Таман мислев вечерва да се искажам, само мајки можат да ме сфатат, и капак на се и дете ми падна од кревет наназад на газ и глава, животот ми е скратен, се молам се да биде во ред, не знам како ќе спијам и како ќе одам на работа утре. Се повеќе имам мисли како не ги гледам добро децата. Големата не јаде, малиов јаде многу. Цело време мислам да не им е нешто или да не им биде во иднина. Не ми треба некој да ми каже дека психолог ми треба. Барам некој да ми каже дека навистина се е во ред. Ама да не е лага тоа. Првото дете некако не ми е убаво чувано, од раѓање плачеше дење ноќе, цело време стрес и нервози, не јадеше, па почнав Стоби Флипс да и давам на годинка демек да пројаде, не знаев веќе што да направам за да јаде. Значи искранага од раѓање до скоро 6 години и е крш ама секој ден се подобра исхрана, има напредок. Второво пак јаде се што ќе види, многу јаде и многу вода пие. Првото ни вода не пие, денес 250 мл максимум бидејќи имав и други обврски, а кога цел ден само стојам над неа со чаша вода и не правам ништо пие 1000 мл. И двете деца ми имаат паѓано, второво посебно само и строго главата ја удира, и се плашам дека понатака во животот ќе ја имаат најстрашната болест од ударите. За бањање не се плашам дали се или не се, прљаво дали пипнале не се плашам, за оценки во школо какви се такви… Значи најмногу се плашам за нивната исхрана, што се имаат удрено сто пати и за на предвидливи работи што може животот да ги донесе. Се плашам од тоа да не ме прашаат еден ден зошто сум ги родила…во смисла дека не им е убаво и зошто сум ги родила. Денес и чистеа малку со средство за стакло и не знам како можев да го дозволам тоа. Големава има и до сега бришено ама дете од 21 месец да вдиши и пипне не е нормално. Го измив убаво и го однесов на свеж воздух и луфтирав дома. Утре сум на семинар од работа во град оддалечен 20 минути со кола и воз. Плус до воз додека стигнам 10. Плус појма немам каде е возот. Ќе одиме со кола со една колешка. Ама што ако треба да се вратам? Како на трња ќе седам осум саати. Од утре нема да дозволам да се качи некаде. Само строго на под. Претешко ми е. Цел ден се играа се убаво и на крај вака заврши вечерта точно пред спиење. Извинете на мрчење, мораше, се измачив од грижи за се околу децата
@gjoker4e па ти ги имаш истите грижи горе - долу кои сите мајки ги имаме. И мојот најголем страв е кога ќе пораснат да не ме осудат затоа што буквално се што можам (и отповеќе) правам за нив. За јадење и мојов (големиот) е пребирлив, а малото па се сака да проба, а е малечок уште е рано. Битно е да се здрави, ќе пројадат. Некои деца помалку јадат количински некои повеќе и менуваат. А паѓањето и мене ми е страшно, ама ко не повратил до сега уживај, легни спиј и одмори се
Ко да сум го пишувала ова јас. Мм вика, ти живееш за да переш само. Не се насити на таа машина, не се доправме никако. А како да му објаснам дека он повеќе од дете се флека и дека стварно се собираат многу алишта, не дека перам од што си немам друга работа. Моментално врти втора машина, а трета чека на ред и корпите ќе бидат празни, бар денес, ваљда. @gjoker4e да се пола од луѓево со твојата душа светот има да е подобро место за живеење. Те прочитав и се најдов во пола текст. Мајка на профи нејадач. У милион ситуации сум си викала што правам погрешно и во очај буквално се сум нудела само да стави нешто во стомак. И грижа на совест ме јадела дека денот поминал а не внел се што треба. Едноставно такво е детето нема што да правиш. Максимално си посветена, верувам дека со две деца двојни се грижите ама секоја беља не можеш да ја спречиш. Не сме семоќни за жал. Јасно ти е дека се пребрзо ќе помине и нови уште поголеми проблеми ќе носи животот, но ништо не е посилно на светот од мајката. А ти си прекрасна и се ќе биде добро! Ве поздравам мајки одам да каснам нешто пред да дојде бандитот од градинка Имајте убав ден
Нема врска, јас не сум шишана никогаш на кратко, посебно не како бебе на 0, до 4-5 години воопшто нити врвовите, колкава коса сум имала и колку ми е сега долга и густа. Ќерка ми нема на мене, плава е и може затоа и поретка не знам.. ама нема густа како мене. Не планирам да ја шишам. Косата е ген и џабе шишање и на кратко ако го нема генот за јаки влакно и бујата коса. Очигледно мојава се вметнала на страната од кај маж.
