@elenaklasik честитки мајка Баткото мој имаше точно три кога се роди бебе. И тој дојде со татко му да ме земе. Обично е малку подив, ретко се гушка или бакнува. Јас бев со бебе цела недела во болница. Дојде и тој со татко му, и кога ме виде толку силно ме гушна, уште ми се плаче кога ќе се сетам на моментот. Криво ми е што не го снимав кога си дојдовме дома додека го доев бебе, тој ми даваше да јадам Секоја вечер си раскажуваме приказни, и покрај другите, раскажуваме и од секојдневниот живот. За него тоа стана приказна, како дојде со татко му да ме земе од болница, па колку пари го платил бебето и како си заминавме дома. Сигурно се гледате на Вибер? Знае ли дека си во болница и има бебе. Ако знае нека дојде, да нема лутки после, дека мама си дојде и ми донесе бебе
Честитки, нека е живо и здраво! Јас кога се породив првин мислев да не доаѓа постарото, ем дека од друг град. .. Ама се предомислив,дојдоа со татко му и тоа ми беше најдобрата одлука, беше пресреќен што е дел од тој настан, беше горд и супер поминавме. Мој совет е да не го исклучуваш поголемкото
Колкаво беше? Многу се мислам, ќе зборнам и со маж ми. Сакам убавко да поминиме првиве моменти, да не ми се штрекне големиов.
5 и пол, поголем. Нека му зборувс деновиве маж ти дека тоа е супер и сл. ќе биде одушевен кога ќе ве види... Да не мислиш дека ќе се штрекне од љубомора и сл? Мислам во тој миг не се ни свесни, пресреќни се што си ги гледаат мајките
Прво честитки, да е живо и здраво! Второ, обавезно да го земат и него... детето секако ќе има измешани чувства, не му го скратувајте сега ова, греота е. Маж ти нека му објасни убаво, нека го спреми и таму ќе му го покажете одма бебе, ќе му дадете главна улога, да се осети важен. Син ми се осеќаше многи убаво кога му го подадоа брат му да го фати, пресреќен беше, мајка ми се сетила да ги сликне и тоа ни е единствена слика од земањето, но и најубава, ќе ја урамам во огромна рамка. Верувај, ако е мал, ќе му остане убаво чувство.
Ели извини во голем хаос сум, сум го пропуштила тагот. Честитки, да е жив и здрав Кирил, голем да порасне Јас му реков на маж ми да не го носи. Убава средба имавме дома, пак би постапила исто. Да беше барем 5 години може ќе дојдеше и тој ама така пргав и непредвидлив не сакав да ризикувам во кола, да се чудам кој попрво да смирувам. Пиши кога ќе можеш како си, како помина
Честитки мајка! Нека е живо и здраво бебчето Кај мене дојде и синчето кога ме зимаа и баш беше пресреќен. Незнам кој ме советуваше демек играчка да има со бебето (од бебето), за него. Па така направивме, камионче некое земавме Многу беше среќен, она спремна во релаксатор и си ја гледаше со насмевка и ја допираше и слика имам од првиот момент После и во кола беше позади со нас, преубав момент Инаку беше 2г и 6,7м
Се осеќам ко да го имам предадено поголемиот. Мислам само како ќе се осеќа тој, дали ќе знае дека го сакаме, да не се осеќа оставено од наша страна... Знам дека ќе има можда одбивност, љубомора, ама што ако не го сака, се трга, како да постапиме? Можда ќе си вика од каде сега ова, зошто е ова овде? Што да велам, како да реагирам?
Да не мислиш до толку. Љубовта е љубов. Секој ден се повеќе ќе се сакаат. Следи ја мајчината интуиција. Мисли позитивно. И збори му како сега е поголем брат.
Ова грдо чувство го имав неколку дена по позитивниот тест за вторава бременост. Ем радосна дека бидна посакуваната бременост,ем разочарана ,растревожена како сум го предала првото. И мене ме плаши моментот кога ќе се породам. Јас би сакала да дојде мм со големиот батко(тогаш 3ипол годишен) по мене,но не знам како ќе преживеам без него неколку дена во болница
Леле јас го преплакав моментот на разделба со првото неколку дена пред пораѓај (дека закажан царски) Грутка имав во грлото недела дена и само си плачев кога никој не ме гледаше... На идење накај болница поштено си леев солзи, сопругот ме караше ама посилно беше од мене. И во болница сите 4 дена паметот ми беше во детето дома,среќа они супер си поминале... Дека прв пат толку долго разделени, ем хормони ем малку страв од операцијата...
@Grungie Исто Само денот пред закажаниот царски не плачев, си го поминав цел ден со синчето. По пат и пред болница дека рано стигнавме се утепав од плачење. Се опростив од маж ми, аманет му оставив, отидов да умирам Преживеав нели, па секој ден си плачев по поголемиот. Една сестра од памет ја извадив кога ме виде цела потечена, искривена во фацата од плачење. Сега смешно ми е ама тогаш многу тешко ми падна. Јас осеќам вина за помалово, огромна грижа на совест дека го запоставувам. Гледам само да е најаден, избањат, преоблечен, а останатото на маж ми го оставам. Пијавица ми е големиот и морам да го играм цело време. Баш скоро прочитав некаде, не е тешко чувањето деца, тешко е да ги завршиш обврските додека ги чуваш.
