Не е рано јас добив точно после 30 дена и еве веќе 5 месеци си добивам редовно. Не ме поштеди барем уште некој месец да заштедев на влошки
Тоа е. И јас добив некој ден по 40те дена. И тоа што крварење бешее, 3 пакетки влошки трошев за еден ден. Сега се нормализира
Dobro utro majki. Nazdravje kafence. Jas imam Eden problem. Meesec I pol posle carski ,navecer se potam ,ali premnogu. Mokra sum cela. Se presoblakam po 3 oati. Ama samo navecer se slucuva ova. Veke sum zagrizena. Ne ja dojam malata mleko imam mnogu malku,ama da napomenam deka pijam antidepresivi. Od sto moze da e?
Кај сите се случува истото после породување, додека да се стабилизираат хормоните. Мислам дека до кај трет-четврт месец после породување трае. Барем кај мене така беше и со двете.
Нормално е ноќното потење после породување. Јас спиев само по долна маичка и пак се пресоблекував по неколку пати. Исто и косата ми беше мокра. Мислам дека се стабилизираше после 2-3 месеци.
И се потам и смрдам, бар јас на себе си смрдат маж ми вика не претерувај. Хормони, нормално е. И млеко сепак имаш, затоа и се потиш. Ако имаш млеко и макар малку мој совет да го сопреш скроз, носи тесни градници, ставај зелки и пиј чаеви што сопруваат лактација.
Ова со смрдењето ми е крај! Двапати со царски, двапати истиот мирис. На супа мислам дека е од анестезија/лекови/хормони и триста природни промени во телото ама ништо не го ништи. Додуша јас не ни ставав антиперспирант дека доев и не сакав да тропам мириси и хемикалии близу до кујната на бебе, ама и кога ќе се истуширав и ставев антиперспирант јас си го осеќав. А потењето друга приказна. На маичка во јануари и утоп ко на плажа. Ама среќа минува за два-три месеци а бебушките никогаш не се така мали како тој период, дури и од сегашна гледна точка ми фали тој период
Јас се бањам со неговото средство, за да не му мирисам и да се трга. Среќа е зима, што ќе правам во лето ако е исто вака не знам.
Така е, штом се трудиме, љубопитни сме, правиме нешто. А ниту ние не сме со исто расположение секој ден. Тие профили што ми ги пиша, сум ги следела веќе. А бе странскиве профили подруги се, поголема мрежа имаат, и тие држат курсеви, да, ама и во објавите имаат совети позитивни. А од нашиве што следам само гледам што не треба да се прави, а што треба не кажуваат. Е тоа на курс ќе си го платиш. А бе ајде. И јас истото го мислам а и сум го читала. Дека и да се изнервираш, и да му викнеш, и да го плеснеш ќе бидне. Ама побитно е да не го оставаш после тоа самото да се справува и со неговиот ама и со на родителот бесот. Пример се смирувате и двајцата после тоа, па следува гушкање, прифаќање на грешката итн. Според мене, греота е да се остави дете особено помало, така мизерно да се осеќа и самото да се справува со некое чудно чувство. Значи за емоционално воспитување секогаш сум за и мислам дека е многу битен дел. Сите сме за на психијатар. Ние сме ради шо сакаме шо подобро да се посветиме на децата, успат и некоја грешка од нашите родители да ја исправиме, во оваа мешаница од разни советници како треба или не треба, а тие ќе завршат на психијатар ради нас. Врти сучи негде ќе промашиме секако. Се согласувам дека детството е содржина од повеќе разни и различни поглавја, и среќно дете е она кое живее во среќно семејство, се осеќа тоа. Колкави ти се децата? Многу убо вака звучиш, идилично Проблем ко проблем, којзнае колку е реален, а колку наддаден. Повеќе сум како луд збуњен нормалан, тоа ми е проблем Едни читаш вака требало, ради психата на децата де, други читаш не така. Психолозите едно, овие