Дупла девица, не да се нервирам... Кога ќе се повлечат во свои соби ќе може да се вратиме на своите аптеки, до тогаш тешко. Гледам по сестра ми, што значи как 9г некаде. Утро! Бејби цицаше, ама има некоја фаза цица и тегне, влече, се грчи, ко да му е нешто непогодено... Сменив синоќа и капки за грчеви, многу го мачеше стомаче, прди, плаче и се витка. Сега да прашам дали еднаш или два пати се даваат оти заборавив. Вчера имавме такви периоди, час се смее ужива, час се тегне влече, вришти, се мачи... Спиеше на мене 3 саата. Сирото дете. Бато замина во школо, тате до фзом да ги поднесе последните клексани, јас кафе ќе варам, ајде кој е за. Убав ден!
Добро утро, Кој е за виртуелни кафе повелете. Големиот го земаа моите, малиов дреме во релаксатор а јас седам и пијам кафе и да шкртнам некој збор. Станата инаку од 6:30, уствари од 5 часот бебе спиеше во раце и во 6:30 решив да се префрлам во дневна, бар таму ми е позгодно за кичмата кога седам, рацете секако ќе страдаат. Само моево ли дете исклучиво хоризонтално во раце ми спие. Се обидувам да го легнам на мене на меше ем за него да му е полесно, ама он мисли дека е време за тами тајм и одма крева глава наместо да се опушти и нормално за една минута пушта сирената. Инаку овие денови сме и во прв скок, надополнет со грчеви па забавно е. Понекогаш кога пишти се чудам дали е од скокот, од грчеви или за цицање плаче. Лош чекор направив со транзиција на нов пробиотик+колиеф наместо инфакалм и сега не можам да сфатам што му прави проблем на меше. Колиефот ги исклучив вратив на инфакалм, бар помирен беше. Сега и пробиотикот го тестирам, ако не бива нормиа ќе вратам биогаја. Од дете што секоја пелена му беше какана, сега се мачи и кога кака не може да се докака. Туку само мене ли паметот ми е цело време во благо . Среќа што големиот е казнет па кога е дома од солидарнос кон него не посегам, ама вака кога сум сама само мислам што наредно да отворам. Сега доручкував и одма смуфтав цело пакетче чоколадирани лешници. Сега се воздржувам, ако не бива ќе земам плазма да грицкав, бар помало зло. Тие ми се најдобар другар периодов. Неделно минимум по 3-4пакетчиња ги јадам. Утре мора да се качам на вагата да видам што кажува и да се ставам во ред. До пред 2 недели се држев солидни 54,5кг, само 4,5 од пред бременост. Уствари и толку и сакам да си седи вагата, пред бременост многу бев слизната на кг, вратен на средно килажата, а тогаш многу слаба бев. Ама ако почне да оди вагата пропорционално на јадењето . @gjoker4e нервите дефинитивно ми се фитиљ. Големиов ми протестира со јадењето. Он уствари не дека не јаде воопшто, ама тоа е желка не му е рамна. Па бара едно, после му текнува друго дека сакал. И уште кога че рече рани ме ми се пали фитиљчето. Во септември во училиште почнува, а он ми вика рани ме. И кога ќе го скарам фацата се менува, ама упорно не почнува да јаде нирмално, туку лиже како мало маче Додека не сум заборавила @IRBBB честитки за новите полетоци и бременоста. Да биде лесно до крај. Не само тесно што не сака, туку во последно дека нешто парново го згрешија па дома 26° е деновиве, мора и нозете боси да се. Прцул од едвај 2 месеци бос е пола од времето. И мене овој пат ми е вака. За првото знаев да приплачам од што многу работи не знаев и учев. Сега си плачам пак за него. Или зошто сум го скарала од грижа на совест, или од мака зошто не ме слуша, а многу убаво разбира се. Ноќе знам да си приплачам зошто инсистира да спие со мене, па кога плаче малово од грчеви, јас си плачам за големово дека се мачи. Не отвора очи да покаже дека е буден, ама тогаш почнува да се пика или во ѕид или под перница кај мене. Пред некој ден дури од револт се изврте и нозете на глава ми ги качи. А кога ќе се јави мајка ми да го земе се лутам зошто знам уште толку ќе го распекмези, а некогаш ми треба и мене малку одмор. Едвај чекам да го пуштам пак во градинка, таму бар ред има и исполнет ден. Туку ова државава ни е луда. Клексани немаат уште исплатено од јануари поднесени. Плата истотака нема за Јануари, а еве го и за Февруари сега требаше да пуштаат веќе Уште посигурна сум дека децава и да не сакаат че ги иселам најрано што може. Ако може уште средно ќе ги пратам надвор. Двајцата имаат штедни што се полнат секој месец, здравје нека пораснат и колку и да ми е тешко нека фаќаат надвор. Тука веќе и да имаш пари ужас е за живеачка. Туку остајте аптеките на раат и уживајте. Никогаш не ми било под конец (не повеќе од пола ден), па си живееме среќно и весело. Сега пак со две деца не ми ни паѓа на памет вакво нешто. Еве почнува да се буди дете за цицање да одам duty calls. Имајте убав ден и убав викенд
@Ano , не да сакам благо, само таму ми е умот. Посебно во сладолед. Цела бременост не бев стрвна, ама сега си се наплаќа тоа. Е и вагата оди нагоре. За бебе можно е да и заврши првиот скок, бидејќи деновиве како многу посмирена е од претходната недела. И си спие без проблем и се. За породилно, породена јануари, сеуште немам земено. Некако очекував дека ќе е март ама кај да е ако нема деновиве ќе се јавувам да прашам. За штедна книшка не е лошо деновиве и тоа да се среди. Да разгледам само опции по банките.
