@elenaklasik нашите се малтене иста разлика. И јас малото го родив нешто повеќе од месец, пред големата да направи 3. Ќе ти споделам дел од мојот проблем. До 4от месец на малото беше се во ред, проблемот се појави точно во моментот кога големата остана дома оти беше болна. Не затера еден вирус, па одма после него ковид и месец дена беше на пауза од градинка. После тој месец јас имав друго дете. Многу е лесно да се балансира кога едното оди во градинка, па доаѓа дома во 4 со маж заедно од работа и веќе сте двајца и може да се посветите и да балансирате со двете деца. Што се случи кај мене, ќерка ми фати вирус од градинка, беше цела недела значи 7 дена со тт и уште неколку дена после тоа и требаше да се опорави оти беше изнемоштена. За тоа време маж на работа, јас се растргнав со двајцата дома. Бебе презахтевно, само да е во раце, да спие во раце, па да шета во раце.. големото болно и тоа си сака во раце, да се гушка, да гали, едноставно и требаше и неа истото и дури и повеќе внимание баш тогаш. А малово не дозволуваше, ако го оставам зајдуваше до онесвестување, па седнував со двајцата гушнати, малово нејќе седнато сака да го шетам, а сите бевме болни па и јас, со двајца во раце и така не се може, ама и тоа правев кратко колку можев, ама беше недоволно оти не е тоа такво посветување какво што си бараше првото дете. Многу ми беше тешко, жива се јадев. И тоа не беше се, дополнително уште недолечени фативме ковид и се се пролонгира. После тоа детето ми се смени скроз. Стана многу раздразлива, почна да има хистерични напади, почна да плаче како бебе, да се понаша како бебе, да не сака сама да јаде или да се облече оти гледаше дека бебето го облакаме ние, ако и паднеше нешто ние требаше да и го дадеме, надвор не сакаше да оди плачеше за во раце… итн итн… Најтешко ми беше што сонот и се упропасти и се будеше ноќе со плач и не можеше да се смири со саати. Е сега, и покрај тоа, таа ништо не му правеше ниту сеа му прави на бебето. Со бебето е супер од сам почеток, го гушка и гали, единствено не сака да дели играчки, ама тоа не го сметам за проблем, во таа фаза е што не сака да дели играчки со никого. Се консултирам цело време со двајца психолози, има голем напредок веќе месец ипол спие мирно и нема хистерични испади. По малку се средува. Работиме многу со неа, градинката исто помага многу, барем во наш случај, тоа е само нејзино катче. Големиве деца немале потреба да се “борат” за нашата љубов. Сме им ја давале цело време и не се почувствувале засегнати, знаеле дека сме тука во секое време. Не дека сега не сме, туку наеднаш добиваат конкуренција и времето се дели и сите промени во однесувањето им се борба за љубовта на мама и тато која ја учат и модифицираат според моменталната состојба, начин за привлекување внимание. Додека пак вториве деца веќе доаѓаат дома и од почеток не се сами и брзо стануваат свесни за истото. Малиов ми е 8 месеци и сега кога ми седи во скут, големава знае да рече дека и таа сака, па ја земам неа на другата нога, а тој одма почнува да прета да ја турка и да се врти кон мене да го кренам. Таа уште не ја сфаќа ситуацијава оти тој нон стоп си прета со рацете и гледам тоа да го преиначам во игра. Значи маливе се многу да речам “поопасни”. Среќа оди во градинкаи со многу работа околу неа, бирање зборови и многу внимание работите се средуваат иначе стварно не знам што ќе правев. Ментално тешко го поднесов нејзиното болување за мене, и иако правев се што можев со се што ми беше на располагање да не се осети така како што таа се осеќаше, не беше доволно. Среќа бебе расте, сега можам и да го оставам сам на под кратко и почна сам да спие, па станува полесно и од таа страна. Сакам да ти кажам дека, не значи дека и кај вас ќе се јави проблем оти секое дете си е своја индивидуа и различно се носи со секоја ситуација но и да се јави, за се постои решение. Сега додека уште немаш проблем пробај да уживаш. Ако некој стаса до крај, поздрав момстерс. Се надевам сте добри и ви посакувам цветна пролет со малишанки.