што се ко советници за воспитување друго млатат. И дури дрма некојси тантрум 10ти по ред во денот, си повторуваш чек како требаше па ќе потрпиш малку и после во глава ќе почнеш да пцуеш еден по еден, пошо ти прекипело. Почитувам една психолог што е на Инстаграм има профил, кога направи едно видео едно утро, од нивна случка дома поттикнато. Кажуваше за детето нејзино утрото имало таков бесен испад и што направила. Барем сподели од свое искуство. А друго ретко кај наши да видам така. Некако као да подзатскриваат. Држат ли некое реноме, приказ на некакваси смиреност во односот со детето, и небитни се на крајот таквите, ама сепак влијаат до некој степен. И јас како тебе се збунав кога почна да разбира повеќе. И некогаш од што сакам да сум фер кон него, нели под влијание од профилите, се фаќам како изгледам како идиот. Значи ме вози како сака и ќе ми светне што правам, па ќе сменам начин. А всушност зад тоа насетувам што се крие, ама се искажува преку кенкање, изводење, сакам нејќам, овде седни онде седни муабети, тргни го ова, тргни се ти ауу И како тебе си викам, па добро бе, негде мора да се повлече, што ако го мазам едно-едно, и добијам едно размазано без граници дете?! А за муабети со заплашување со полицаец, ок тоа ти е реален муабет. Ако не седи, ќе имам проблем со полицаецот. Не е тоа лага. Јас повеќе мислев кога се лажат деца за храна, па ќе ти викнам полицаец или со боц боц на доктор за нешто друго, па после нејќат на доктор зш сме им ја преполниле главата со такви сценарија. Или она стандард некој непознат што може да го грабне, ама не мислам на деца што бегаат, туку зборувам општп како фраза која се користи од дамнина ради своевиден ќеф. Пример една баба случајно на улица нѐ гледа, му се смешка на мали и му вели ајде дојди со мене, да те земам и таква раскезена, син ми се потскри зад мене, си ќутеше. Ѝ велам нема потреба, не се служиме со такви работи. А што е потребава од таков муабет овде искрено? Ништо, да му види реакција? Глупа причина, што знае дете од 2 години да ѝ каже. Да де, кај мирнички деца е таман, оди справи се со бурни темпераменти. Значи не важи едно исто правило кај сите. Еве тоа ми е глупо мене, со телевизорот фразата била заплашување. Па така де, ако гледа блиску, ќе му е лошо во очињата. Ете и со релната примерот. Што сега да не треба да го оставам кога се плетка во кујна да меша манџа, а кругот црвен жар? Му кажувам овде внимавај раката ќе ти се залепе. Еднаш во дневна на каучот скокаше и одеше назачки. Стигнуваше до потпирачот, ама дека низок е потпирачот имаше опасност наназад да се преврти и да не може да се задржи и директно на грбот да се удри. А инаку го оставам да скока. И му повторувам 2 3 пати, не прекинува. Го гледам како упорен наназад оди, се оттурнува од потпирачот и малку фали да се преврти. Свикав - еј а бе шо прајш?? И го зедов и му демонстрирав буквално со него како може наназад да падне и долу го легнав на под. Фати да вриска дека се изнервира што така му направив и застана. Писна неколкупати, го оставив и после му објаснав дека и јас се исплашив за него и дека не добро така наназад да скока, има опасност да се повреди. И мислам дека деца од 3 години веќе до некаде можат да разберат последица, ако е со убаво на детски начин и кратко објаснето. Се сложувам, кога ќе се каже нешто на детето, битно е да се испочитува, мислам дека памтат она што го сакаат. И ако се стекне доверба на детето кон родителот, се добиваат поени. Ако ја добиеш неговата доверба дека зборот е збор, чекор напред си. Ај убав ден на сите ви посакувам!
