Мајки дали некоја има проблем со болки во грбот во бременост? Било каква активност подолга од саат време ме уморува и ми создава болки во грбот, исто и држење бебе, неможам да го носам повеќе од 5мин. Не знам дали е од пораѓај и дали е нормално или да се јавам на ортопед. Инаку поминаа 42 дена од кога сум породена
Исто беше и кај мене со првото ама кај мене капак на се затоа што сум немала цицки и сум немала млеко! Уште потажно, уште пострашно! А јас гради мали скоро и да ги немам ама млеко за извоз. Среќа со второто немаше кој да ме замара па видов колку е лесно со деца кога нема кој да ти се меша. Второво како да не го ни изгледав, никаква мака не видов, спремна сум за трето хаха. Колку отежнуваат од страна страшно е. Сама на раат. Среќна мајка среќно бебе.
Многу сум задоволна и од Мудар родител среќно бебе. Книгата дава многу добри препораки, што можеме и не можеме да смениме, како да се однесуваме, кои се потребите на бебињата, што да очекуваме, што можеме да направиме и сл. Ама тоа е друга тема.
Оваа што ја сликав е од просветно дело, не се сеќавам точно околу 400 ден мислам беше, а мудар родител среќно бебе е издание на Антолог, јас ја купив од Капитол од штандот со книги кај дуки дасо - 500 денари.
Фала ти многу!! Оваа на просветно дело ја барав уште во октомври, ја немаа и се чудеа во двете продавници во Центар.
https://kupikniga.mk/product/grizha-za-deteto-do-trigodishna-vozrast/ еве ја, 590 ден е и уште 4 има на залиха
Ај здраво Сакате малце позитива хаха Малиот ми го зедоа на фототерапија, имаше зголемена жолтица. Ќе го држат цела ноќ до утре. Јас се молзам и му даваат од шише, бидејќи прееска поцица, да, ама дојде визита и го прекинаа и тој си заспа и не продолжуваше после да цица. Поспано ептен. Се надевам тоа лампата не е штетна во смисла на зрачење И така си чмаам во соба, тв пуштено, гледам Лила, досадно, да ѕвонам на секое кај моиве, нема смисла. Или па по другарки. И така си мислам како ќе се снаоѓам, цело време умот ми е од утре здравје Боже како ќе тераме. Како што сум окупирана со разни прашања во врска со снаоѓање дома првиов период, мислам дека ќе ме спопадне едно бејби блуз расположени, дур се соземам која сум и што ми се случува. И си мислам на другиот син, си потплакувам, се присеќавам како ми беше со него како бебе, дека всушност убаво ми било, ама и тогаш се лигавев чат пат. Во какво дете ми порасна сега, фантастично! (*капнува по некоја солза) И си викам дека многу брзо децата растат, годината е еден миг, мигот е година, ама кога ќе порасне и ќе речеш не е веќе мало, периодот на мало дете полека заминува, и пак ќе си поплачеш. Ај доста е, добра ви вечер
Нема да осетиш промени на почетокот. Бебе ќе спие повеќе. Е после 6 месец веќе е потешко. Ама ако оди батко во градинка, нема да ти биде напорно. Дали моето од бебе спиеше навечер и не плачеше, па имам чувство дека уште 10 бебиња може да родам. Уживај си и не мисли, додека порасне малку ќе се стопли и ќе се шетате надвор.
Второто ти спиеше навечер повеќе? А првото? Обично едно повеќе забушава. Првото имаше моменти на плачење, будење често, ко во сон ми се.
Извини вака, а колкаво е поголемото синче и како ги поминавте деновите разделени?.. Јас имам ќерка 4ипол години и постојано на тоа мислам како ќе издржиме тие 3,4 дена, прва разделба ќе ни биде, а многу е приврзана за мене, постојано ми вика 'мамо кога ќе одиш ти да ти го извадат бебето ја ќе те чекам на стол ad:
3 години има. Со татко му си играа цело време, шетање со бабите, на мекици во ресторан, и помина времето. Не се многу дена, 3 4 дена ќе се издржи. Побитно е ти да си сигурна и стабилна пред неа, да ја подготвиш дека нема да си тука 3 дена и дека со тато ќе ѝ е убаво. Уште ако е поврзана со татко ѝ, уште подобро. Или со баба, па заеднички активности. Најбитно е возрасните да се емотивно стабилни и да даваат сигурност на детето, а не тоа да се сомнева дали самото ќе издржи, па да му остане како неубав период. Се гледаме на вибер, слики му покажува татко му од бебето, и тоа. Нека го исполнат времето со активности забавни.
Здраво здраво Јас да се пофалам за прво запче, па тоа доживљај било, скоро се подмочнав кога видов. А баш мислев ќе бидам мех, заб, we all have them... Ко ќе се спрема за проодување пелена за возрасни ќе си носам.
Да, со првото ред не можевме да фатиме. И уште е таков, не сака да спие. Става во 7 сабајле, и во 11 вечер не му се спие да си пукнеш од мака. Дури не сака ни заби да мие навечер оти знае дека за некое време ќе треба да легне А бебето . Првите две три ноќи плачеше ама му било топло, сум го облекла повеќе. После тоа почна да заспива и спие до сабајле. По 10 часа спиеше, а ќе спиеше и повеќе да не го будев да го носиме бато во градинка. Спие до мене, ќе поцица малку и продолжува да спие. За мерак. Дома и ручек спремен, чисто се, алишта испеглани.. Ама сега веќе проблем. Има 8 месеци. Навечер исто спие, само малку ми е тежок за заспивање. Дење без проблем заспива, ама дремка му трае максимум половина час. А батко е дома, и ме чека да го заспијам бебе и да си играме. И само што ќе почнеме оп, бебе стана. И тој ми вели спие мамо не стана. Жал ми е за него, овој период е многу тежок. Не очекува операција за недела дена и го чувам дома од нова година за да не ми се разболи. Му недостасува градинка, и децата и тетките многу ги сака. Се тешам само побрзо да ми помине овој период. Понекогаш се чувствувам многу лошо, не знам ни да објаснам како. Ај барем ве има и вас како мене да си се тешиме. А ти не му ја мисли многу. Се ќе биде ок, ако си смирена и ако си тераш иста рутина со поголемото. И дај боже на сите бебушките да ви спијат како моето.
А ти шо си била будна толку рано а? Ќе тераме како ќе идат приликите. Сепак упорност трпение си треба ептен. Второто само го доеше или и дохрана даваше? Со лесно на операцијата мајка. Ќе помине и овој период, ќе биде подобро и во градинка ќе си тргне.
Добро утро Ај да си се пожалам тука. Три дена бев со температура 39, денес сум добра околу бебо ми помагаше мајка ми. Ми дадоа антибиотик Панцеф дека си го дојам бебо, златна моја свекрвица купила АД млеко да го ранела а знае бебо не фаќа шише вика остај го кај мене два дена ќе фати гладен коа ќе биде подобро на ад да биде него да го разболиш она ќе го чувала дете мајка нема да бара згора и АД ќе му давала а бебо не фаќа шише страшно и така убав ден женски
ХАХАХ божееее божееее со кој памет и храброст се дрзнала па и да купи е, алал да и е свака част , само игнор мајка и со помин нека ти е
Не само на доење и двете. Баткото цицаше дури бев бремена. Не сакаше да, нити цуцла. Исто и бебе сега. Не сака цуцла, го пробав АД плука, се гади. Не знам како ќе го оставам дома. Не знам дали може видео да ви пратам фацата што ја прави. Цел се треси, како да пробал Швепс