Предизвиците се неизбежни. Ќе сакаш да споделиш каков начин примена, што те советуваа психолозите? Што примена за ноќното спиење да го скротиш? Кај вас градинката била еден вид на escape за поголемата. Сепак, некои акумулирани чувства мора да излезат на видело. Мислам дека колку и да се добри децата со помалите, не можат така лесно да се навикнат на промените. Еве јас не можам, кога ќе се замислам дека сум голема, а "неспособна" да ги изменаџирам емоциите. А уште поголем товар треба да глумам мирна вода, да не покажувам слабост, да сум секогаш на ниво... Е па не можам не успевам. Да бидам искрена, стопати се расплакав пред син ми и му кажувам дека кога сум тажна, сакам да се исплачам и тоа е сосем во ред. Завчера имав таков емотивен набој и си пуштав солзи и пред него, па следуваше прашање и објаснување. Си реков човек сум, морам да се ослободам вака. И дури јадевме, син ми ме гушна, да ме утеши. Секогаш му велам фала, дека ми значи што ме гушка. Денес пак сум многу подобро, ми се слуша музика (додуша секогаш ми се слуша), бев расположена убаво. Ама уште претпладне ми пукна филмот, малово уште од вчера ме капна, некако тешко заспиваше или брзо се разбудуваше и се изнервирав пред син ми, се развикав. Тој ме гледаше со ќутење. Клекнав пред него и му кажав дека ми е тешко сум нервозна и уморна. И пак дојде да ме гушне, рашири рачиња. Тогаш ми текна дека како постапуваме со децата, така нѝ враќаат. И дека сите емоции се прифатени, дека е во ред да се искажат да се покажат, само не агресивно. Всушност, најубаво е кога една фрустрација се искажува преку солзи, наместо преку агресија. Тоа се тие два вентили. Нема друго. Затоа не се плашам да плачам пред син ми. Одбирам да сум своја, автентична, ама со објаснување што ми се случува. Наскоро јас, пак, сакам да го пуштам во градинка, па ќе видам како ќе биде. Како пред жири се устручавам како ќе биде Море да ти кажам и јас сакам на психолог да се обратам, имам повеќе недоумици, да ми помогне да ги средам мислите. Убава вечер мајки
На апликацијата разговор.мк можеш и со пишување да комуницираш со психолог. Така многу полесно ќе ти биде. Моето на 16 месеци прооде па додека да прооде постабилно 18 да речеме и од тогаш си играат заедно. Ако прооди побрзо тогаш побрзо ќе си играат заедно и многу полесно ќе е се. Вчера скоро цел ден си играа заедно. Малиов се ја слуша големата. Јас кога ќе речам памперс бега одма и со сила му менувам, а сега малава му вика памперс и одма сам трча на спална и му менува памперс без проблем. Па ќе се договорат какао да пиеле. Па кога и се јаде смоки на големава му вика дали сакаш смоки и малиов вика да и одат заедно земаат и јадат. Кога бев сама со малата и купив смоки и не ги изела сите, не сум приметила, и одиме да го земеме од градинка и ги носи смоките вика дека оставила пола за братчето за да сака да седи во количка мирен и да јаде смоки и сите му ги даде. Многу го сака. Секако има и моменти кога се караат за нешто кога ќе ги прифати. И кога се болни во исто време, а јас сама дома, тогаш не можам доволно на големата да се с посветам дека малиов плаче за да го држам само него и тогаш ми вика не сакам братче продади го. Ај успат да се пожалам дека еве само што заспа малово и дека тоа значи цел пореметен остаток од денов и утрешниот ден. До годинка отприлика телото ми се измести трудејќи се да ги задоволам и двете страни, на пример бебе цица, а со големото играм меморија, или навечер бебе цица, и чешкам дете да заспие во исто време. Ама се се исплати на крај. Сега е се многу полесно. И некогаш е и тешко. Во животот нема црно бело како и да е.