@elenaklasik која е потребата толку да следиш психолози, инфлуенсерки, мајки на инста, стручни совети, стручна литература? Сите ли тоа го правите? Воспитување по шаблон, ден шаблонски, рутински, строгост, исхрана до степен да не смее сок, чоколатче, чипс, телефон, тв, ова смее она не смее, до кога така? Каде е спонтаноста, слободното изразување на духот на детето, истражување, спознавање, учење на грешки… секое дете е различно, со различен дух и темперамент…. јас не би сакала да сум дете на такви родители
Грижите ти се нормални за периодот во кој се наоѓаш: - Осеќаш потреба да се спремиш психички и физички за пораѓајот. - се грижиш за иднината и како доаѓањето на бебето ќе влијае на: првото дете, врската со сопругот, твоето ментално и физичко здравје, секојдневниот живот и рутина - Може те фаќа синдром на гнездење што е нормална појава во девети месец од бременоста, кога сакаш да средиш пред пораѓајот се што можеш (и што мислиш дека нема да можеш после пораѓај) а што дотогаш не било средено. - се преиспитуваш себе си и твојата способност да се носиш со сите обврски што ќе дојдат со бебето. Дури мислам и дека тоа што си толку фокусирана на редот да му се запази на првото дете ти е во обид да си обезбедиш и воспоставиш колку може подобра контрола и ред врз својот живот кој би продолжил и после пораѓајот. Осеќаш напнатост, стрес, преголема загриженост. Не е ни чудо што почнуваш да осеќаш нетрпеливост кон навидум мали нешта -како кекнање, молење и сл. Додај го на тоа и реалниот физички замор кој доаѓа од самата бременост-9 месец е стварно физички напорен за секоја трудница. Едноставно е. Можам само да ти препорачам како жена што го поминала истото - не се замарај со иднината. Мисли на сегашниот момент. Тоа е единственото нешто врз што имаш контрола. Не можеш да знаеш како ќе личи секојдневниот живот после болница со новороденче, зошто сите бебенца се различни. Единствено што е сигурно е дека како и да биде ти ќе се справиш. Веќе ги имаш потребното искуство и знаење што си ги стекнала со првото дете. Имај самодоверба. Грижи се за себе и потоа за новороденчето. А останатите грижи препушти им ги на мажот, мајка ти и роднините-домот и домашните обврски, ручеците, набавките и сл. Грижата за првото дете ќе биде споделена со сопругот. Мора да биде, едноставно сега имате уште едно дете на кое првично ти ќе си му најпотребна. Нека не те јаде грижа на совест за тоа што нема да си можеби толку физички присутна покрај првото дете. Јас се јадев во себе во болница и се грижев за ќерката дома, зошто таа ми беше исто дома нон стоп и не се имавме одделено на неколку дена. Имаше три години и не одеше во градинка. И знаеш што? Толку многу внимание доби од татко и и бабите и дедовците во тој период што таа беше воодушевена. Татко и дури за мекиците и купи прв точак за да не се почувствува дека само бебето добива поклони. Беше на седмо небо. Второто дете, син ми, ми се погоди сосема спротивно од она што очекував и од она што беше сестра му. Беше мирно бебе што за разлика од сестра му спиеше ноќе поконтинуирано и од прв ден имаше некој ред кога станува и легнува, што сестра му ни на три години не успеавме да и го воспоставиме. Јас имав време и да се одморам и да си средам нешто дома и да си поиграм со ќерката. Од оваа дистанца, кога се веќе тинејџери, сфаќам дека: - иако ги воспитуваме на ист начин едноставно секое дете е различно и посебно - некои работи не можеш да ги предвидиш, контролаш и случајноста, хаосот, непредвидливите моменти се нормален дел од животот - што и да се случи -you got this! Имаш се што ти треба за да се справиш - сами на себе сме си најголеми критичари и уствари сме одлични родители.