@elenaklasik Живо, здраво и среќно. Со месеци имав панични напади како ќе биде кога ќе го оставам. Супер си поминал тие 4 дена, ич не ме побарал, дури криво да му падне на човек. Моето беше 1,5г. и дома остана. Секако тоа време му беше дремката и само ќе беше измрцварен. Кога дојдовме дома одма кај бебето си отиде, а кога си заминаа сите си дојде да си се гушка со мене. Јас пак умирав цел 9-ти месец. Со детален план за отплаќање на кредитот, воспитување на децата и неговиот љубовен живот во иднина. Некое дете во некој момент ќе биде запоставено и поинаку не може да биде. Најубави моменти ми се кога сите четворица си лежиме и се смееме. Ретки се, ама тие ме одржуваат.
. За среќа не е толку изразено кај нас. Во моментов најизразено е игнорирањето и по некоја плачка за глупости. И како што вика @AngelOfArh гласен е кога не треба, тропа, вика. Вчера мм му ветил да прават заедно пица. Дојде време за ручек и мм ги направи пиците, а мали играше и не реагираше. Е кога сфати дека се готови кога рикна со крокодилски солзи. Па моравме на импровизираме на кришка леб Највеспомошно се чувствувам навечер кога треба да легнеме и бебе заспива со цицање, а големиов бара да го гушкам. Па сега мора да калкулирам да ги успивам еден по еден и цела вечер само успивам некого Честитки мајка да е жив и здрав. Ми промакнало дека си се породила. Инаку кај нас големиот дојде за земање, така беше договорено уште претходно. И како што ти пишаа имавме подарок кој му го "купил", бато. Пресреќен беше, само малку незгодно дека почекаа додека ми потпишаа испис, ама среќа умен беше, што од возбуда, што од неизвесност. Мм го носеше бебето во транспортер, а јас дирекно него го изгушкав. Е кога го виде бебето и колку е мало се збуни, и само викаше леле колку е мало и слатко. Момент што не се заборава
Дефинитивно заклучив дека децата со помала возрасна разлика побрзо се прилагодуваат едни со други. Маката за родителите е 2-3 год.потоа дома си имаат другарчиња, кои играат заедно, јадат, спијат итн. Моите деца се 7ипол год разлика. Додека бев бремена големово дете беше премногу грижливо кон мене, а бебето го даваше на секој кој ќе му го спомнеше. Бидејќи се пораѓав во друг град, ме носеа сп татко му, ме оставија и они си заминаа двајцата. Дома беа сами двајцата без ничија помош, секој ден се слушавме по безброј пато на вибер. Ме зедоа од болница пак двајцата, сами. Беше вчудоневиден колку мало бебе е брат му. Првата недела додека фативме ред, не го сакаше воопшто. Викаше дека ако е таков плачко, подобро да го вратиме Ама сега, сега го сака најмногу Обожава да му давам обврски околу брат му, горд е што тој е големиот батко. Малово пак, цел ден околу него се вртка. Е сега, никигаш нема да заиграат заедно, затоа што кога едниот ќе стаса за самостојна игра, другиот веќе ќе биде пубертетлија. Љубомората што големиот син ја има кон мене, неколку пати ја имам спомнато, тоа е страшно и трае.
Фала ти на честитката! Да ти кажам и нам крајот не нѝ се наоѓа Ако плачат по нас и нѐ бараат, уште потешко ќе нѝ е, уште поголема емотивност и мисли од типот - ете му фалам, го оставив, ајде да ги преживеам деновиве... Ако се среќни и задоволни и не нѐ бараат како што сме се филмале претходно, пак сме тажни и си викаме зошто не ме бара, зошто не му фалам... Јас мислам подобро времето да му е забавно и опуштено, наместо детето да плаче вознемирено по мајка му. Ме насмеа со плановите што си ги правела А да ве прашам исто ми текна. Со второ бебе доаѓате дома и нели во постпородилен период се очекува меланхолија, депресија, blue mood. Имавте време за вакви состојби или не ви ни текнува на вакви работи
Леле јас ич немав ваков муд. Баш бев расположена како да не сум родила, секоја вечер едвај чекав да легнат децата и да пиеме винце со маж ми. Тоа претходно ептен ретко го правевме, од умор заспивавме со нив. Сега сум многу енергична и сите ми го кажуваат тоа дека се гледа. На крајот од денот и јас сум умрена ама пак се издржува некако.
Не знам кај да го поставам прашањево па тука. На жал и мене почна да ми паѓа косата сега 4 месеци одкако се породив. После колку време престана да ви паѓа? Има надеж или? Утре планирам да купам Alpecin шампон и витамини за коса па се надевам може ќе престане малце од малце.