И со првото и второто дете до кај годинка престана да ми паѓа и почна нова да расте. Сега дете е 18 месеци и новата коса односно старата што падна до рамена ми е порасната. Што и да купиш џабе ќе е. Таков е процесот. Ама можеш и да користиш нешто да не ти е на премисла. Ти како сакаш така. Јас немам ништо користено. Сама падна. Сама порасна.
И тоа што велиш. Здравје ќе видам за некој ден. А за заспивање кога успевате? Поголемото продолжи со истиот ред на легнување?
Не сакам да те плашам, но два месеца бев во постпородилна депресија и тоа со второ дете. Посакувам да биде кај тебе се ок.
Не сум со второ ама имам моменти такви првично ми беше претешко затоа што немам млеко за доење и на секое прашање и совет на таа тема од кој ќе стаса јас голтав солзи во себе. Неколку недели после има моменти кога ми е тешко на таа тема, меѓутоа научив да се носам со тоа. Blue mood, имам бидејќи околу бебето цел терет е на мене. Сопругот со долги смени на работа. Кога е дома тоа што можи помага, сепак разбудено или спиело цели ноќи, тој терет е на мене. Дополнително што немам доверба во свекор и свекрва и не сакам ни на половина час да го оставам со нив. На пример денес внучето беше кај нив на чување, дојдоа да го видат бебе и свекрва "се пофали" дека успеало внучето 10 крем бананки да изеде. Сите вакви нивни постапки ми го прават тој blue mood. Од остатокот со моето бебе, дали сте давале ким против грчеви? По колку се дава?
Во исто време заспиваат во 20:00. Бебево со рутина се роди. Бебе цицаше, а малава до него легната ја чешкав по грпче. Рацете ми се изместија на почетокот и телото сите коски ама сега се врати се на место изгледа. Јас од прв ден имав утринска и вечерна рутина за лицето и се шминкав од сабајле со бебе во транспортер до мене. Дека со првото дете крш бев со мрсна коса и пижами па со ова гледав од прв ден рутина да фатам да не бидам пак ко од поплава избацена. Па чудо бебево скоро стално седеше мирно додека се шминкав и какаше тоа време. Ептен го сака и се ама вчера пример не знам што и стана ми вика и бебево продади го не го сакам веќе само цица. Ама жолта минута имаше нешто, после тоа ништо, пак го сакаше.
На 100мл зовриена вода ставав 5-6 зрна ким да отстојат, цедев и давав по 30тина мл. Консултирај се со педијатар претходно.
Сите имаме такви моменти, дур се навикне мзокот на новата обрвска. Е тоа што си повеќе сама, придонесува, ама верувам кога ќе фатиш ред, и со текот на времето, ќе ти помине. А за свекорите за такви идни работи не се нервирај. Најдобро е децидно да поставиш ред, да кажиш какви тертипи, рутини имаш со бебето и да го почитуваат тоа. Без нервоза многу, само тоа што мислиш дека е потребно за бебето. Сепак да ти помага некој за бебето убаво е. Ако имаш разбрани луѓе. Убаво е така да имаме рутина. Јас со првото едно време се запуштив, суво лице, промиј се бегај, не пули се, и едно време си викам види се каква си. И си купив препарати почнав да ги мачкам и за некое време подруг сјај. Мора жената колку што може да се одржува инаку тешко ѝ е кога ќе се запушти. Влијае многу. Ам навечер бебето не ти се будеше многу? Дека велиш со рутина се роди. И јас сакам такааа.
Првите месец два заспиваше во 20:00 и прв пат цицаше во 3:00 па во 5:00 ама после тоа се будеше цело време, сега има 18 месеци и сеуште се буди цело време и цица. Ама спиеше. Неколку пати будно беше од 3 до 5 во тек на првата година, неколку пати или повеќе барем еден круг мораше низ стан да го шетам па да спие пак. Првото на 3ипол-4 години почна да заспива во 20:00. Затоа велам ова со рутина се роди. А првото кога се роди заспиваше во 7:00 сабајле па полека враќавме наназад наназад па дури и во 00:00 кога почна да заспива јас пресреќна бев. Првото може мислело во Австралија дека е родено од што средував документи за да се преселиме па може мислело средено е таму сме и заспива по нивно време.
Мајки, да препорачате некоја книга со совети за развој на дете во месеци / години, било за работа со него (игри, реквизити), било за храна и сл?
Која е потребата да и кажеш на мајка која се бори за секој грам на бебето дека не цица од тебе воопшто, дека се лажеш и дека го изгладнуваш?! На момент се посомневав во себе, ама после измолзев 150мл на нецицано и сфатив дека сепак бебе цица, зошто после цицање молзам по 60-80мл. Од камен да си ќе те погоди муабетот, а не да си мајка вознемирена и сеуште со хорор хормони. Ќе пројде, само ми даваат причина плус да се борам за своето дете. Не им давам за право на никој!
Mајка ми уште ми зборува дека Ели сум ја изгладнувала со тоа доењето, дека плачела од што била гладна и од млекото имала грчеви… Ако ти пречи дај им по капата на сите
Од едно уво нека ти влегува, од друго нека излегува и тоа е, коментари ќе има секогаш, секакви. Мојата не напредуваше баш како што сакаат педијатрите по кило/месечно па домашниве ми трубеа цело време гладна е, ти немаш млеко доволно, слабо ти е млекото. Вака прави, онака прави Ама гледав кака, мочка нормално полни пелени и престанав да се замарам кој што ќе каже, па со тек на време и коментарите престанаа
Мајка не слушај никој.Ти првото успеа со молзено млеко да го пораснеш.Молзењето за мене е најтешко.Абе зошто не ги пратиш сите по дома?Ова не ти е помош . Можеш да го мериш и бебето на вага пред доење и по доење тогаш ќе видиш колку со сигурност е цицало.
@AngelOfArh не слушај никого, следи си ја интуицијата Бебе си цица од дете, доволно е големо за да плаче ако е гладно, нема да промашиш. Пишував претходно дека така мајка ми, пошто синко си висеше цело време на цице, ми рече може му е малко моето млеко. Ѝ реков прасе да му нарача. Не знам како мислат дека бебе од неколку недели има сила да влече 15мин и да се најаде.
Секогаш ќе најдат за што да коментираат.. Кај нас на почетокот, беше и со дохрана АД, коментари па мора ли, најубаво е мајчино, почесто нека цица, зошто АД.. сега само цица, па зошто не му дадеш АД, да не му е малку.. нема крај
Тој менталитет сме! Поголема мајка си ако си родила природно и ако детето цица! Страшноооо Не! Јас сум мајка ако го извадам на прав пат, му овозможам да е добро најсден, облечен чисто и здраво, образование соодветно, курс и спорт, да осети море и снег! Тоа е мајка за мене, а не чинот на раѓање и доење, тоа се х фактори ситуации, не зависи само од тебе и твојата борба и желба. Во парк шетам и на 300 м ќе застанам со некоја баба си внуче, прво прашање - цица????? Нема бегање, тој народ сме.... Мене скрос ми престана млекото кога свекрва ми беше на 3-4 дека поседок кај нас, а претходно само се коментираше гладно гладно е, мислам жената и ден денес само знае да рече што е нервозно детево, а не знае да му зборува, ниту една песничка да испее, да го анимира. Се се сведува на нервозно и гладно, а сите др се воодушевени од него, не сум чула да каже друг дека е нервозно ххахсххаа ама тоа е веќе друга тема за и на мм