1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    2.242
    Ме изнасмеа :D
    Ама баш така е, јас кога ќе видам бебе во крзнен скафандер на времево, а моето во едно како мекан блузон малку се думам и си мислам која од нас претерала, па се преиспитувам да не му студи на моево :D:D:D
     
    Последна измена: 22 февруари 2023
    На Coco31, Romantic, Снегулк@23 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    601
    Ова ми е најјак коментар, а тоа најчесто гладно и ете ја за 2 минути ти го враќа со коментар му се јаде. Или тој баба си ја сака најмногу. Важи жено, огромна ти е желбата да си поважна од мајката.

    Се има случено да ми искоментира шо плачиш мило, ми те кара мајка, лоша е мајка, ќе ја тепаме. Во комшии мислам дека ме сумија дека превртев очи, осеќам дека многу ќе се караме за ова кога ќе почне да разбира бебувче.
     
    На Romantic, Freckles., Matea94 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    6.676
    Пол:
    Женски
    Цели реферати, море и роман може да напишам на темава. Посесивност на максимум. Исто ми е јако кога има коментар, " Ние ќе си го однесиМЕ детето таму", Ќе си направиМЕ вака или така. Важи си викам, еве синот твој скоро 40 години однеси си го...

    Он топик бебе со тешки грчеви, вознемирено тоа цел ден, спиење на минимум. Мајка преморена. Бев против чаеви и слично ама вечерва попуштив и дадов 20тина мл Бекутан чај. Бебе - магично се смири. Ќе видиме до кога, битно како опција да го имам.
     
    На Romantic, hello-kitty.90, Mom's_life и 5 други им се допаѓа ова.
  4. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    15.730
    Мојава и твојата да не се од иста мајка родени.
    Му викам на мм да беше оваа прва не знам дали ќе родев второ:).
    Имам многу да пишувам на темава,ама сега само ќе ве поздравам,друг пат ќе наминам да напишам некој реферат:D.
    Ве читам редовно.Поздрав мамички:coffee:
     
    На Romantic, Mom's_life, Ano и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Сабајлево имам малку слободно време, па земав да ги средувам работите на син ми.

    Да извадам некои алишта нови кои му биле подарени или кои сум му ги купила, а му биле големки тогаш, а маливе да ги ставам на страна.

    Не очекував толку емотивна да бидам, а може е до пмс.
    Ги гледам малечкиве, не ми е јасно кога ги порасна, а и нив кога му ги купив му беа како вреќа.

    И туѓите деца ги приметувам дека брзо растат ама се тоа ми е нормално и очекувано ама со моево, ми е мерак ама и ми фали оној бебешки период, неговиот бебешки мирис, бебешки здив, без заби и мека насмевка.
    Ах..
     
    На Coco31, Romantic, Matea94 и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Arababy

    Arababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Ме нема и мене
    Обавези со 2 дечиња и еден настинат маж е работа како со 3 деца|(
    Со алиштата и јас сум многу емоционална.што можев подарив кај што имаше потреба друго се отпатува турција 3 пакети.татко ми вели да зачуваше за успомен нешто.мене се ми беше успомен.секое боди ,секое шпикозне!секое алиштенце ме потсетуваше на некој настан...:(
    Тоа е! Веќе се собраа многууу.и од син ми собрав еден пакет огромен.знам само дека со огромна љубов ги давам за дечиња на кои им е потребно.
    Денес шетање и уживање.
    Поздрав:)
     
    На Coco31, hello-kitty.90, Mom's_life и 9 други им се допаѓа ова.
  7. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.630
    Допаѓања:
    2.473
    Како јас да се читам, исто бев многу против чај,вода пред да почне со немлечна исхрана. Се каам што не сум му дала порано, сега а приметам се мачи да кака или после рота обавезно му давам чај. Му давав разни капки против грчеви, а чај не.. зошто? Којзнае што сум мислела :D
     
    На Arababy и Miss_S им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    6.676
    Пол:
    Женски
    Демек шеќери, ова она. Па золвата не давала, па комшивката не давала, па не знам кој.

    Е супер, ама кога бебе вреска секој си се трга, кој на работа бил, кој му било жал оти вреска бебето, па не можеле да гледа кај што се превиткува бебе итн.
     
