Секако тоа. Да се комплетно здрави. Дури и наши најблиски кои се со мали деца и овој период постојано со вируси од градинка немаат дојдено. Најавата секако останува, е сега кој кога ќе е во можност да дојди ќе видиме. Знам дека сите сакаат да го видат бебето, сепак и сами се свесни дека настинат/со вирус/со грип не се оди кај бебе. А ни кај возрасни периодов. Макар што и од многуте најавени фамилии едни да доаѓаат неделно или на 10тина дена, за нас е промена.
@elenaklasik Зошто да не изнесеш и бебе надвор? Па ова време за него е лепота, 18+ степени денес, за тебе да не зборувам колку ќе ти годи. Ако не ти се излегува на подолги релации, седете во двор, уживај на сонце. Јас немам двор па цел март лани го преседив на тараса со транспортер до мене. Јас исто се плашев да не плаче, ама заедно со мм во кола и одевме бар еден круг да прошетаме. Ако плаче во кола и назад. Времево денес лепота, права пролет. А јас со страшни главоболки, предменструални, никако да добијам, цела сум отоци, и мислам главава ќе ми прсне. Сериозно морам да направам испитувања. Спалната мислиш ќе тргне по мене, не можеме облека да си најдеме. Вчера имавме и водоинсталатер, водата кај умивалникот ми прави проблем, сменивме се и пак се појавува по некоја капка, капе од негде. Кујната беше и е, хаос. Машини имам 5 за пуштање со облека. Стасав само дневна да потсредам. Ама реков на вакво време не би да бидам роб на куќата и да казнувам деца дома да седат. Трк сите на село, кај кучињатс, кај мачињата, на воздух. Големиов се изнавози на точак, малово се изнапатка по животинчиња. Е мене хаосот дома ми остана ама кога они ќе спијат, јас ќе средам. И главоболката малку помина, ама не скроз.
Не знам ете како ептен мало и закржлавено го доживувам, неспремно за надвор. Затоа со полни 40 дена како преоден момент го сметам и плус се надевам дека потопло ќе биде времето. Се разбираме. Ссмо бебе и бебе тема. Сега ги сфаќам некои мајки кога велеа дека им треба муабет со возрасен. Ајде вие поблиску сте до 40ка. Ние уште три недели. И ако е потопло, одма грабам количка и надвор. Само ми е да не е плачко, како ќе го дојам се мислам. Само некои тривијалности имам за мислење хаха Инаку, прошетав на сонце милно, родители со количките туркаат, им позавидив малку. Морам и следниве дена вака да излегувам, да помине време. Се вратив точно кога бебе се будеше и срика за цицање. Точен мајчински часовник
Од Охрид си? Викендов бевме и времето беше преубавооо, вчера посебно, претопло. Не се затварај, излезете шетајте четворицата. Не мора по кеј, палете кола и одете по плажите кај што нема гужва. Ем големиот ќе ти се изнатрча, ем бебе ќе ти се изнаспие надвор на чист воздух. Знам дека е многу мало, ама зошто да чекаш 40 дена ако е вака убаво времето? Јас во екот на короната, збудалев дома цел месец. Не беше ни убаво времето ама одвај чекав да дојде време за на контрола да одиме, да мрднам од дома, со кола барем, да излезам од 4 ѕида и луѓе да видам. Или остави го бебето на маж ти или на мајка ти, земи го поголемиот и прошетајте пола саат-саат низ маало. Така ќе си поминете квалитетно време со големиот батко и ти ќе се рестартираш. Ама убаво е и бебето да го изнесеш, многу подобро ќе спие
I nie nemame 40 dena pa vcera izlegovme. Ovde vo maalo kaj nas po sonceto se prosetavme kratko i nazad. Pokraj ezero duva poveke zatoa ne otidovme, denes se tokmev i eve se rasipa. Baska sveki e dojdena umovi da kazuva. Ic ne ja mozam zenata znaci, vilicite i padnaa od falejki se sebesi ( a vrska nema) i taka se nadevav da mu ja kidnam so kolickata a taa rucek da sprema, barem od korist da e i sonceto me zafrkna.
