Најјак муабет е 'маж ти ТИ ГО ЧУВА детето?' Оти на пат го најде ти детето, па да ТИ го чува тебе. Немајка една шо некогаш ти треба време за одмор и за лични задоволства.
Мене ова сега ме задеси... Идам поголемото и имаш овде А малото кај е? Само со татко му? Па мало е! Да де, баш затоа сум го остаила, мало е, спие и цица, ако веќе се нацицало и спие, што може да се деси во 15мин дури го земам поголемото од школо? Демек јас од дома нема искачање сега, осудена, крај! Или коа ме видоа по големото кога отидов а малото 2 недели, Кај си излегла со толку мало бебе? На една и викам У курварлк! Што да одговориш?!
Oстај, мене на плоштад ќе ме палеа прва кафана ко затерав од ко се породив. Или прв пат ко ја оставив ќерка кај моите. Мислиш на улица сум ја оставила сама. Па ко се дотерав, па па па. Жално за слушање. А тоа од млади луѓе, мајки.
Ауууу се нејамајки на темава собрани. Што ви е вас, дури и Шакира ја потшишала косата едно време до рамења затоа што така личело на жена со две деца. Свеки и рекла. Не па вие, миничи, фустани, деколте, а родиш, заборајте, стрикно по нешто широчко, долго така до земја....
Омг хахахахахах Добро, немам свеки ама со косава до под задница не личам на мајка богами. На девојче Некој на улица може си мисли сестра сум и, а не мајка
Гледам сториња и колешка на мекиците за ќерка и и коментирам во позитивна смисла, леле коа нападна мајка ми, не било тоа убаво, било лошо и за малата... Мајка ми има баш чудни сфаќања И јас си бев на мекиците за син ми, е сеа месец дена покасно ама штодека.
Леле баш Јас не се замарам. А којзнае што зборам па кај син ми во градинка. само татко му го носи на родендени ( јас немам стапнато . Мислам, ова ни на крај памет. ама онојпат правам нокти и ми вика жената за комшииве мои што учат со ќерка им: Абе кај е мајката на Димитар? Зошто само татко му го носи на родендени и родителска Па коа ми текна дека ни на родителска немам стапнато
Кафани, кафичи исто така никако...затворени дома строго! Јас ко велев едвај чекам да вежбам и да си се вратам во форма нели, стомак да средам, ми искоментираа дека сега мајка сум била и тоа било, нема враќање телото назад
И јас после некое време одам да ја земам големата од школо оти се татко и ја земаше, леле како така ти си дошла.... Последни коментари и мене ми беа, леле сеа враќање назад на килажата нема. Не се слабеело така лесно после 2 деца. Не знаат дека јас имам Ас у ракав тако звани Ана Стојанова.
Имам договорена кафана со друштво кога бебе ќе има 2 месеци и во тие 2-3 часа ќе ја чува татко и. На адаптирано е плус татково знае да спреми храна и да нахрани дете. Е сега со менување памперс се учиме сеуште ама за месец дена ќе се научиме, да го направи и тоа. Колкава немајка сум?
