Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.825
    Допаѓања:
    18.651
    Пол:
    Женски
    Ти кажа за твоето бебе, по тебе мајки се надоврзаа дека тоа е најправилна и најпаметна одлука за секое бебе.
    Не што не е правилна, за некои доенечки парови може да е погубна ваквата одлука од повеќе аспекти.
     
  2. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    12.260
    Пол:
    Женски
    И неискусна мајка би препознала ако нешто не е во ред со бебе, тоа е тој мајчински инстинкт, башка кај прворотка мислам дека на почеток бебето е под надзор 24/7:D
    На крајот на денот, сите бебиња се под контрола на педијатри, плус на денешно време мајките консултираат и по 2-3 доктори, а и доста читаат и се информираат. Така што секој го дава максимумот за своето дете и ниту една мајка не би дозволила да спие детето само за таа да се наспие како што наведе членката погоре.
     
    На Pocahontas.93 и IRBBB им се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    И јас на истото мислев. Прашањето е од каде читаат и какви информации селектираат да примат?
    Не само неискусни мајки, не само мајки, сите ние.
     
    На Калатеа и azelea им се допаѓа ова.
  4. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    12.260
    Пол:
    Женски
    Се поголем е бројот на мајки што читаат одбрана стручна литература и не се базираат на коментари што кажале Стојна или Трајанка на Фемина или на Фејс (а ги има и такви нели, секогаш постојат исклучоци).
     
    На AngelOfArh, LiquidLuna и IRBBB им се допаѓа ова.
  5. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Аман значи. Членката не побара совет дали е нормално бебето да и спие, кажа пример дека "другарката" ја советувала да го буди. Бетер од другаркава испаднавте. Ете си прашала педијатар. Која е потребата да делите памет на некој кој не бара совет?
    @Pocahontas.93 кај мене мајка ми си сака да си каже:
    -Лелеее голо ти е детево, обечи му хулахопки.
    -Зошто е по боди, ајде облечи го.
    - Бабааа па ти живо гладно си било
    На големиот му носи залихи од грицки и благо, да не седи гладен.
    Јас на се ова - добро важи. "залихите" некаде повисоко каде не се стигаат и сите среќни и задоволни :D
     
    На Annath, Anturium, AngelOfArh и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Вао какво тупење. Што кажа Ангел а за што се фативте. 3 месеци е бебето нејзино ваљда знае до сега како напредува.
    Која мајка не би го доела бебето знаеќи дека не напредува?
    Па барем сега во 21ви век мајките следат тежина на новороденче. Божем има мајка што родила и не го носи на контроли бебето и не знае како напредува. Ако нешто не е во ред ќе објасни педијатар како да се храни бебе и ќе посочи дека вечерниот подој е битен.
    Ај сега ќе пишуваме поезија до утре во МАЈЧИНСКИ колку е важен ноќниот подој без побарано мислење:drunk:
     
    На Mom's_life, AngelOfArh, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    17.174
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Еве ние пак болни… И колку и да знаев дека ќе се разболува често и вака ќе биде додека да пројдеме се што се закачува во градинка,реалноста пак ми залепи шамар.
    Потајно се надевав дека лесно ќе минеме, нема да се разболува…
    И еве ме во ниедно време со милион прашања во главата.
    Кога ќе сврземе барем една недела во градинка? Кога ќе почне по повеќе да седи? Како ќе се вратам на работа? Ќе ме толерираат ли на работа? Ќе најдам ли нова работа? Ме следуваа ли нешто ако не можам да одам на работа? Решение за овие равенки немам. Господ нека помага.
    Можеби постот требаше да го почнам со информацијата дека почнавме во градинка, ама безредието од мојата глава ќе го пренесам и во овој пост.
    И таман ќе се опорави и ќе почне да јаде пак нешто ќе се најде, дали заб, дали болест и ете ти беља. Предходно стагнираше со тежината ,откако ја одбив и намали 400 грама ;( а јас зголемив 3 кг :@
    Во мај пред да ми истече породилното и одморот решивме да одиме на гости во Македонија. После тоа што како ќе биде не знам, се надевам ќе најдам работа.
    Реовно се прашувам кога ми порасна бебето во девојче, како во сон :sun:
    Ги нема веќе мишелинките и свивките веќе е згодна џенцка и коса малку и порасна :*:
    Откако почна да зборува уста не затвора, знае што не треба, кажува дека не треба и го прави :devil:
    Ама се научи бакнежчиња да дели и нема ништо послатко и помило од тоа. Пред некој ден на заспивање се заврте и ме бакна во образ спонтано без да и побарам. Топење :inlove:
    Омилена песна и е Мојот дом од Биби и Боби, знае и да ја пее :inlove:
    Предходно омилена и беше Марионка и Марионка ја пеевме заедно додуша интрото само, ама и тоа се брои.
    Додека напишав се раздени, се надевам дека ќе украдам уште малку сон.
    На вас добро утро ви посакувам :l:
     
