Најискрено маж од прво ехо до ден денес е во се вклучен. Не гледам причина зашо да не дојде на преглед на детето. Па не сум го сама праела ѕверов
Мене ме нервира кога ќе видам во документи „татково“ име уште дека бараат. Или некаде како прв родител таткото го ставаат, а мајката втора. Не знам, ме нервира.
Подобро не отварај рани. Кој фактор била мајката во семејството порано, затоа претпоставувам. Ама ние сме уште во 60та заглавени во администрација, кога жените биле само фигура да раѓаат и домаќинки да бидат.
А јас стварно мислев нешо административно олеснување било. Упорно барам логика у државава. Ама арно викаш, заглавени сме пред нашата ера
Затоа јас во индекс (некад давно ) и во сите документи што требаше сама да напишам, пишував име на мајка, а татко ми као се лутеше… И да и мене ме нервира, баш!
Мајката се знае дека е мајка. Таткото треба да го признае детето за негово. Може и да не го признае, ако мисли дека жената го изневерила, дека не е негово, некогаш таткото не ни знае дека има дете, итн. Кај самохрани родители, мајки поточно, стои името на мајката. @kikikikirika јас секаде одам со маж ми. Од ехо прегледи до прегледи, се се. Ако не може маж ми, нормално дека ке одам сама, ама маж ми е татко кој е целосно вклучен во растење на син ни. Менуваше пелени, го бањавме заедно а сега сам го бања јас го бришам средувам, го успива, му спрема јадење, се знае поврзано со него. Колку е роден, каков антибиотик пиел, кои вакцини ги примил, итн.
Здраво мајки, ретко пишувам тука, ама ве читам секојдневно. Бебе уште спие, јас со кафенце . Во последно време нешто многу немирно спие, се буди по 100 пати, се презаспиваме, галиме, пееме, ш’шкаме Чекам 4ти скок да помине, ваљда ке се вратиме во некое нормално темпо и рутина… Се поненаспана станувам, не стигнувам ништо да средам, маж помага многу, плус на работа што оди. Моментално работи на некој проект па повеќе време сум сама со беба ама уште неколку дена ке издржиме… Се чудам како на некој со мали деца се им е средено, пиц-пец, ручек направен, исчистено, дури и мајкиве средени… Јас сум како од контињер извадена, кај повратена, кај покапана, хорор Ако се истуширам ми е успех у денов, ручек такоџе, ама не се жали ни маж ни па јас нешто се оптеретувам, ако можам ок ако не ке нарачаме, гладни нема да сме секако. Се мислам да уплатам некоја онлајн програма за вежбање, иде лето, полека треба да се враќаме у форма. Ми се иде на некој одмор уште сега, ама ајде и викенд ако успееме некаде ке сум задоволна. Беба треба да ја вакцинираме, тоа дополнително ми е стрес, цело време сум у очекување на некоја реакција ама first time mom ваљда нормално е. Приметувам дека не стигам се сама, па ке треба да ангажирам некаква помош, па ако имате предлог за жена за чистење ке сум благодарна, претходната веќе не работи, отиде во пензија. Убав ден мајки!
Странство сме,секогаш за се е прва мајката,последно вадев извод за малата ,за да го најдам онлајн беше побарано само моето име и моминско презиме Може погрешно те тагирав ,ама сакав чисто да се надоврзам на дискусијата погоре.
