Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.131
    Пол:
    Женски
    :talk:Добро вечер мајки!
    Јас сум од мајките чии што бебиња заспиваат во 12/1 по полноќ, па да искористам прилика.
    Деновиве ни се погоди времево не сме свртени дома, количката и секој ден во парк на кафенце и сонце.
    Исто и со кенгурче шетаме ама тоа кога сме сами и немаме помош за со количката.
    Со шетањево ни лета времето, саат/ два надвор и готово, отиде денот.
    Случајно разгледував у телефон слики и не ми се верува колку ми е пораснато бебево, колкацка беше кога се роди а колку порасната е сега и што све не прави.
    Почна да се врти од грб на стомаче и веќе нема лежење, само што ке ја ставам на под одма се врти и вика зошто не знае да се врати назад :lol:
    Пресмешна е :D
    Бевме и на педијатар, супер напредувала, наполни 4 месеци а веќе има дупло од родилната тежина, се роди 3400 сега е 6900.
    Некако мислев дека треба по кило да напредува месечно, така се надевав де ама педијатарот вика одлично е.
    Треба да почнеме и со немлечна исхрана, толку сум возбудена а прерходно си викав шо има толку возбудливо, сите јадеме нели :D Сега сум цела еуфорична, само разгледувам тенџерчиња, тањирчиња, прибор, чашки :D
    Циркуси сум.
    Едвај закажавме кај Антоние преглед ама изгледа ќе треба да го мењам, ќе одиме на зимување па ни се поклопуваат термините.
    Ме фаќа малку паника како ќе биде по пат и генерално таму, зошто воопшто несака да се вози, ама се надевам ќе го преспие патот.
    Со 4 месечно бебе на зимување не знам дали се оди, ама па снег не видовме ич, плус да јачаме имунитет малку, се надевам нема да се покајам.
    Ајде да одам да доразгледам уште некое тенџерче :lol:
    Добра ноќ мајки!
     
    На Калатеа, Oneo, Matea94 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.374
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички. Одамна немам седнато да си пишам во темава. Ама со секојдневните обврски некако не се стигнува.
    Туку дајте ум. Знам дека на многу од вас ќе ви звучи чудно и смешно ама ве молам не ми судете.
    Цуцка на мајка 20 месеци си напраи и уште си цица. А и не ни сакам нити планирам да ја одбивам. Е сегааа, треба да одам службено во Белград на 2 дена. Значни рано сабајле би тргнале, би преспале и другиот ден вечерта би се вратиле. Има шанси да се одбие за еден ден? Не нели? :x
    Се консултирав и со Јасна и она вика нема шанси да се обие, слободно да си одиш. Ќе си продолжите со доење кога ќе се вратиш.
    Ама пак ми е мисла тоа. Ако има шанси да се одбие ич не одам :lol:
     
    На Mom's_life му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.020
    Допаѓања:
    25.680
    Пол:
    Женски
    Не верувам да се одбие ако е страствен цицач, мојава до 25 медеци цицаше ама ок јас не бев разделена од неа еден цел ден, само мислам и да бев дека ќе си продолжеше оти уживаше во цицањето, ааа тогаш кога се одби, како гром од ведро небо беше за мене, само ми рече мама неќам појче и беше крај. Ептен ми е мило што без плачки, трауми се одби кога она сакаше.
     
    На IRBBB, nevermet18, Mom's_life и 2 други им се допаѓа ова.
  4. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.374
    Пол:
    Женски
    Па ептен страствен цицач е. Кога ќе се врати од градинка цица и после цело поручек е помини замини и вика оооо цицееее оооо цицееее, па ги гали, па ги бацува. Ќе си поигра па пак со цицињата :rofl:. И јас сакам да оставам природно да си течат работите и она кога ќе смета дека и е доста тогаш да си се одбие.
     
    На Mom's_life му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.893
    Пол:
    Женски
    Да, сите промени ми се разбирливи, само не знам ниту јас како да се носам со нив, сега кога сме на почеток со бебето.
    И мене ми е некогаш премногу, неспиењето, уморот, па и некој вид на постпартум депра од тоа што поретко излегувам и сум на циц-повик.

