Баш! Епа го будела де, на 3 саата, демек. Јас и големото не сум го будела ни ова, еве го заспа во 9ипол и кога стане тогаш, немам намера да го будам. Денес на пладне отспа 4 саата, не го разбудив.
Абе какво будење на бебе што напредува. Сигурно нејзиното се будело само и сега сеир ќе удара по други
Не се тапшајте дека вие се знаете. Посебно не со лоши совети. Искусен педијатар кој има основни познавања за лактација ке ви каже дека доено бебе се буди на 3 часа најмногу првите два до три месеци. Прво за да напредува. Второ за лактација да се воспостави. Трето да се превенира мастит. Вие како сакате терајте. Ама не сте топ мајки ако друга мајка ја утешите со погрешен совет.
Мене тројца педијатри ми рекоа само првиот месец, а после подоите да се на барање на бебето па машала на 3 месеци речиси ја дуплира родилната.
Лактациските консултанти препорачуваат будење само во првиот месец додека да се воспостави лактација и ако не напредува детето убаво. Ако детето напредува убаво навистина не гледам причина зошто да се буди. Јас не можам да се опуштам и да уживам во мајчинството со коментари од страна. Свекор ми и свекрва ми го умреа сопругот од критики. Гладно ни било детето (првите четири дена дома намали на тежина, после почна да качува и качува по 29 грама дневно во просек, да мало ни е детето, ама не е изгладнето), млеко сум немала, ладно му било, промаја имало дома, главата не ја држело исправено (на 2 месеци не знам колку треба да ја држи исправено), зошто ни плачело, па љути дека плачело, дете не се гледало по книга, требало поискусни, постари да прашуваме и да ги слушаме, витамините не се давале директно од капсулата ќе сме го задавеле, само со лажичка... Не знаев дека мајчинството е полесно од справување со баби и дедовци.
Јас не сум ја будела туку кога јас се разбудам во текот на ноќта ја зимам и си цица таа и воедно и си спие и сега така правам ноќе ми највеќе и најубаво цица, дење или се шушка нешто, повеќе други работи ја интересираат.
Реално, многу е двомесечно бебе да не цица од 9 до 5 наутро..И моите беа спијачи но спиеја до мене цицаа и така презаспиваа.. Јас би му нудела дур спие сепак малечко е..
Јас аларм местев да ја зимам за цицање бидејќи сама не и текнуваше за цицање, цица и ја оставам во креветче и продолжува со спиење. Ем мама наспиена, ем бебе нацицано. Дури и сега правам понекогаш така иако 8 месеци има.
Читав за ова dream feed, блазе си ви на тие што ви цицаат така, моето уста не отвара, херметички затворена.
Нема да се фалиме со статистики, или да се фалиме? Ако моето добро напредувало, не значи дека сите ке напредуваат добро. Изборот на педијатри на кои им веруваш е твоја одлука. Дали правилно те советувале е друго. Ноќните подои се најбитни првите три месеци. Како една мајка ке го расте детето е нејзино. Правилно или не ке оставам сама да одлучи. При толку достапни информации не е ок да се прават грешки. Има и други начини да се одмори мајката и да спие квалитетно без да крати подои.
Мене не ми е прво дете па да не знам, фала богу знам како се гледа дете иако ми е прво доено, првото на шише па не стануваше, нема да го будам беспотребно. И глеј чудо напредуваат супер и двајцата. На 2ипол месеци дуплира тежина и иде нагоре. Весело, задоволно бебе, цица, спие и дење и ноќе, гуга, се превртува, се смее, реагира на гласови... Првиот месец не го будев ама стануваше сам, после 40 дена сам регулира. Не дека ако стане сега ќе го презаспијам без да му дадам да цица, ако стане нека цица, ако не нека си спие. Моето не цица успано, заспие ли уста затвара и толку, нема сила што ќе му пикне цице во уста. Според вас треба да будам бебе кое спие за да го надојам, бебе кое цица на барање, преку ден на 1 час до час иполовина, некогаш порано, некогаш подоцна, напредува одлично и е здраво право... Не се слагам. А да го зимам да спие до мене за да цица ми е нон сенс, недајбоже да го повредам па после глава ќе си удирам од ѕид, не за џабе се бруи насекаде за СИДС и ризиците. Да сум мајка на 19г да ме советувате, да не знам како, да прашам, ама ова ми е второ мое, трето дете изгледано и многу добро знам како се гледа дете. Првиот месец ќе го будев ако не стануваше, ама стануваше првиот сон после 4ч, после на 2ч, и до 40 дена така, после сам си регулира. Пак ќе речам, бебе не будам за цицање ако напредува, ама и не заспивам со нишање ако стане, давам да цица. Он веќе 1 недела станува во 5 ама ако реши дека ќе станува пак во 3 како претходно ќе давам да цица. Се дур напредува, е среќен, задоволен, наспан и ги исполнува сите предвидени достигнувања за возраста, не гледам паника да го будам да го хранам кога не сака.
За будење тек сега добивме дозвола да не ја будиме на 2+ месеци со тоа што максимум спие 4-5 часа ноќе, а преку ден почесто бара храна и потребната количина ја прима. За баби и дедовци долг е списокот. Ако ја држи главата оти ја држи. Ако е мирна оти е мирна. Ако плачи свекрва ја слушала на другиот спрат и не можи да спие. Па демек да ја заспивала таа оти од неа кога е заспана ќе спиела долго Лошото е што свекрва заспива пред бебево. Ако почни да ика, слабо сме го облекувале. Ако одиме надвор, рано било во лето се шета итн
Овде мислам темата е секој за своето си кажува, јас не земав да советувам како правилно се дои. Јас на другарка ми не и кажав да не го буди нејзиното, јас за моето си кажав. Фала богу и јас педијатар консултирав и консултант за доење, со оглед на тоа што не сум доела досега немам искуство си прашав. Мојот педијатар за мене е најдобар, така да твојот и неговите препораки ништо не ми значат. Исто ко што за тебе мојот и препораките за моето дете тебе ништо не ти значат. На крај најважни се резултатите, дури и и еден експерт може да даде различни препораки за различни деца, кај моето ако сонот е важен, кај друго можеби ноќното хранење.
Има бебиња спанковци, што топ напредуваат иако воглавно врзуваат по повеќе часа сон и има бебиња со жолтица и на 2 месеци што спијаат од билирубинот и и да дремат на цицка преку ден е џабе, кога немаат сила за цицање. Поискусна мајка можеби ќе препознае разлика, неискусна можеби ќе прочита дека е океј на 2 месеци да остава бебето да спие по 8ч непрекинато и нема да го буди. Затоа, не генерализирајте со совети, најдете педијатар на кој ќе му верувате и кој ќе го следи вашето бебе и ќе ви дава индивидуални препораки оти нема две исти бебиња.
Не се правдај. Ти си знаеш што и како. Ако мислиш дека не треба да го будиш, не го буди. Толку е лесно. Ме следиш низ теми?