    На Romantic, Lavica2602 и velesanka им се допаѓа ова.
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.630
    Допаѓања:
    2.473
    Чајот шеќери, а капкиве хемија.. Сега да бирам, би одбрала чај. Прво дете, премногу информации, интернет..
     
    На Romantic, Matea94 и Miss_S им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.311
    Допаѓања:
    107.825
    Пол:
    Женски
    Хола!

    Мајкава надежна дека ќе ужива со 2 деца, аха... Второто наплати и за првото и за сите следни што нема да се родат ( јас сум таа што сакаше 5 ) :D Додуша страв не страв, ќе кажам, се смирува мајки, не е како што беше.

    Да се произнесам на темите :!:

    Дали имам љубов кон двете исто, имам, ама дупло поголема од таа што ја имав со едно дете, сега дупло поише го ценам големото затоа што беше бајче мирно, а малово го сакам дупло повеќе кога цица и ќе ме побара со очињата плави како морски длабочини :l: Двајцата ми се љубов :l: А некако и маж ми ко поише да го сакам сега :?:

    Седење дома до 40? Ни под разно! Со бебе од 2кила и 600 излегов на шетање уште после 10 дена, да живеам покрај вода и да го чувам дома, шанси нема. Кога е ладно во мек скафандер, кога е вака топло во едно памучно подебелко дуксерче-јакничка и ќебе, капче кога дува само и ајт надвор, од 1 попладне до кај 4 сме надвор. Спие дуфта, ако побара цице цица кај ќе ми дојде, во парк, во книжара кај блиска роднина, на клупа рандом покрај улица, во двор на пријателка ако се најдам, ако ми верувате и простум на тротоар би му дала да цица ако е до тоа, мада кога е надвор он ништо не сака и ништо не му треба. Бајче! Секој ден! Немало ручек, чудо големо, јајца ќе пржиме 3 пати ако треба по ред.

    За облеката смалена, ова некако побрзо од бато расте, на бато до 3м првите алишта му ги облакав, ова нема ни 3м и веќе има надраснато доста алишта. 3 ќеси за подарок се спремни. Едино чорапи никако да стигне да носи, се се огромни. Некои алишта ни по 2 пати не ги облече. Ми е гајле, битно е он здрав, среќен и задоволен. Со најголеми образи :l:

    За сугестии од баби, не само свекрва, кај мене и мајка ми беше добар суфлер, од едно уво влегло од друго излегло. Сфати и свекрва ми и веќе не се меша, мајка никако да сфати. Најмногу ме боли фактот што се однесува како да му сакам јас нешто лошо на синко, на секое негово отварање уста она Што е сега, што му направи? Ама тоа и било од навика, не мислела она така... Јас и моите емоции кој ги врти... И за растурено дома, не знаела како сум можела да трпам, не можам ама што да направам по тоа прашање, тоа е едноставно и толку. Да не ја должам брзам за искачање :rofl:

    Чај, давав и дете се уби од какање и стенкање и не напредуваше и го фрлив. Многу ми е криво што подлегнав на убедувањата за чај. Дури еднаш и ја фатив на дело мајка ми како го спрема иако изричито реков не за чај и опасно и се скарав. Водичка знам да дадам кога цицал прецицал, а не прекинува да ика.

    Толку од мене, улиците не викаат. Убав ден!
     
    На Knizhevnik11, Coco31, 24.07 и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.125
    Допаѓања:
    40.488
    Пол:
    Женски
    Кога ќе размислам во право си. Сигурно и они за мене викаат види ја оваа како го извадила детето :drunk:.
    Секој со своето.:D

    Со свекрвица сме далеку од очи, далеку од срце или како беше онаа поговорката. И за првото дојдоа откако се породив поседоа неколку дена и заминаа и за ова исто. Искрено не знам ни зошто се малтретираа да доаѓаат од Охрид. Ќе пораснеше па ќе одевме ние, ќе го видеа тогаш :rofl:


    Значи маж ми ми е потежок за чување кога е "болен", отколку двете деца заедно:@. Уште и лут дека сум го изигнорирала како се жалел. Вчера се скаравме ние за ова.

