Го поминав истото, скроз. И упорна бев до крај и не успеав. 3 месеци цицаше со плачење, и мое и нејзино. Дадов АД, ново бебе. Пресреќно бебе Направивме што можеме и тоа е
Жално е што немаме услови за добри совети за доење... најчесто овие советници за доење се скапи, за наш стандард, и ќе речеш ајде ќе прежалам ќе дадам пари, за дете се работи, пак немаш поддршка од педијатар, често и од домашните имаш советници еден куп. Јас многу сакав да дојам, мислам дека ми беше тоа животна желба, првото не доеше и затоа упорна бев за второво, ама имав поддршка од педијатарот на малото и Наташа од доење со љубов, и од дома од сопругот, додека сите останати беа само советници кои нели повеќе го сакаат малото од мене и ги боли повеќе од мене, па советуваа Дај шише, гладно е, го боли, му се спие, дај шише... немаш млеко, не ти е квалитетно млекото, не цица, не фаќа, дај шише... И така во круг, цело време. Еднаш на тој муабет на свекрва ми Немаш млеко после доење измолзев 150мл на рака и толку, престана да збори за немаш млеко, после беше Не цица, имаш млеко ама не цица, напредува од воздух и добра воља изгледа. Имавме и ние мака со почетокот, ама со добри совети, упорност, успеавме. Мислам дека треба да одлучиме кому ќе веруваме, мене ми дадоа скроз контрадикторни совети патронажната, педијатарот и Јасна, советите на Наташа беа поблиски до тие на педијатарот, но сепак ако ги следев само нив немаше да стигнеме до овде, воведовме ред со помош од педијатар, пркна и сега уживаме кога сакаме и колку сакаме, на негова команда. Јас разбирам дека бебе не знае за ред и не ни се трудам да му створам ред, но има ситуации кога мора да се направи малку дистанца, да се види поголемата слика, да се извагаат сите параметри па да се постигне нешто. @Romantic ако сакаш да вратиш лактација разгледај ја опцијата на Медела за Релактација, тоа е еден систем кој совршено функционира за вакви ситуации и ако си упорна може да ти успее. Накратко се работи за мало шишенце на кое се става цевче и се прилепува на града до брадавицата за да бебе ем цица ем добива дохрана која му е неопходна од една страна а од друга страна стимулира млеко со самото цицање. Кај другарка имаме успешно вратено млеко скоро од нула, и тоа не со системов туку со шприц од 20мл и беби систем за инфузија, па сопругот да пушта млеко додека бебе цица. Бебе цицаше после до 2ипол години. Во системот може да се стави и мајчино но и формула ако немаш мајчино. Јас би му дала шанса, ако ти е скап системот на Медела пиши ми лп ќе ти објаснам како да го направиш сама дома. Бебе мое заспа мене ме чека хаосот во дневна. Успеав викендов само да пуштам машини, да исперам алишта а останатото остана во хаос. Сакам да направам еден нов ред, односно да се обидам навечер да средувам се, да собирам, да зачистам за наутро да немам обврска прво да чистам хаос па после да пијам кафе и да ме боли потоа глава. Одамна правев вака кога бевме без дете и ми беше раат, ама со дете се менува се, особено со првото што не цицаше и морав да се молзам. Сега ќе се вратам пак на истиов систем со оглед на тоа што бебе ми спие, не ми е толку итно да легнувам одма или ќе останам ненаспана па ќе пробам пак да се вратам на оваа навика. Само ќе морам да соберам фамилија на состанок и да им ги кажам новите правила зошто не ми се баш по чистењето домашните, односно синко голем и тате, троа се параспури Дур не пораснало малово да средам тоа оти уште еден параспур ако ми се погоди, ќе треба да фаќам Бардовци. Исто ќе се вратам и на чистење во четврток и петок, за викенд да ми е слободен, зошто иде топло време ќе се шета, вака ем среден дом, ем прошетани, пошто викендов од шетање нит исчистив, нит средив, а и јадевме 2 од 2 дена надвор, што не е за нас својствено. Убав ден и убава недела мајки!