More kako sum strvna. Sabajle jadev eve pak mi se jade, ko dupka da imam vo zeludnik. I toa sea pita so praz mi se uvrte ama onaa baba mi sto ja pravi. E kako da macam 70 godisna zena ligi mi tecat. Ke moram da stanam da najdam nesto drugo toa e, mi se losi duri od glad
Па искрено незнам да ти кажам Јас мерев од нестрпливост додека не покажа тестот за бременост 2 цртки, после веќе не
Jas uste malku ke vlezam vo treti mesec so gospod napred, pa eve uste imam. Sto ke bide neznam samo dobro da e daj boze.
Се мислам веќе подолго време да те означам, ама ова била приликата. Ти благодарам мама, на сите Бог само убавини да ви дава. Пишувај ни тука, ми фалат твоите убави емотивни постови за дадите. ❤️
Здраво мајки. Денес сум крш, ко времево сентименталиш. Се турив од плачење, очи жаби а уште солзи ми надоаѓаат. Бејби блуз фаза попушта и пак стегнува. Ваљда е нормално. Некако врската со син ми поголемиот како полабава ја осеќам. Како да си го вратам стариот однос? Добро, не дека е нешто премногу катастрофално. Ама порано ќе дојдеше да ме гушне, ќе ми рече мама, со раширени рачиња во знак на прегратка. Периодов ради бебето и разни емоции, малку се олади, не доаѓа така, односно почна од пред некој ден по малку да шири рачиња. Или мождс до мене, јас имам таква перцепција, кога го гушкам не осеќам нешто премногу силно, зошто вака? Дали е од хормоните, дали е периодов на неспиење и умор... И мене сѐ ми е собрано, а не пак на дете. Еве јас не можам да се носам лесно со некои промени, очекувам син ми глатко да помине.. Инаку е подобрен кон бебето, го бакнува, му пристапува, без форсирање. Многу осеќам како жал, како носталгија кон него, кон времето поминато заедно. Кажете со две дечиња што сте, како сте, како да се доближам уште повеќе. Инаку минативе дена и играме заедно, добро и го прекорувам чат пат, и излегуваме заедно, одбираме работи за детската, ме гледа колку сум ентузијаст, му кажувам што ќе му купиме, колку ќе биде убава собата итн. Како дојде променава, така односот наш како пообичен стана, јас го гушкам го галам, ама не знам оти вака се осеќам. А и тој е многу очиклен станат, секој ден нови работи откачува, учи, само изведува нешто, учи песнички, баш е спремен за во градинка. И за тоа многу се мислам, го жалам, кутро дете како ќе се осеќа... Аман се турив од @Black girl мислам дека ти пред некој месец пишуваше за едното дете и реакцијата кон тебе? Дали сте подобри?
@elenaklasik еве ме. Наназад имам пишувано. Моите се поголема разлика. Големиот има скоро 9год. Малово уште малку годинка. Јас и мм со големиот бевме лонче и капаче, сабота и недела, ден и ноќ. Ја имав таа можност да додека работам он биде со мене. Единствено бевме одделени 3-4 часа, додека беше во школо. Секадр заедно, не е оставен на никој буквално. Со доаѓањето на брат му, прво на почеток беше возбуден, не знаевме сите каде сме. Кога согледа дека он веќе е самостоен, а ова малово бара да го облечеш/соблечеш, бањаш, храниш, па и сака во раце повеќе, е тогаш почна љубомората. И покрај тоа што се му беше исполнето, дадено на тацна, он си тераше некој инает, како од се да му е сеедно. И јас го разбирам, потполно. Се чувствува оттргнат, осамен иако се ама баш се му е удоволено. Навечер седам со него, учиме заедно, работиме на некои активности... Некој период сопругот мораше да спие на посебен кревет, синко со мене. Не можам да ви опишам колку беше среќен што ќе спиеме заедно. Секоја вечер бара да си легнуваме за да биде блиску до мене. Ама бебе како бебе, па и позахтевно, бара повеќе внимание. Додека сум се свртила дошло време за јадење, цицање, пресоблекување, занимавање, сега лази, чепка секаде, мора внимание. А каде е куќата, облека, машини? Ама што да правам, сама сум, немам помош од никој, се на мене се чека. И јас сум човек, попуштам некогаш, преморена сум, па знам да подвикнам, после се обвинувам за се ама и јас имам чувства. Минус голем кај нас е што сопругот е тврд, не знае да искаже емоции, макар и лажни. Тука нека ти помага сопругот, нека биде цело време со големото дете, да не ја чувствува твојата отсутност да речам. Тоа што се сменило во однесување е само љубомора кон тебе, не кон бебето. Еве кај нас година трае и уште постои. Јас дури бев на раб да барам стручна помош, да откриеме што го мачи. Сега кога бебе е малце поголемо, седат заедно на под, играме заедно сите, малово го обожава брат му, па некако олабавена е малку работата. Ама љубомората ја има и секогаш ќе ја има.