    Му посветуваме внимание на поголемото, ама како што ме дарил Бог , и во тоа се сомневам дали му е доволно.
    Мислам дека е очекувано ваквата негова реакција, со љубомората,нели? И цело внимание да му го даваме, пак ќе мора да поминеме низ ова.
    А пак нејќам да му праќам и знак дека бебето и да плаче, не ми е битно, битен ми е само тој. Треба да знае дека и бебето е беспомошно па мора да му помогнам.
    Цело време е со татко му, со баба му или со мене. Јадеме заедно како претходно, некако нагодуваме да спие бебето, и ние заедно во кујна, тоа од секогаш заедно го правиме. Ете еден момент на поврзување.
    Исто така го гушкаме, си читаме книга или стрип пред спиење, јас му менувам пелена, ја пеам две рачички. Значи гледаме да не мениме многу во рутина.
    Многу е напорен за излегување, нејќе, дур се убедиме, а татко му сака да го шета, тој во сѐ е еднакво вклучен за поголемиот син.
    Засега, поголемото реагира на плачот на бебето, се брани некако, подвикнува, вика не, трга работи од бебето, да не му ги земело, другпат пак, ми вика гледам бебето, крени го мама, демек за да не плаче. Така, збунет е и тој. И се надевам дека со овој тип на љубомора што покажува, не е знак дека емотивно му фалиме. Нејќам да се осеќа отфрлено.

    А што мислиш кога е погодно во градинка, во поглед на прилагодување за големото? Колку време да почекаме?
     
    На IRBBB и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Да, нормално е да се јави љубомората. Нормално е и да му се измешани чуствата кон бебето.
    Особено ако е помало, едноставно и заради точката на развој до која е стигнато детето.
    Колку години има постарото? Рече уште сте со пелени... има ли две години?
    Кај деца помали од две години многу е нормално и очекувано новото бебе да го вознемири и да има љубомора која видливо ќе ја манифестира и потешкотии да го прифати како нов член од семејството.
    Кај деца постари од две години може да постои такво чуство ама да не го покажува многу отворено се додека не потпорасне бебето и не почне да му се „меша“ во работите. Обично кога ќе почне бебето да се движи и да дофаќа играчки може да постарото да манифестира љубомора кон него (навидум одненадеж).

    Многу е битно да внимаваш на тоа како реагирате вие како родители на тоа негово изразување на емоции. Разбирам како ти е и колку ти е тешко, сум го поминала истото. Работата е што колку и да си лошо расположена мораш да смогнеш сила да се насмееш на постарото кога ќе го видиш првпат дента, мораш да одвоиш време да си поиграте дури и кога ти се спие. Постарото мора да осети дека количината љубов што сте ја имале за него не е сменета зошто дошло помалото.

    Битно е да му ставиш до знаење дека разбираш како се осеќа, ги препознаваш неговите негативни емоции и го прифаќаш тоа. Не се обидувај да ја намалиш вредноста на неговите негативни емоции.
    Кога се изразува како се осеќа, не го прекинувај, не се обидувај веднаш да го решиш тоа чуство за него. Само дај му простор да си се искаже, потврди му дека го препознаваш чуството и дај му поддршка.

    Ако приплакува и бара нешто што не можеш во моментот да го исполниш (на пр. бебето ти е во раце и го доиш) речи му нешто со од типот - знам дека си тажен/лут зошто не можам да ти дадам тоа и тоа, да те кренам и сл, и јас сум тажна што не можам. Дојди до мене и бебето седни си/ или ајде да се гушнеме кога ќе заврши со цицање бебето..)
    Ако сака да прави бебешки работи (регресија ако покажува), само речи му - значи многу сакаш и ти да си мало бебе? и остави го нека си ја игра играта. Ќе се засити во некој момент или после неколку такви игри и ќе престане.
    Ама во некој друг попогоден момент објасни му дека малите бебиња навистина добиваат повеќе внимание од мама/тато (што е убаво) ама затоа што тие не можат сами да направат тоа и тоа (со што објаснуваш дека бебето е позависно од родителот од големите деца и затоа е потапа да се биде бебе а не големо дете). Посочи му конкретно што тој како поголем може, а што бебето не може (на пр. да јаде вкусни работи, да си игра со поинтересни играчки, да си игра со другарчиња)

