Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.653
    Допаѓања:
    37.318
    Пол:
    Женски
    @Misskirova ти си МАЈКА, си ја донела одлуката која била најправилна за тебе и бебе.
    :hug::hug::hug:
     
    На Freckles., mal.ecka, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.273
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило за тебе :clap:
     
    На Kaja991, Eli23 и Misskirova им се допаѓа ова.
  3. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски


    Немој мајка да се обвинуваш за тоа што си не доела никако , еднставно не е до тебе , тоа не те прави помала мајка од другите напротив , тоа не го прави твоето бебе дека утре ке биде по -недај боже болежливо од другите , не никако .. Знам како ти е јас имав голема желба за доење, но малце млеко и никако не ми надојде и покрај сите обиди , моето бебе само се одби од мене едноставно беше гладно сакаше млеко, не мојата града која имаше многу малку , за кратко време почна само да се трга од мене се помирив со фактот и проолживме само со АД .. И да на почеток ми беше криво многууу, додека сите други расправаа како се снашле со доење како нивните деца обожават да цицат и како е тоа здраво јас си правев фрустрации сама на себе и маки зошто моето дете да го нема најздравото но ете така требало .. Со тек на време си се смирив и помирив и моето бебе е веќе детенце , со одлична килажа и одлично здравје и дај боже се така да си биде! Така да немојјј да се стресираш уопште така требало да биде ради околностите , за тоа уживајјјј и гали си бебе...
     
    На something, Dreamer, Mother of 2boys и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.240
    Допаѓања:
    6.682
    Пол:
    Женски
    Бебе си напредува меѓутоа не доволно, па продолжуваме со зголемена исхрана.

    Инаку вчера кај педијатарот една повозрасна, да не пишам постара сестра ме искара зошто децата сме ги носеле во транспортер, така свиткани.

    Тоа секако не планирам да ја послушам и нормално транспортер си користиме при превоз сма сепак за постариве генерации многу работи се несфатливи.
     
  5. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.273
    Пол:
    Женски
    Мајка, совет што ти го дадоа за зголемување на исхрана? И ние два месеца стагнираме е со кг. Си мислев да не му давам малку храна. Матичната го гледа ама дека и изгледа голем и не го мери.
     
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.240
    Допаѓања:
    6.682
    Пол:
    Женски
    Моето е новороденче т.е две недели. Само количината на адаптирано млеко да ја зголемиме.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  7. паралелограмче

    паралелограмче Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски

    Многу и ги сакам АСМР видеата на оваа женичка и мислев нејзиното ново видео ќе ве заинтересира некои од вас
     
  8. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.590
    Допаѓања:
    2.558
    Пол:
    Женски
    Нема да ја послушаш дека си има ортопеди кои велат дека тоа е нормална положба. Нас на првиот преглед ортопед не искара дека имавме ќебе во транспортер, мм викаше да му е меко, коа го подобра и оттогаш си седеше само во транспортер. Сега веќе е голем не го користиме.
     
    На Skyler и Tiny Love им се допаѓа ова.
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.985
    Допаѓања:
    4.800
    Јас ова не можам да го слушам искрено:D.
    Ама вака на прв поглед типкава ми заличе на мс. Рејчел. Ако ја знае некој, нека и пренесе дека има потенцијал да стане македонската мс. Рејчел, ептен ќе сме и благодарни тазе мајките. :D
     
    На kostovaivana, Speechless и Bubble91 им се допаѓа ова.
  10. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.193
    Допаѓања:
    5.746
    Пол:
    Женски
    Го извртев видеото на брзина и само го загледав советот за подлогата во транспортер. Сосема погрешен. Во транспортер не се става ништо дополнително, освен додатоците кои се одобрени од производителот на транспортерот.
     