    Добро вечер. И денес убаво искористен ден за мерење улици:D. Бебе спие надвор и уште еден саат дома во количка во ходник. Таман да можам да се наручам:rofl:.
    Ама денес со грчевите го стигнавме врвот. Па само сака да цица и така најбрзо се смирува, ама 15мин после цицање пак почнува да се грчи и така во круг. Мора да менувам капки додека најдеме што му помага, ако до тогаш не му поминат сами од себе, а јас не полудам:sweat: .
    Големиов стандард ништо не ме слуша. Уствари он слуша после 4 повторување откако ќе повишам тон. И јас ќе си поплачам од грижа на совест, а него ќе му трае до наредното и пак исто во круг. Згора на се штом се скараме сака да оди кај баба или татко му да си дојде од работа и јас пак ќе си поплачам ;(
    Знам дека и него не му е лесно целата промена, а јас сум на раб со нервите што од замор, што од самата промена, плус сама со децава по цел ден, а навечер и да сака мм да ме одмени не може со пијавичката што не се знае кога ќе ме побара. Да пројдат валцините па ќе пробивам дали ќе фати шише. План ми е прво со мое молзено да видам кое шише ќе го фати, па после ќе пробувам и со вештачко. Не за друго лето иде, че сакам да пропетам и без него понекогаш. Се надевам дека нема да е како батко му кога ми требаше не прифати ниту едно шише, а кога веќе не требаше да дохранувам, фати кое шише и да му го понудев:drunk:.

    Ајде да вечерам и да се спремам да приберам децата на спеиње, зошто е знам што ќе донесе ноќта. Сеуште не се осмелувам да успијам деца и да станам да поуживам, зошто не знам што ќе донесе ноќта, па си легнувам со нив. Се надевам брзо ќе пројдат грчевите па поинаку ќе е. Зошто будење за доење не ми е проблем, лесно презаспивам, ама со грчевите кога ќе почне да кенка сред ноќ и само во раце ми е многу тешко, па морам да користам за спиење.
    Туку дај кажувајте дали појас за кичма ќе ми помогне, дали да си фрлам пари или нема чаре освен да си чекам да завршам со доење па да видам до каде ќе сум со болките и што понатаму?

    Имајте убава и мирна ноќ. Се надевам и јас ќе е помирно од денес цел ден.
     
    На Coco31, 24.07, elenaklasik и 9 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.311
    Допаѓања:
    107.825
    Пол:
    Женски
    Добар јутар!

    Вчера се изјаснив на темите, денес да си кажам како стојам со редот на малото по тертип на големото, односно дали е исто со двете деца.