    Децата од предшколска возраст (4-6 год) веќе имаат подобри механизми за справување со конфликтни емоции кои им стојат на располагање од помалите деца. На нив обично им смета, како што реков, ако бебето им го наруши редот, просторот, им ги скрши играчките, плукне и полигави нешто на пр. и сл. Тогаш најдобро е да му се објасни на детето дека бебето тоа што го прави не го прави намерно.
    Убаво е и да му се помогне на постарото заедно да тргнете се што нему му е вредно и што не сака да дели со помалото (и што е опасно за бебето воедно) на место што не може да го дофати. Ако бебето нешто му направи на постарото братче/сестриче, ставете се на страната на постарото и во негова одбрана. Скршеното заменете го со ново на пр. Ако е луто и нервозно зошто малото му се качило на глава, дајте му простор да се смири или заедно направете нешто да се релаксирате (во стил - знам дека те налути, знам дека не ти е лесно, ела да слушаме музика заедно...).

    На оваа возраст правете активности само вие двајца, без бебето и други луѓе. На ова мислам да го ангажирате да ви помага. На пример заедно во супермаркет сами да одите или да си јадете нешто по негов избор некаде сами, а бебето да биде дома со тато или било што друго што ќе го направи да се чуствува од корист и направете од тоа редовна рутина. Нека биде тоа ваше време, за муабет очи во очи. Ако ви стане навика утре и кога ќе порасне нема да му смета да си поразговарате сами на кафе и сл.

    Одење во градинка е само по себе огромна промена за детето и не би препорачала да е временски блиску со доаѓањето на помалото. Доволно голем предизвик за детето е прилагодувањето кон една промена, а не пак кон две.
    Мислам дека детето најдобро ќе ти каже кога е моментот.
    Битно е да посака да оди во градинка, да сака да учи да истражува, да си игра со врсници, да сака да се раздели од вас.
    Не гледај временски, гледај во однос на однесувањето на детето и колку успешно се прилагодило на првичната промена - новиот член во семејството.
    Додека траат тие љубоморни испади и се додека има регресивно однесување, подобро е да се почека. Во спротивно ќе го сфати испраќањето во градинка како последица на доаѓањето на бебето.

    Мое лично мислење е дека најдобро за едно дете е да појде во градинка над 3-4 години.
    Ова го кажувам и како родител и како психолог.
    Тогаш едно дете веќе има одредено ниво на независност постигнато и почнува да игра со други деца, така да може контактот со други деца да му користи во развојот.
    До две години детето игра со други деца ама играат едно покрај друго, секое дете само за себе.
    Не играат заедно во смисол да играат друштвена игра. Секое е во својата игра внесено.
    На оваа возраст веќе знаат да искомуницираат потреба, можат да задржат внимание малку подолго време и да слушаат и сл.
    Секако ако мораш да го носиш во градинка и јасли ќе го носиш, ама ако има кој да го чува најдобро е да почне на оваа возраст.
     
    На Matea94, bubabuba, Kate Rina 93 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.893
    Пол:
    Женски
    Космик, премногу сум ти благодарна за објаснувањето и советите!
    Прашував и кај други мајки и кај мајка што се занимава со родителство, ама ти одлично ми посочи кон што да се насочиме.

    Постариот син во март полни 3 години. Да, сѐ уште е со пелени, држ не дај е работава. Еден период прави чекор со кажување за пелена да се смени, друг период ич не дава и би седел какан по цел ден.
    Во поглед на изразувањето емоции, неколкупати му кажав дека го разбирам, знам дека е непријатно да се слуша кога плаче, бебето е малечко има потреба од нас, преку плачот така кажува, а ние сме големи и тој (за поголемиот мислам )знае да зборува како нас. Другпат ми се случува да го стишам, да му кажам дека во ред е што плаче бебето, мора така. Е некогаш мајка ми е тука, и таа за дс му тргне внимание, да престане со надвикнување, му вели добро де, ништо не е ова, со смирен тон.
    Инаку, за тоа што велиш, и се трудам да му смеам, да бидам колку можам присутна и да играме на музика, ама некогаш ми се случува и да заплачам пред него. Не знам дали е во ред тоа.

