Живо и здраво нека е, само радости да ви носи! А јас се повеќе мислам дека ми ја смениле во болница значи креветчето го јадеше прееска
И како што носи редот, да ве почастам сите. Додека сме трепнале, бебето направи годинка. Моја втора ѕвезда,второ срце,душа... Нека патеката на животот им биде светла и сјајна. Ние сме тука да ги рушиме сите препреки. Трепкај, свети и радувај се на животот палавко мој. Почестете се, има за сите по нешто
Зависи што работите, не би да делам мн памет ама деца брзо растат вие ќе останете дома и што? Мојата од 10 месеци беше пуштена во градинка. Срцево ми беше сол направено, пукнав! Ама незнам дали има дете што повеќе ја сакало градинката од мојава. Поредовна и од учителките беше. Ако ми е ова второ и ќе тргне подоцна во градинка година и месец планирам, пак не ми е лесно. Ама и за наше и за нивно здравје убаво е секој да си поминува време со своите врсници. Децата да се дружат и социјализираат, а ние мајките малце да здивнеме (ако може така да се каже) и да имаме комуникација со возрасен свет. Тоа многу значи за психата верувајте. На крајот од денот сепак вие си знаете нели, секој за себе. Зависи пак ќе кажам што работите и колку. Ако сте подолго време на работа, во смени итн, па неможете да се организирате и полесно е да се остане дома тогаш е ок, ама ако имате работа што ви одговара тогаш колку сурово и да звучи не треба да се жртвувате.
Здраво мајки Ова сонце се бара цела година. Да се наполни човек со позитива. Не е жешко, не е ладно, таманка Викендов дете максимално надвор, дома само за спиење и јадење и пак надвор. Од утре се враќаме во градинка Не знам дали до петок ќе издржи за маска првоаприлска да се замарам или не Го појачав со витамини па од нив ваљда конечно му се отвори апетит за јадење. Не е дека стана јадач ама од тоа што јаде јаде количински колку што треба, а не како врапче да проба само. Се надевам во градинка ќе му ги отворат хоризонтите во поглед на храна. Моментално е во нова фаза да се срами. Леле некој од далеку ако му прозбори готово, се пика цел во мене и не врти глава. А ако не му обрнат внимание одма вика по луѓето баба, деде што да е. И оди најди му нзс. Дома изведува максимално, надвор е друго дете мирно бубаче. За роденден темата одбрана, балони од Али нарачани уште локација да мислам каде. Има време де ама што можам унапред завршувам да не ме боли глава во последен момент. Вчера бебе беше сега за 2 роденден ќе се спремаме детенце е, кај ли отиде времето И дефинитивно како растат е полесно. Прееска раат јадев раскренав низ дома, он си вртеше со количињата, така што давам утеха на мајките со бебиња да издржат, доаѓаат подобри денови. Ве поздравувам
@V.N. Јас лично и ради здравствен проблем треба да оставам. Работата не ми е компатибилна со проблемот. Цело време се нервирам за тоа што плата помалку ќе имаме, ама па и не вреди здравјето да го жртвувам. Цел месец го чекам мењањето на времето за да може покасно да станува од 7 и легнува малку покасно , и еве денес стана у 7и10 по ново. Ми се плачеше.
Затоа реков секој за себе си одлучува. Ако работното место не е соодветно тогаш ако можете да си дозволите секако дека ќе останете дома па подоцна ќе барате нова работа. Но ако ви е работната позиција ОК тогаш мое мислење сепак е дека треба да се продолжи со работа. Инаку твоето е во чекор со времето изгледа си ги следи дури и промените на летно/зимско сметање на време
Добра ви вечер мајки. Денес недела, ден за одмор... Како да не. Верувам дека нема мајка што одмара во недела. Ние се прошетавме малку денес, го фативме сонцето, и после пак се вративме на драмата. 3 ден температура. Аман. Ми се плаче ми се рика. Мразам кога е болен. Зошто мора секој месец нешто да се случи? Не знам дали само јас толку тешко си ја прифаќам секоја ситуација кога е болен, ама луѓе бе, душата ме боли за него кога го гледам како се мачи. Изгоре. 39 со 5. Залче нема ставено во уста. Нема сила ни за играње. Само се тутка во мене да се гушкаме. Ама не ми е јасно кога секогаш кога ќе качи темп го држи по цела недела. Ништо живо не му помага да спушти. На секои 4 саати блокмакс и парацетамол, облози, туширање, чорапи со оцет, ма јок бре. Тоа гори дење ноќе. Па ќе се исуши целиот, ќе ослабне како прегладнето кутре некое. Греота ми е.