Само би додала дека ако косата им ја сушиме со фен тогаш треба да се шишаат врвовите, според мое мислење.
Добро врвовите ајде да за да добие косата свежина ама тоа цм-2 не менува ништо пример за да има јако влакно, прашањето повеќе јас го сватив како дали да се шиша на кратко и дали тоа би сменало нешто..
Аа епа јас не го сфатив тоа, сега прочитав од ново. Да дефинитивно нема врска тоа. Едни комшии го шишаа лустер за бојата да му се сменела и гледам се откажаа кога наполни 3 години. Имаше портокалова коса и таква и си остана.
Мојот сопруг бил таков како дете, но со тек на време му потемнела косата. Сега бебево ни е златокосо, мене многу ми е убаво и портокалова да има коса, ама мм воопшто не сака. И он како овие погоре, вика ќе го шишаме
@LaDyDoLl мојот па бил бел како мал, а сега му е потемната, се познава дека е плав човек ама не му е она бааш плава како некој, а малава ни се роди црнааа прецрна коса како мене, сега е плавче. За портокалева, има случаеви кај што како возрасни знае да потемне, пак пигментот се познава ама има па некој не им се менува никако бојата. Мене ми е скроз слатко, како што и пегите мене ми се слатки, а маж ми само се моли да не излезе некое на него иако само он си ги гледа, до толку му се неприметливи. Така да, "разликите" што некој си ги има, за нив се "страшни", а за нас пак преслатки. А за густа коса и јас знам случаеви кај што имаат шишано девојче на лустер за да има густа коса, паа цело детство со кратка, и сега си има ретка коса.
Добар ден од мене. Да се пожалам дека хормониве се пак на најјако, ги мразам сите, ко да барам кавги само да почнам кајшто нема за што да се расправам. Маж ми најмногу стап јаде, ама па нека ме трпи, што да му правам хаха Другарка цело време ме бара за кафиња, ми ѕвони, мене уста не ми се отвора, нит ми се излегува. Ненаспана од ноќното станување за млеко на бебево, се молам и со нетрпение го чекам моментот кога ќе се буди барем еднаш за оброк.... А мажов па се занесува не сака да станува да и' дава млеко зашто господинот треба да оди на работа. Да бе , добро, а мене фрли ме на волци, јас небитна, не треба да функционирам за да чувам дете, така? Па успеавме да се договориме едниот за првиот оброк, другиот за вториот и така. И исто така решив да си го посетам психологот деновиве и така. Ќе правиме крштевка и венчавка во мај, нит ми е до славење ни ништо, вчера бев на раб да откажам се' во налет на нервоза и караница со мажов. Ајде доста, бидете ми живи и здрави сите тука ❤️
3м летнаа како 3 дена... Како бе така имам помалку од 6м да се вратам на работа, сакам, не сум јас тип на човек што ќе седи дома, ама нејќам бебето да ми расте толку бргу. Сабајлево ми гугаше пола саат, па сврте на плачки малку и кога извадив цице да цица еден осмех од уво до уво кога извади, цицаше пола саат ко да не видел. Испив кафе, дури во 1ипол стигна на ред кафето, сега да одморам па да одиме по бато и да направиме нешто за ручек, еве го Бејби стана, таман на време Љуби га мајка Додека не викнал да ви кажам дека конечно корпите за алишта се празни сите 4, мада осеќам некој мирис ми доаѓа од кај Бејби изгледа нема да останат празни долго. Ама бар пола ден немаше ништо нит за перење нит во машина, оу јеа. Се спремивте ли за априлилили?
