1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    За коса паѓање се погоди и периодот, пролетно обновување, ќе се среди. За препознавање што знам, јас мислам дека до кај 3м не се баш баш свесни, ги утешува мирисот на мама, а дека ликови познаваат не баш, не ни имаат толкава ментална свест, ама муабетот на комшиката е жива глупост, не знам што ќе им текне веќе, како поврзуваат паѓање коса со на бебе прегледувањето подалеку од 20цм. За спиењето, јас од кревет не мрдам дур спие бебе, жива настана сум со ова, со големото морав да станам во 6 пошто молзев, со ова раат, дремам со книга или телефон или спијам и јас. Куќата нема да ми побегне никаде, а во пижами некако најкомотно ми е, имам куп пижами оа и секој ден да мењам нови пошто сум седела во тие преку ден.

    Туку што праиме со несоницава, ако не заспијам додека цица бебе јас не спијам до следно негово будење. Сега стана во 4, изгледа му застуде, го пипнав мраз беше, цицаше и еве он спие а јас дремам на тел. И го оставив телефонот, да спијам демек, и се пробав и џабе. Мижам а не спијам. Свашта! Инаку и мене почна да ми паѓа косата, и тоа асално, а од претходното растење имам уште куп кратки бебешки и сега ќе бидам бушава како лав кога ќе никне и новата коса. Да земам тоа Росенот да го нарачам, да се опраи на време оти тешко мене ќе биде, мене кога ми паѓа, паѓа, само влакна ќе мкнам од некаде, ем се фатена ја држам за бебе да не докачи, ама се наоѓа понекое.

    Да пробам да дремнам а?
     
    На Ano, mal.ecka и Lizi им се допаѓа ова.
  2. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    2.464
    И јас имав несоница трет четврт месец, ми се спиеше ми се плачеше, не можев да заспијам. Преглуп период
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Арно си седев дома, што ми текна да акам да шетам, 2500ден отидоа дур речеш А. И за што, за цуцли, ситници. Последна шанса давам на цуцливе, ако не ги сака и овие ќе ги џитнам сите. Очајна сум цуцла да фати, малку бар раат да видам за заспивање, ме уби со тоа шетање дење наоколу и малку бар брадавиците да ми олабават.

    Туку денес удрив топ пешачење, имам до 16ч 10 000 чекори направено само што ги има фатено педометарот, а колку има што ги нема фатено, ооооо...

    Бебе се одјавува полека, малку да одморам па да фатам да средам низ дома и да го спремам бато за утре за маскенбал.
     
    На Ano, mal.ecka, Doktor F и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Оние Бибс-Мибс , Frigg? Пробано?

    Тоа е супер што не сака цуцла, туку што викаш малку за да здивнеш
     
  5. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    4.359
    Ужасно се осеќам.
    На бебе треба да му кратам подои, да јаде каши, па после 3 часа доење и еве сега на заспивање плачеше цел час. Упорно бара да цица, ми се спушта накај гради. Плачеше и он и јас.
    Потклекнав и дадов да цица, на 2ипол часа поминати од каша...
    Изгледа оваа дремка и вечерно заспивање ќе мора да се со цицање. Ќе мора така некако да ги вклопам.
     
  6. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    6.549
    Пол:
    Женски
    Ма какви бибс, фриг, од цицка има ли поубаво :D
    @AngelOfArh и ние сме на истата мака, додека да најдам цуце што сака ми порасна бебево, 6 месеци уште малку :D
    (Пробани цуцли: Авент, бибс, фригг, мам, бејби лав и сиг уште некоја што ја имам заборавено :lol:)
     
    На Leonessa Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.444
    Пол:
    Женски
    Зошто да му кратиш? Мојава јаде и после јадење каша бара да цица. Некогаш и на пола јадење. Не пие вода и цицањето и е и за тоа. Не се оптеретувај толку многу и не се држете толку строго се по распоред по книга да оди. Само си отежнувате. Мојава од ко почнав со дохрана е способна на пола саат да цица
     
    На Freckles., Lizi, Leonessa Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. StarFlower

    StarFlower Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Може слика од игралната
     
  9. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.223
    Допаѓања:
    30.304
    Пол:
    Женски
    Исто, еве денес, се најади, па бараше од овошната салата на брат му, и веднаш посака да цица за спиење. А да го видиш, мрвица права
     
    На mal.ecka, Lizi, Leonessa Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.145
    Допаѓања:
    21.969
    Пол:
    Женски
    Давај на захтев и не си правите стресови. Деца си цицаат и по 2 години, а си имаат оброци. Освен ако мораш да го одкажеш скроз иначе ако е ради по книга да е, тогаш според мене нема смисла да се отежнува и на мајката и на детето.
     
    На mjay.yyy, Freckles., Lizi и 2 други им се допаѓа ова.
  11. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.876
    Пол:
    Женски
    Не знам како функционирам ненаспана. 5 саати ми се доволни, додуша дур не го испијам кафето очи не можам да отворам, ама после немам ни време да размислувам за спиење. Вчера легнав со бебе да преспијам, кога се разбудив не знаев ни кај сум ни што сум ни кој ден е.
    Конечно викенд, па можи ќе поспијам уште еден саат.
    Ова со маскиве ме напна. Големиот имаше желба за захтевна маска, ама мисијата успешна.
    Само шо завршивме со маската, малиот си стана и до сабајле си се држевме.
    Не знам кој повеќе се радуваше со маскиве...
    Убав ден...
    Сакам пролет...
     
    На hello-kitty.90 и Lizi им се допаѓа ова.
  12. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    4.359
    @Bubish26 @V.N. Педијатар така ми рече зашто е 7+++,а е 12кг и 75/76 цм.
    Да зголемам со каши, а намалам подои.
    За 2 месеца 2300гр има качено...
     