    Кога се породив, а и претходно, сите ми викаа Ти се погодило детето, ќе видиш со второто :?: За воља на вистината второво излезе позахтевно каде каде, потерсене, со повеќе бубачки и поголем плачко, јас си мислев бато мирен, јас мирни деца раѓам, ама нееее... Со карактер се раѓаме и тоа е тоа, ама затоа постојат работи кои се тренираат и може да ги научиме. Одсекогаш сум викала дека на бебе место му е во креветче, не до мама на големиот кревет, и го практикував тоа со поголемото а богами сега и со помалото, си дојдовме дома и од прво спиење си спие посебно, прво во корпа до мене, после во креветче кога се префрливме во спална, првите денови во дневна спиевме дека беше баш ладна спалната. Бебе не е воодушевено од помислата да се одвои од мама, да не зборам дека уште од болница се врза за мене и никој друг не шљиви 2 посто, мама и крај, ама за негова безбедност и здравје на мама мора во креветче. Е мачно е, некогаш 5 пати го зимам во раце да презаспие, ама има начини. Открив дека не сака на ладен чаршав, за разлика од бато, така да одоздола ставам тенко фатирано ќебенце, плус го увиткувам во ќебенце преку вреќичката и така спиеме до цицање и после си продолжуваме исто. А многу сакам да ми спие на рака, до мене, залепен, ама не и не, еднаш го оставив до мене и го најдов со моето ќебе преку глава и крај, толку беше. Што се однесува до вреќа исто, одма го ставив уште првата вечер, ако спиеме во дневна која е и природно потопла и плус ја грееме преку ден а навечер работи на слип моуд, го ставам во потенка плишана, додека во спална си е во полнета вреќа и нема мрдање од тука. Така за сите работи кои можам да ги применам, ги фатив од старт, за тоа што не можам да делувам, како на фактот дека цуцла не сака и крај, не ја сака, со сила пикаме и едвај да заспие и ја плука, не можам тука да направам ништо, како и фактот дека за разлика од бато кој спиеше по 3 саата од хранење до хранење, ова дремнува 15мин и е буден, зборам за преку ден, што се однесува до спиење само ноќното може да се тренира, тоа сум го увидела од еве веќе 2 деца и мислам дека успеав и со двете деца, едно спанко и едно што се го интересира, да ја наметнам таа рутина, бања, масажа, цице/шише и во 9 во кревет. Но морам да напоменам, додека само јас го чувам е супер, треба ли некој да го причува одма се менува редот, исто беше и со бато, некако бабиве премногу оставаат на неговата воља, бебе од 2м многу знае што сака, ама убедени се дека кога и да заплаче уствари плаче за цице/шише па они одма нудат шише ако сами го чуваат или сугерираат Дај да цица, навечер во 9 шанси нема да го заспијат, Не сака! божем мене ми вика Мама ај си легнеме. Такви некои ситници кои ме нервираат но тоа е што е, затоа и 99% сами си ги чуваме децата. Исто сум против и рашетување на деца на раце низ дома, лесно е да го почуваш една вечер па цела вечер да ти е во раце што се вика од мерак и ќе го шеташ и ќе го думкаш, ама иди цел ден дреми со него во раце дур те чекаат брдо алишта, брдо тањири, брдо трошки, друго дете, маж, ручек... Додуша ова се погоди мераклија за во раце, ама се учиме полека и се навикнуваме, и на седење во релаксатор и на подлога за играње и на кревет во перницата за доење стуткан... Муабетот од се ова погоре напишано е дека има работи кои се тренираат и има работи кои се вродени, наше е кај нашето дете да видиме што ќе упали, што може да примениме, зошто две исти деца од иста мајка нема а камоли на две жени од Фемина никад видени и чуени. И еве после второ дете малку од малку дојдено на ред можам да кажам дека сите муабети паѓаат во вода, сите мои советувања, и јавно на сите ви се извинувам што сум ви дала некад совет и сум ви паметувала, зошто сфатив дека сепак и на свое дете некогаш не можеш да делуваш. Затоа сега кога ќе ме праша некој често знам да одговорам и со не знам или пак да речам Кај нас е вака... Е тоа е, пази с киме спаваш е работава, ова карактерче на тато се погоди.

    Утрински се изнапишував, а тоа бебе реши да дремне подолго па затоа :D Денес улиците може да не повикуваат колку сакаат, ќе одиме по бато само 15мин и толку, ќе си седиме дома, имаме алишта за пеглање и машини за пуштање, ручек немаме, работа има колку сакаш, ама прво да се испие кафе :!:
     
