Срце бе Мојот не е до толку фин @elenaklasik Му земавме мотор на акумулатор, секој божји ден го бараше. Има кола на акумулатор и ова ми беше просеравање искрено ама ајде попуштив дека многу страв ми беше како ќе го прифати бебето. Ептен мерак ми прави дека го утепа од возење значи стварно имал мерак. Баби, дедовци едно огромно не. Со првото кога се породив не примивме никој и хаос бевме да ама пак ни беше преубав денот. Сега ми се тупнаа сите, ај што ми правеа изненадување пред болница со 300 буќети и мечки мислев секој по дома ќе си оди, тие по нас. Колку бев напната и нервозна, нејќев да ги гледам. Им го дадов бебето и си отидов во детска со големиот. Јас не знам ова што љубов ќе беше ама само ме гушка, ме бацува по нозе дури, сака да го држам, ме гали. Се топам секој ден ама од друга страна си викам не сум видела ваква врска мајка и син. Одамна е вака, не е заради бебето. Една роднина не виде и вика син и бил ист, сега е 25 год и се уште си легнувал до неа, ја гушкал и ја прашувал дали го сака Какви ви се вас врските?
Две мислења едно по друго, се извинувам ама очајно ми треба помош. Знам некои од вас пишуваа за децата дека им бираат облека, дај кажете дали и како го решивте проблемот. Ова трае од мај и веќе не можам да издржам секое сабајле плачење и урлање. Секој ден ми почнува лошо, едвај се смирувам се утепувам од плачење. Прво сакаше во пижами во градинка, ок прифаќам било што само да искочиме од дома. На врата не сака пижами, ок се враќаме. Кошула и црвени панталони, му ги облекувам и се дере не сакам црвени. Ајде сака спајдермен, па не сака. Не тие чорапи, не таа капа, не таа јакна. Ова трае цел саат. На крај збеснувам, јас урлам, плачеме двајцата и на сила го облекувам и одиме со плачки. Кога се враќам не можам само алиштата да ги здиплам по него, а не друго нешто да фатам. Пробав со ограничена облека, со голем избор во сите бои, секакви чорапи дури и јакни разни има, со два избори, на спиење да го облекувам и секогаш е истото. Полудев.
Ние сме такви, со големото, не заспива дур не го гушнеш. На сите обавезно добра ноќ и да не баци, сега и бебе обавезно. За облакање ние немаме мака, од мал јас бирам и нема никаков исклучок. Пробајте од вечер да бирате гардероба, па направи приказна демек дека иде некој магионичар за да ја маѓепса облеката да биде најсреќен тој ден и ако ја смени нема да има маѓепсана облека... нешто, шо знам, приказна. Кај нас ова би запалило мислам.
Нарачај му катна гаража за колите штом ги има многу Зависи до колку пари бараш ама има баш убави во storyboxtoysandbooks, topolino, bundleofjoy. Или флексибилна патека за коли гледав на bundleofjoy.
Баш Анѓел како што ти пишала од вечер бирање облека. Овој "проблем" го имавме со внуката и тоа доста долго траеше се додека од вечер не почна да се бира облека за во градинка. Кога спремаш торбица ќе му кажеш ајде да одбереш облека за утре за во градинка, избор даваш две блузи, две панталончиња...тој да одбере. Сабајле ако проба пак да пребира, ќе му кажеш дека тој тоа си го одбрал, вечер пак ќе бира облека. Сестра ми искина живци дур ова не почна да го применува. Со лесно. Мојот е во фаза на повторно грзење, нема мир ни една минута со децава.