    На H.VAGA, Oneo, pilence23 и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.048
    Допаѓања:
    6.462
    Пол:
    Женски
    И после ќе се чудите зошто не ви спијат. Будете го до 18 години, нем случајно да спие гладно. Оти оно не знае како да си каже нели (facepalm)
     
    На le.soleil, AngelOfArh, Pocahontas.93 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.957
    Допаѓања:
    13.677
    Како па да не. Палчевска ми рече не треба да го будам по првиот месец. Јас прекинав со доење, но тоа е друга тема. Но три месеци да го буди? Ако напредува супер, нема поента. Малку намали со тоа дека си нај нај.
     
    На le.soleil, Starchild, Doktor F и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.451
    Допаѓања:
    8.078
    Јас каква мајка сум што не памтам на колку се будеше мојава, ни како ја презаспивав, ни колку дневно спиеше…:worried:
    Првите 5 месеци ми се во магла од умор. Она има 9.:tmi:
     
    На Oneo, Freckles., le.soleil и 8 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.285
    Допаѓања:
    107.713
    Пол:
    Женски
    Ете да не се секирате синоќа стана во 2 да цицне и презаспа, ама не стана од глад туку беше многу мочан, мајка е скржава не ми се фрлаат имам уште 2-3 пелени 2че на Слипи да ги докористиме а мали му се, па стана зошто имам такво осетливо детенце што не сака многу многу да седи мочкано и искористи и цице партија ус тоа. Зар мислите дека ми е полесно да станам да молзам навечер од тоа да му дадам да цица лежејќи, ма даааајјјј....

    Е да, кога стана бебе стана и бато, бараше чај да му ставам на увото го болело, дур ми текне дека бара ракија топла... Стана сабајлево за во школо и ајде ќе идел, му викам седи не оди, не, ќе одам и отиде стварно, ме свикаа одма уште во 9, го боли увото нормално. Го однесе маж на лекар, воспалени и двете, на толку секрет во носот што очекувавме не знам. Си окрка Зинатче сега па ќе се исчисти и секретот што не му тече туку му се собира горе и е леплив, а еве веќе 4 недели е така, од вакцината мрп. Само бебе да не префати, аман заман.

    Ииии денес е роденден на тате, ќе имаме торта, ќе имаме пици, ќе имаме свеќички... Само мама и тато да отидат да испазарат порано пошто гостите се најавени во 5, јухууу... Не знам како ќе стигнеме тоа, ваљда мама со количка ќе се натовари, ама добро, ќе стигнеме некако.
     
    На Oneo, V.N., Mom's_life и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.048
    Допаѓања:
    6.462
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден на мт. Да си имате најубав ден :*
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски

    И моево бебе е исто, нема шанси измочан да поседи, одма вришти така за млеко не плаче. Поголемиот на пример какаше и во сон или ќе се искака и ќе заспие, ако не го проверам нема ни да знам дека е какан. И мене ми се случува сабајле накај 4-5 да му сменам инаку не заспива.
    Среќен роденден на тато :beer:
     
    На AngelOfArh и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.131
    Пол:
    Женски
    Прашај тука, има членки експерти во сите области :D
     
    На Калатеа, Iris-1234 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  15. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Мајка немајка најверојатно. Како така да не знаеш, штоперицата и мери (колку јаде, колку спие) можеш и да ги вагаш пелените да видиш колку тежат. :rofl:
    Мене денес продавачката во маркетот кај што пазарам ми вели. Одите? Ние на десет месеци ехеееее (сакав да и речам и колуг напред да не праевте? , ама си се изнасмеав само) :D
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.645
    Допаѓања:
    37.204
    Пол:
    Женски
    Станувајте и вие ноќе на два часа и каснувајте по нешто, да ве видам дали ќе спиете мирно.
    Откако ќе потпорасне, се разбира,ноќта е за спиење. Сите органи во телото треба да одморат за следниот ден. А што ако го будиш и му даваш да цица?
    Желудникот цело време работи, телото не може да одмори и бебе не спие или е немирно.
    Е толку од мојата филозофија.
     