    На Coco31, 24.07, Romantic и 16 други им се допаѓа ова.
  13. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.250
    Допаѓања:
    9.112
    Пол:
    Женски
    Mom's
    Ја изгуравме зимава, да живнеме малце.:sun:
    Вештерчево мое начука 15 месеци. Од роденденот па наваму прооде, ставивме мрп, дрдори нон стоп. Јас сум една од они мамички што многу ми е полесно откако прооде. Ама многу. Колку ме плашеа леле леле па тек ќе видиш кога ќе прооди, јас извадена од памет, се спремам психички кога тоа песна да ти било. Низ дома си оди слободно, среќа се ни е на минимализам удрено па нема тракатанци да фаќа. Ама многу мерак има удрено на фиоки. Ааууу душа нејзина да извади се ама се научивме сега да враќаме назад за да си играме после пак. Послушна е многу. Ич не сум сакала родители кои по цел ден викаат не па пробав една тактика да викам не само кога веќе е опасно. Од мене не има за за утикачи. Дури сега поминува покрај нив ги покажува со прст и ми вика неееееее. Мислам дека сме единствени што немаат ставено такви заштитници:lol:. Ако сака некоја глупост ја дефокуирам со нешто по забавно и тераме. Не можам да се пожалам околу тоа. Надвор е циркузи. После дремка па до стемнување сме во двор. Не застанува. Со мачето нејзино се тамдем. И носи листови, гранки па и тоа и прави филмови и скока оваа се смее. Мислам дека најсреќна е кога си игра со него. Кај баба и дедо се научи да си седи по еден ден во неделата за мама и тато да седнат малце да се опуштат.
    Е сега еден предизвик да почнеме пак со градинка. Од 1ви е планот па ќе видиме како ќе биде. Јас добив понуда за работа за од 1 ви исто меѓутоа решивме да останам уште малце дома. Мада нешто мм ме тера да отвориме и приватно па јас да терам тоа ама ќе видиме. Одморче резервиравме.
    Единствено што ме нервира малце ми скрати на јадење последнава недела. Пие едно шише сок од цеден портокал, лимон и мед од сабајле. Може и тоа ја заситува кој знае.
    Едно будење ни остана кај 4 сабајле што е за мене одлично.
    И така mom's. Си сумирав впечатоци од последните три месеци.
     
    На Coco31, 24.07, Doktor F и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    901
    Зошто седиш дома? Што мислиш дека ќе се случи? Излези со бебе сама прошетај се, па и да заплаче нормално е тоа, го зимаш во раце, го гушкаш, ќе се смири и го враќаш назад. И сама да прошеташ како што ти вика маж ти, прво ќе му дадеш да цица па ќе одиш, сигурно нема да шеташ со саати, за почеток и 30мин е доволно. Со вакви мисли само повеќе запаѓаш а очигледно седењето дома не ти годи.
     
    На Freckles., Lovebug01, Anturium и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    2.621
    Пол:
    Женски
    Мајки убави! Јас ја подзаборавив темава сега имав малку време па исчитав со скокање де, ама горе долу ве прочитав. Добри да сте само ништо друго не е важно.

    Синко 15 месеци, оди веќе жива радост е. Наеднаш се пушти преку ноќ. Претходно по некое чекорче и ќе седнеше, сега оди од една соба во друга сам. На мајка убав, да правам колачиња треба чекорчиња. Неделава бевме дома. Јас на одмор па се изнашетавме со малиша, убаво беше и времето, со саати сме шетале по цело Скопје. Се изнаспа во количка. Од понеделник здравје назад во градинка, мама на работа.

    За облеката ве читав, секое средување со солзи. Си викам кога ми помина времето кога порасна толку многу. Ќе да е време за второ :wasntme:

    Уште цица. Навечер само ама многу често се буди. Што ќе беше ова неспиење некогаш сама се чудам како издржувам во тек на денот. Што ти е жена на се спремна.

    Денес ќе се шета пак, може и некој ручек некаде да не се готви дома. Плус вчера кујната сум ја светнала греота е да се гнаси денес.

    Имајте убав виќенд мајки :D
     
    На hello-kitty.90, azelea, Coco31 и 17 други им се допаѓа ова.
  16. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Здраво здраво. :hai:
    Како сте? Јас пак се чувствувам прегреано. Бев на добар пат, си ја почнав дипломската, имав мотивација и баамм... Пилето ми настина. Кс супер, нема ништо, изгледа малку му е заслабнат имунитетот од забите. 4 запчиња веќе 2 месеци ги вади, или во превод душата ми ја извади. 2 излегоа, уште другите 2, па се надевам дека ќе се смири малку. Овие денови е жива катастрофа. Само вришти, само пика раце во уста. Па и новитет: не сака да оди. Т. Е. Не сака во количка, не сака во точак, не сака на нозе, ако може по цел ден да е во раце, тогаш срце му е на место. Мајка без плешки остана. :doh:
    Туку малку од позитивната страна, се учиме во креветче да спие. Транзицијата ја спроведуваме заедно. Го заспивам во креветчето (таман има место и за двајцата :D), па се префрлам во кревет. Вака ми е полесно отколку него да го префрлам во креветче. Уште не издржа цела ноќ да ја преспие сам, ама постепено се надевам дека ќе се навикнеме. Битно научи дека креветчето е неговото место за спиење. Кога му се спие право се качува во него, легнува и "нан нан". Па и сам се нишка. :D Уште цицката да ја откачеше и можда и сам ќе заспиеше.
     