Здраво и од мене, не сум пишувала до сега тука, повеќе околу бебињата и претходно додека беа во нас Јас да си кажам ние 5 скок го дочекавме и туркаме во домашна атмосфера, ама крајот му вреди за сите пари До сега не го осеќав ама последниве 2-3 дена маста ми ја извади малава. Апликацијата вика уште 4 дена издржете! Ноќеска на саат време се будеше и незнаеше што сака, денес првата дремка што и е во 10.30-11.00 едвај јамфативме во 12,па за пола саат да се разбуди дете наспано и спремно за муабет, а муабетчика е богами @Doktor F знаеш како викаат позади секоја организирана и средена мајка, чиста куќа стојат 2 баби Шала на страна, со првото дома ми беше како во аптека. Дете мирно јас дома се цакум-пакум, јас средена, дете прошетано најадено, одморни сите ни една баба ни друга баба. Сега со ова некако незнам дали е до мене или до детево, ама ако во неделата успеам 3 пати да се видам во огледало е успех. Среќа додека бев бремена мм правеше ручек, па му ,,легна,, и сега почесто знае и она да смути нешто. Јас само ако се прави манџиче некое, за се друго постои пица сервис Што се однесува до одмор напнав јас уште од сега. Маж ми вика рано е, ама кој да слуша маж бре, почнав да барам, ко почнаа овде зафатено, онде зафатено, нема место, го напукав и него и резервиравме Сега кога го решив тоа се мислам што да ми биде следна занимација. Се мислам и јас да почнам со вежбање, ама стварно немам идеа што. Нешто орбитрек ми се врти во глава да активирам или па поефективно е да фатам некои вежби. Имам доста за симнување јас. Ова ладново ме убива ич не ми се шета надвор. Убав ден и од мене
Од подготовка за малиов повремено му кажував што прават бебињата, како се однесуваат, му купив бебе малку го играше, демек да го гледа да го држи, ама требаше јас да изведувам капење, доење, не правев така. Само ќе го подржев и толку, сега е во фиока бебето. За запознавањето. Бевме дома околу 13 часот. Син ми беше заспан. Стана за еден час и викна да го кренеме, слушна галама, тука беа бабите. Отидов јас во спална, не изреагира некако ко да ме немало, го кренав и појдовме во дневна. Му реков онде е бебето, појде да го види, тоа беше во транспортерот сѐ уште. Го погледна, така неутрално. Па по балоните се залета, ја расипа декорацијата Му велевме еве спие бебето, малечко е, ти мавта со рачето, еј се насмевна, те сака итн. Потоа играчката од бебето му ја дадовме и се порадува, па ме тераше јас да играм. Сѐ на сѐ онака неутрално. Следниве два дена го гледа, го ѕирка, еднаш го погали откако ме виде јас дека го галам. Го терам пелена да ми носи, го правам да е љупобитен за работите што ги прави бебето. Кога плаче се чуди зошто плаче, му кажувам дека е во ред да плаче, не може да каже со збор како нас и дека кога плаче треба да го гушнеме, и мама плаче исто па е во ред. Кога заплака вчера ми рече мама гушни го, крени го, а некогаш го имитира или сака да го надвикнува. И тука не знам како да реагирам. Дефинитивно им треба навикнување, гледам по тоа дека е зачуден, сам кога беше вчера го ѕиркаше..и така. Ќе се навикне, спремај ја за активностите со бебе, ама полека. Секако дека од зборување до реалност има разлика и промена. Битно разбирање, трпение, неизбувливи реакции од наша страна, туку смиреност. Да му даде време и начин на детото, без форсирање, без засрамување. Мојов сега спие во истото креветче, во спална со татко му се. Јас во дневна со транспортно бебево, јас на креветот. Ја чекаме детската соба, па ќе види колкав ентузијазам ќе покаже.
Немаше можност како да дојде и тој. Патот трае час и пол, и тоа се погодуваше во дремката. А и студено е времево. Затоа решив да не доаѓа. А тоа со балонот добра идеја ти е. И за Нина нешто купи од бебето. Ние му зедовме голема полициска гаража со патека со пат надолу, горен и долен спрат. И му правиме оооо каква играчка голема ти подари бато, за сите количиња да ги возиш и паркираш! И тој повторува, потврдува Тоа е на стартов, ехееее здравје Боже ќе видиме што ќе биде.
У право си за бабиве, ама па некако сакам по мои правила да го одгледувам бебево и вака ми е полесно отколку да се убедувам како било порано а како е сега Почнувам и јас со пребарување тогаш на дестинација, гледаш не ми текна дека ќе нема места
Јас резервирав одмор уште пред еден месец. И тогаш го зедовме последниот апартман. Цената беше прениска. Кај поскапиве има така-така. Ама 80 евра за гол смештај не давам. За тоа дали мајката е средена, играат многу фактори. На прво место дали ги дели обврските со мажот. Ако жената работи и плус дома е се на неа, кога да се среди? Мене ми го гледаат бабите само кога сме излезени со маж. За се друго стигнувам сама со маж да средам.
Грција ако гледате, тек ќе рипнат цените, со ситуацијава со Турција, таму нема да оди никој а во Грција ќе биде изгор скапо.