@Skyler големиот батко спие сам во соба? Кажи како успеавте? Помнам дека негде пиша, ама во хаос бев и не стигнав да те прашам. Здраво мајки. Јас со новости, ја запишавме поголемката во градинка. Ко не чно. Мислам карпа ми падна од градиве. Се надевам нема многу да чекаме да ја викнат. Се одвикна од памперс. Сама сакаше, сфатив дека е многу подобро и полесно кога не се форсираат нештата. Уште со какањето да видиме што ќе правиме. Си кака во гаќи.. ама ваљда ќе се среди и тоа Со другата госпоѓица утре сме на вакцина. Ќе полни 5 месеци. Размислувам некаде на 5ипол да почнеме со кашички, а може и на 6 ипол.. да зборувам со педијатар па да видам што ќе се прави. За средување, не сум средена , периодот со две мали деца 2ипол години и 5 месеци е хаос. Се бањам кога маж ќе ги чува децата, а се почесто поголемкава ја земам со мене. Знам дека сум во хаос ,но исто така знам дека период е. Ќе помине. Убаво на душава ми е кога гледам поголемкава колку ја сака даде, па малечково колку и се смее кога ќе ја види. Па си се тешам дека не згрешив што ми се мала разлика децава и така
Мојот дечко кога има такви барања најчесто има друга причина позади. Те сака да појадува, ладно му е, не таа блуза или јакна и плачки. Не знам колку е голем, ама пробај со пренасочување и позитивна емоција. Гушни го или пренасочи го разговорот надвор од изборот на облека. Види дали е доволно наспан, гладен, анксиозен или тажен за разделбата.
Фала ви на сите, бирањето облека од вечер го пробавме неколку пати, еднаш успеа веројатно зашто облеката му беше по мерак. Пример сиви тренерки не би облекол никогаш Ама ќе пробам пак немам друг избор, плус со приказна што вика Ангел. @Anaksunamoon Такви барања има пред спиење, стално му се моча, жеден е, само да го одложи спиењето. Сабајле генерално немаме проблем освен со облеката. @Kate Rina 93 Почна да спие сам, му зборевме прво дека сега е голем, мора да спие во широк кревет за да порасне голем како тато. После креветот заедно го монтираа со татко му за да биде вклучен, заедно местевме Спајдермен постелнина (се да биде по негов мерак) и првата недела легнував со него додека заспие, па се преместував. Во исто време откачивме и пелени, на една мака
Сега се подвратив низ мислењата и сфатив дека последно мислење онака за мајчински ми било 09/2021. А едно време редовно си пишував тука. Сега со бебе број два, дома може и ќе имам време повторно поредовно да пишувам. Бебе е 20тина дена и за сега имаме колку толку ред. Има само еден период околу 4/5 наутро кога тешко ми оди спуштање во креветче, почнува да грофта како прасенце и да дише тешко од што се вознемирува, дури да помислиш дека не му е добро. И така неколку дена си се држиме во раце во тој период. Штом се префрлиме во дневна како ништо да не било. Се мислам дали му е од грчеви, да не му е од влажноста во спална (дека спиеме сите заедно, а деновиве и надвор времево и влажноста оди до 70) или па нешто друго го мачи. Ама па преку ден и до 4 не покажува дека има некаква мака. Од неделата е со конјуктивит, па еве 4 дена кој што прави јас мијам раце, чистам очи со физиолошки, па после пак мијам раце па капки, па мијам раце. За ставање капки е борба. Или не можам да му отворам очи или ако го начекам ококорен капнувам, ама толку силно ги стиснува очите што капката излегува, па морам да играм намести го топчето во дупчето, за да се врати капката и да остане колку повеќе може во око. Кој знае што фајде ќе има од оваа терапија иако денес веќе надежно изгледа. Ако не матичната вика ќе мора на очен лекар. Брисот негативен, а еден зелен секрет што излегуваше матичната вика нема шанси да нема бактерија. Плус веќе бевме почнати со терапија пред да излезат резултатите па ќе истераме до 5ти ден. А големиов батко уште не можам да го прежалам. Колку и да е голем и разбран, сепак е мало дете. Од пред нг наваму цело време е под стрес. Прво не сакаше да оди кај баба му зошто два пати кога го носевме, кога се враќаше јас не бев дома, ме задржуваа во болница. Ај тоа го пребродивме, ама дете си бара внимание, а јас имам пијавичка што нон стоп цицаше. сега малку почна да олабавува, а и јас не будам зошто нс последна контрола имаше качено 450гр за една недела. Ама и дека го тргнав од градинка месецов со гриповиве заради бебе му фали игра. Надвор времево е ужас па нема ни прошетки баш. Жива среќа што си оди на карате и часови математика инаку мислам дека ќе се вклучеа тантруми на најјако. Вака на средно ниво се. Он не покажува дирекно, ама јас индирекно забележувам промени во однесување. Особено што стана многу побучен од претходно. Кутро бебе се научи во било каква галама да спие. А и почна да бара да оди во градинка. Немам ум како да постапам. Сакам да го вратам во февруари ако се смири грипов бар малку. Ама од друга страна има закажани контроли за кои едвај најдовме термин. Па поместив за после 14, ама па ми текна дека ќе се ближи време за први вакцини за бебе. И сега сум како да постапам. А последна година му е, од Септември ќе е прваче и сакам да си оди овие месеци пред крај бар, па здравје летоска може ќе го тргнам и онака и јас ќе сум дома. Сега го лигавам и го гледам ко по книга, а очекувам кога ќе порасне да не е воопшто приврзан за мене. Ова може и проблем ќе биде особено што сакам и планирам најрано што може да го иселам и него и бебо од државава што значи дека треба да се самостојни и спремни за да се снаоѓаат. Кој знае како ќе биде со нашите планови. Ама па како да не ги мази човек кога се такви мили Имајте убав остаток од ден.