Игнорирај ја и не дозволувај да те допираат коментарите од неа. Тек сега почнуваат коментарите, па немој од старт да те извади од кожа. Ехеее, што нè коментари и совети ќе добиеш
Коса ми се крева кога ќе дојди мојава и на секој звук на бебе, прво што вика "Одам да го земам бебето, сигурно за баба плачи" Умовите се друга приказна
Ни се нормализираа кога се породив со второто Тогаш сфативме дека првото ‘бебе’ не е веќе бебе и дека е самостоен, па се опуштивме ептен. Да ми кажуваше некој дека со две деца дома јас ќе пијам вино секоја вечер, ќе имам редовен секс и ќе имам желба за работа, ќе урлав од смеење. Не знам од кај ни дојде силата, дали дека уште еден член, па знаеш дека мора подобра организација, поголеми финансии… Ние бевме блиски и тим ама сега посебно се држиме заедно, не знам како да објаснам и не знам што се случи ама подобро никогаш не ни било. Добивме така убави 2-3 ножа од неговата фамилија, можевме да се распаднеме како кула ако беше малку нестабилен татко и сопруг ама среќа некако нивниот лошотилук не зближи уште повеќе. Ја искористив шансата да се пожалам ама сериозно некако поопуштен си второто кога доаѓа. Ги заспиваме и уживаме, си збориме за каде да прошетаме, обврските утредента како да ги поделиме, околу работа, ќе се погушкаме и на спиење. Има кавги нормално ама муабетите не ни се веќе за каки Е сега, ние работиме од дома тоа ми е огромен плус ама па ми се наплаќа кога оди надвор од државата, тогаш плачам секоја вечер од умор ама нема совршено. Муабетот на @elenaklasik ме поттикна да пишам, луѓе шетајте! Не се прибирајте колку можете. Јас така порано само гледав да е чисто, средено, читај по нет за развој на деца, онлајн шопинг… Домаќинската работа е најнеблагодарна, чисти, чисти и за саат време е хаос. Навечер пуштам перална да имаме чиста облека, ручекот се планира од вечер, подсредувам кога можам и колку можам. Битно не фатило воздух, децата уморни и спијат поубаво, денот летнал, сме се виделе со луѓе, сме си купиле по нешто, многу е различно. Дома затворени сме само со мисли, нервози, улежани. Јас имав проблем со црни мисли имам пишувано ама кога сум надвор немам време да мислам, мозокот ми е на пасење. Нема подобро од шетање надвор, пола саат во денот ако не повеќе.
Јас сакам второво да ми спие како бебуш на @Skyler . Ќе летам како ластовичка тоа да го постигнам. Ок ок , не сега, ама бебе да е неколку месеци, да ми спие барем неколку часа поврзано и мирно, ќе бидам преблагословена. Ама ќе видиме каков темперамент ќе биде мал батко.
Се сложувам дека треба убавото време да се искористи, на мајката ќе и годи да земе воздух, растерети мисли, а на бебе ништо нема да му биде во количка додека спие, да си ужива на воздух. Не сум тип што е суеверна и почитива нешто многу обичаи. Според мене поважно е да остане мајката психички стабилна, одколку да се испочитува тој период на затвор од 40 дена. Јас дури и примав дома луѓе, бевме и на кафе со малава, а беше ладен јануар. Јас сум секогаш ЗА и да бебето се храни кога оно сака, така да доење во јавност ми е сосема нормално и тоа го правев со малава, кога ќе заплачеше за јадење одма и давав, а марамата за носење беше секогаш со мене во случај да не сака количка. Иначе тој совет за користење време насамо со првото дете е предобар,затоа што детето ќе се осеќа среќно, вниманието му е посветено барем еден саат во денот само нему. Тоа ми е и мене во план да го практикувам кога ќе дојде бебе, бар еден саат да имаме јас и ќерка само за нас .
Не се препорачува да му се менува рутината на поголемото дете кога ќе дојде бебето. Штом оди во градинка и е адаптирано, не му ја менувајте рутината. Одржувањето на таа рутина и дружењето со децата во градинка ќе му помогне да го задржи чувството на стабилност на детето. Ќе си прави она што е навикнато да прави и сега кога станува и оди во градинка. А болестите секако на бебето ќе му ги донесете, сакале или не сакале, одело ли детето во градинка или не. Ако не детето, возрасните ќе донесат некој вирус. Тоа е неизбежно и нормално додека да потпораснат.
Здраво мами Убав ден денес а ние не успеавме да прошетаме надвор со бебе. Јас у некој безвезе термин закажано на доктор, тоа со дремките нешто забушава, па голема дада да испратиме во школо и испадна мама сама да со возика низ скопскиве гужви од еден до друг крај на градот зошто нели марфи е секогаш тука, кога ти треба термин некој за доктор има во таа амбуланта што ти е најдалеку Ама грев да не ми е убаво ми дојде на сонцево малце сама да олабавам, да не мислам на мочано-какано, јадено-нејадено... Инаку мене ми најдоа песок во бубрег, најверојатно од калциумот што го внесував за време на бременост, па сега ќе треба тоа да го мислам и да го решавам некако. Раат да се немало значи, ама па од сите други дијагнози што си ги дадов јас, оваа ми е топ Се надевам дека времево ќе запролети ако беше за аир зимава доста и беше, ич не сакам зима значи. Да можам да поуживам уште малце додека сум на породилно со малово, да се прошетам така лагано без да брзам некаде. Ве отупев значи бе, додека ја чекам големата да излезе од школо цел ферман пишав, а излага секогаш последна @Sofi.ja имам пишувано претходно, моите се мн поголема разлика од твоите, ама стравот за адаптација го имав и јас. Од најмалото и најсаканото едно на мама и тато преку ноќ голема девојка...бомба ми беше мене, па правев математика кога да се породам да си дојдеме дома па да има време додека заврши распустот да се прилагоди, па незнам што....џабе, деца се, отпосле покажуваат реакции и емоции, а не на почеток. И најубав совет ти дале рутина да не се менува Доста е од мене мами Имајте убав ден
Hiii Ќерка ми ја викам Кроки, нагалено од крокодилка. Фатив да ја бањам, ко крокодил да бањам. Цело веце вода, јас утоп.. Заспивањето исто. Не стои мирна ни секунда. Ме полуде начисто. И сето тоа проследено со крокодилски солзи нормално. Оти не си и дала да те тушира тебе, оти не си можела да ја кренеш у истата секунда ко наумила, оти ја успиваш.. ко да ја колиш. Комшиите ваљда слушалки си користат, се надевам. Му викам на мм, детево прави да се откажеш од желба за галење, а не па за второ дете
Мајка 40 дена се ставени да се адаптира малку за да се меша со луѓе, а не за забрана за воздух. Излези си слободно надвор, убаво време е, топло. Мене уште од прв ден дома ми кажаа да го изнесувам редовно на воздух.