    Поентата е како да се носам понекогаш со толку звуци. Ама ајде ќе помине, се надевам.
    До кога да очекувам да се навикне на ситуацијава?
    Има ли надеж или ќе завршам во лудница? Само ми се плаче. Нормално ли е?
    И се навраќам на период кога постариот беше бебе, па како ми беше тогаш, па се присеќавам на заеднички патувања, како цело внимание го добиваше, и си велам што ми требаше второ бебе, ќе си бевме тројцата, сега ќе шетав со син ми, вечер ќе спиев цела ноќ итн итн. Како каење ми се јавува. Во ред ли е вака, како да се носам со овие чувства, кога ќе ми поминат? Само одбројувам времето да помине што побрзо, а си велам не уживам во моментот (всушност што има за уживање не знам), ама ова ако ми е последно бебе, веќе нема да осетам бебешки период, и по некоја година ќе се навраќам и на сега, со носталгија. Многу сум терсене.
    Ми доаѓа да излезам од кожава, како да се носам со оваа депра моментално не знам..се трудам да не паѓам со духот и се надевам на топли денови, да излегувам повеќе, па да ми помине.
    Тешко ли ќе ми е со две деца понатака или ќе се научам?

    И дали е паметно наскоро да го префрлиме во детска соба, при крај е со подготовките. Ама и татко му ќе спие со него во соба. Сега спие во креветче, па наредно во голем кревет. Не знам дали тој муабет да го тераме дека веќе е голем за мало креветче.
    А јас ќе спијам со бебе во спална, бидејќи сега сме во дневна цело време, ама на долг рок не е начин.

    Леле да ти платам за советиве ! Или да се најдиме онлајн на разговор, мислам дека ќе ми треба.
    Фала ти од срце! :hug:
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.738
    Пол:
    Женски
    Само прифати ги чувствата. Прифати дека така се чувствуваш и тоа е тоа. Тешко е, сосема е во ред како и да се чувствуваш. И не, не мора да уживаш во секој момент, не значи дека секој еден момент ќе ти фали.
    Мене така само ми викаа, ќе ти фали, та ќе ти фали, е еве, не ми фали, не ми фали кога беше бебе и беше на цицка сто саати, едноставно не ми фали.
    Давај колку што можеш, не се осеќај виновно за ништо, кога не можеш речи си само дека ќе помине и ќе стане полесно, зашто сигурно ќе стане полесно.
    Сега не се оптоварувај со тоа како се чувствуваш, прифати само и терај.
    Ќе биде полесно.:hug:
     
    На Oneo, Skyler, Cosmic Girl и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    6.678
    Пол:
    Женски
    Месец дена со бебе. Од една страна ненаспана, од друга страна пребрзо ми поминува периодов. Кај нас малку со потешкотии во напредокот почна ама сега си е супер. Се радувам на секои алишта кои и беа огромни, а сега се точни или скоро, па мали. Дури и кутии за пакување купивме специјално, од радост што веќе имаме нешто за пакување.

    Друга мисла ми е кога ќе ни се нормализираат разговорите со сопругот? Доаѓа од работа, што правеше бебе, како си помина и нормално главна тема памперсот на бебе. Дали и колку памперси наполни, дали има гасови, грчеви итн. Цели анализи на памперсите на бебе. Нормален разговор за возрасни немаме :D
     
    На Oneo, Kaja991, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека ќе се одбие. Ја неколку пати се менував на работа, па ми испаѓаше да одам втора смена на работа (а тој сабајле во градинка), ноќе тој спие, па наредниот ден прва, па после работа по доктори или др обврски, па фактички не сме се видувале скоро по два дена. Али затоа штом ќе ме види одма ме влече по блузата.
     
