Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.418
    Допаѓања:
    126.997
    Да знаеш колку тежок ден имам,го читам постов и се смеам на цел глас.
    Господ здравје да ти даде:l:
    П.с Слични деца имаме по карактер,знаеш нели:smirk:
    Само што кај мене двете се исто лошки:devil:
     
    На azelea, Freckles., Hellokitty93 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.049
    Допаѓања:
    6.474
    Пол:
    Женски
    Се смеам на глас! :rofl: Сорриии не е за смеење ама посебно овој дел си го замислив сликовито и вриштам :rofl: Те гушкам за поддршка. Издржи :l: Утре кафенцата да си ги испиеш и да се изнагледаш серии :!:
     
    На Sunrise!!!, azelea, Freckles. и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    6.674
    Пол:
    Женски
    Или бебе сеќава моја нервоза кога ја оставам со свекрва, па и тоа е ептен нервозно,ни спие, ни ништо. Или свекрва намерно ја буди и бебе е од тоа нервозно. Екстремно ретко ја оставам битно секогаш (цели 3 пати тоа) ја наоѓам демек растревожена, расплакана во само 15-20 минути додека да тркнам до аптека или продавница.

    Еднаш јас оставив со мајка ми и еднаш со една тетка која има ептен искуство со деца и бебе без проблем спиело по 3+ часа. Баш во моменти кога имав потреба од лекарски прегледи и слично. Ова од мистериозните работи :D


    Месец и пол ми помина пребрзо. Колку што бев решена да оди веднаш во градинка и се останато толку сега ми се останува долго време да си уживам со неа во нејзиното растење. Ама за жал финансиите викаат мора да се работи после породилно.
     
    На Coco31, hello-kitty.90, azelea и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    4.798
    Не е ова дефиниција за мајчинство? Мислам е. :D
     
    На azelea, Mom's_life, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    12.260
    Пол:
    Женски
    Дури беше ептен мал бебуш, на почеток, кога доаѓаше да ми помогне свеки, ќе го успиев пред да одиме на контрола за да се спремам и таа ќе седнеше до него божем да го чува и ќе го разбудеше, нерви кинев :@:@:@

    Сега пак, беше дојдена, јас го успивам, него очињата му паѓаат таа ми вика не му се спие, не го заспивај нека си поседи уште малку... Не бе, јас не си го познавам детето, не знам кога му се спие, а кога не(facepalm)
     
    На Erika.greeneyes, azelea, Mom's_life и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    6.674
    Пол:
    Женски

    Сите случаи ми се од исто време кога бебе спие по 2+ часа на тоа преспивање. Ајде првиот пат мислам стварно грчеви, има мака детето можеби плачело, ајде втор пат исто ама веќе не знам што да мислам.

    Туку идејата за многу гости после 40 дена ми пропаѓа. Баш за молитвата еден куп луѓе во црква, плус се изначекавме долго време. Бебе цел ден вознемирено, да не можеме ни ред, ни крај да најдеме. Ќе биде изгледа поретко посети и баш двајца по двајца.
     
    На hello-kitty.90, azelea, Mom's_life и 3 други им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.828
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    :rofl: Вака син ми го вози маж ми. Ама сериозно возење, глума и манипулација.

    Најјако возење на одмор имаше. Има проблем со тврда столица и се дешава да има проблем да најде позиција за какање.
    Прв одмор во Турција, знаете какви им се ресортите. Ке какал. Бевме на лежалки на еден крај а вецеата за деца на друуг крај. Има за одење некои 5-7 минути со дете во раце. Три пати пробуваше да кака. :wasntme: Со тато...
    Втор одмор исто, ама овој пат во Албанија и од апартман до плажа (таа пред апартманот не ни се допаѓаше па одевме на дел со убави лежалки) имаше некои 5 минути. Исто за какање одеше со тато три пати. Па му текнало и да јаде. ]:)
     
