Мајка само внимавајте да не претерате со зборување. Уште се многу мали. Батко наш знаеше дека ќе има бебе ама не го оптоварувавме со тоа. Кога почна да ми се познава стомакот, се шетаме и луѓето ќе го прашаат дека ќе биде батко. Толку многу стана агресивен, без причина. Ме удираше, белези сум по лицето, исто и на татко му. Се исплашивме дали прави и во градинка така. Ама таму бил умен. Дома покажуваше љубомора. Откога си дојдовме од болница не осетив промени, бебе спие по цел ден, си играме, во градинка одеше, надвор со децата. Е имаше моменти кога и тој сакаше да цица. Се на се, супер е. не го удира бебето, го сака, го гушка.
Ох леле, нашава за сега ептен ме чува, пример вели на татко и ееј пополека вози мама има бебе во меше, свати дека не ка кревам оти имам бебе и сама ми вели тата крене мама има меше, без да и речам вели јас многу сакам бебето ама шо велиш деца, не се знае што ќе им текне следниот ден. Јас мојава ја одбив пред точно година дена од цицање, само што сеуште знае да ми крене мајца и да ме гали и да им вечи чаооо, на тоа помислив дека и она ќе сака да цица оти да ја видите само кога ќе ми ка крене мајцата каква радосна фаца прави. Што и да и кажувам џабе е, си тера. Најголем проблем мислам дека ќе имаме околу успивањето оти она без мене тешко, маж ми го брка од соба додека не заспие, тука се плашам. Ќе гледам да имам време само за нас две и обратно да има маж ми време само со неа, да учестува она во некој работи ама ме плаши и моментот дека она ќе сака апсолутно се сама, пошо сега прави се сама и додека не го направи сама нема одкажување, па да не помисли дека е бебе само нејзино.. божеее.
Е да, твојата е девојка. Да не се стави во улога на мајка. Да и купиш ти бебе играчка, со количка, него да го гледа, да му става пелени. А за заспивање немај гајле. Јас заедно ги заспивав. Сега ми е веќе проблем и бебе порасна потежок е за заспивање ноќе и батко одбива да спие ( да го оставам мислам дека 48 часа ќе издржи и нема да рече дека му се спие). А за спиење во друга соба не знам колку е паметно, ако сака ок, ама мислам дека ќе се љубоморни оти бебе ќе спие со тебе. Летото, откога се роди бебе, двајцата на спална, прво го заспивам бебе цица, па на бато му раскажувам приказни. Без проблем се заспивавме. Кога ти е термин тебе за породување?
ОД тоа ме мене најмногу страв како ке ги заспивам двајцата а морам јас претежно сум сама дома , и кај мене ке бидат мн мала разлика нема да имат ни цели 3 години , ке биде интересно и затоа ме интересира да читам искуства и да собирам совети ...
Разбран е мојот батко. Му велам ќе спие бебе биди тивок, и тој ме чека да го заспијам и потоа си играме. Ама сега малку порасна и навечер не сака да спие, а на почетокот немав проблем кога се роди бебе. И дење преспиваа заедно, и навечер ги заспивав заедно. Исто сама и јас.
3 полни недели бебе. До вчера спиеше поголем дел од времето, односно околу 2-3 часа за време на деноноќие беше будно. Денес случајно или намерно има поголем распон на будност. Од околу 10:00 утрово, до сега сигурно е барем 4-5 часа будно. Сигурно ќе се зголемува периодот на будност само што мене ми е некако рано и оддеднаш.
Благодарам,си зачував. Моево е прематурче, па можеби затоа и спиеше повеќе досега. Тек сега се ближи кон она што требаше да биде краен термин за раѓање. Денешниот прозорец на будност се поклопува кон напишаното.
Мене ми е мај, тогаш би биле 3г и 4 месеци разлика, она си има бебе количка, кенгур и со тоа си играа нон стоп, женскоо паа тие работи ни се веќе изнакупени хахах иначе не ни оди по план, сакавме да смениме стан и да има своја соба и нова и така можеби би сакала да почне да спие сама оти па и неа ја бае нон стоп и мислев идеално тој период ама ај... само сум слушнала искуство како од спиење во различни соби, кога дошло бебе големово штрајковало и се вратило и оно во спална хаха маа нема со децава не си на чисто
Здраво, дојдов да се испукам малку Ме нервираат жени што коментираат колку син ми е поврзан со таткото, и како јас како мајка требало да превземам нешто околу тоа. За само еден ден, еве што се имав: 1. Денес го носиме бебето на лекар за вакцина, сретнувам пријателка моја сама фатила бебе од година дена во едната рака, друго од 3 години држи за рака, а ние двајца носиме бебе од 8 кила на лекар. Нормално колешкава супер мамичка го искоментира тоа, толку ли е болен што доаѓате двајцата. Маж ми ни две ни три и вика, па детево има двајца родители. Му викам на маж ми "Е*ати мајката што сум, сама не можам ни бебе на лекар да донесам", ми вика да морам сигурен е дека ќе одам и сама, ама не морам, тој е до мене. 2.Влегуваме кај докторката, истата на секое одење не заборава да спомне дека детето е "татино синче" и буквално гледа на криво што татко му го пресоблекува и му пее, а не јас. 3. Потоа одам на работа и кажувам дека денес сме го вакцинирале и има малку температуеа леле кога ми скокнаа колешки "што правам на работа, треба да сум дома, на детето му требало мајка" Се враќам дома изнервирана и му кажувам на маж ми, вика што се замараш. Тоа е од љубомора и сељачизам, дека сигурно нивните мажи не ни ги погледнуваат децата. Маж ми смени работа за да може да работи од дома и буквално не се дели од детето. Бебето си го гледаме двајцата, без баби и дедовци. И еве малиот има температура и шлајмови, вечерва ќе ми спие во во раце, ама не се тука кокошките да видат, а и јас не се жалам како сум држела бебе цела вечер во раце, па затоа сум ваљда лоша мајка. Поздрав до сите "лоши" мајки, што имале среќа да зачнат од добри татковци и не мора сами да 24/7 да гледаат деца т.е. покрај здрав, прав маж не мора да бидат и мајка и татко истовремено
Добра ви вечер... Пак не можам да спијам. За среќа бебе до сега мирно спие вечерва, се надевам дека нема да рипне како што знае да прави. Денес го однесов на лекар и се покајав. Секако дека бев загрижена, да не бев немаше ни да го однесам, ама ме нервира ставот на докторот. Му кажав дека имаше некоја температура, и поткашлува и дека конкретно кашла во сон. ОДМА АНТИБИОТИК. Аман бе човече, го отру(вме) детето со антибиотици. Па зарем секоја кашлица е за антибиотик. Ама ајде си велам, се тешам, тој треба да знае, доктор е. Инаку, почнав да пишувам дневник. Сакам кога ќе биде доволно голем за да разбере што е всушност напишано, дури тогаш да му го дадам да го прочита... Можда на некои 17-18 години, или пак и подоцна. Знам дека ќе има еден куп прашања, и заслужува да добие одговор. Син на мајка.
A најубаво ми е кога ќе го слушнам како му вели на бебето МНОГУ ТЕ САКАМ, а малото го гледа и му се смее.
Да ти се фатат. Јас у градинка ја носам со маж ми бог да чува, а на 5 минути ми е. Го кажуваат тоа ко нешто лошо да е шо таткото е присутен.