Здраво мајки кралици! На профилот на nurturedfirst пред некој ден имаше објава како да се постапува со мало дете да не се чувствува запоставено кога ќе дојде бебе. Може ќе ви помогне. Моево бебуле ме нпна последниве денови за успивање навечер. Па тоа колку агресивно цица, каса, штипе, нозете ги фаќа да ги стави и нив во уста дури цица. Сабајле хранилката ја глодаше. Еве не знам. Нека излезе запчето веќе.
Скоро два месеци моето средување е "на рати". Ако сум сама дома со бебе, тоа во транспортер пред купатило или на спална, па јас се средувам со отворена врата. Тек од минатава недела си дозволувам кога е дома сопругот да ја чува, па јас да наполнам када и да се опуштам пола час или повеќе. @Lavica2602 , за ручеци и јас не сакам и не ми одговара готвењето на свекрва. Ако се договориме нешто да зготви, една опција и подобра е да го направи рано наутро и донеси, па кога ќе стасаме да јадиме. Втора опција што често и се случува, прво да си излези и прошета со пријателки или по роднини, па тек после да се сети на нашиот ручек и тој да е готов после 17-18 часот, што до тогаш значи ние да сме поминале со "сува храна". Решение најдов во тоа што во недела со сопругот готвиме две-три јадења, што може да стои јадеме следни ден, два, што не замрзнуваме, па пред оброк се одмрзнува. Еднаш или два пати неделно поминуваме со супа, пица, лиснато или нешто брзо. Некогаш порачуваме готвена храна готова, не често. И еднаш во месец земаме скара, па дел од месото замрзнувам како оброци, па после брзински правиме од оризот во кеса што е или пире или салата. Вака правевме и пред да останам бремена и во бременост и сега. Друга работа не знам дали кај сите ама тешко било да организираш излегување и бебе заедно. Имено и другарката моја е со неколку месечно бебе. Мојот и нејзиниот сопруг договараат кафе и во следниот пола час се веќе во кафиќ, кога се двајцата слободни. Ние две, за сами да се видиме, цели логистики. Да е слободен сопругот или некоја од бабите за чување бебе, па да е се во ред со бебе итн. Е, излегување заедно со бебињата ни е рамно на квантна физика ама се подобруваме во организација.
Е ова е нештото што најмногу ме вади од такт. Како моето излегување треба да е се унапред испланирано, се спастрено, и во брзање да се вратам, а на мм во секундата да му ѕвонат само ќе праша ако не ми треба ништо од него си излегува. Не е фер. Реално. Уште ми е тешко да го прифатам тоа
Знаеш дека сама си крива така? Иста бев, морам да си организирам, да оставам дома се спремно и 100 пати да ги проверам од кога ќе искочам. Сега само прашувам дали е слободен да ги чува и чао.
Е де, ми го плесна. Крива сум. Опседната сум со редот за јадење и спиење на бебе. Некна пола ден бев излезена мм го чуваше и само на тоа мислев, во колку часот јадел во колку спиел. На крај се испоремети ноќното време за спиење поради ненавремени дремки па се колнев самата што не останав дома.
Добро утро, добар ден женки (за кого како) јас едвај се освести денес. Значи колку ми е тешко станувањето наутро тоа чудо едно. Го испратив големиот во 7иполна школо малото и тоа стана ам реков извини синко ама ја не можам да ги отворам очите, и така си подремав уште околу 40тина мин. Пофатив низ дома сега го пијам кафето па бујрум кој сака нека повели. Си читкам помалку наназад све со ред што сте пишале, не сакам да пропуштам ниедна женска приказна искрено, ми влевате со секој коментар некоја позитивна енергија. Е сега вистина повеќето се со бебушки Али нема везе, добро е да ме потсети некој како и јас сум минала низ истото. Големиот пред една недела наполни 10 години. Веќе стан големо момче. Искрено не го сетив како порасна. До вчера беше мало за мене. Откако се роди второво и времето неосетно летна па ми изгледа дека првото не го видов како ми расте (а знаеме дека не е така). Пред некој ден си помислив каде се колешките генерациски (август-септември 2019) кои се дружевме @Presrekna @Yowannty @koritsaki .... Ама гледам тука по некој збор пишале секој со своја нова приказна. Додека завршив со пишување и кафето ми ојде (го испив) што значи сега иде на ред појадокот, ќе смавтам една салата па д фатам обврските, се надевам ќе остане време и за вежбање (демек совреме да си фатам редот за слабеење ) а потоа д си фатам патот за на работа. Имајте убав ден и уште поубав викенд
Мајки со бебиња, како постигнувате и ручеци, и чистење и се? Свекрва ми ми прави ручек секој ден, и пак не можам да стигнам дома да ми е прифатливо чисто и средено. Ниту можам да работам редовно (фриленсерски живот на четврт раб време), само што ќе средам една соба до после е исто како да не сум чепнала, не дај боже да излезам на кафе или да најдам 1 сат неделно за хоби. Приоритети ми се да се наспијам максимално насабајле додека мм се чува со бебето, и во денот да шетаме сат време со количка. Ако жртвувам едно од овие две можда ќе ми е поокеј дома, ама стварно ми се најважни работи, инаку ќе попуштам психофизички многу многу брзо. Еве пример гости требаше да ни дојдат на викенд, цела недела го чистев спратот зошто од летото од претходните гости кога си отидоа немав чепнато. Летно бебе, не можев во вц да одам, не па да средувам спрат што скоро и да не го користам. Само трупав таму релаксатори, играчки, алишта за бебе, поклони, други ствари за да направам место за бебе... Следен викенд, бебе кај баба, јас и мм правиме генералка. Нареден ден имаме дефект дома, два дена четворица мајстори по дома, џабе генералка . Итн, цело време некои вакви ситуации чудни. Работа за извоз, времето цело посветено на бебе. Се чудам како некои жени постигнуваат... Ск*рчено ми е.