    На Oneo, Freckles., Anturium и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.108
    C5573D25-1015-48E2-BC62-885BC3946245.jpeg

    Пошто неам многу време и ме мрзи да објаснувам, во прилог сликава. Малку наука не е на одмет.

    Бебе треба да се дои на барање (немаш претстава колкав е жлезден капацитет, колку исцицало и бла бла), во први месец два треба да се буди, зависно од напредокот, да биде во контакт со родителот и (да) се буди лесно, да нема цврст сон. Темава е долга и широка, повеќе во следна прилика :D.
    Ве поздравувам, имајте убав ден :f:.
     
    На Freckles., nevermet18, Mom's_life и 2 други им се допаѓа ова.
  18. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.244
    Допаѓања:
    14.748
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки

    Ве читам редовно ама мн ретко пишувам дека со време малце тенка. Мене кај и да е ќе ми заврши породилното за 1 месец а бебушка моја се понаша ко да е родена вчера. (facepalm)
    Кој рекол дека со 2 дете е полесно и не го осеќаш нека дојде кај мене јас да му кажам.
    Со првото песна ми беше, е тоа дете не го осетив,ама второво нека ми е живо и здраво само и Господ да ги чува и двете секако.
    За неколку дена ќе полни 8 месеци, а сеуште нема редовни 2 оброци. Секој ден и правам и доручек и ручек а она со селотејп на уста. Кога ќе стисне устата ни клешти не ја отвараат. Ама затоа за цицање е прва, тоа го може на секој 30 мин.
    Оставање сама на кревет, во креветче или релаксатор веќе ми е мисловна именка. Се мота во се живо што ќе дофати па дури и во оградицата од креветчето. Само ја чекам да стане и да рипне од некаде.
    И после 8 месеци ред за спиење уште неможам да и фатам.
    Да ми беше прво дете ќе мислев дека едноставно незнам како и што треба, ама ова бре се обратно од сестра и.
    Јас ви се испожаив ама денес денот мие некако таков безвезе и малово ме досреди.

    Ви посакувам убав остаток од денот
     
    На H.VAGA, Oneo, azelea и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.226
    Допаѓања:
    6.669
    Пол:
    Женски
    Од едицијата комшивка vs (не) мајка

    - Одам на пладне во двор до поштенско сандаче да земам сметки со бебе в раце. Одма критика од комшивката како сум можела да го извадам детето надвор без капа. На скоро 20 степени, плус на 1на минута надвор.

    - Истата комшивка дојдена демек со поклон за бебето дома. Нова критика, зошто моето бебе не е повиено по дома. Барем ќебе околу мешето завиткано. После ќе се жалам оти го боли и плачи.

    Се работи за 70+ годишна жена и не замерувам, а и си го гледам детето како што јас си имам замислено. Ама битно во цела улица е разгласено во секундата.
     
    На pilence23, Freckles., Mom's_life и 2 други им се допаѓа ова.
  20. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.645
    Допаѓања:
    37.204
    Пол:
    Женски
    @V.N. моето дете да не го имаш? :D
    Додуша со јадење јас немам проблем, што да спремам он си крка. Ама дека место не го фаќа, дека има мотор во га*ето и дека е 200 на саат е тоа исто. И кај мене првото беше бајче, си заборавил каде си го оставил ама ова да е здраво и живо.

    Туку,деновиве сум преполна емоции.
    Бебе порасна, утре прави една цела година. 365 дена ми поминаа како во сон.
    Само да ми се здрави и живи тие двајца, ништо друго не ми е битно.
     
    Последна измена: 23 март 2023
    На Oneo, Coco31, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.