    На kostovaivana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.049
    Допаѓања:
    6.477
    Пол:
    Женски
    И јас баш некни разговарав со мм на оваа тема. Некако како да заборавивме се друго и главна тема бебе. Од една страна ми е убаво и двајцата што сме подеднакво посветени во родителството и го интересира што правел син му во секоја секунда од денот, од друга страна ми фали времето претходно кога на секоја тема имавме муабет. Ај тоа што спиеме и во различни соби. Тој ми вели еве ми доаѓаш на гости во спална пред спиење :rofl:
    Ќе мине ова знам период е. За едно 18 години ќе се вратиме на старо :D
     
    На Oneo, Ano, Coco31 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Нема да се одбие штом е страствен цицач ;) Мојата беше 15 месеци кога се одби, не беше страствен цицач, 2 месеци претходно имавме само еден подој наутро кога ќе станеше, од навика така што сакаше да си се погали. Бев 2 дена на службен пат, само што се вратив и првото утро си побара. Ѝ дадов. После 2 недели пак заминав на службен пат исто 2 дена, па кога стигнав утрото не ми побара, ми побара дури четвртиот ден, значи 3 цели дена нецицана. Е тогаш веќе не ѝ дадов, ја замамив со нешто и веќе не побара. И јас одлучив дека ми е доста зошто напорно ми стана секое утро по 40 мин ми висеше на цице, а не ни цицаше, немав ни млеко веќе. Значи кога можеше мојата што не беше страствен цицач да побара после 3 дена нецицање, ич да не се мислиш дека твојата ќе се одбие (плус твојата и поголема е повеќе разбира):)
     
    На kostovaivana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Нема на што.

    Нема зошто да се чуствува вина што ти е тешко.
    Кој рече дека се мора да е прекрасно кога ќе дојде новороденче?
    Реално не е така розово се.
    Дури за мајката обично е навистина тежок период и физички и психички.
    И голема промена е на која треба да се прилагодите.
    И не, нема да побудалиш.
    И не, нема да трае вечно. Детето ќе порасне, тебе хормоните ќе ти се стабилизираат и ќе фатиш ред.
    И не, нема да ти е криво што пораснале зошто ќе си горда што се осамостоиле. Зошто тоа е најбитно на крајот.
    Мене исто не ми беше се бајковито, на многу жени исто не им е.
    И тоа е ок.
    Дај да си кажеме реално како е без стигматизирање.
    Не знам зошто критикуваат некои членки кога некој ќе изнесе на форумов искуство кое кажува за маките. Сум ги плашела идните мајки...
    Не треба такви искуства да обесхрабруваат, туку да помогнат да се спремни за она што може да ги чека. А не да имаат нереални очекувања кога се планира дете па после да се разочаруваат.
    Првите две три години се стварно физички напорни и тоа е факт.
     
    На WhiteCat33, Oneo, hello-kitty.90 и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.367
    Допаѓања:
    18.589
    Секоја чест за изнесеното мислење.
    Моето прво дете ќе има 3год и 8-9 месеци кога ќе се роди второто. Во градинка си оди без проблем од 13м.
    Јас размислувам за периодот кога ќе се роди бебето, дали големиот да продолжи во градинка вообичаено или да направи месец-два пауза?
    Паузата првично ја замислив од здравствен аспект,да биде здраво бебето бар до прва вакцина на 2м. Од друга страна летен период е,па и нема толку вируси и настинки.
    Потоа размислив како би се снашла со двете дома до попладне кога доаѓа мм од работа. Првиот месец ќе имам некој со мене,потоа сама.
    На крајот се осетив кукавички ако го пратам големиот во градинка,а јас дома сама со бебето.
    Многу измешани чувства и навистина не знам како да постапам кога ќе дојде време.
     
    На Ano, no name5, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    2.242
    Не се замарај пред време. Големкото ќе е доволно големо за да изрази желба дали сака да оди или да седи дома.
    Моето е 6 години скоро, и дома седи од здравствени причини затоа што бебето е многу мало, а секој ден имам грижа на совест што не оди во градинка а многу сака да оди. За некој ден се спремам да тргне пак
     
    На Sofi.ja и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.893
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки како сте?

    Форумов ми е место за споделување, за поддршка, искуства и утеха. Некогаш искрено и преку глава ми е, ама се навлеков. Освен тема бебе сега, друго не читам, а ми здосади и тоа веќе. И бременост ја читам, ги следам како се останатите.