Кога спие правам ручек или го оставам до мене во релаксатор и готвам. Чистам еднаш неделно, толку имам време, помага мм и тоа. А шетаме и ние секој ден по минимум 2ч, ама и повеќе се, денес шетавме 3ипол часа. Готвам за 2 дена, ептен ако е нешто набрзинка готвам ден за ден. Не памтам волку оброци брзи да сме изеле во 10г брак, макарони и јајца, мачканици, пица готова, бургети, во 2ипол месеци сме изеле повеќе него ли за 10г заеднички живот, ама пак се сведува на неделно 1 до 2 пати, гледам бар тие денови да има супа готова. Е таа супа готова не можам да ја преболам, да имам поголем замрзнувач ќе сварам 2 кокошка и ќе мрзнам во канчиња, ама немам, па јадеме готова супа. Кога ќе ми рече дете Ми се јаде од супата на баба со зеленчуци, ми се плаче, зошто заборавил колку убава ја правам и јас. Сега на маж му кажував да направи некоја масичка помала и дрвена да немам обврска бар да бришам стакло секој ден по 3 пати, пукнав. Заборавив да напишам, кој ми дошол да ми коментира какво ми е дома може комотно да фати врата.
@see.emily.play Исто и кај нас. Шетањето ми скратува доста време дома за средување ама морам да го извадам надвор, а и мене убаво ми доаѓа. Ептен ако е лошо времето на тераса го вадам, па имам повеќе време. За готвење го ставам до мене во количка или доле на под со тропалки околу него ама убав ручек имаме од понеделник до петок, за викенд е секогаш нешто брзо или нарачано. Од сабајле ритуалите ги завршуваме и спие прва дремка, па тогаш пуштам машини, диплам. Станува и одиме на шетање, се враќаме и спремам ручек. Во 15 доаѓа големиот од градинка, јадеме, маж ми останува со бебето, а јас и поголемиот шетаме или обратно. Накај 18-19h се прибираме, вечераме и тука веќе настанува малку хаос на сите им се спие Најчесто маж ми го заспива бебето, големиот средува детска ако е расположен, ако не, му дозволувам youtube, јас средувам кујна и легнуваме. Чисто не може да биде никогаш, обавезно една соба е хаос ама искрено се помирив. Помислив и жена за чистење да викнам ама што ако дојде кога утредента пак ќе биде се наопаку. Ќе издржиме уште неколку години
9 месеци бев сама со бебе до 17:00-18:00, некогаш и покасно. Готвев кога можев, ако ме почастеше бебе и не се понашаше како да сум ја жртвувала на ѓаволот со тоа што ја носев у кујна. Чисто? Ми беше чисто првите 2-3 месеци. Е веќе 12 месеци не ми е. Не да не ми ееее. Работам од 14-22, уште за чистење време да најдам. Од сабајле фаќам нешто ко мачка со опашка. А и џабе си чистам, доаѓа ураганот во 15:00 од градинка и ја лапа масата. Јееј. Онака салам чистење - викенди само ако е на гости. Еве 3та недела правосмукалка детално нема поминато. И сакам да кажам, ќе отрпнеш срц. После некое време слепичка ќе бидеш за нередот. А чудно ќе ти биде па средено да е
Мене ми е срам да викнам жена, е до таму ми е, ќе рече овие како живеат овде. И мм и синко се опасни растурачи, кај паднало останало, синко прозори праи уметнички дела, како да викнам.
Моите свекор и свекрва живеат во соседната зграда, а јас сум оставена сама со бебето. Сега е скоро три месеци, можам за момент да се одделам малку од нејзе, инаку често седев гладна и жедна дома, трпев за до веце, не можев ни во телефон да погледнам, бебето хиперактивно, захтевно. Плус дојам отприлика на два саати. Си ја сакам улогата на мајка, но ова ми е најтежок период во животот. Со душа чекам мажот ми да дојде од работа (он работи од понеделник до сабота), а згора на тоа треба дополнително да седам дома сама да чекам да оди кај неговите на ручек, па да ми донесе на мене. Немаат дојдено да го видат бебето, а и на мене да ми се најдат да си завршам по дома некоја обврска. Ме немаат прашано како сум или дали ми треба нешто. Очекуваат јас да вложувам дополнителен напор да им ја носам на ручек, да чекам сите да се најадат за јас да седнам на маса. Бебето го третираат како играчка. Ова нехумано однесување кон мене не го очекував. Свекрва ми само ми дофрлува неумесни коментари. Уште и добив забелешка ко демек на шала дека неквалитетно ми било млекото од страна на свекорот. На целата мака што ја поминувам, уште и тоа. Се надевам на пролетта и на топлото време, ќе биде подобро. Извинете ако зборувам неповрзано, ама морав да го извадам ова од мене. Решив да си гледам само за себе и за бебето, да не ми е гајле веќе за никого. Така најубаво.