Сте се чувствувале некогаш како најлоши родители на цел свет?Ние да. Неможам сеуште да си поверувам дека двајцата гледавме во него а син ми падна и си ја скрши раката. Моето мало детенце сега е со рачето во гипс. Мм полесно се справува, барем не покажува. Јас неможам а да не плачам. Си велам ајде ќе помини, ама душата ме боли кога го гледам. Син ми најхрабар од сите. Си игра,се смее,само за јадење се нервира дека со таа рака си јадеше. Само се молам побрзо да поминат овие денови и никогаш да не се повторат
Леле мајка Којзнае каква болка имаш во душата. Не сте вие криви знаеш Ќе помине и ова како и се друго, исплачи се и смири се, поминало страшното
Душиче, да му заздрави рачето побрзо. Сите се осеќаме така на моменти. Што поретки да се таквите моменти
Дремам на автобуска и се фаќам како се нишам лево десно во ритамот во кој го нишам Бејби... Отидов! Излегов пред само пола саат и веќе ми недостига, немам доверба баш баш во мајка да го чува ама што да правам. Не е она лоша, едноставно паметот и е во се освен во бебето, ќе реди алишта, ќе мести тањири, ќе чисти, ќе пика дрва у печка, само бебето нема да го држи кога треба. Опседната е со тоа да ми помогне, да ми среди, да ми исчисти, народот да не рече нешто... Не знам што да речам... Приметил и мм, коментира, ама што да направам не се разбира од збор. А многу ми помага, грев е да речам нешто. Ќе ми недостига ептен од утре, си оди, ќе ми фали ептен. Не помошта, ќе средиш кад тад, ќе исчистиш некако, ќе јадеш 3 дена по ред леб и маргарин, големо чудо, едноставно ќе ми фали да е овде, да можам да испијам кафе со неа и да си направам муабет со неа. Од мајка има ли поубаво друштво?!
Добра ви вечер. Одамна ви немав пишано, а богами немав ни отворено да си поскролам. Оваа недела сум слободна, не сум на работа, ама подобро на работа да бев. Осеќам некоја напнатост, некоја паника... Само се надевам дека ќе мине за брзо. Сега за сега се борам со сите сили и не дозволувам да влијае врз син ми, се трудам да го насочам вниманието кон него, па по малку ми ги оттргнува негативнитњ мисли. Позитива моја е тој. Не замислував дека ќе биде ваков препаметен. Само нешто црта (ме тера и заедно да цртаме снешко бел бел и дете) , само нешто планира, истражува. Постојано е во движење со тоа газенцето малечко. Трча трча, па кога ќе дојде да ме гушне... Се топам на секоја прегратка. Во градинка конечно се заигра. Многу му е убаво, понекогаш дури и не сака да си оди дома. Ама ме мачат другите деца. Тој многу сака деца, многу сака да си игра со сите. Ама изгледа не го дружат многу. Ми велат негувателките, бил единствено дете што е мирно и сака да си игра. Другите се закачале едни со други, се тепале. Ми вели дека му ги земаат играчките, гледам дури и го изгребале... Си велам ајде мали се, кога ќе пораснат белким ќе го дружат.