@elenaklasik уф, ништо конкретно за спиењето, финтата беше да и ја вратиме самодовербата и да се осети повторно сигурно, па спиењето само ќе си се среди и така и беше. Почнавме секој слободен момент да го поминуваме насамо со неа, посебно јас. Советите беа во правец да не биде - ај ќе шетаме денеска, и безпланско и бесцелно движење, туку да се прави нешто што ќе биде забавно за неа, каде таа ќе биде физички и психички инволвирана, книги, игри, пластелин, кинетички песок, мунистри, макарони, боење, цртање, многу разговор како поминал денот, минати мемории што памти да се потсетува на нешто убаво и да го прераскажува, таа да збори, сами одевме во супермаркет и многу битно готвење заедно особено нешто со тесто. При тоа често повторување како јас не можам сама без неа ништо да направам, за таа да се осети битна. Ова вака што ми текнува набрзина. И еве сеуште секој ден имаме партии. Се пушта музика и се денса пола час до час во денот обавезно. Музика и денсање беше исто совет. Друга битна работа што јас претходно ја грешев беше што знаев да и речам ќе играме после или да биде потивка оти бебето спие, односно за изговор го давав бебето дали спие, дали треба да се дои, пресоблече итн итн. Мислев дека така треба за да се научи и таа да биде потивка и повнимателна. Ама советот беше никако да не го користам бебето како аргумент оти не можам нешто да направам, поради што тоа и создава негативни емоции кон него дека тој ја спречува мама да игра со неа. Така што ако бебе спие или дои, почнав да и кажувам дека ми требаат мене 5 минути па потоа ќе играме или што и да сака да правиме. Дури и кога го оставам него на под, таа трча околу него го голицка се кикотат и воопшто не ја предупредувам да не трча или да внимава, ја оставам да и е забавно и јас седам до нив и јас внимавам да не го удри или нешто. Кога јас го пресоблакам, а таа ме гледа тогаш и објаснував дека бебето е мало и треба да се внимава да не го удриме.. итн итн. Првите 3 месеци беше скроз нормално. Никаква промена во однесување и воопшто во динамиката. Многу и не ја интересираше бебето, онака ќе го погалеше ќе му кажеше дека го сака и беше некако сама на себе доволна. Спиеше цврсто, дури и кога бебето се будеше со плачење, таа беше труп, или ако се подразбудеше ќе се завртеше на др страна и ќе презаспиеше. 4тиот месец откако се испоразболевме не измести сите од колосек и после тоа проблемот си исплива на површина. Ама со применување на советите многу брзо почна да се средува. Со тоа што кај нас делумно проблемот си влече и друга позадина, ние пред година се преселивме и двајцата психолози беа согласни дека и тоа си тлеело и едноставно дојде моментот кога се прели чашата и емоциите експлодираа. Ама како што пишав и претходно за се има решение. Те разбирам целосно. Нов член дома, тоа се многу нови па и ново-стари измешани емоции за да ги изживееш и навикнеш и прилагодиш. При тоа имаш уште едно дете на кое треба да му помогнеш низ процесот. А е процес и сите членови дома ќе го поминат. 3 годишни се и уште мали. Не можеме да очекуваме од нив да ја “сварат” ситуацијата лесно, иако некое нели емоционално подобро/побрзо ќе се избори од некое друго. Како и да е, тие само нека си растат безгрижно, ние ќе белееме и всушност тоа е можеби најстрашниот, најисцрпувачкиот ама и најубавиот дел од животот.