    Како сте вие?
    Јас сум ко во кафез, ко со синџирче врзана, тоа чувство ми го дава моментално мозокот.
    Ги пукнав домашните колку сакам да излезам, и само одбројувам. Ајде уште 24 дена молитва, пола помина нели? Ќе поминат и овие, па се надевам ќе се охрабрам едно кругче со количка да свртам. Ако бебе е лошо и нејќе да седи, ексик. Јас ќе седам место него :D

    Се смеам ама и плачам. Колку сум измешана јас, а очекувам од син ми да ја сфати ситуацијава веднаш. Пфф браво Елено!

    Освен домашниве, маж ми мајка ми, се жалам по познанички, другарки со деца, на инста некои следбенички, комшивки, место не ме држи. Доброто е што зборувам, не се затворам, всушност и не е класична депресија пу пу скраја подалеку, туку преплавеност и изолираност.
    Маж ми ми вика оди шетни крај езеро. Е како бе? Не ми дава нешто, не сум мирна. Ако се разбуди и плаче, како ќе се смири со друг, кај мене најмногу се смирува. И тоа ме држи врзана.
    Со првото бебе, со маж ми се одалечивме од дома сами тек два месеци кога беше син ми.
    И тоа...

    Еве сега отидов по леб и масло, мала победа во денот. Додуша ќе ја прогласам кога ќе се вратам и бебе ако спие сѐ уште.
    Анксиозноста на најјако ми е.

    Кај вас нешто ново?
     
    На hello-kitty.90, Coco31, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Мама зошто не излегуваш да шеткаш со бебе? Убаво е времето, и него и тебе ќе ти годи воздух. Па може и големиот батко да го вози в количка.
     
    На Oneo, hello-kitty.90, Freckles. и 10 други им се допаѓа ова.
  18. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    6.436
    Zosto si oteznuvas sama na sebe. Spremete se site 4 ca koj vo kolicka koj pokraj kolicka prosetajte se pokrqj ezero ke bides drug covek.Kolky poveke se zatvaras doma vo toj magicen krug ke ti bide se potesko.

    Inaku ja citam temava ama nikako da pisam rabota, ispiti spremam.Momceto mi porasna 3 godini od edna strana mnogi raboti se polesni od druga strana imam i dopolnitelni aktivnosti da go razvozuvam po gradinka na aktivnosti..No toa ke pomine ke dojde nesto drugo i taka zaminale godinite.
     
    На Freckles., Coco31, Alexandrite и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    6.678
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik , истото чувство го имам на моменти со тоа што јас имам уште една недела седење по дома.

    Е сега цело време кога сум дома гледам со домашни обврски да се занимавам. Првично не бев воопшто излезена, па почнав на пола час или пократко да излегувам да пазарам, а бебе со маж или свекрва. За повеќе немам храброст да оставам дете со нив. Капење, туширање на рати итн.

    Е сега кога затопли почнавме и да седиме на тараса и кратко со количка наоколу.

    Некако повеќе доверба за чување имам во баба ми и мајка ми, па кога ќе ја оставам кај нив, бар ќе можам за мене и преглед да закажам контролен и да се опуштам со излегување.

    Плус имаме куп гости најавено за после молитва, па барем ќе се гледаме со различни луѓе и различни муабети и мислења ќе имаме.

    Вака ми е само во колку треба да пие млеко, па вакви/такви капки, па памперс менување, дали е покакана или не и само тоа го разговараме.
     
    На Kate Rina 93, elenaklasik и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    5.743
    Извини што ќе ти се замешам у муабетот, ми падна во очи што имаш напишано дека еден куп гости ти се имаат најавено. Периодов е ужасен со вируси и не би ти препорачала мешање на толку мало бебе со многу луѓе. Ако веќе ти идат да си прашаш дали некој е со растечен нос или кашлање. На почетокот и јас бев лабава и си викав сите нека дојдат ама не бев свесна за потенцијалните последици. Сега кога завршивме во болница докторите ме советуваа што помалку мешање со луѓе додека да помине грдава зима. А поише шетање надвор. Извини уште еднаш, не сакам да те плашам или да ти солам памет.
     
    На Mihaela123456, Oneo, Freckles. и 6 други им се допаѓа ова.