Очи и на газот да имаш и не ги оставај без надзор без разлика колку е фин со бебето. Никогаш не знаеш што си мисли потсвесно.
Исто сакав да пишам ама викам ај паметна да не се правам. Моето е скоро 7г па не го оставам ни 1 секунда сам со бебето, маж будам, јас трпам или на крај бебе у раце и гурам некако. Ѓаволот ни ора ни копа, за беља малку треба, ќе сака да се тестира колку може и толку треба.
Мајки, ве молам за совет. Големиов почнува да му ги имитира звуците на малово, некои мимики, ај добро тоа, ама и кога плаче малово, и тој почнува да вика, повторува тоа што прави со викање, прееска со едно тенџере играше, како што почна бебево да заплакува и тој со капакот чукаше по тенџерето. Дали му пречи, дали сака да се истакне или го имитира па користи прилика да викне, не знам. Што да му велам на вакви ситуации? Ми пречи кога така прави, уморна сум, не можам силни звуци да трпам, прееска и заплакав пред него, доста велам, те молам уморна сум, не можам да слушам, кажи со полека, бебето плаче дека не знае да зборува, ние се разбираме со зборување. И застана, прекина, ама пак си тера по негово. Можда и дома што е веќе, кога како излегува, ама мислам за в градинка е печен. Како би постапиле и вие? @Cosmic Girl што мислиш и ти?
Градинка, ако сака да оди. Љубоморен е и затоа така вика. Зборувајте со него убаво, бебе на игнорирање. Бара внимание, додека да се навикне, потоа полесно ќе му биде.
Кога се раѓа помало братче сестриче, поголемото дете се однесува како да има помалку години од тоа што има, се уназадува на некој начин, почнува да гуга, да плаче, да лази, можно е и да мокри во кревет, да посака да цица итн и се е тоа нормално. Со тек на време ќе се врати на старо. Цело време кажувај му како е тој постар брат сега, направи го важен, дај му значајна улога која што ќе го направи да се чувствува важно со пристигнувањето на бебето. Мојата имаше 4ипол кога се роди бебе и тогаш почна да плаче околу 5 години не се трпеше хаха а до тогаш не плачеше, и сега како бебе кога му удри едно гласно плачење ушите ми ѕвонеа ама нормално е тоа. Најважно е да сфатиш дека се е нормално за да не се потресуваш за џабе.
Нема правилен пристап на ова, нема точен одговор. Кај мене успеа муабетот, многу муабет, јас и баба му заедно, успеавме да го вратиме на старо донекаде. Најважно е да внимаваш да не се осети виновен за работите он. За ситуацијата, никако. Ако многу лупа, не му викај ради тебе бебе не спие, ради тебе ме боли глава... кажи му дека не е убаво да се тропа така кога некој спие, ајде нека стане бебе заедно ќе свирите или нешто слично. Од искуство што имам досега де. И немој за се да му викаш Не, уморна си, верувај знам колку си уморна, ама ако побара или сака нешто кажи му дека не е проблем ама малку подоцна, сега додека спие бебе пример да се одморите заедно или ти, па кога ќе стане ќе цица и ќе праите вие тоа... голема е веројатноста да заборави до тогаш, ама ти гледај да исполниш.
Јас се уште го носам на лекар со татко му. И не мислам поинаку освен ако е зафатен. И двајцата треба да смњ тука за него. И не ми е воопшто галје за ничие мислење. И јас имам различни мислења па не ги искажувам каде што не треба.
Само додека бев бремена беше љубоморен, после тоа не. Си одеше во градинка, си се шетавме, бебето спие почесто на почетокот. Ми беше жал летото кога ги гледаше децата на улица и сакаше да игра, ама моравме да чекаме татко му да си дојде од работа да излеземе надвор. Него го гушкаме, го бакнуваме, најумен е, најдобар, се нај. Оти ако е спротивно се лути. Само на баба му не и дава да го држи бебе, треба со него да игра. И понекогаш вели остави го бебе да си играме ама тоа дека му фали игра, го чувам дома уште една недела до операција. Сепак е многу разбрано дете. Би сакала кај сите вас да биде исто. Само фалете го, децата сакаат кога се пофалени. Ако прави нешто што ви смета, одвлечете им го внимание со нешто друго, не го карајте.