Здраво мајки Вакви денови треба почесто да има, за да се потсетуваме колку е важна улога која имаме на овој свет. Ние сме жени семоќни и најранливи во исто време. Да не забораваме колку тешки денови и ноќи сме имале кога ни требало утеха, а не прекор. Да се стремиме од секој ден убавото да го запомниме, а не лошото. Да бидеме поддршка, а не волк. Да ги воспитуваме синовите да ги стават на пиедестал жените. Да ги учиме ќерките дека нивната вредност е непроценлива. Да излеземе од прангите на балканскиот менталитет и повеќе да работиме на себе, а помалку да решаваме туѓо гајле. И секако да целиме да ја препознаваме среќата во малите нешта, зошто баш тие мали, наивни, секојдневни моменти го прават животот убав. За да не сум тотално офф, денес ја добив првата честитка од градинка. Еден од најубавите моменти за паметење. Бебето што го сакам од првите две цртички, оди по ходник со честитката во раце. Па остана дел од мене на плочките таму сигурно, е толку се разлеав од убавини. До следно читање ве поздравувам со една од моите омилени quotes: Раката која го ниша детето, е раката која господари со светот.
Лелееее и јас се разнежнив на честитката. Не очекував пошто е мала и на адаптација ама фин гест од негувателките. Секогаш превртував очи на мамички што паѓаа у несвест за вакви работи ама гледам ми дојде на глава
Никогаш не вели никогаш Тек сега ми станува јасно тоа Се што сум рекла јас како мајка нема да правам, го имам направено Купувам непотребни работи што знам дека бебе еднаш или ниеднаш ќе ги облечи на пример, можеме и без тоа ама желбата е голема Планирав бебе да спие само во креветче и никаде на друго место. Реално, спие и на гарнитура, и во количка, и на спална, и на мене. Со сопруг кој работи во 3 смени и желба до максимум сама да си гледам бебе, сега ми е битно да спие само. Еве денес 1 час преспа во количка на сред салон. Тоа е следно што немаше да го правиме. Возење низ дома. Е сега и тоа го правиме кога е преладно надвор, а бебе не се смирува на друг начин. Долга е листата, ама засега тоа ми текна
Whatever it works мама Моите пораснаа со дневни дремки во количка. Кај заспиваат таму ги ставам. Креветчињата во моментот ми се плакар за перени алишта кои немам време да ги средам. И ич не се замарам.
Добар ви ден мајки Дојдов само да се испожалам. Колку било лошо со температура на бебе, капак на тоа да не знаеш од што му е. Ова докториве кај нас само си нагаѓаат. Заби се - не се, бактерија во мокрача, настинка, вирус се може да е. Се фаќаат за крвна слика направена по 2 часа од крената температура со добри резултати. Само јас ли мислам дека минимум 24ч треба да поминат за крвна слика со црп? Јас дома само гуглам и му кажувам на мм што може да е, и ми понуди да ме пишат мене за матична Ете така ми помина првиот 8ми Март во мајчинска улога. Неспиена со попаднати раце од нишкање и нагаѓање што му е. Масажи, сирупи, мрсули, плачки, среќен 9ти Март
39.2 тт, место да се симне и не се качи она се качи пак и поише од пред тоа, џоа Цеца ми пее. Среќа бебе е мирно и само цица и спие, ништо друго, само вечер да не ми урла. Маж откажал фудбал пошто како ќе чувам деца со тт еве не знам. У бунило сум. Се ме боли, се ме врти. Само бебе да не го прифати, бато мене ми префрли ама он нема тт, само кашла и носот му е затнат. Ќе пукнам од нервоза, кај се разболев еј, каков убав ден за шетање.
Ако му е проѕирен секретот од носе многу веројатно да се заби во прашање. Мене поголемата така ми ги вадеше сите заби со тт, со кашлање и со проѕирен секрет од нос
Непцата не се баш отечени, исти се како предходно. Денес се разбуди со затворено око и зелен секрет од око и нос. Црп денес 17, ваљда е некој вирус во прашање, утре ќе правиме брис од око и нос.