1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    Мајка сега разгледав за мојата, исто качуваше по 1.600гр месечно ,на 5 месеци била 10.700гр па престанав да мерам:)страствен цицач, до 18 месеци едвај храна јадеше,по цел ден на цице беше сега е 2години и 2 месеци со 17кг и 96цм,кога стануваат активни со лазење, одење и трчање може и да стагнираат на килажа(тоа беше случај кај нас).Ако тежина и висина одат во иста линија нема потреба за загриженост ,и кај мене докторите беа зачудени но следејќи ја висината и тежината се виде дека се совпаѓаат.Ќерка ми сеуште ја дојам,според мене треба да си продолжиш кога сака и колку сака,штета од млекото неможе да има
     
    На IRBBB и V.N. им се допаѓа ова.
  2. StarFlower

    StarFlower Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    На Lavica2602 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Inamya

    Inamya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    4.277
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2023-04-01-07-31-30-204_com.facebook.orca.jpg
     
    На StarFlower му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.203
    Имаш на aliexpress, разни димензии и бои. Баш сега имаат и некој попуст. Околу 50тина евра може да ги начекаш најголемите. Напиши playpen for baby. Јас планирам да нарачам кај и да е.
     
    На StarFlower му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    11.675
    Пол:
    Женски
    Хелоу мамаситас!:)
    Бебка тера прва дремка, јас со :coffee: в рака си реков да шкртнам некој збор.

    Полека излегуваме од 4ти скок иако според апликацијата имаме уште недела и пол. Не поминавме страшно освен неколку дена кога беше во громчето, но овој скок за разлика од претходните навистина е поразличен и богами си носи промени во однесувањето на бебето. Од "симптоми" имавме почесто будење навечер (некогаш со плачење) ама со две три нишкања брзо презаспиваше, одбивање да се вози подолго во количка, одбивање цице и плачење за глупости т.е не знаеше за што плаче:tmi:
    Како и да е, не можам да се пожалам дека беше драматично бидејќи имам памукче бебе кое го обожувам:inlove::inlove::inlove:

    Мама почна поактивно да вежба:D, се трудам да вежбам секој ден па макар и само по 40 минути бидејќи доаѓа лето нели, па треба да спремиме beach body, но за мене е најбитно да си ја вратам силата од претходно:muscle:

    Од убави работи ќе издвојам резервиран мини одмор во Охрид после Велигден и резервиран прв одмор во Грција:sun:

    Сега е време за опуштање, фамилијарно шетање и максимално искористување на викендот со маж и бебе:inlove:
     
    На Oneo, Coco31, 1209 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    4.359
    Ако некој се разбира во кривата на раст еве ја. Докторката не ја погледна.
    Ама секако е многу. Почнав да читам и глупости као хормони да не се во прашање. Ама од друга страна кога цица за успивање не знае за доста. По 10тина минути активно влечење.
    До пред 10тина дена стануваше неколку пати ноќе да цица, сега веќе само еднаш му давам. Се си мислам тоа е најголемиот проблем, а не дневното цицање кое е 3 пати дневно. Ама секако ради тоа цицање нема желба за каши. Јаде по 80-90гр.
    Фала ви мајки на сите одговори! :hug:
     

    Прикачени фајлови:

  7. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    600
    На која апликација го проверуваш ова?
     
  8. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    4.359
    Bebbo тука на фемина ја открив.
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srcka28

    Srcka28 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.771
    Пол:
    Женски
    И мојава не додржува 3 часа гладна , ако и се јаде давам на 2,5 нема гладна да ја држам , еднаш тоа ми се случи по совет на консултант за доење , кога имаше 3 месеци, детето гладно да ми седи и да плаче за цице , а јас да не и давам зошто така требало , уште срцево ми се кине и плачам кога ќе се сетам на тоа и од тогаш не , ако и се јаде ќе и дадам да јаде ....
     
    На V.N. и Freckles. им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Моето повеќе цицаше отколку што јадеше. Не јадеше баш додека цицаше, ама првата годдина секако млекото е главната храна. Колку ќе јаде каша нека јаде, не форсирај ништо, а колку сака нека си цица, поважно е во првата година. И мене ми рекоа да ги скратам подоите, ноќе не требало да цица, не знам што. Си цицаше кога сакаше и колку сакаше, јадеше помалку. После кога престанавме со доење почна да јаде повеќе.
    Доењето им е и ако се жедни и ако им треба утеха и гушкање, не се мачете само.