Јеп. Најубаво Ќе помине тешкиов период ( кажано од особа што си е сама од раѓање на ќерка ми ), ама нивните постапки и зборови не минуваат. Немам ни свекор ни свекрва, ама памтам кој што јадеше гомна ( извинете на францускиов ) кога не знаев главата кај ми е
И јас сум од тие Ќе земам да подсредам пред да дојде пошо срамота од жената Не ми смета мене до толку туку маж ми цело време ми збори да најде некоја за да ни се олесни работата по дома ама ете никако да соберам ‘храброст’. Имаме пријатели што се уште немаат деца, жената оди на работа, мажот работи од дома, си доаѓа жена еднаш неделно. Тие само си шетаат, се чудат што да прават со слободното време… некогаш сум малку љубоморна што не можам да бидам опуштена некој друг да ми среди дома. 3 години брак, две деца и се уште сличен однос имаме со моите свекор и свекрва како тебе. Ќе прекинеш да се нервираш кога ќе ти се намалат очекувањата
И во друга тема имав пишано, џамперот ми е откритие на годината. Или пак детето ми е мирно и се е под конец. 7++ сме засега не ровари никаде да ми прља. Ама затоа мм е големото дете што кај и да помине е хаос. Стануваме околу 9 часот, го средувам прво него со пресоблекување, доручек, витамини и слично. Мм заминува јас го ставам бебо во џампер и за 1 саат метам (тој лудува по правосмукалката), раскревам, бришам и слично (потоа седам во некој ќош да не си растурам самата). Во меѓувреме малиот ќе се умори па го успивам и тоа е време за кафе. Кога ќе стани зависи од времето или шетаме (јадиме нешто набрзина тоа што имаме) или готвиме. Додуша ние се што јадиме не захтева многу време за готвење. И така раскажав хармонија како се стигнувам, ама навистина малиот не ми е захтевен, кај ќе го оставам знае да си поседи, и во хранилка и во џампер, некогаш го гледам од страна и ме фаќа жал Е сега како што ќе расти знам дека хармонијава од се под конец ќе ми заврши, па да си ги насладам очиве засега.
Не знам дали знаеш, во џампер не се остава подолго од 15-20мин. Треба да се прават паузи. Мирен ти е бебушка и моево второ е мирно и затоа постигнувам колку толку. Првото ми беше страшно захтевно бебе, си плачев редовно секој ден, се бањав со хранилката во вц, сум го доела на вц шоља, усисував со него во кенгур, ма кога ќе се сетам се правев со него во кенгур или раце. Ден денеска е лепенка за мене.
Искрено тоа за џамперот не знаев, зошто има некои негативни страни? Некогаш му се собира и 1 саат да седи. Инаку да, од кога е роден е многу мирно бебе воопшто не е захтевен затоа и се постигнувам.
Пишуваше на самиот џампер кога го купив, сум слушала и од други мајки ортопеди така им кажале. Јас од мојот ортопед криев пошо ми рече ако купам да си најдам нов доктор За помалово не планирам да го користам ама со првото морав да се снаоѓам.
Моето бебе е мирничко, не е многу захтевно па така постигнувам, а и мм многу ми помага. Наутро го средувам него, го ставам во baby gym да си игра и правам кафе и доручек за мене. После тоа го ставам ручекот да се прави, обично од вечер имам испланирано што ќе правам за ручек ама гледам да не е нешто комплицирано на пример телешко со ориз или свинско месо со компири, значи нешто што не бара премногу труд, го ставаш да се прави и толку Е ние бидејќи сакаме домашни супи и чорби а тие бараат нели сецкање зеленчук, тогаш го земам бебуш в количка до мене и му правам муабет цело време. После тоа го успивам и гледам да расфатам низ дома и да средам колку можам, па кога ќе се разбуди излегуваме на шеткање и кафенце. Штом се врати мм ручаме и се договараме ако има нешто за средување, кој да средува, кој да го занимава бебуш, па после ако остане време и ако имаме потреба излегуваме пак најчесто да испазариме што ни треба, па го враќаме дома и околу 20:30 тој е в кревет, а ние сме слободни со тато Кога ќе легне навечер бебе почнав да практикувам да вежбам, а некогаш вежбам и денски, а него го ставам в релаксатор да ме гледа, па излегуваме покасно За викенди шетаме максимално ако е убаво времето и ручаме надвор. Инаку, еднаш месечно ми доаѓа жена за темелна генералка ама инаку со помош на маж ми одржуваме генерално средено и чисто. Имањето бебе бара јака организација и реално речиси не останува одмор за нас ама тоа е, сè си има своја убавина