Мислам дека претеруваш со читање на интернет, и во труднички ти го имам истото кажано. Деца не се воспитуваат со интернет, зошто ти не си таа некоја си која продава празна слама за воспитување деца. Твоето дете е само кај тебе дома и не можеш да го воспиташ онака како што извесна Петкана ќе го воспита нејзиното. Прво немате исти ресурси, исти алатки, ист темперамент вие како двојка (ти и дете), па и не сте во нивната ситуација. Јас под стрес, лоша ситуација, страв, реагирам лошо, па така еднаш кога среде сообраќај ми избега од рака го плеснав ама да го здоболе, тоа беше прв пат да го плеснам со намера да го здоболи за да осети дека згрешил. Следниот пат беше кога ми избега исто, ми се скри, а јас со второво трудна и со висок притисок нешто дента, леле збеснав, прво притисокот уште толку ми се качи и почна да ми се врти, после почнав да се тресам, сите сценарија ми се светеа, го нема, коли шибаат на улица, него никаде го нема, он свртел околу куќа и сме се изгубиле... и тогаш го плеснав. Тоа се 2 пати стварно да сум се извадила од памет да го плеснам. Е некни имаше исто ситуација, на столче скокаше а доле плочки, и се лизнува го фатив за влакно, се крие одма, јасно му е дека згрешил и ќе го плеснам, дали ми беше криво? Многу ми беше криво што син ми во мене гледа некој кој ќе го казни, па си ја повлеков раката и го скарав. После пола ден он сам ми пристапи, да поразговараме, ама тоа е моја тактика, откако ќе ни спадне еуфоријата разговараме, овој пат ми се извини за сите бељи што ги направи во текот на денот и вети дека ќе внимава повеќе. Моето беше мирно бебе, па и дете, сега збесна малку кога тргна во школо, многу различни влијанија и желба да се истакне а не е единствен, така да од друга гледна точка ќе зборувам, но сепак дете е дете, сите реагираат на некој начин во ситуација во која се осеќаат дека им е загрозен личниот простор, а тоа се дешава и со детето твое и со моето, ново бебе доаѓа дома, а и да не е така, едноставно деца се и сите реагираат некако во одредени ситуации. И на крај, сите сме живи луѓе, по книга, по Инстаграм инфлуенсери или советници, не можеме сите да се однесуваме зошто сме различни и не важат истите правила за сите. Пак ќе спомнам, не дозволувај да влијаат на тебе луѓе што ќе заработат од тие 5 реда текст што ќе ги напишат, значи не е се така наивно. Единствен советник за твоето семејство си ти, никој друг не може да даде совет за твојот начин на воспитување. Овие советници се совршени за ситуации каде е нарушена семејната атмосфера, децата даваат агресија поради домашна ситуација, развод, смрт на родител или друг тип на дисфункција, но не и кај здрави прави семејства каде се е нормално. Единствен советник за воспитување на децата треба да ти биде сопругот, само со него треба да се координираш околу тоа како ќе воспитувате. Твоето е помало, моите искуства може нема да ти бидат од корист, но најди начин да допреш до него, со првото ете сум нашла, ќе видиме со второво дали ќе биде исто, ама ќе применам дефинитивно уникатен начин за него зошто се 2 различни карактерни индивидуи, масло и вода се различни, скроз! И да, живеј за сега за моментот, не за шта би било кад би било, не пропуштај златни моменти ради Инстаграм правила. И за илустрација глеј ги сликите од моите деца во темата Интересни слики, ќе видиш една слика од убава новогодишна атмосфера, позади и околу има расфрлано постела, пелени, кутии, ќеси, само потргнав играчки од големото дете, отворени пакетчиња скинати... хаос колку сакаш, а на слика, идеално и налицкано со помош на едитор, е така ти е ина Инстаграм, исто така.