Кога сме кај тие 40 дена, ни јас не ја изнесував не заради тоа што зборат постарите, туку затоа што надвор беше презагадено и гнасно. Но јас излегував, да, за да зачувам разум, во спротивно ќе полудев. Фрлање ѓубре беше прошетка, исто одење до аптека или продавница, само да излезам макар и на 10 мин. Сега немаме гајле, со топлово време секој ден сме по паркови.
убава вечер. Тргнав да пишувам уште кога беше муабетот за таткото и неговата инволвираност. За мојов не можам да се пожалам. Уште кога беше големиот мал ( 5,5 години, ама сега со новиот член бо семејството он е големиот) одеа сами на Водно, шетаа сами. Он го носеше сам на некои вакцини, он го носеше по доктори. Сега со бебе дома оак. Камо среќа да можеше и да го дои, мислам и тоа ќе правеше. Затоа на моменти ми е криво кога ќе се скараме, ама проблемот е што он може да бира кога што ќе прави, а јас на моменти луксз е и до тоалет да отидам. Така да оправдано ми е што се лутам нели!? Ова до тука одмсинојка останало. Сум заспала со телефон во рака.... Јас и сега сум на граница да станам ваква. Кај и да е ќе почнам да им зборувам на мајки со мали бебиња. Ама нели е жално на ова сонце да шетаат бебе во скафандер со ќебе и зимска прекривка на количка . Мене ми е жал за децата. Знам дека календсрски е длабока зима, ама времево се однесува како да е пролет. Фативме ред и секој ден сме на улица. Пто убава е населбава за прошетки со бебиња и мали деца. Мали носот чешма во неделата, па и него го оставив дома и овие три дена си шетаме сите тројца заедно. Е сега малку сме скарани, ама тоа е нормално кога си со некого дома 24/7. Затоа сега кога дојде баба му да ги види изрази желба да одел на гости, не се побунив, нека оди дете да прошета де . Наредна недела на ортопед и после тоа се мислам дали да го носам на вакцини. Ќе биде 9+ недели. Не ми се ризикува да одложувам, да не му донесеме нешто па после да утнеме термин за рота. Вие кога ставивте прва доза рота на бебе? Друго баш и нема нешто од монотоното секојдневие. Се надевам само да не служи времето бар приближно како овие неколку дена, за да луфтираме мозок надвор. Зошто како што си приплакувам сега, ако не излегувам може да замислам колку че би приплакувала со седење дома. Добро не плачам заради времето, туку зошто се скарувам со големиот па после ми е криво, ама пак мене и времето многу ми влијае на расположение. Ај да каснам додека спие бебе уште зашеметен од прошетката. Не го вадам од количка додека не завршам јадење. Сплескав во меѓувреме макарони со туна. Имајте убав ден
Здраво мајки. Синко со мрсули ама без температура. Јас славам!!! До сега секое вирусче и бактерија му беа со температура. Последен пат дури до 40,2 качи. Крвна слика супер, хемоглобин одличен. Се исплати тоа што го условувам за месо и јајца. Првин маж беше настинат, со болно грло, па синко ама без болно грло, само со мрсули, јас од вчера и со болно грло и со мрсули. Синко малтене на тераса израсна, тогаш бевме кај свекрва ми со голема тераса и двор, таму уживаше, поубаво спиење од тоа нема. Бев стегната, ама прошетки надвор секогаш ми беа приоритет. И за синко и за мене и мојата психа. Од погрешни верувања секогаш го споделувам моето искуство со млеко, на сите гости им кажував чао чао чао а млеко имаше за близаци па и тројка и тоа цели 3 години.
Леле и мене ова страшно ме нервира, исто и летно време покриени колички со наметки и ќебиња да се загуши бебе. Многу сакам да им речам ама знам колку иритира и не знаеш на каква мајка ќе налеташ, па си продолжувам. Во Ист гејт видов едно ептен малечко бебенце во скафандер, капа и покриено со ќебе, а знаете колку е топло внатре, јас јакната секогаш во кола ја оставам. Се разминавме, моето со соблечени чорапи, нејзиното како што опишав, само се погледнавме на разминување и веројатно истото си го помисливме една за друга: Ненормална