Мојата пред короната качуваше ретко тт и тт и траеше по 2-3дена максимум.Сега после короната штом ќе качи ја држи по 6 дена и над 40 ем поголема е веќе.Се си мислам дека и другите вируси измитираа.
Хелоу мајки, Мислев ќе пишувам почесто, заспивам со тел во рака читајќи во последно време... Не знам како се чуствувам, после сипаници, цело време се болни, малиот успеа дури 4 дена да оди во градинка, па се разболе од мораксела ( со симптоми, со температура, се пропратно) , следеше ќерка со гнојна ангина, баш ни беше “забавно“. Изгледа сите сме во истата каша, мајки. Денеска после еден месец пауза вкупно двајцата, тргнаа во градинка, се надевам прележавме што требаше и не требаше и толку ќе е од разболувања веќе. Фингерс кросед! Сакам многу работи да направам, тргни - застани сум цело време, тело, психа, кариера, осеќам се вртам во круг нон-стоп. Барем интермитент фастинг-ов го терам без престан 34ти ден по ред, тоа некоја константа ми е во животов овој период. Искрено, се надевам на подобри времиња. Убава недела да си имате
Постои легенда која вели мајка Ангел некогаш испрала се и бар 1 ден корпите биле празни. Да, да, тоа е само легенда. Перам цел викенд за во понеделник да ми се сите 4 корпи полни, како, извираат ли алишта, не знам... Додуша откако исправ постелнини сменив и пешкири од бањање и алишта вечерта и ете ти една машина 60ка и една 40ка, до среда и 95ка ќе се собере. Бебе метеопат цел ден спие и цица, маратон, кога ли дојде 2 саат човече, сеа станавме ( во 9). Бато во школо, денес шетање нема, врне. Треба нов реф да фатам, односно редот од кога бевме со бато беблаци, да чистам четврток и петок за цел викенд да сме слободни, ама и ручек да правам за цел викенд, иначе се ни е на гз на глава и мртви уморни сме. А си сакаме да си шетаме машала. Убав ден мамаситас!
Каков почеток на неделава измислено да го преспиеш денот, секако ќе спие тој што не треба да буФта низ дома Таман се навикнавме на сонце и природа пак затворени дома.. Е кога спомнав сонце и природа Јас, мм и синко личиме како вратени од одмор.. да да, така убаво сме се испечиле што мислам да лежев цели 10 дена на сонце немаше ваква боја да фатам На оваа млада новопечена мама не и текна да му стави крема со фактор барем на своето дете Зборував за џамперот колку е убава работа, маста му ја вадиме. Е решив да го ставам и во дубак додека згорвам некој ручек да се мафта во кујната околу мене па го имавме првото искуство со фаќање во штеќер Не беше толку страшно само за малку на мама ќе и летнеше ноктот, сега мислам дека целиот прст ме боли Одам да го забришам тоа шпоретот бидеќи кога правам ручек за детево нема таква сила што ќе спречи претекување
Prasanje do majkite na zenski deca. Dali im ja sisavte kosata i koga? Imam zamisleno da i ja pustam dolga, sega ke polni godinka, ama dali e podobro da se sisa za zacvrstuvanje na vlaknoto ili nema vrska?
На син ми му ја шишавме како бебе и дури сега на 7г се зацврсте така да нема врска шишала не шишала. Мене не му се свиѓа девојченца кога ги шишаат толку кратко за да им се зацврсти, што знам, убави ми се со такви бебешки локнички или косиче меко.