    На Coco31, le.dentiste, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.292
    Допаѓања:
    37.183
    Пол:
    Женски
    Некои денови е ок ама некои како денес откако го зедов од градинка душата ми излезе. Го зедов среќен, се било супер, јадел, спиел, мирен бил и се нај. Го седнав во количка не се противеше, ама само што тргнав почна да не сака, а не можев да го држам да оди и да се влечеме пола саат до дома, морав што побрзо да стигнам. И тој плаче се тегне јас трчам, на семафори луѓето ко да ми викаа аман земи го, а јас викам само ако ми рече некој нешто, а секогаш го земам кога плаче ама овој пат брзав исклучок беше. Стигнавме се одра по скали, можеби сакаше уште надвор ака не сум јас волшебна ламба, денес мораше дома. Не престана да кенчи, полудев. Во 17:30 веќе стана неподнослив и на врата плаче за надвор, а јас морам да чекам еден човек во 18:00. И ај пред врата од стан чекам маж чекам човек, друго дете во стан, да дојде маж ми да седи со дете јас да излезам да се смири. Сака во раце и саат време надвор во раце раце ми отпаднаа. Дојдоа и маж и друго дете па маж го држеше во раце. Тантруми има некои мора да седне на земја па легнува и со главата нанапред од земја ја удира. И конечно дојде време за спиење и да му сменам памперс вришти и еве го успивам со памперс не сменет од градинка од 15:00 часот ама денес маста ми ја извади, станов е хаос, јадевме глупости, се чувствувам како губитник.
    Тешеењњ не ми треба, второ ми е, знам дека ќе порасне и на 5ипол-6 ќе е се ок, само да се искажам колку толку притисокот да ми се спушти. Ќе јадев благо да се излечам од денов ама лошо ми е не можам ништо да јадам па морам да напишам.
    Не сакам да мислам дека е тешко да си родител ама некогаш не да е тешко туку претешко е да се бориш со дете како со слон да се бориш со саати и да не можеш крај да му најдеш буквално до спиење. И сега што дека заспа за 10 минути ќе заплаче тројки вади цела недела немам спиено.
    Живците ми се ептен кратки со секунди се мерат. :D
     
    На Oneo, Coco31, Калатеа и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.346
    :hug:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    :hug:
    Мантрај
    Среќна мајка среќно бебе :l::l:

    Вистинска мајка :l:
     
    На Freckles., Misskirova, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    I really felt this. Држ се, не си сама :hug:

    Буквално секое попладне ни е вакво после градинка. Доаѓа насмеан, расположен и како да бара за нешто да плаче. За ручек се смирува и пак, сака одма надвор, сака да си игра, се сака во секунда. А не можеш секогаш одма во моментот. Може ама затоа одам мрсна во косата, со флеки на дуксерот :| Не памтам кога последно сум била тип топ средена, стално нешто ми фали како еднаш на семеен ручек во ресторан маскара на едното око :D А додека пијам кафе на тераса стално си замислувам како ќе одам на козметичар да ме среди цела, фризер на пример немам видено од летото :$
    и секој ден ‘почнувам’ со вежбање :rofl:
     
    На Oneo, Coco31, Калатеа и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Мајка, не се обвинувај.
    Еве јас имав млеко, ама едноставно на 4тиот скок на развој се одби од доење.
    Со дветр деца исто.
    Под голем притисок бев поради првото( се обвинував себе ) и сакав да ги ,,поправам"работите овој пат.

    Снемав млеко скроз за два месеца, не се оптерерувам веќе имам млеко немам, сум одмолзела, дали има 30 мл повеќе, дали ќе стигне молзеното или ќе ме удостои бебе да цица итн.
    Јас сум поопуштена, бебе исто.
    Јас направив што можев.
    И ти направи што можеше.

    Има мајки без депресија, без проблем, избираат да не дојат затоа што така сакаат и не се обвинуваат за тоа.
    Имај го тоа на ум.
     
    На Coco31, Anaksunamoon, IRBBB и 13 други им се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.829
    Допаѓања:
    18.661
    Пол:
    Женски
    Како слон не, ама како со крокодил да. :D

    Секоја мајка секогаш ке се преиспитува дали направила се како треба и дали можела да направи нешто поинаку.
    Јас кај син ми се чудам дали некако можев да издејствувам да јаде. Доењето беше како подмачкано, ама цврста храна ми е болна тема. Детево година дена не мрдна во килажа а во висина одеше машки. Ама па знам дека направив се. Пробав секакви методи. Затоа и не мислам веќе на таа тема.
    Сега на 3 и пол мора со уцени да работам, инаку ке си седи гладен. Ке јаде месо или нема шетање. Крај. Не ми е ни грижа на совест.
    Кога ке пораснат ке се прашуваме дали добро сме ги воспитале, дали позитивно сме им влијаеле на крактерот и развојот на личноста, допрва имаме предизвици.
    Си пробала, не си успеала, поминало веќе.
    Кога ке гледаш слики за една година ке тие криво што не си го бакнувала бебе повеќе. Пребрзо растат. :l:
     
    На Coco31, hello-kitty.90, elenaklasik и 11 други им се допаѓа ова.
  17. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски
    Сите сме исти
    Во градинка е најмирен , дома кога стапне мора малце да се покаже нели на своја територија... И да некој денови супер си игра и ручек зготвам на раат и се е ок , некој денови јајце неможам да изпржам од неговото расположение .. Тоа ни е живи и здрави да ни се само ,ке истрпиме мрсни и несредени хаха ...
     