    На hello-kitty.90, azelea, Mom's_life и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.131
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Неделава ми беше ужасно напорна и тешка.
    Почна со некоја настинка, па температура 39, на крај вртоглавица и повраќање, смрт.
    Си викам добро е само и бебе да не префати.
    Еден ден имаше температура 38 и малаксана, кенкава ама помина.
    Сега некоја сува кашлица ама се надевам ке помине.
    Времево неделава пролет, да не знаеш како да се облечеш.
    Мислаам дека ради тоа и настинав, на кратки надвор, ама ај седи на 20+ степени на долги… Нејсе…
    Бебе кога имав температура неќеше да цица, или ке поцица па ке поврати, два пати ми поврати обилно, ме извади од памет…
    Од шише неќе да чуе да пие, ад млеко исто.
    Ни се струпаа и свадби, блиски, не можеш да не отидеш, беба со баба и, млеко никако да проба, па ајде 2-3 саата и назад :D
    Исто мерак имам за цуцли, какви се не изнакупив, подледно бибс, и џабе.
    Ќе порасне додека јас пробувам која ке ја засака :D
    Бевме неколку дена на гости кај баба и дедо, почна да станува во 7-8 сабајле и да си седи, дома си станува накај 11 :D (заспива во 1 по полноќ)
    Си викам само спиењево да не и се поремети.
    И така сум жива ненаспана, уште тоа ми фали.
    Дома ни е бомба, ваљда некогаш ке успеам да средам :D
    Маж почнува со пости, уште една работа за мислење, ама па и не е тежок, било што би јадел, јас сум поголем коркач.
    Одам мајки да дремнам, само што заспа, сабајле пак у 7 ако стане тешко мене.
    Гуд најт!
     
    На Coco31, hello-kitty.90, azelea и 11 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.292
    Допаѓања:
    37.181
    Пол:
    Женски
    И мојата има тврда столица. Не е дека не возат туку навистина имаат проблем. Кога ќе им се прикака кажуваат ама од стравот од болка самите свесно ја стопираат столицата и веќе не им се оди го вц. Па за некое време пак исто. И така се доаѓа до хроничен запек и многу е тешко да се излезе од тој круг после на тврда столица, задржување, запек, хроничен запек.
    Во секој случај нервозно е, како за детето така и за родителот.
     
    На hello-kitty.90, mal.ecka, Freckles. и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Леле жено, жениште, кога те читам се препотувам и здивот го држам како тензична книга да читам :D
    Сум рекла и пак ќе речам, мајките во странство со две деца се херои!
     
    На azelea, arontt, Mom's_life и 6 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.305
    Допаѓања:
    107.808
    Пол:
    Женски
    Син ми беше со хроничен запек, еднаш на 10 дена какање и тоа камчиња, го средив со киви, јадеше секој ден по неколку и се среди. Инаку јас сум може претерано строга ама еднаш два пати нема да попуштам, нека се измоча и ќе носам дете и мочано ако треба, ама нема да попуштам и ќе се научи. Така син ми со спиењето и јадењето, му се јадело нема да легнел, дреме над маса со кришката леб, пола саат 1 кришка, собирам тањирот у канта и легнува гладен, 2 пати така, третиот пат се најаде за 5мин. Ова строго вечера, ручек знае и да влече, ама да ми влече вечера за да легне во 11 нема шанси. Пак ќе речам, јас сум строгиот родител дома. Мм беше добриот па последниот пат го зафркна нешто со носење ствари од кола, го остави на пола пат натоварен и му се налути, лут му беше зошто претходно му купивме се што побара во Сити мол и плус од тоа, вети дека ќе помага и не остави со бебе расплакано и нервозно да се мкнеме со мм сами, по темница, он 15мин од кола не можеше да излезе се влечкаше... е мм коа ќе се налути е опасно, он држи лутина, дома овој се труди да му пријде, мм се трга, му бара нешто, мм му вика Јас те замолив за помош ти ме откачи, сега јас сум лут и не ти помагам, се сврте накај мене знае дека кога едниот кара другиот не смее да гали и не доби одговор, ко попче си се сврте назад и заспа скаран со татко му. Мојот е голем, се разбираме со муабет, ама и мал кога бил сум знаела да ржнам. Е сеа ми држат лекции за строгоста, ама нека дојдат да излезат со неговите хирови на крај ќе збориме после, лесно е од страна да се коментира, еве ко јас сега нели :D Не осудувам, уф никако, особено откако го добив второво карактерно, сакав само да дадам подршка и да ви кажам, мајки држте се оти децата се тешки манипулатори, не возат за сите пари.