@elenaklasik Значи тебе проблем ти е интернетот само. Ниту една мајка не следам, посебно не советници или не знам што ти уште не за деца. Исклучи интернет и нема да имаш проблем, цел живот ќе ти е решен. Слушај го СРЦЕТО и мајчината интуиција. Од се што е пласирано на интернет престануваме да се слушаме самите себе. А една мајка знае во секој момент што е најдобро. Ова што го чувствуваш периодов е можеби само ТИ која ти вели слушни ме, исклучи интернет. Се повеќе ме нервира “новово мајчинство”. Советник за тантруми, како па да не. И зборот тантрум да не знаеш дека постои па во моментот сам човек ќе сфати што треба да прави кога да го гушнеш кога не. А моменти за плачење секако ќе има, моменти кога сакаш да врескаш и коса да кубеш ама после тоа почнуваш од ново со нова енергија. И не сакаат ништо намерно да не прикажат. ФБ е инстаграм се за споделување на убавите моменти, никој намерно не се обидува да наметне лажна претстава за живот, мајчинство, деца. Добро можеби некој ретко.
Не знам каде грешам. Крајот на ноември и потоа пак во декември малата два пати беше со терапија заради проблеми со дишните патишта. Супер беше, минатата недела во петокот прими вакцина, докторката што ја прегледа пред вакцина рече дека се е ок. Два три дена в градинка и од вчера вечерта пак со кашлица, температура, дишењето забрзано и делува како да е полна со секрет.
Од желба за знаење за психологијата кај едно дете, си купувам книги со таква содржина, од странски автори. Ме интересира што се случува со детскиот развој во раното детство, а и сакам заради моја смиреност во некои ситуации во кои и не се може поинаку. И потоа, смачено ми е од страна да ми кажуваат дека детето си створило таков табиет, дека е на некој метнато, дека е збеснато и размазено. Ме сфаќаш нели? Тоа е едната причина зошто си следам страници за родителство. Од љубопитност, особено за емотивниот и когнитивниот дел. Знаеш, кога нештото ќе го разбереш, поинаку го доживуваш колку и да е тешко. Пример, кога го маваа посилни тантруми пред некој период, ќе вриштеше неколку минути ептен бурно, ние го гледаме и чекаме, бидејќи и поинаку не се може. Да го грабнеш и да го ќофташ, не е решение, јас со стомак не можам да претам не па да правам нешто друго, и сега си чекаме малку и потоа кога ќе запре, му се гледа една збунетост во очите, како да не знае каде се наоѓа, како покосено нѐ гледаше. И сфативме декс ни тоа не знае каде се наоѓа, уште ние да збеснеме, а тоа на нас се потпира, не е чаре. И потоа ќе го гушневме и крај. А за другиот дел, со храна и игра и детство, скроз се сложувам, и нема врска првиот дел што ме праша со таа спонтаност. Напротив, сакам слободни деца во духот, истражувачи, бидејќи и самата сум љубител на природа. Храна не му бранам да јаде, чоколатче, сокче, чоколадно млеко, како ние јадеме, така и малиот. Дури и да, точно е, треба децата да се остават да дојдат до грешки самите, ама ова за поголеми деца, мислам при безбедни услови, кога знаеме дека е нештото погрешно, ама нема негативен ефект врз нив. Па од искуството самите најдобро ќе научат. Еве една книга ќе споделам "Разбуди го родителот во себе" од Соња Кимовска. Јас сум повеќе загрижена за емотивниот дел, тоа ми е мислата, за како да се справувам, прво со себеси па со него. Ем дека заедно сме по цел ден, и си осеќам потреба за време за мене. Можда и интернетов ми пречи, од преплавеност со информации, тоа е вистина. @Cosmic Girl, фала ти на советиве. Тој момент на гнездење го имам веќе, имам притисок да средам да завршам, демек некако на големо да се спремам. Ме фаќаат анксиозни напливи за породувањето (дали ќе преживеам ), потоа какво ќе е бебето, како малиот ќе го прифати. И кога веќе спомна, што мислиш првата средба да му дадеме нешто поклонче на поголемиов демек од бебето? Како да го спремам кога треба да одам во болница, дека нема да сум присутна дома? Фала ви и на другите на советите и коментарите @gjoker4e @AngelOfArh