така мм да ја заспива", а зошто, ни самите не знаат. Се кладам дека по дифолт си прават сите муабет, а кога се бебиња во прашање секогаш е "си ја научила"/"не ја учи", секогаш од луѓе тотално неписмени за гледање бебиња (а такви има и што пораснале неколку, за жал... Ќе си речиш нешто практично ќе ти кажат - не! Секогаш е набивање комплекси) Да порасне ќере ќе видиме со дете како ќе еволуираат дифолтните коментари. Со единствена разлика што на почеток ме допираа дури не знаев кај терам, сега мува не ме лази Едит: исто јаки ми се самоуверени тетки што пуштаат раце без да ме прашаат дали може да ја земат, скоро како да ми ја грабнале од раце. Им ја давам без проблем и бројам 5-4-3-2-1 , почнува девојчето да прета, да се буни, некогаш директно плачките. Си ја земам, се смирува, тие стојат зачудени, мало увреџени па треба да им објаснам дека е сосема нормално и очекувано од бебе да плаче кај непознати. Ама да, јас не сум ја научила со луѓе , а нив мајките не ги научиле на основна култура.
Исто свеки ми вика не знам јас да бришам газ на бебе не знам на моите кој им бришел, изгледа свекрвата. Се вика не знам ова не знам она, може намерно за да не и го оставам на подолго чување. Се чудам како израснала 2 деца стварно а не била многу млада, ги родила на 30 и нешто години во 80тите. Ама битно за се што правам има коментар
Скоро сите свекрви се такви, за сè имаат коментар и тие сè знаат, ние ништо. Аааа ќе заборавев, и денешните доктори ништо не знаеле