    Добар ден сега, пијам кафе, малата си игра со татко и, па ќе прошетаме негде.
    Омилена ми е оваа возраст, додуша мислам откако прозборе ми е омилена возраста. :D
    Све ми е поинтересно со нејзе, во кола некоја наша песна кога ќе пуштат на радио, а она не е со нас, баш ми фали. :lol:
    Се нервирам малку што со школото се замара многу, ракописот каков и бил, голема работа каков и бил, и викам додека вие пораснете пенкала дали ќе постојат. :D
    Сега сме на Хари Потер вториот дел, пред спиење читаме, па ајде уште една страница, па ај уште една и отишло времето. Ама, ептен ми е забавно.
    Имајте сите убав ден, додека да трепнете ќе се расправате која песна е подобра или дали буквата А треба совршено да е напишана. :D
     
    На Oneo, Coco31, Ano и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    3.941
    Не ја разбирам оваа крива. Ама еве ти еден пример подоле, па забележи си сама, ние по оваа со водевме. Мојата беше на горната линија отприлика и секој месец буквално тука околу неа ми беше килажата соодветно со месецот. Ако твоето е над горната линија нацртај нова крива и види дали ги следи другите, гледаш како се некако пропорционални, во зависност од почетната тежина. И отиди си на уште еден педијатар. :) Обично немлечната дохрана се дава на доенчиња оти млечнава не им стига, а не да се крати подој и да се форсира каша за да се регулира тежина.. :?: Не сакам да се мешам во мислења на доктори, ама мене не ми е логично. Башка што не е ни 8 месец, мојава на 8 месеци 90% беше на цицање, не јадеше многу, ама и прекина многу да крева тежина. И оно сега нема да качува како порано. Ако ти е нешто шубе побарај си второ мислење. Ама душа да си мачиш и ти и бебе цицалче со кратење на 7+++ ми е нонсенс.
     

    Прикачени фајлови:

    На IRBBB, Freckles. и V.N. им се допаѓа ова.
  12. StarFlower

    StarFlower Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Фала, ќе разгледам
     
    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    207
    Да си напишам овде еден монолог за доењето и да ми олесни на душава.
    Имено,бебево некаде на 1,5 месец се бунеше при цицање, па пред да направи 2 месеци дадовме дохрана, но со 2-3 шишенца на ден, доминираа подоите. Но како одминуваше време, се зголемуваа потребите, моето млеко не ја држеше, така се зголемуваше и бројот на шишенца со дохрана. 3 педијатри посетени, ниту еден не советуваше како да зголемам лактација, туку давај само дохрана.
    Еве 4 месец и една недела, млекото речиси и да секнува, а јас пробав се' што можам, уште мочка од камила што не испив, ама џабе. Ваљда стресот да ја задржам лактацијата по секоја цена си го направи своето и се случи обратното. Многу, многу ми е криво зашто никој од околината не ме поддржа, ме сметаа за луда што правам напори што подолго да си го задржам детето на доење.
    Прееска ми кенкаше, ја ставив на града и се молев да цица, да не се трга и после 4-5 мин заспа, не ја ни слушав дали голташе или само шмукаше колку да се смири.
    Колку време ќе ми треба да го прифатам фактот дека веќе не цица и нема да цица не знам, ама ми е претешко.
    Гневна сум и бесна на педијатриве наши што и на најмал проблем со доење, одма дохрана препорачуваат и не се ни трудат да те сослушаат и да понудат некое решение, совет, техника. Барем еден од нив да ми кажеше да се измолзувам па до сега ке имав макар и 60мл, да имам бар едно шише на ден да и' давам ако не повеќе.
    Ама тоа е тоа, нема назад, идемо даље.
     
    На the12345, Coco31, Leanne и 6 други им се допаѓа ова.
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.135
    Допаѓања:
    33.010
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за секоја уништена желба и можност на една мајка да го дои своето бебенце заради недоволно знаење на голем дел од педијатрите.
    Побарај во соодветната тема за доење, ќе најдеш искуство на членки што повратиле лактација после прекин. Долго е, макотрпно и веројатно бара многу труд и трпение, ама не е невозможно. Консултирај лактациски консултант (јас имам прекрасно искуство со Нате од доење со љубов, тука е и Јасна Апостолски Николов), верувам дека можеш да успееш.
    Ама и да одлучиш дека си го затворила тоа поглавје, не се грижи, ќе порасни големо и здраво бебенцето и само на ад, а тебе пак ќе те сака и со тебе ќе е најмногу на свет блиско.
     