@IRBBB лесна бременост мила. Мајки земав ставив гелче на прст да му измасирам жлебинка на синкото и замислете - загреба! Синко има запче!
Честито на новите бремености, со лесно да помините. Јас дојдов да се пожалам од времево. Значи со денови врне и е тмурно и јас со него тмурна депресивна безволна турни ме да кинисам и ме мрзи се.... значи друго е да те огрее сонце да те фати зрак па со ќеф да станеш со ќеф да функционираш.... Само јас ли сум метеопат?
Не си, и јас сум и бебе мое изгледа е, некни кога врнеше цел ден, цел ден го преспа. Ништо не ми се прави кога врне, само ми се спие.
Добра ви вечер. Сите со нови вести периодов, па и јас. Почнав на нова работа. Мислам дека е подобра од претходната, барем од аспект на тоа што ми е тука, на 15 мин, па не мора да губам два саати дневно во пат. .... Денес (инспирирана од еден настан) си ветив дека две работи ќе ми бидат приоритет: детето, како и секогаш, и психичкото здравје т.е одморот. Доста се погазував себеси за да им угодам на другите. Кој сака нека се лути, ич око не ми трепнува веќе. Имено, дома имавме договорено гости. Додуша моите се имаа договорено со нив. Си дојдов преморена од прв ден на работа и си легнавме со бебе. Господата доаѓаат порано од договореното, па и се дрзнуваат да се налутат и да се навредат зашто сме спиеле (нив имаше кој да ги пречека). Децата сакале да си играат со моето, не требало да го успијам. Ај ќе му забранам на моето дете да спие, јас нема да одморам, битно да има кој да ги занимава нивните деца. Мало сутра.
Ех порано легнував и станував со форумов. Годините ми поминаа низ него,соджини колку сакаш,пријателства еден куп,кои траат до ден денес... Како се менуваат интересите,од групата што би му кажале,до врска,брак,бременост,мајчиснки муабети. И така по ред. Колку работи се сменија во оваа година, а јас како да немам време да седнам и да размислам. Како да сум само на работа и дома,ми фали време да седам и зјапам и размислувам. Убави работи се случија. Вработување. Дипломирање. живеење со мм конечно сами,можеби не во ново,на дај боже за скоро во ново и само наше. Се прашувам дели телово ми ги заборавило сите поминати стресови, или еден ден покасно ќе си го земе данокот. Којзнае. Битно сега сум добро. Поправена освежена. Само што се распишував се разбуди син ми. Немирко е тој и тоа голем, Не се изненадив кога ми кажа мм дека си ја скршил ногата додека јас бев на работа, мината недела. Прежално,се надевам ке извлечи поука. Добра ноќ мајки
Деен мајкичкиии, и мене ме снема од форумов, што да се прави, време се помалку има за слободни активности. Бебе направи 14месеци, детенце е веќе, ама за мама е бебе сеуште, имаме 10заба и чекаме уште две 4ки да излезат. Прооде дете убаво веќе еден месец и сега веќе трча по дома и прави бељи кај ќе стигне. Станот е хаос, стално е растурено, ма колку год се трудела да е чисто нема шааанси, јас чистам, собирам играчки, се вртам позади мене веќе се е назад истурено од играчки и стално ми е хаос, се си викам ајде ќе пројде и еден ден ќе биде чисто и средено а овој хаос ќе ми фали хахах. Бебе уште дома се чува со баба, ние сме на работа и после работа нема одмор, се заспива дете, се прави ручек, станува дете, јадеме сите, миење садови,средување кујна, тука маж си игра со него, после иде шетање, па бањање, вечера, играње,заспивање....и оп дошло 11 саат, мама преуморна и капната легнувам да спијам. Ете така изгледа секој мој ден. Ама ништо не е тешко кога ќе го погледнеш своето дете и видиш дека е среќно,весело, се гушка со нас, се дружи со нас...душа шатка,исполнета со радост и љубов! Во градинка планираме мај, јуни да почне, да нема толку вируси за да поминеме лесно со привикнување. Ајде одам да фатам некоја машина за перење дур бебе спие. Гушкајте се мамички, нема поубаво од детска насмевка и прегратка за мама!