    На Leonessa Moon, Doktor F и V.N. им се допаѓа ова.
  13. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    4.625
    Пол:
    Женски
    Зашо бе да кратиш подој гледај да е гладно кога ќе му нудиш каша ама после тоа кога сака нека цица... Неповикана јас ама негледам зашо да не дадеш да цица и да се мачите и ти и бебе
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.145
    Допаѓања:
    21.969
    Пол:
    Женски
    За кг стварно не знам.. ние се бориме за да качи.. мојава е 3г и 3 месеци и има 13кг. Иначе ја доев 25 месеци, кај нас беше проблемлт тоа што не прифаќаше нешто многу храна т.е уште е така, одредена храна, спрема другото има аvерзија и повраќа само што ќе види. Да полуди човек ама ете ние имаме таква приказна, нејадач дете и не ми рекоа да прекинам као со доење, за да зајаде нешто друго.
    Јас еднаш покушав на година и нешто да ја одбијам и тоа траеше цели 2 саати, тој стрес и јас и малава не го сакавме и си реков, нема потреба, кога ќе е спремна ќе се одбие. Без плачење, без напорни ноќи, само еден ден дојде дома и рече ама јас веќе не сакам и тоа и беше последно, аа страдтвен цицач.
    Знам случаеви кај што успешно давале цврста храна и се доеле на захтев долго време.
    Не знам искрено колку млекото го поправа на вашето, да не е храната во прашање, тоа каква храна конзумира?
    Пошо според книга, они секако велат да се намалува постепено со подои, како што се воведува оброк, без разлика како напредува детето ама тоа не мора да е во пракса. Не сум нешто експерт ама АД знае да поправа, а мајчино млеко не, онолку само колку што треба. Може грешамџ
     
    На Ano и Freckles. им се допаѓа ова.
  15. Inamya

    Inamya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    4.277
    Пол:
    Женски
    IMG_20230331_194251.jpg
     
    На Lavica2602 и StarFlower им се допаѓа ова.
  16. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    6.549
    Пол:
    Женски
    Машала, живо и здраво да ти е :D
    Исто дискутирав и со пријателка, они живеат во Шведска и бебето е на диета :D
    Едит: по препорака на доктор.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    600
    Сакам да ти го штипам детето по обравчињата и ноџињата :inlove:
     
    На Freckles., Doktor F, V.N. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Се пробано, овие на Нип као БИБС идат малку на ред и една на Чико ко засечена.
    Ти го прочитав и другиот пост, мислам дека бебето нема да намали килажа ако не цица, али ти си знаеш.

    Ден втори турбо, денес едно убаво прошетавме и сега ќе бањаме бебе и ќе спиеме. Јас додуша ќе се бањам после тоа зошто 3 пати се препотив денес. Многу се потам, за цел живот што не сум се потела мислам. Вода тече од мене, буквално, кој што праи јас мењам маици и на жица имам само маици и гаќи мои пружени, други алишта немам, пошто ми е прежешко и не можам да се облечам. И свекрва само ме кара, многу гола шеташ, облечи се, ќе настинеш... буквално кога доаѓа она јас се варам, не поднесувам нит чорапи, нит одозгора нешто, само маица, хеланки памучни и евентуално некоја кошула кога беше ептен ладно. Како ќе се издржи летово еве не знам. Денес дете изнесов по тенки пантолончиња, боди на кратки и тенко блузиче, имаше и палтенце ко дуксерче едно, ама вресна и го соблеков. Друго е што овие 2 дена е многу разлошен, според табелата на др. Гуднајт сме во 3 скок, има шанси, дремките му се пократки, цицањето му е фати пушти и упорен е да стане и да се превртува. Второ дете ми е ама јас вакво нешто немав со првото, се превртуваше на 4м, и тоа веќе накај 5 фати, стануваше исто тој период, беше баш бебе, ова брза да порасне, на 2ипол се преврте, на 3 се крева од стомак да стане, стомачни ќе направи... ортопетката ми вика се што прави сам е сосема нормално, не го сопирај, ама мене не ми е нормално бре.

    Денес се видов со претпоставените на работа, аман заман враќај се нема кој да работи, ќе те унапредиме, ова, она... Од тоа ќе јас си имам пропатено во животот, јес да ми се оди на работа, не ми се седи дома, ама не до толку. Се гледаме им викам во септември, до тогаш вака по паркови и улици или на кафе да ви дојдам некој ден. Арно викаат ќе нема кој да работи, стварно е така, еј во администрација нема кој да работи, до таму е дојдено.

    Одам да бањам бебе, цицаше пред 1 саат и тоа на паркинг на Бриколаж, ама ќе викне кај и да е. Добра ноќ!
     
    На Ano, hello-kitty.90, Freckles. и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Моето е 6++ (10 кг, околу 71см) ... Дали и јас треба да намалувам подои? Ама сака да цица бре, неможам.

    Вода да му давам повеќе ?

    На последниот преглед па ништо не ми искоментираа , рекоа дека е се во ред...

    (И ноќе имам сеуште 2 до 3 подои. Дали е тоа ок?)
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    6.607
    Да ви се приклучам и јас
    Мојава е 4 години на почеток што убаво сакаше да оди во градинка сега ни дај ни придај
    Ја удрила наставничката вика по глава и пишти корне не сака да оди бев ги прашав таму ми рекоа ги терале да цртаат ќе ја запишам во нова градинка тоа е сега живи нервози :D
    До пред една недела беше болна ми појави алергија на Панцеф сируп па ни дадоа Алмацин
    Сега е добра еве три дена се маскираме прво маче и куче, вештерка па утре пеперутка уште тоа :D
    Колку имам за чистење се оставам за утре |(
     
    На Ano и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.