    На Oneo, Freckles., Speechless и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    207
    Фала за емпатијата и советите. :l:
    Исконсултирани се и двете, до душа Јасна за проблем со фат кај бебето, а Наташа за лактацијата. Пет дена го терав тоа темпо на измолзување но не можев да издржам, истоштена бев, требаше буквално некој друг да ја чува за само јас да се измолзувам а тоа не беше изводливо. Цел ден молзев за едвај 80мл да извадам. ;(
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.135
    Допаѓања:
    33.010
    Пол:
    Женски
    Најгорда на светот да си што си направила сѐ шо е во твоја моќ! :bow:
    Сепак си имала прилика да го искусиш доењето. Бидете живи и здрави, побрзо фрли ја таа тежина од себе и уживај во мајчинството. Има преубави моменти, не е само доењето.
    Гушки праќам. :l:
     
    На the12345, Oneo, Coco31 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    3.597
    Пол:
    Женски
    Од старт бев со мисла ако имам млеко и бебето успее во доење супер, ако не ќе си е на адаптирано и никому ништо.
    Со прематурче на болница за да не губи многу на тежина веројатно го носеа веќе нахрането. Ќе го ставам на града, кај млеко воопшто не течи, бебето не знае да фати салам, па ајде брадавици, молзење и што не. За цел престој таму не знам колку течности испив, гради меки, како да не сум се породила. Дел од сестрите со совети како да успеам, дел само со прекорување демек зар уште немаш млеко. Каква мајка си, гледав во нивниот поглед.

    Ајде дома, бебе си продолжи со дохрана, јас со сите напори барем дел од храната да е мајчино млеко. Повторно течности, во една куќа полна луѓе секој со свое мислењe, јас ќе седнам на раат со пумпата да пробам молзење, одма или свекрва ќе упадни, или некој друг, ни опуштена, ни раат никаков. Телефонски повици од цела фамилија дали дојам, па колку пари ќе ми бегаат за ад млеко и се останато. Е после не знам колку испиени течности, друг проблем, гради тврди, канали затнати, грутки, температура , солзи пролеани и се пропратно.

    Се до посетата на патронажна сестра која вика премногу сум оптоварена со желбата за доење и тоа од муабети од страна. Од друга страна пак, премногу нервозна од цело окружување, што уште повеќе спречува лактација.
    Јас се откажав и не успеав да дојам, така да не сум репер. Меѓутоа пробај поопуштено и без нервози на таа тема. Бебе на еден или друг начин нема да е гладно.
     
    На the12345, Leanne, Ano и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    207
    Фала ти многу. Гушки и од мене и бебе :l:
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  19. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    2.464
    @Romantic и јас се нервирав со педијатрите баш за истата проблематика. Ниту еден корисен совет не добив, само ставај на града и буди ја кога ќе заспие -.- демек јас не го правам тоа. Глупости. Сите сите едно те исто. Па дури и ме искараа кога кажав дека користам пумпа. И оттогаш си реков кој ве тркала.

    Другарка моја одеше во ремедика првиот месец зошто беа вклучени прегледите во пакетот за пораѓај. Уште од почеток ја советуваа да прескокнува подој и да дава АД. И нормално го изгуби млекото -.- не знам зошто таков совет, кога се знае дека мора стимулација. А совет не доби како да одржува лактација и бебето да е најадено. Само и зголемуваа формула.

    Во врска со мојот случај, читав дека ноќните подои се многу важни за лактацијата, па така едно 2 месеци сигурно се пумпав навечер. Обично се будеше околу 1 и околу 4, цицаше од една града и заспиваше. Па јас пумпав од другата града. Преку ден немав доволно млеко и и го давав тоа што сум го испумпала.

    Е сега јас почнав од втор месец. И стварно многу беше тешко, посебно што не можев денски да пумпам зошто мораше цело време во раце да ја држам. Некако издржав. Ама искрено не знам дали пак би го правела тоа ако на пример за второто бебе го имам истиот проблем.
     
    На Ano, Romantic и IRBBB им се допаѓа ова.
  20. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    5.458
    Пол:
    Женски
    Сочувствувам со тебе :l: Го минав скроз истото, само што јас имав мн поддршка тука од медицински персонал, ама немав поддршка од бебе. Вриштеше на града. Така беше цел месец додека јас не снемав млеко. Ама да ми кажеше некој да почнам да молзам уште од болница, се ќе беше друго.
    Знам колку е тешко прифаќањето, знам колку се прашуваш каде згреши и колку може да биде јака желбата да доеш. Не можев да си замислам бебе со шише, не ми идеше во глава никако. Верувај дека не е до тебе. Јас сум сигурна дека ти правиш СЕ. Ама некогаш природата е против нас. Труди се, но не се опседнувај како мене, уште потешко ќе ти е понатаму ако ме успееш. Јас сеуште плачам кога ќе видам некоја како дои. Уште имам преголема желба да дојам и надеж дека еден ден можеби пак… А длабоко во себе знам дека нема, бебе е веќе 5 месеци скроз на ад, невозможно е.
    Биди силна и знај дека бебињата на формула се исто толку сакани и милувани. Има милион други ситуации на поврзување, моменти кои те чекаат кога ќе се топиш. Многу е побитно да се трудиш да бидеш посветена на бебе, да го галиш, милуваш, отколку да губиш време со молзење.
    Те гушкам и ти праќам сила, многу е тежок тој пат знам
     
    На Ano, Freckles., Kolache na mama и 4 други им се допаѓа ова.