    На hello-kitty.90, Mother of 2boys, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.126
    Допаѓања:
    40.490
    Пол:
    Женски
    Ако ти си спремна слободно шетај. Ладното не е пречка. И патронажната и докторите на контроли сите инсистираа кога не е загадено и нормално да не се минусни температури со силен ветар да шетаме. Инсистираа дека на дете му треба воздух.

    :hai: се обидувам да фатам ред со читање и пишување, ама некако со две деца дома потешко ми оди. Кога бебе спие гледам да средам нешто по дома (ова мислам да расчистам машина за садови од чисти, да здиплам алишта од сушара или евентуслно ручек да потспремам:D ), или да поиграм со поголемиот, а понекогаш ако успеам да го убедам големиот да дремне, го успивам и бебе и јас со нив си фаќам хоризонтала:D.
    Ладново ме нервира, затоа не сакав зимско бебе:@, ама па за среќа еве се оправа и почнавме да шетаме. Вчера го облеков бебе во скафандер и три пати се покајав зошто претопло беше, доволно ќе беше подебело облечен и ќебенце. Денес не правам иста грешка, ќе го дотерам и јас ќе се дотерам (ако занемариме малку несредена коса) и ќе се удриме на шетање.
    Големиот се повеќе има испади и тоа како намерно да прави се што никогаш не правел, а особено хит ми е со плачките за се нешто. Од дете кое немаше тантруми кога му беше возрста, сега на 5,5години почна да активира. Јас знам дека му е огромна промена бебето, ама на моменти знае да ме извади од кожа и да му подвикнам и да го искарам. И сега се научил само дека сака да оди кај баба му или да си дојде татко му, зошто јас сум лошиот полицаец. Дури и во градинка бара да оди само не седи со мене. И така ќе си поплачам, ама знам дека за некои работи нема попуштање. Особено не за јадењето, а тоа ни е најголема мака сега. Не дека не јаде воопшто, ама на секое само "дај ми блашко" и по цел ден само тоа може да јаде, а за ручекот се молиме на пример 45 минути или треба некој да го рани, а јас тоа немам намера сега. Го оставам и ако јаде ок, ако не ставам аларм и после некое време во симнувам од маса и прибирам јадењето. Што изел тоа му е. Ако изел солидно ок, ако не нема благо минимум еден ден. Ама тоа е секој ден и мака ми е веќе да повторувам.
    Или јас му зборувам да направи нешто, он ме игнорира, повторувам 3 пати и на крај кога ќе повишам тон дури тогаш реагира, а да збориме јас и мм за благичко во спална, одма прашува што/како:@. Или шушка во кујна со некоја кеса, одма ќе се нацрта да види што се отвора. Може некогаш оретерувам и јас со очекувањта од пет годишно дете, ама ете го оставам и бебе да го закача и му дозволувам да спие со нас на спална само да не се чувствува отфрлен, ама за некои работи не попуштам.
    Ете тоа се тие домаќински маки, ама за 10тина дена планирам да го вратам во градинка па се надевам ќе си фатиме повторно ред.
    Бебе е друга приказна. Виси на цице и спие. Сега почна да има повеќе прозорци на будност, ама пак не ми се доволни да ги завршам сите вежви што ни ги дадоа да ги правиме :rofl:. Или спие или само што се нацицал па да не поврати не го форсирам со вежби. Инаку висењето на цице се гледа и по мерењата. Последната контрола качил околу 900гр за 10дена:sweat:, а гледам јас почна да ми тежи на рака.

    Ќе одтавам друго за друг пост.
    Имајте убав ден :sun::f::sun::f:
     
    На Oneo, Coco31, elenaklasik и 16 други им се допаѓа ова.
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    @Misskirova тоа што си одбрала твоето бебенце да има здрава мајка те прави најдобрата мајка на светот. Ништо не е поважно од тоа. :hug:
     
    На Lovebug01, Knizhevnik11, Mother of 2boys и 5 други им се допаѓа ова.
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.896
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се размрда за пелена менување, јас велам со октопод се борам, раце нозе фрчат од сите страни.
    Е па сега сами си го баравме :P
    Ќе издржиме, сите на истото сме, ама на секоја нејзината тежина е најголема :D
    И вистина, сега си велам, требаше како бебе повеќе да го гушкам.
     
    Последна измена: 3 февруари 2023
    На IRBBB, Mom's_life, Ani93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.