    Е горе си кажав за големото, ама малово како ме врти на емоции, дали возраста, дали тоа што е копија моја во се баш се, дури и карактерно сврте на мене, абе ме фаќа на емоции опасно. И знае дека сум му облаче за да се скрие, па ме бара со поглед, ме чека да влезам во соба, мајмунче мало од 2 месеци еј :l: Утре правиме точно 2м, пошто месецов нема 29 дена на 1 март му се паѓа :rofl: А мама од вчера е на режим, доста и беа 10м уживање сега малку да се стегне до на бато роденденот, па после ќе се оправаме и со некоја програма на Ана Стојанова.
     
    На azelea, Mom's_life, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  12. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.248
    Допаѓања:
    14.790
    Пол:
    Женски
    Леле еј ко јас да сум пишувала @AngelOfArh :D:D:D
    Само незнам дали да плачам или да се смеам. Мене многу ме критикуваа со големата сум ја карала, строга сум била, ти си наставничка ми викаа па сеа детево затоа демек го држиш построго....јас само си ќутев и си терав.
    Е сега за тие што добија деца после мене и имаа друг начин на воспитување...они си знаат, ама ко ќе ги видам стално косата им е крената и ми викаат блазеси ти какво дете демек дрн дрн.

    Е сеа со второво, уште е мало ама со неа мислам дека ќе биде муабетот НЕКА Е ЖИВА И ЗДРАВА САМО :D
    Дури има муабет, после такво прво дете заслужувате бесно второ:@

    Не е секогаш до воспитувањето и до карактерот на децата е, НО основните правила на однесување и култура мислам дека можеме да ги всадиме кај сите.

    Многу ми е смешно како ме гледаат ко ќе скарам дете за некоја банална работа за другите, но битна за мене и за моето дете демек јас помалку го сакам своето дете од они што си ги сакаат(facepalm)
     
    На Knizhevnik11, azelea, Mom's_life и 8 други им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.305
    Допаѓања:
    107.808
    Пол:
    Женски
    Леле да, од збор до збор се исто, само што не сум наставничка :D И големото и малото, иста комбинација ни се :rofl:
     
    На azelea, Freckles. и V.N. им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.292
    Допаѓања:
    37.181
    Пол:
    Женски
    Што и да правиш другите ќе зборуваат. Кај мене првото е да е живо и здраво, а второво воспитано се роди. Толку мирно, послушно дете немам видено до сега. Со рутина родено. Претпазливо, ја гали малава кога плаче, кога е време за јадење седнува во хранилка, јаде буквално се и тоа со стил јаде да ти е мерак да го гледаш, кога ќе дојаде го трга тањирот, па пие вода па неа ја трга, додека да завршиме сите седи во хранилка, абе се нај, без да има потреба збор да кажам или тон да повишам. И во количка седеше и седи ама некогаш го прифаќаат. Ниту го воспитав ниту ништо. Јас викам второво не го ни осетив како само да се изгледа, за трето не е проблем. :D Ама првово пак ќе кажам живо и здраво нека е, тежок карактер. Сега на скоро шест години е многу полесно се ама таква си е. И на психолог одам и рече дека не се сите деца исти, има и како моето и тоа е сосема во ред што е такво какво што е, дека во школо карактерот ќе му биде огромна предност и понатака во животот и дека не треба да го менувам. А јас да се фарбам секој месец за да не се гледаат белите влакна од стресот. :rofl:
     
    На Bubish26, Coco31, azelea и 11 други им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    Добар ден женички. Како ве читам се со мали дечиња/бебиња јас си викам де, моиве многу ми пораснале (ако малото е уште мало :D ) за нив нема веќе многу и што да зборам. Малово со 3ипол год за се е заинтересирано се сака да знае се само нешто препрашува се само некакви заклучоци има.... :^)

    Го почнав постот, со Господ напред па да видам до каде ќе издржам. Осеќам главоболки, пијам апчиња за зајакнување на крвта згора на се времево за нигде и многу ми влијае на психа и на расположение. Осеќам повеќе замор поспаност..... Кога има сонце не сум ваква, само јас ли сум метеопат? Некогаш и мрза ме фаќа за работење. |( чаре не знам.
     