Немам време да пишам, ама ве читам. Бебе расте скоро 7 месеци е. Имаме 2 оброка. Ќе го носам уште малко за Мк ќе ги виде баба и дедо, а богами и јас сакам да си одам. Бебе стално е без чорапки кога нее во шпикозни. Сака бос да е и си ги гледа нозите. Мирен е тој на мајка само што не ми спие навечер. Јас сум на диета поточно не јадам блахо леб.. Ај Убав ден.
Добар ден мајки!! Кога ќе прочитав некоја мајка како се фали дека бебето извадило запче ми беше некако смарање и ќе помислев “ма дај јако чудо” кое дете не извадило заб? Па тоа е нормална појава И така нам вчера ни излезе првото запчее За ден-два ќе излезе и другото, на работ е. Тетка го најде Леле една возбуда што сум доживеала Мислам уште срцево ми лупа забрзано. Замислете пред едно 5-6 саати пред да му излези баба му го проверила немал ништо. А бебево мое извади заб на спиење, и тоа такво преспивање од 2.5 часа. Нема да лажам го проверував на 3-4 пати дали дише Топ не го будеше. Без температури, без плачки, без одбивање да јаде значи буквално без ништо. Е за тоа ми е возбудата. Ќе порачам и колачиња и ќе славам!!! Златен на мајка, па до вчера мислам ми тежеше во стомак, кога стигна и заб да извади Кога ќе се сетам колку го посакував, му се радувам на секоја ситница. Секако не било и ситница да извади заб, простено нека ми е за сите мисли Уште еден месец и породилното ми завршува. Ќе останам дома уште една година секако, не можам и не можам да го оставам 8 часа без да го видам, до сега подолго од 4 часа не сум се одделила. Мирен е, таман ќе се стопли ќе шетаме секаде. И тоа ми беше животна желба, да се грижам за мое дете Сега бебето со запчето спие, јас ги завршив сите обврски по дома и ќе дигнам нозе у вис и ќе шарам по сите теми. Ќаосс
Хелоу. Само да кажам, љубов преголема најголема. Почна да зборнува, да препознава што е што, како се вика и сл., интересен ни е. За "патка" паѓам на гз. И така
Ти се воодушевувам на напишаното. Честитаме за запчето...да се редат бели бели бели бисери! И ние сме во исчекување Исто и мене ми беше премногу тоа 'лелеле запче туф, туф' ...а сега осеќам еуфорија...Хехе Да си се изнауживате дома, максимално.Што се вика каква работа. Ни јас не би ги заменила моментиве за ништо друго! Се може да почека. Незнам дали ме верувате ама ништо не ми е поважно и дали ќе имам и дали ќе немам да си дозволам нешто. Сакам само да не пропуштам ниеден момент. Една мала тајна попатно: Кога ќе се спомне останување кај баба и дедо, лелееее јас уште не сум спремна на тоа. Али ајде, ваљда ќе дојде и тој момент(ова беше попратно) А за другото, I feel you скроз! И јас еве сега се ослободив и ќе ги 'прочешлам' темиве Убава вечер на сите
Главен муабет на сите средби, колку пари "ми бегаат" со тоа што не дојам бебе. Веќе отрпнав на ова. Новост е што почна претерано да ми паѓа косата. Цела бременост едно влакно што би се рекло не ми паѓаше, сега и за тоа ќе ми наплати. Време е за нова фризура значи. Бабски муабети - кога бебето почнува да ја познава мајката тогаш и косата и паѓа. Нормално од комшивката ова и нејзините бисери. Јас мислев од прв ден бебе ме познава ама еве не било така. Два месеци да не знае која му е мајка. Следна тема е што бебе убаво си презаспиваше наутро до 9-10 часот. За тоа време еден куп обврски низ куќа си завршував. Сега не, во 6 часот наутро сме двете будни, ако не станам пред неа да се средам јас, после нема шанси. Може и до прва нејзина дремка во пижами да останам од што плачи овие денови. За враќање на работа ми изгледа далеку ама време си врви. Немам многу финансиски избор за седење дома инаку ми е убаво. И повеќе од што очекував. Мислев ќе ми фали работата ама не ми фали воопшто.