Многу убаво ако може да дојде со тебе. Жално е кога еден оди сам, и многу тешко. И јас со бебе, и батко со мене, сама бидејќи бебе болно и не го носев батко во градинка. И јас ги слушав татковците во болница како им викаат на мајките, гледај таа со две деца сама иди, ти со едно ме тераш и мене да доаѓам. Ама јас си знам колку е тешко,. И затоа подржувам поддршка.
За одење со мажи, јас сакала нејќела мора да одам, не возам, ама па и маж сака, да чуе што ќе му кажат, да знае... Што знам, некако ми е нормално тоа. Е сеа со ковидов ми е малку шубе, се влечкаме ние чопор, ама па сеа што да праиме, тоа е. За мене е сосема нормално и таткото да сака да слушне што има. Што се однесува до љубомора, мислам дека е сосема нормално и здраво да постои, но многу е важно да не се прават онакви поделби на послушно и непослушно дете, поумно, подобро... јас не дозволувам никој да ги споредува. Мајка ми имаше спомнато Марио пред тебе ќе изеде, гледај колку бавно јадеш! И уште еднаш дури го соблакавме а големиот го расплака пред него рече Кој?бато?сега ќе го тепаме бато, наа бато... Ама ги седнав им објаснив зошто не сакам такви работи и прекинаа. Некогаш ќе ти биде тешко да постигнеш и тоа и тоа, ама мора да се делиш на 2, тоа е.
И јас објаснив на мајка ми дека нејќам да ги става в уста помалово, за да го смири поголемиот. Шшп биди потивок, спие бебето, немој така, ќе плаче бебето и слично фрази. Има логика, детево ќе почне да си вели значи ова овде ми е пречка, и ете уште толку љубомора и контрање. Вака, за повеќе нешта се прам на тошо, освен не можам кога сака да го надвикнува и тој писка, ова јачка, и не знам, на пола сум. Прееска му велев ехее ти си големо дете, знаеш колку можеш да викнеш? Многу. И му покажувам со раката горе. Ама ние зборуваме потивко, еве вака и објаснувам објаснувам... Е и за одење по лекари во тим испадна да е проблем? Аманте бе луѓе! И странциве забегале. Што ќе речат за тоа дека со маж ми двајцата бевме во градинка за да се распрашаме за место за детево? Мајка за распнување Да де, имаше шанса да дојде, да немаше, сама ќе одев.
Мојата е 10 год, сестричката и беше нешто што го посакуваше долго време, дури имаше моменти кога ќе ми заплаче зошто она нема. Небитно, пред да се роди радосии до небо, се што е нејзино ќе и дала на малава, секаде ќе ја носела со неа, 300 муабети. Се роди сестричка конечно па првите 2 недели неможевме дома да ја собереме се по баби, дедовци, тетки...само првата вечер преспа дома. Ај се реши се прибра, мораше ради школо де и тогаш се покажа не многу нагласено ама си знаеше да промрља како се околу малото демек сите се вртеле. Ко ќе дојдеа нашиве само она сакаше да ја држи во раце, нејзина била Еве после 6 месеци си е таман, едноставно се навикна и нема повеќе изливи на љубомора. Нема врска големо или мало, сите се деца и за сите нив е промена. Што да кажат па оние што се први деца а после нив има уште 2,3,4...тоа е ќе си се навикнат едни на други А маж иде бре со мене на доктор, има скали кај нашава матична за до лифтот, а бебе ми е за машала нема вајда сама да се килавам. Кој што сака нека збори и нека си гледа во својот двор
Хахаха уште се замараш. И јас сум тогаш лоша мајка. Големата поише плачеше кога татко и искачаше него јас. Еве синко повеќе му се смее нему. Инаку заедно на педијатар, заедно на ортопед, заедно за двете на лекар. Со големата знам и сама до матичен, дека веќе ко другарки сме, ама бебе 9кг и транспортер јас сама да дигам, нема шанси. Врата никој не ти отвара така да, не планирам да се потепам и јас и бебе. За боцкање и брисеви, двете ги држи маж бидејќи е посилен. На почеток се чудеа, ама кога ќе видат колку прета бебе никој не коментира. Исто ако јас се нервирам во некој момент, брзам да го облечам, а не ми оди, маж превзема ситуација. Знае да се справи подеднакво како и јас. На ќерката и менуваше пелени постојано, сега и на синот. Кога е тој слободен ги чува, не бараме баба да ги чува, а тој да дреме на кревет пред тв. Ја па тоа неможам да го разберам, ама нејсе. Дојдов за друго де. Ама те прочитав. Заспа бене, големот испратив у школо, таман мислев ќе одморам, почна да се буди малово. Пола саат пишувам. Некои денови мислам немаат крај. Во 12 навечер се осеќам ко на сликата.