    На azelea, V.N., elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.828
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Ова нашево беше и само му се мочкало. :D
     
  17. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.124
    Допаѓања:
    40.488
    Пол:
    Женски
    Добро утро,

    Прво да ја гушнам @gjoker4e за издржливоста. Јас незнам што ќе направев до сега. Фитиљчето ми е пократко, веројатно и од годините. Како што вика и Ангел сигурно ќе оставев да се искака:drunk: . А за белите влакна што да кажам. Јас уште со првото си ги добив, сега само се множат. Еден период бев шатирана па воопшто не се познаваа. Сега за среќа природната боја ми е некоја светло смеѓа па не доаѓаат до израз. Е здравје на есен планирам да ја искоритам црвената фарба што ја купив пред да останам бремена и да направам некоја бесна фризура:makeup:

    И јас имам една пријателка, уште додека бев бремена и се жалев колку е немирно ова во стомак, само се смееше под мустаќ, а знаев точно што си мислеше. Се шалевме дека ова ќе ми наплати за првото. Ова дека нејзините двете ни вода не можеш да ги натераш на сила да пијат, а камо ли нешто повеќе. За сега не се исполнуваат предвидувањата, зошто бебе освен од грчеви, за друго се си е сеуште бајче:D. Ама и јас мислам дека ова ќе покаже рогови и ќе наплати. Дај боже да сум грешка, ама времето ќе покаже(fingers)

    Искрено не дека ми треба помош. За сега се снаоѓам со двајцата. Може се поткаруваме со големиот, ама тоа најчесто е за јадење и не е ништо ново:D. Дури и мајка ми од мерак што сака го зема. Сега ми е криво што за првото првите неколку месеци висеше тука, а он бајче само цицаше, спиеше и се смееше.
    Со лесно на работа.
    Искрено мене веќе ми фали таа ментална ангажираност, ама па и убаво ми е дома со овие две среќички. Сега кога ќе запролети уште поубаво ќе е. Мали го градинка ќе си фати ред и поинаку ќе е.

    Инаку и јас сум лошиот полицаец, и да не се татко му и бабаму (добрите полицајци) мислам полесно ќе го ставев во ред. Они се да не остане нејадено детето, да не се лути заради бебе и затоа сме цело време чекор напред, два назад;(.
    Исто како @V.N. некогаш ми се чудат за што карам, ама според мене ред треба да си има.
    Со некои луѓе искрено и извегнувам да се дружам, затоа што заради нивните деца пуштени од ланец, јас го карам моево, ама ако во тие моменти му преќутам, ќе си го прифати тоа како нормално и поле нема шанси да се објасни со него дека тоа не е добро. Затоа решив да си го штедам детето од такво влијание, бар додека не научи да разликува добро од лошо, правилно од погрешно.
    Понекогаш ми е жал што сум толку строга, ама знам тоа уште година/две, после секако нема да може да контролираме се.
    Инаку кога сме сами нема да се осмели да направи нешто без да добие дозвола за тоа. Дури и за јадење/пиење. Благо може да стои пред него, ако не добие дозвола нема да посегне. Ама затоа е стеница, 100 пати ќе препраша дали смее додека не се сожали човек и му дозволи:devil:.
    Искрено едвај чекам да се врати во градинка, поинаков е редот кога оди.

    Бебево пак е секој ден нова приказна. Се мачи со грчеви и јас со него. Обично има фаза околу 18часот и наутро околу 5. Е ноќеска беше врвот. Од вчера од 18до утрово до 6 само еден саат дали отспа во креветче, другото се во раце и тоа со епизоди од вриштење. Се виткаше се мачеше, ќе прднеше малку ќе му олеснеше и ќе се смиреше и се така во круг. Утрово на менување на пелена не можеше да се докака. Е после тоа веќе друга приказна. Се опушти си помуабетивме и еве го сега си спие. И мислам дека се му е од тоа што почнав да му давам колиеф. Од дете што скоро секоја пелена му беше какана, сега се немаше покакано од вчера на пладне до утрово. Ги паузирам капките ден два, да видам дали ќе се среди столицат, па после ќе пробуваме друго. Претходно давав и инфакалм, ама и од нив нешто посебно аир не видов. Ако се потврди дека колиеф му прават проблем на столица, наредно колипрев ќе пробам(facepalm). Може ќе помогнат, може друга опција ќе барам, а може и ќе пројде фазата на грчеви:drunk:

    Породилно сеуште немаат пуштено ниту пак рефундација за клексани:@. Ама сега кога ќе пуштат се одеднаш богаташ, одма на шопинг ќе се дадам:rofl: . Тоа дека ми фали нешто, ама ако и мене ми фали релакс терапи. Ама шопингот онлајн ќе биде:D.