Здравоо женскии да пишам и јас, конечно успав се што имав по дома, имам сега време Денес бебка 40 дена, бевме до црква, шо би рекол маж му ги извадија лошотилоците на бебе , спиеше цееел ден, а и сега, го бањавме, млекото и пак заспа, ќе видиме ноќеска што ќе се праи Шала на страна, бебе до сега е стварно мирничко, плаче ко е какан и гладен, инаку си ѕирка, си писка по негово, сака да му зборуваш, да го шеташ, сака тропки, ко и секое бебе де Ноќе си станува 2-3 пати, ама не можам да се пожалам оти пие млеко и презаспива, журки сега за сега немаме Амааа дење, толку долго да седи буден, не знам како издржува, знае 3-4 саати отсабајле и попладне по толку да седи буден, нишај, стој на глава исто ти се фаќа, он не заспива до следно јадење Навечер заспива сам во креветче после бањање и млеко, се надевам ќе си ја задржи таа навика Големата пак, расте пребрзо, не се осеќа, сака да е се по нејзино, на моменти и смета бебето, на моменти го сака до неа легнато, никако не си Од ко стигнавме дома со бебево, она беше на спиење кај мајка ми дурии 5-6 пати, толку нема спиено вкупно во овие нејзини 3ипол години кај други, ама ете сега вели не можела да спие дома, и плачело бебето И не дека не, многу лесно спие, ноќе бебе станува, она станува со нас, седи до мене додека му давам млеко, па тапкање, легнување негово... а она седи душава до мене, чека да си легнеме, грев ми е и за неа Не знам како да бидам побрза да напраам млеко, да смирам бебе понабрзина за да не се буди и она? Он плука и цуцла тогаш, и е доста гласен ко е гладен Да спиеме одвоено не е опција за жал, в спална сме сите, јас уште спијам на нејзина страна, маж до на бебе креветчето, нејќам да се двојам од нејзе во посебна соба, ни па она би прифатила, сеуште со мене заспива навечер.. Е сега, и јас да се искажам Мислам дека доволно ме играа хормоните овој пат, доста беше, посмирена сум, не плачам веќе, не паничам, поокеј се осеќам конечно Тоа е од мене мајки, уживајте со дечињата, оти додека трепнеме, они пораснале
Направи си формула пред да легнеш и стави си ја во фрижидер, кога ќе стане стопли ја во жешка вода шишенцето и тоа е тоа. Според некои нови препораки ад спремно може во фрижидер 24ч да стои. Имам братучетка во Англија која не доеше ниедно дете, ја прашував и ми рече дека и кај нив се тие препораките, со тоа што она вика Јас не топлев млеко, од фрижидер давав, вадев дур го преслечам, дур се сместиме, 5мин макс на собна и давав одма. И синко мој пиеше ладно млеко и фала богу немал досега мака со грло, е не до толку директ од фрижидер ама ладно во секој случај.
Термос, дозерки и флашa. Помалку од 10 секунди работа е да се спреми млекото. За мене ад е сто пати полесно од доење. Пред легнување се ми е спремно, ставено на надкасна за во случај да се разбуди.
Исто фунционираме и ние. Е некогаш бебево е изгладнето и ни тие 30 секунди не може да ги дочека ама генерално немаме проблем за ноќе.
Кај мене се буди или дури во 06-07 или евентуално 02-03 и 06. Имам два термоси, со топла вода за евентуалното прво будење и втор термос со пожешка за да држи до наутро, дозерка и плус две флаши. Мојов се буди и почнува грепка, диши поинаку, претка…и го осеќам. А не плаче, глас му немам слушнато во овие 3.5месеци. Навечер го оставам во соба и излегувам, сам се успива и преку ден и навечер. Само да трае вака
Спремна топла вода во термос и измерени дозерки во диспанзер за АД. Ставаш во шише и мешаш, готово е за 10-15 секунди.
Јас сум спремна и со дозерки и со термос, шишиња 3 за секое будење имам спремни наредени Проблемот е што он неможе да дочека ни 15 секунди, прегласен е, а со една рака го држам, ставам цуцла, местам млеко, он вреска Цуцлата ко Меги од Симпсонови си ја плука, на далечини Маж не го будам на прво негово станување оти и он треба да функционира, на височини работи, другите станувања го смирува он, јас спремам млеко, тогаш не се буди ќере Едино опција аларм да ставам да спремам млекото ми остана мислам А да, и воопшто не се буди ко нејзе да претка да дише поинаку, па да го сетам Нопе, овој станува со викање
Јас спасот го најдов мама во тие дозерките од twistshake. Си ставам колку ми треба, вода во термосче и ај со здравје. За минута време е готово
Морнинг грлс, Ако денот по утрото се познава, мојот ќе биде турбо, а времево е само за спиење. Бебушко ме разбуди во 6:00, никако не сакаше да презаспие, па видов не видов морав да станам. Го преслеков, го нахранив и го ставив во baby gym-от да си поигра за мама да си направи кафе и да се освести. Во меѓувреме почна да кенка, му се спиеше нормално, зар се станува од 6? Со маки го заспав, ем му се спиеше ем не се предаваше. Заспа некако, едвај. Знаејќи колку кратки му се дремките со брзина на светлината отидов во кујна, си спремив доручек, ставив ручек да си крчка, ја средив кујната и седнав да јадам. Си реков оххх, конечно ќе си јадам на раат и ќе си уживам и само што го ставив првиот залак во уста гледам на камера господинот се разбудил Го зедов се изгушкавме па си седеше умен во релаксатор за мама да јаде. Тоа е, на следна дремка ќе дремнам и јас со него, а после ме чекаат куп негови работи за пеглање Толку од мене засега Гушкањеее
Мајки имам едно глупаво прашање Дали кога ќе и ставиме обетки може да и опадне имунитетот? Планиравме сега за Благовец да и ставиме, а на 14 МРП вакцина треба да прими. Не сум сигурна за обетките, се мислам да не е малецка уште па може си барам причина да не и ставиме
Досега му пеглав сè ама како расте и обврските се поголеми, некако не ни стигнувам да пеглам и ми се трипаат работи. Е додуша и мм пегла понекогаш и ми помага ама изгледа треба да престанам со пеглање
Пеглај по потреба,ако е нешто многу изгужвано. Една пријателка сите алишта ги пегла јас би полудела така