Кога малата имаше 4 месеци јас си отидов на предновогодишна прослава од работа. Моите се ептен модерни, значи во секој поглед, од сфаќања, до стил, до изглед. Татко ми ми се јавуваше да ме праша кога ќе сум си одела дома, тешко да не му било на маж да ја чува. Маж се згази од смеење кога му кажав. Вика ова ко у средно коа ти се јавуваше прибирај се побрзо ај. Врвот над врвовите, годинава, 3 викенда по ред се акавме по кафани, еден ден, јас, еден ден маж, и бабата под нас што живее го прашувала дали сме се развеле, многу сме шетале, дете сме имале, па и јас сум шетала многу . Добро вечер иначе, јас можда 2 мес не сум пишала во темава. Бебе веќе немам, имам мала директорка. Иде по дома и команда со прстот. Трча низ цел стан, кога прави бељи вика пак, пак, пак. Од успеси задниов месец какање на нокшир, облакање шал, капа, патики сама. Од неубави работи, коњјуктивитис и растечен нос. За воља на вистината како ставивме мрп, месец дена без прекин одеше во градинка, па мислам дека ок сме само со носот што имаме проблем и ништо подраматично. Ме искараа многу сум го напнувала детето, не сум ја оставала да си игра на раат. После работа седнуваме кај нејзе во соба и редиме сложувалка со животни, па форми и давам да става, па дрвени едни да ги реди...е не многу едукација било тоа за дете година ипол. Баш ми е гајле, ме смараа и вилушка што и давам сама да јаде, па еве ја си крка потпечени макарони сама . И така, за се може да се мрчи. Битно да не се замараме ние. Убава вечер мајки
Летово, јас со ќерка у раце пренервозна, брзам да се сретнам со маж ми на долната улица. И ме застанува една баба на улица и ми се дере "Ало, кај трчаш го изнатреска бебето, потрес на мозокот ќе добие". И јас ко шо ме создале викам "Бегам од маж ми, ме тепа". Да видеш ќутење у секунда Moral of the story: Не се мешајте у туѓа работа
Денес ме караа баби дека сум ја шетала, а носето црвено и било, смрзнало детето да сме се прибирале. Акцент на баби, рандом баби на улица, појма неам кои се. Викам коњјуктивитис има детево и нос и е црвен, и од очи жуто и тече, и од нос исто жуто и тече, не и се приближувајте да не ве фати и вас. Одма си подвиткаа опашките.
Јас и мм секаде одиме заедно. И до маркет сите заедно. Некогаш сите влегуваме, некогаш он седи со деца во кола, јас пазарам. Не е многу вешт и снаодлив сам да се снајде. Го имам оставено, се плаши, едноставно не може без мене. Додека да пркне малово, јас немам многу привилегии да излегувам. Мм е на работа до 16ч.кола не возам, а и не би го мкнела на фитнес, на масажа, на маникир. Кога после 16 ќе се собереме сите, ручаме, раскревам, дете сака да пишува домашно, да учи, да биде со мама и тато, дошло време за вечера, бањање и за мене аш.... Еве пример утре сме поканети на честење за брак кај блиски. Јас ако сакам да одам мора да ги носам и нив двајца, или да не одам воопшто. Чест ќе направам еден час, онолку колку можат да издржат тие. Трпение, се надевам дека ќе дојде и мојот ден. Малово бидејќи се роди во март, после месец дена јас морав да го земам големиот од школо. Коментари секогаш има и слушаме од сите страни, ама воопшто не допираат до нас. Тие ни се условите нам, така ни одговара и тоа е тоа.
Моето ни 40 дена немаше јас на прослава со колегите отидов. Најнемајка на годината Оставив млеко само. Супер си се снајдоа татко и синко. Ич не ме побараа
Мајки ми треба помош . Ќерка ми има две години и седум месеци. Веќе скоро се' зборува и сака да си игра се од игра што ќе и се покаже. Од рингијаја до балонот се надува и сл. Е сега, на ТВ видовме спот од една детска песничка во која девојчињата играат меѓу себе со плескање на раце и пеење ама песните беа на германски. Игравме и ние доста такви игри ама колку и да се трудам не можам да се сетам на ниту еден текст (до толку сум остарела). Барав и на интернет ама не успеав да најдам. Единствено што ми текнува е на една песничка што идеше некако вака: "Ема есеса...". Ако некоја од вас се сеќава барем на еден текст од таква песничка голема работа би ми завршила да сподели ... Фала однапред
Можеби некоја ваква? Ми смета кога од свекрва и золва го споредуваат моето дете со од золвата. Ај сега е 3 неделно бебе ама смачено ми е од коментарите од типот - Ќе видиш дека твоево нема да спие бидејќи и Х (внучето) не спиеше цела ноќ. - Х не сака да носи капа на зима сигурно и твоево нема да носи Х вака, Х така, сигурно и твоето така. Многу нормално дека и две деца од исти родители, нема да се исти, а не пак братучеди ама напорно е секој ден истото.