@Ano И кај мене исто беше, наместо бебе и 5 годишно дете јас добив две бебиња. И исто викаше дај нешто блашко хахаха тоа да не им е како ние со благо кога лечиме некоја мака. И јас да и давам да јаде. Бебево само јаде, таа на пет и пол ми вика ќе јаде само јас ако и давам. Сега е подобро после 18 месеци. Јас се тешев викам може Господ ме пракса да чувам две бебиња наеднаш дека ќе останам трудна со трето набрзо. Не било така ама битно беше да се тешам некако.
Полесно е вака кога знаеш дека не си сам . Ај се тешам кога ќе почне во градинка ќе се врати во нормала. А може и нема ама бар ќе е полесно зошто помалку ќе се расправам јас со него. Нека му ја мислат таму за доручек и ручек. Плус се надевам тоа што ќе се врати на нормални активности малку да го врати во колосек
Се што си пишала минувам и јас, еве се враќам од разговор со наставничката, многу е променет. Е нема тантруми, ама ме игнорира скроз, мора да викнам или да се закажам.
Мајки со мало бебе и дете во градинка, кога по раѓање на бебето го пуштивте поголемото назад во градинка... Многу ми е страв од вируси и бактерии да не му донесува на бебето,а од друга страна ми е жал што се досадува дома... Искуства?
Девојки ве молам кој се разбира од тироиден статус да ми пише. Пишав во тиродина ама нема никој . Итно ми е
После 6м го пуштив поголемото. Ќе го пуштев порано, но предвремено родено е второто и затоа одложував. Сите вируси и бактерии ги поминуваат заедно.
мораше некако да покажат револт и знам дека ќе помине, само ми е мака. Да беше пролет или лето, ако требаше ќе висев на улица со него да е анимирам, да не ја чувствува толку промената. Дополнително што не го пуштам во градинка, нема надвор игри, сам со мене додека се прибере татко му . Ќе помине, што не било па ова, ама мака ми е. Јас се мислам да го пуштам сега за две недели, бебе ќе е 1,5 месец. Многу му се смени рутината и веќе покажува рогови. Страв ми е и мене од вируси, ама нема бегање, мора кога тогаш да бидат изложени.
@Ano @AngelOfArh не би да ве плашам, кај нас 10 месеци периодот и траеееее.... Јас на моменти се чувствувам беспомошна, безнадежна. И тие такви моменти ги има само со мене, значи љубомората му е кон мене. Непослушен, вика, се дере, повторува по мене, ми возвраќа. Сите начини се пробани, од убаво, најубаво па се до лутење и казни. И ништо не помага. Ти вели: Баш ми е гајле. Јас деновиве сериознп размислувам да побарам стручна помош, сакам да го носам малку на психолог.
И мене ми беше страв, ама мене големото ми е во школо и не можам да не го пуштам. Се надевам имунитетот ќе му биде појак од на бато, најискрено. Нема кај нас покажана љубомора, едноставно праи работи кои не ги правел, ќе го опомениш и не престанува и додека не се извикам едно убаво не прекинува. Бебе спие он со топка игра, бебе спие он се дере, не со намера да го разбуди, едноставно баш тогаш привлекува внимание.
Постарото е 5 години постаро од бебе, не покажува евидентна љубомора, го обожава бебето и само го бакнува и го гали. Ама изразува јака форма на непослушност, плус збеснува дома затоа што му е досадно... Мислев дека е само фаза, затоа што не оди во градинка, ама сега ме замисливте и сфаќам дека и он е засегнат, веројатно е недостаток на внимание и затоа протестира со непослушност...
Веднаш одеше, не го прекинав, ама бебе се роди на лето. Е сега викаат дека до 4 месеци бебе има имунитет од мајката. Не ми се разболи бебето ниту бато. Е после 4 месеци, дали од заби, дали од вирус секои две недели сме болни. А батко е здрав. А еве повеќе од месец е дома, ќе има операција и го чувам да не се разболи. Ама многу му е досадно дома. Не покажува знаци на љубомора, ама се смени. Не јаде сам, не мочка сам. Не преспива. Не можам да му посветам внимание.
Исто се чувствувам. Сакам да избегам од дома. Татко му е од 8 до 10 навечер на работа. Јас сама со две деца. Хаос дома. Среќа што успевам да ги најадам двајца та. Како се справувате со хаосот дома. Се чувствувам ужасно и неспособно. Психолог секако по операцијата. Исто сме, ако му викнеш и тој исто така ти се обраќа
Мајки, јас се породив. Дајте совет, за земање од болница, дали да доаѓа поголемиот син, за заедно да се враќаме или не е баш добра идеја? Има скоро 3 години. @Skyler вие како направивте?
Мојата имаше 2 год.2месеци,не беше. Малку почуствителна е и баш беше плачка. Мм сам дојде.Дома ја пречека.
Фала! Да, конечно бидна одлука, она име кое маж ми го сака. Ајде си реков, ќе му ја дадам честа. Спојлер Кирил
@elenaklasik живо и здраво нека е синчето. Јас кога се породив син ми беше 3год и 5 м, дојде заедно со татко му. Иако е ептен приврзан за мене, не се делеше, плачко беше и сеуште е, дури и претходно дојдоа да го види бебето, иако јас инсистирав да не го доведува мм. Мислев ќе бара да седи со мене или одма да излезам, он само ја виде, ме бакна и задоволно си отиде. Кога излегував од болница ми даде цвеќе, ме гушна, му го дадовме транспортерот, демек бебето да го носи и си дојдовме дома. Му дадовме подарок од бебето и полека се прилагодувавме. Многу трпение на почеток и без викање. Со моево критични денови со напади на љубомора беа вториот и третиот откако си дојдовме дома, после се врати во нормала. Има сеуште такви некои денови, ама како и другите што зборуваа, повеќе е како револт, непослушност, желба за внимание, отколку љубомора кон бебе. Имавме среќа што се породив на почеток на лето, па цело лето го поминавме надвор.