    На hello-kitty.90, azelea, Coco31 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.433
    Допаѓања:
    8.370
    Пол:
    Женски
    И јас исто :$:?:
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.127
    Допаѓања:
    124.446
    @Ano моите дојдоа на доручек и ручек си поседоа и си отидоа истиот ден . Сега викендов беа тука кај ќерка им , не ни помислија дека треба другите внуци да ги видат.

    Добро утро мајки… Криво ми е што со ќерче ич не пишував на темава за разлика од син ми:( Ми завршува породилното , одмор нема да користам зошто од Нова Година е ајде ајде,колешката што ме менуваше е во сосем друг сектор сега и работата стои .
    Ми се плаче. Ќерче не седи со никој, ме сака само мене :( , а ја мислам и мајка ми како ќе се снајде со двајцата :sweat:
    Мене ми беше тешко, па можам да замислам неа .

    Броени денови брзо минуваат , тоа е.
    Дури спие бебе да си направам кафе и лимонада, па да и потспремам доручек . Алишта имам купишта за средување, бевме на викенд и топ си поминавме :sun:
     
    На hello-kitty.90, azelea, Oneo и 12 други им се допаѓа ова.
  19. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.326
    Пол:
    Женски
    Си се читам и си се смеам.. и еве ме после неполни 3 години пак на форумов и пак во темиве за бебе, дека завршив де:rofl: Е овој пат стварно викам крај.. иако пак не се знае може за едно 10тина години ќе се решиме на 4то:rofl: Гледам и тука а и во темата бременост многу мајки со кои заедно бевме трудни пред 3 години и баш ми е мило..
    И да стварно се се заборава.. си мислев големиот батко мирно бебе бил и спиело од новороденче ама затоа е тука фемина да ме потсети на муабетите дека исто и он бил како бебе сега:D
    Бејби денес точно месец прави, кога спие кога не спие ама повеќе од 2ипол часа нема сврзано ни ден ни ноќ.. се научив да функционирам со малку сон и тоа е:?: За почеток доста е..
    Убав ден мајки :sun:
     
    На hello-kitty.90, azelea, Chanell* и 15 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.292
    Допаѓања:
    37.182
    Пол:
    Женски
    Сабајле се будам сама, насмеана, се спремам за на работам, работам насмеана, маж ми ги носи во градинка, спијат кога одам. И се е ок се до моментот кога ги земам од градинка. Големата ја прашувам одма дали и се оди во вц вика не. Ок. Стигаме до место кај што има вц и пак ја прашувам вика не. За две минути сме на автобуска станица чекам бус кој доаѓа за 2-3 минути, а следниот е за 30 минути и и се оди во вц. Ок. Одиме во вц. Автобус си оди. Малиот нејќе во количка и од градинка го носам во раце, гурам количка, ранци паѓаат, тренерките му се креваат му мрзнат нозете, за хулахопки топло е во градинка, во количка ќе му се покриени плус и со ќебе, ама небитно мрзнеме, големата нејќе капа. А заборавив над блузата облекла едноделен костим за бањање мал и е и наеднаш почнува да вика дека ја стега па на цел студ ја соблакам на сред пат. Ми иде да вреснам. Си викам да ме видат сега колегите од работа нема шанси да ме препознаат. Вода капе од мене, се потам, чадам, а надвор грч, студ студен како во Јануари што беше. Морам да одам в маркет. На жалост морав со две деца. Во маркетот до зграда. Носам дете вп раце, полнам количка и се паѓа од количка. Си викам земјо голтни ме. Почнувам да пцујам, во себе.
    Утре сум слободна и планирам само да седам се додека да ги земам од градинка. Планирав да средувам, чистам ама не, нема шанси. Може само нокти да одам да ставам. И да лежам и едно кафе друго кафе трето четврто…
     
    На hello-kitty.90, azelea, Chanell* и 24 други им се допаѓа ова.