    Се изморив од куцкање.
    Имајте убав ден :sun::sun:

    Едит: сега гледам дека постот утрото сум го почнала. Мислам се гледа и по неговата должина:rofl:
     
    На Coco31, azelea, Mom's_life и 12 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.305
    Допаѓања:
    107.808
    Пол:
    Женски
    И кај нас грчевите се вратија на голема врата... Сега пробиотик Провен земав да пробам, ама многу им е непрактичен, прашок, нејќам да давам шишенце некако па ќе пробам да растварам во шишенцето од Ваја и со пипетата да давам со малку измолзено. Од Ваја не видов аир или пак прекинаа да делуваат. Не планирам да менувам пак, ако фатиме редот со Провен тие ќе ги пие, и бато тие ги пиеше. Иначе породилно пуштија кај мене и истиот ден му најдов чарето, ама клексани немаат пуштено уште. А ги чекав за да искористам код на Зиа ама ништо работа. Меркам едни менѓушки па ќе одам и без код да ги купам, преубави ми се.

    Да се ја пробам ли среќата да влезам пак во спална да средувам дур спие бебе или да си седам мадро... А станам да работам се буди, уште не сум тргнала што се вика, многу му ја жали душичката. Син на мајка убав :rofl:
     
    На Ano, IRBBB, Anturium и 2 други им се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.292
    Допаѓања:
    37.181
    Пол:
    Женски
    И јас ја оставав да се измоча и искака ама во мојов случај детето има проблем и тоа е погрешно. Кога немаше проблем не правеше вака. Сега знам дека морам да го издржам ова додека да се среди хроничниот запек.

    Инаку @Ano дефинитивно со годините сме се помалку трпеливи. Јас што се трпев со првото, а сега второто колку е мирно ама само една минутка да киксне јас сум готова живци немам. Сега со второво па и се ме боли коски, кичма, колена хахахаха со првото ништо не ми беше бев млада и здрава, работев и на цело работно време и плус мини работа ама сега што вика маж ми за неколку месеци ќе се откажам и од оваа работа на пола работно време. Како стара баба сум. :D Ќе морам изгледа да почнам да вежбам. :drunk: За исхрана и онака здраво се хранам освен што заборавам пак вода да пијам, една чаша на ден, и сигурно и тоа игра голема улога во уморот. И секој ден глава ме боли, еве пак се напив апче ама вода не ми текнува да пијам, единствена вода денес ми е оваа со апчето, а сама сум дома.
     
    На Ano, azelea, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.049
    Допаѓања:
    6.474
    Пол:
    Женски
    Хееј мамс. Ве читам стално ама оддамна не сум шкртнала нешто. Го успав бебе, маж го измасирав, среќа тој сам си заспива :D па имам еден час за не правење ништо, а тоа е дремење на фемина :D

    Шоубаво беше времето до пред некој ден, после 1 докај 4 бевме надвор, уживанција. Го наместивме другото седиште на количката па бебе раат виде, ем напред да се ѕвери ем раширен. Доста се теснеше во транспортерот. Ужива да се вози сега само што не спие во количка. И да му е време за дремки 5 минути му трае надвор. А дома околу пола час знае да завлече, толку, бргу се наспива. Ама недај боже да застанеш, па тоа бунење цркање сите да не разберат :o

    Почнавме со каши и ај нека ни е честит запекот. Два дена се мачи душичка. Не знам како да му помогнам :(
    Ама возбудааа на 100ка, резервиравме карти за мк за велигден. Прв пат со бебка. Па леле филмови во што ќе го облечам на свадба сме, гледање костуми. Прв пат таква носталгија да ме фати :inlove:

    Јас се решив да работам каталошка работа, тек почнувам, за сега интересно ми стои па ќе видеме како ќе оди. Дефинитивно до годинката ќе останам дома. Некни имав разговор за мојата работа “од соништата”, со градинка, со предобри услови, ама со тешко срце одбив. На 5 месеци да го пуштам во градинка, па не се нормални. Или ние не сме, не знам, ама оваа ми се чудеше како ја одбивам работата заради бебе :devil:

    И тоа, јас си кажав се. Да пуштам една епизода од серијата и на спиење. Во 6 станува ова малово ѕверче, а мама едвај очи отвара. Уште е темно надвор, ама не бре, не му се докажува дека е рано. Тој наспиен си бил и спремен за игра :rofl:

    Ајт гут најт :l:
     
    На Coco31, azelea, IRBBB и 10 други им се допаѓа ова.