Не мислев на поделби јас, демек едното поумно од друго, како кај вас. Туку постојано го фалиме големото. Браво ова, она. Не давам и јас така да му зборуваме, ајде јади бебе ќе го изеде, и сл. Така само љубомора се прави. И сега си игра и му дава на бебето играчки. Знае кои да му ги даде, да не се буцне , да не се удре од некоја метална количка. Мали играчки не му дава. Е од кога почна да јаде бебе, ако му давам банана , тој јаде по две банани. Дали од љубомора или па стварно е толку гладен
За љубомора мора малку да ја има, мислам. Големката многу ја сака бебушка, ама има моменти пример таа кога сака да си игра со татко и,а тој веќе ја зел во раце помалата, Софи драми, вришти, плаче, даде лошаа, ја сакам со тато да играм, и ја земам јас помалава и на Софи и објаснувам дека даде е малечка, не знае уште да оди, затоа ја држиме во раце, ако сакаш да играш кажи ми на мене и мама ќе ја држи даде ти играј со тато..,ти ќе ја научиш даде како да оди и велам...и така се некои примери. Сега за сега добро е. И кажува дека ја сака, ја гали, и прави смешки, некогаш ако плаче малечката и давам тропалка на Софи да ја занимава демек.. и мењаваме памперс заедно.. И јас прометив ако велиш не тропај спие бебе поголема одбивност се ствара, тоа свеки моја,ама и објаснив неколку пати па сега не го прави тоа често. За секаде заедно, шта речи, сегде одам со маж кога е во прашање дете. На вакцини заедно, прегледи исто,во градинка периодов заедно ја носиме.. од пон маж сам ќе ја носи. Не знам, мене ми е нормално така. Не ќе се делам јас на сто дела. И тој е родител.
Дури и да можеме да се поделиме на сто дела... Ко маживе никој да не ги рецка бе. Мајка ми така-така ама на баба ми ако и кажам мм ја однесе ќерка некаде, и имаш прашање "сам? Па шо праеше ти?" Седев дома и одмарав. Шо да праам. Не ми е јасна појавата на чудење у 2023та зашо детето отишло само со таткото некаде или пази сеа таткото бил вклучен у прегледи. Уаааау, чудо големо
Ахахаха башш исто. Маж сам со ќерка ми и свекрва ми запрепастена лелеее како самии? Како ќе се снајдее? Исто ко јас што се снаоѓам Кај нас маж ги бања децата,поголемката сам, другата заедно, еден држи, друг бања, свекрва ми шокови ја стрефуваат
Срам, не срам. Ќе кажам. Јас у година и 2 месеци, само еднаш ја имам бањато сама. И се препотив додека ја избањав и кажав никад више сама Баба ми за вујко ми вика "он никогаш пелена нема сменето, едноставно не можеше" и мм и вика "а пробал?" Или ситуација, одиме кај моите и ја и мајка сме излегле некаде да шетаме и се јавува ФБИ, "Кај е Софи?", "Дома со татко и", "Вие шетате, сте го тупнале детето дома на татко и" Ама ја научив веќе, па смешно ми е. И ја рчкам цело време "Леле како сум можела ќерка ми со татко и да ја оставам, срам да ми е"